Општина Кисела Вода информира дека успешно се завршени градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на детската градинка „Весели цветови“. Со најновата реконструкција, објектот е целосно обновен. Реновиран е средишниот, постар дел од градинката, кој опфаќа три занимални за деца на возраст од две до шест години, кујната, канцеларијата и ходникот. Во рамки на работите целосно е отстранета старата ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска информираше дека успешно биле завршени градежните работи на уште еден дел од објектот „Кокиче“, кој функционира во состав на градинката „Весели Цветови“. „Со овој зафат, објектот е целосно реновиран! Комплетно го обновивме средишниот, постар дел од објектот, кој опфаќа три занимални во кои престојуваат дечиња на возраст од 2 до 6 години, кујната, канцеларијата и ходникот. ...

За секое прваче во Кисела Вода – бесплатен ранец и училишен прибор, најави денеска градоначалничката Бети Стаменковска- Трајкоска. -Драги сограѓани, почитувани родители на нашите идни првачиња, Првиот училишен ден е празник за секое семејство. Мојата цел како ваш градоначалник, е тој ден да биде исполнет исклучиво со детски насмевки, а не со финансиски грижи за вашиот домашен буџет! Затоа, и оваа година ја продолжуваме оваа убава традиција. ...