Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На денешен ден во 1792 година – Роден е англискиот поет Перси Биш Шели, еден од најголемите лиричари во светската книжевност. Во своите дела ги застапувал идеите за слобода, еднаквост и општествена правда, а поемата „Кралицата Маб“ останува едно од неговите најпознати револуционерни дела. На овој датум во 1859 година – Роден е норвешкиот писател Кнут Хамсун, еден од најзначајните автори на 20 век. За романот „Плодовите на земјата“ ја добил ...
Македонскиот репрезентативец Виктор Ташовски за првпат во кариерата ќе настапува надвор од Македонија. По одличната сезона во дресот на ТФТ, тој и официјално стана нов кошаркар на хрватскиот Дубровник. Ташовски зад себе има успешна сезона во домашното првенство, во која бележеше просек од 15,8 поени, 3,3 асистенции и 1,3 украдени топки по натпревар, со што беше еден од најдобрите играчи на ТФТ. Со трансферот во Дубровник, македонскиот ...
Дел од жителите на општина Студеничани денеска ќе останат привремено без електрична енергија поради планирани активности на дистрибутивната мрежа. Според информациите од ЕВН, прекинот ќе го опфати делот од селото Студеничани, поточно излезот кон селото Морани. Без електрична енергија корисниците ќе бидат во периодот од 09:00 до 15:00 часот. Од компанијата информираат дека станува збор за планирани технички интервенции чија цел е подобрување ...
Трагедија се случи во кањонот Орлиас на планината Олимп во Грција, каде што 32-годишен маж го загуби животот за време на излет со пријатели. Според грчките медиуми, тој во неделата заедно со уште две лица се искачил до локалитетот познат како „Црвена Карпа“, на околу 650 метри надморска височина. По пристигнувањето, скокнал во природен базен со многу студена вода. Според првичните информации, веднаш по влегувањето во водата му се слошило, по ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја разреши Олга Стефанишина од функцијата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Украина во САД. Одлуката е објавена со официјален претседателски декрет, во кој се наведува дека Стефанишина е разрешена од дипломатската должност што ја извршуваше речиси една година. Пред да биде именувана за амбасадорка во Вашингтон, Стефанишина ја извршуваше функцијата вицепремиерка на Украина. Нејзиното ...
Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, Општина Врапчиште, осомничени за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, откако на свадбена веселба пукале со огнено оружје. Според Обвинителството, осомничените на 31 јули, во дворот на семејна куќа во селото, за време на свадбена прослава употребиле три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар, испукувајќи повеќе куршуми во ...
Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од своето постоење со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ и свечен концерт во црквата „Света Софија“. Монографијата, чии автори се Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски, е посветена на 100-годишнината од раѓањето на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ, која на 4 август 1961 година го означи почетокот на фестивалот со својот солистички рецитал. Промоцијата ќе ...
Поморскиот сообраќај низ теснеците Баб ел-Мандеб и Ормуз и натаму се одвива со намален интензитет, покажуваат најновите податоци за пловидбата. Во понеделникот низ Баб ел-Мандеб поминале 20 бродови, исто колку и претходниот ден, од кои 12 танкери и осум товарни бродови. Во Ормускиот теснец, пак, регистрирани се само шест пловила, што укажува дека сообраќајот и понатаму е значително намален. Неизвесноста околу преговорите меѓу САД и Иран ...
Товарен брод бил погоден од непознат проектил во Ормускиот теснец, во близина на брегот на Оман, соопшти Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO). Инцидентот се случил на околу 37 километри североисточно од оманскиот град Касаб, а засега нема информации за евентуални жртви или за обемот на штетата. Од UKMTO соопштија дека е во тек истрага за околностите под кои дошло до нападот. Ормускиот теснец останува една од ...
Македонија и денеска ќе биде зафатена од сончево и многу топло време, со максимални температури кои на одделни места ќе достигнат до 40 степени. Во Скопје се очекува сончево време со слаб променлив ветер и температура до 38 степени. Според прогнозата, топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови, а во некои делови од земјата температурата може да ја надмине границата од 40 степени. Од четврток се очекува локален развој на нестабилна ...
Според најновите информации од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), на граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека околу 30 минути, додека на „Богородица“ за излез од земјата задржувањето изнесува приближно еден час. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги чекања за влез и излез од државата. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, но ...
Англискиот премиерлигаш Фулам официјално ги потврди двата трансфери од Реал Мадрид, откако во своите редови ги доведе младите шпански таленти Гонзало Гарсија и Цезар Паласиос. За нивните потписи лондонскиот клуб издвои околу 50 милиони евра. Двајцата фудбалери потпишаа договори до 2031 година, со можност за продолжување на уште една сезона. Важна улога во нивното доаѓање имал новиот менаџер Алваро Арбелоа, кој добро ги познава од периодот ...
