Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Франција е потресена од голем скандал со злоупотреба на деца, откако училишните надзорници во десетици државни градинки и основни училишта биле под истрага за насилство, сексуална злоупотреба и силување. Полицијата во Париз истражува повеќе од 100 пријави за наводна злоупотреба, физичко насилство и силување на деца на возраст од само три години. Обвинителството потврди дека случаите се однесуваат на однесувањето на училишните надзорници за ...
Левица открива реагира на прифаќањето на иницијативи за поставувње фотоволтаични центри во Куманово и открива дека од вкупно 48 прифатени иницијативи, дури 16 се поврзани со фирмата „Солар Енерџи Груп“, во сопственост на Добрин Петрушевски и Драган Митевски – кум на Максим Димитриевски. „Во целата шема се појавува и Александар Крстевски – поранешен раководител на Агенцијата за култура, а денес директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“. ...
„Случајот со Артан Груби се одолговлекува, додека граѓаните чекаат одговор. Човекот кој со години беше живата архива на ДУИ, човекот што знае каде се потписите, договорите, пазарите и аферите на старата власт, сè уште не се соочува со институционален епилог“, соопштија денеска од Вреди и додаваат: „Артан Груби, заедно со бегалецот Перпарим Бајрами, се сомничи за злоупотреби во вредност од 8 милиони евра во случајот „Државна лотарија“. Ова, ...
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека 23 лица биле приведени по инцидентите што се случиле по студентскиот протест во Белград, додавајќи дека полицијата употребила минимални средства за принуда откако била нападната. Според него, во настаните биле повредени и повеќе полициски службеници. Дачиќ посочи дека и покрај претходните апели протестот да помине мирно, дошло до сериозно нарушување на јавниот ред и мир и до, ...
Американските медиуми го идентификуваа вооружениот напаѓач кој отвори оган во близина на Белата куќа како 21-годишниот Насире Бест, лице кое претходно било познато на безбедносните служби и имало историја на психички проблеми. Инцидентот се случил во саботата попладне во близина на зградата на извршната канцеларија Ајзенхауер, кога напаѓачот извадил оружје и почнал да пука. Агентите на Тајната служба веднаш реагирале и возвратиле со оган, при ...
ВМРО-ДПМНЕ по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј упати честитка во која истакна дека нивното дело претставува трајна вредност и темел на словенската писменост, духовност и културен развој. Од партијата нагласуваат дека создавањето на глаголицата овозможило ширење на писменоста и просветата меѓу словенските народи, а нивната мисија оставила длабока трага во историјата и традицијата. Во честитката се ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај – Денот на Свети Кирил и Методиј порача дека нивното дело претставува темел на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, вклучувајќи го и македонскиот народ. Таа истакна дека солунските браќа се меѓу ретките историски личности кои се препознаени како апостоли и заштитници на Европа, нагласувајќи ја нивната улога како творци на глаголицата, просветители и описменувачи на ...
Попладнево повеќе делови од државата се зафатени од нов бран нестабилно време проследено со пороен дожд, засилен ветер и локални грмежи. Според метеоролозите, во Скопско и Валандовско постојат услови за појава на суградица и електрични празнења, додека нестабилноста дополнително се интензивира во одредени подрачја. Во северните делови на Скопската Котлина веќе се регистрирани врнежи од дожд, засилен северен ветер и повремени грмежи. Пороен ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, порача дека нивното дело има огромно значење за развојот на словенската писменост, македонскиот јазик и духовната традиција. Тој истакна дека мисијата на светите браќа го промовирала принципот на рамноправност меѓу народите и јазиците, а преку нивните следбеници била поставена основата на словенската писменост. Филипче потсети ...
За денеска се најавува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер со над 50 километри на час. На некои места во Македонија дождот ќе биде пообилен и пороен дожд, а ќе биде проследен и со грмежи и со можност за појава на град. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 9 до 16, а максималната да достигне од 21 до 28 Целзиусови степени. Во Скопје се очекува променливо ...
Мисионери на христијанството меѓу Словените, сесловенски апостоли, автори на првата словенска азбука – глаголицата, борци за правото Божјото слово да се проповеда на мајчин јазик… сето ова стои зад светите браќа Кирил и Методиј. Празнувањето на 24-ти мај, денот кога тие во далечната 863 година ја започнале познатата Моравска мисија, е прилика за потсетување на огромното дело на солунските браќа кои во Македонија прво ја создале азбуката, за ...
Во изминатите 24 часа, полициските службеници на територијата на целата држава привеле 18 лица поради безобѕирно управување со моторно возило. Од нив, 12 возачи биле затекнати зад волан без возачка дозвола, меѓу кои и пет малолетници, четворица управувале под дејство на алкохол, а двајца истовремено возеле без дозвола и под дејство на алкохол. На подрачјето на Скопје се санкционирани две малолетни лица кои управувале возило без дозвола. Во ...
Баерн Минхен ја заокружи фантастичната сезона во германскиот фудбал со победа од 3-0 над Штутгарт во финалето на Купот на Германија, со што ја освои двојната круна. Главен јунак на натпреварот беше Хари Кејн, кој со хет-трик во второто полувреме му го донесе трофејот на својот тим и уште едно големо клупско признание. Во првото полувреме Баерн не успеваше да создаде посериозни шанси. Првиот обид го имаше Олисе во 15. минута, но неговиот удар ...
Женскиот тим на Барселона ја победи францускиот Лион со 4-0 во финалето на Лигата на шампионите, одиграно во Осло, и ја освои својата четврта титула во ова натпреварување. Првото полувреме донесе израмнета и цврста игра, без голови, и покрај неколкуте шанси на двете страни. Во второто полувреме Барселона го презеде водството. Во 55. минута Ева Пајор го отвори резултатот, а во 70. минута постигна уште еден гол за 2-0. Во судиското продолжение, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја прифати поканата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за средба во Министерството, но побара таа да биде целосно отворена за јавноста, со присуство на медиуми и камери. Реакцијата доаѓа по јавниот повик од министерката до економскиот тим на опозицијата за директно соочување на економските аргументи и податоци. Филипче, преку објава на социјалната мрежа „Икс“, порача дека опозицијата ...
На 19.05.2026 година, околу 22:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода 27-годишниот Н.М. од село Синичане, тетовско, по инцидент што се случил за време на сообраќајна контрола. Настанот се одиграл на регионалниот пат Тетово – Гостивар, во близина на село Долно Палчиште, кога било запрено патничко возило „ауди А6“ со тетовски регистарски ознаки. При контролата, возачот одбил да ги приложи ...
Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршиле увид во скопското село Копаница, каде била пронајдена 37-годишна жена со прострелна повреда на главата. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а истовремено се преземаат дополнителни истражни дејствија за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Според информациите од Обвинителството, во непосредна близина на телото бил пронајден пиштол ...
При претрес спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“, затворските служби пронашле и одзеле 92 кесички со прашкаста материја, како и дигитална вага. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 10:26 часот во СВР Скопје, а претресот бил извршен околу 08:00 часот во затворот. Пронајдената материја е предадена на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, која ќе спроведе ...
Пешак е повреден во сообраќајна несреќа што денеска напладне се случила во центарот на Скопје, во близина на Жена парк. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 13:09 часот на улицата „Филип Втори Македонски“, кога патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки удрило во пешак. На местото на настанот веднаш интервенирале надлежните служби и бил извршен увид, додека полицијата работи на ...
Четири лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на скопската обиколница, во близина на Радишани. Според првичните информации, околу половина час пред полноќ дошло до директен судир меѓу патничко возило „БМВ“ и товарно возило, по што автомобилот се запалил и целосно изгорел. Поради сериозноста на несреќата, сообраќајот на делницата Велес – Тетово бил пренасочен преку клучките Мирковци и Приштина. Обиколницата ...
Во тешката сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница, меѓу четирите жртви се и баритонот на Македонската опера и балет, Ристе Велков, и неговиот 20-годишен син Адам Велков. Велков беше оперски солист и еден од водечките македонски баритони со богата уметничка кариера. Познат е идентитетот на уште една жртва – Петар Миланов (20) од Скопје, додека се работи на идентификација на четвртото починато лице. Во текот на својата ...
Жителка на Прилеп пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот партнер во семејниот дом. Како што информира СВР Битола, случајот бил пријавен на 21 мај 2026 година во 12:10 часот во ОВР Прилеп. Според пријавата, жената навела дека била нападната од нејзиното момче А.М. од Прилеп. Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...
На 21.05.2026 година околу 22:30 часот на улица „107“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ш. (26) од Тетово. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик, односно дека претходно одзел електричен тротинет од Б.Б. (41) од Тетово. Одземениот тротинет е пронајден и вратен на сопственикот. Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе ...
Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков и неговиот татко, оперскиот баритон Ристе Велков, се четирите жртви во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци. Со објава на социјалните мрежи од нив се простија и од гимназијата „Никола Карев“, каде тие пред две години матурирале завршувајќи го средното образование. „Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа ...
Кривичниот суд доцна синоќа му одреди мерка притвор на 76-годишниот косовски државјанин осомничен за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница, во која загинаа четири лица. Притворот е определен поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело, а претходно ист ваков предлог достави и Основното јавно обвинителство Скопје. Обвинителството отвори истражна постапка против осомничениот за кривично дело „Тешки дела ...
Во центарот на Белград денеска се одржа масовен протест на кој, според организаторите, учествувале повеќе од 100.000 граѓани. По завршувањето на собирот околу 20 часот, во делови од градот, особено кај „Кнез Милош“ и околината на Народното собрание, останаа зголемено присуство на полиција и траги од инциденти. На повеќе локации се пријавени судири меѓу дел од демонстрантите и полициските сили, при што биле фрлани камења, шишиња и други ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција го најави Фронтот за вистина и правда, посочувајќи дека во него се вклучуваат различни општествени групи и политички субјекти, обединети околу вредностите за Европска Македонија. „Денес го објавувам Фронтот за вистина и правда кој го сочинуваат опозициски партии, граѓански организации, невладини организации, видни интелектуалци, поединци, независни активисти, млади, сите ...
СДСМ остро реагира откако ВМРО-ДПМНЕ го одби нивниот предлог-закон со кој се предвидуваше забрана за членовите на Владата да поседуваат двојно државјанство. Од опозициската партија оценуваат дека ваквата одлука отвора сериозни прашања за транспарентноста и критериумите при избор на државни функционери. Според нив, причината за одбивањето е јасна – дел од актуелните функционери во Владата на премиерот Христијан Мицкоски поседуваат и странски, ...
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати остри обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој молчи и не реагира на, како што велат, навредливи изјави од Бугарија упатени кон македонскиот народ и идентитет. Од партијата наведуваат дека Филипче речиси две недели не ја осудил изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која, според нив, ги нарекла Македонците „северномакедонци“. ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквиот молк е недозволив и ...
„Апсолутно не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија како што тоа беше пред некој ден, но исто така ние како Влада немаме намера ниту сме пледирале да се мешаме во внатрешните и независни политики на било која држава, посочи премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги неодамнешните протести пред Министерството за правда и најавениот митинг во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. ...