Данската принцеза Изабела (19) денеска ја започна својата воена служба, станувајќи една од првите жени кои се приклучија на новиот систем на продолжена задолжителна обука во данската армија. Најстарата ќерка на кралот Фредерик и кралицата Мери пристигна во касарната Антворсков во Слагелсе, на островот Зеланд, каде во следните 11 месеци ќе биде дел од Гардскиот хусарски полк. Данска минатата година воведе задолжителна воена служба и за ...
Пожарот во кавадаречко и вечерва останува активен, а поради големата зафатена површина и непристапниот терен, засега не може да биде ставен под контрола. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, огнената стихија зафатила претежно нискостеблеста шума и вегетација, додека силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки. Ангелов, кој во текот на целиот ден беше на ...
Полицијата ги идентификуваше тројцата осомничени кои учествувале во бруталниот напад во Гостивар, снимен на видео што предизвика бурни реакции во јавноста. На снимката се гледа како едно момче паѓа на земја по удар со клоца во главата, а потоа напаѓачите продолжуваат да го удираат со дрвена прачка, која при нападот се крши. Според Министерството за внатрешни работи, осомничени се двајца малолетници од Гостивар и 20-годишник од Скопје. По ...
Пластичната фолија е еден од најчесто користените производи во кујната, но експертите за безбедност на храната предупредуваат дека не е најдобар избор за складирање на сите видови намирници. Начинот на кој ја чуваме храната може да влијае врз нејзината свежина, квалитет и безбедност, а особено внимание треба да се посвети на намирниците со висока содржина на масти. Како ризични за директно завиткување во пластична фолија се посочуваат ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го пофали шпанскиот премиер Педро Санчез за начинот на кој шпанските власти се справиле со пристигнувањето на околу 60.000 мигранти во Сеута, оценувајќи дека кризата ја покажува потребата од посилна и покоординирана миграциска политика на Европската Унија. Во писмо испратено на 3 август, Фон дер Лајен истакна дека шпанските и мароканските власти „ефикасно и успешно“ ја менаџирале ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека и денеска продолжува снабдувањето на граѓаните на Гостивар со вода преку цистерни, бидејќи водата од водоводниот систем сѐ уште не е безбедна за пиење. Според Ангелов, на терен се ангажирани три цистерни со вода – една од Територијалната противпожарна единица Гостивар, една од „Бехтел и Енка“ и една од Општина Боговиње. До попладневните часови тие веќе ...
Шкендија го дозна можниот противник во плејофот од Конференциската лига на УЕФА, но тетовци прво ќе мора да ја поминат тешката пречка во третото квалификациско коло. Македонскиот вицешампион на денешната ждрепка беше извлечен да игра против победникот од двомечот меѓу Гетеборг и Гент, доколку успее да го елиминира шкотскиот Хибернијан. Шкендија веќе има сериозен предизвик пред себе, бидејќи во третото квалификациско коло ќе се соочи со ...
Четиригодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил во сообраќајна незгода што се случила на улицата „Железничка“ во Гостивар. Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера околу 16 часот, кога патничко возило „Форд Куга“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од селото Чегране, удрило во детето кое било пешак. По ударот, четиригодишното дете се здобило со тешки телесни повреди. ...
Продолжениот викенд донесе зголемен сообраќај и големи гужви на граничните премини. Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека на речиси сите гранични точки има задржувања поради зголемената фреквенција на возила. На граничниот премин „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу 30 минути. На „Богородица“ состојбата е најоптоварена – за излез од Македонија се чека околу три часа, додека за влез околу еден час. Три ...
Жена од Кратово е приведена откако била пријавена дека физички нападнала повеќе посетители на познатиот туристички локалитет Куклица, информираат од СВР Куманово. Според полициските информации, станува збор за С.Д. (41) од Кратово, која била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Кратово. Настанот бил пријавен откако, според пријавата, на 1 август околу 18 часот, на локалитетот Куклица, жената физички нападнала неколку ...
Министерството за здравство започна вонреден инспекциски надзор во три здравствени установи по случајот со 19-годишната родилка од Струмица, која по породување со царски рез остана со сериозни здравствени последици и загубена подвижност на нозете. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) врши проверки во Општата болница во Струмица, Клиничката болница во Штип и Универзитетската клиника за неврологија во Скопје. Надлежните ќе ја ...
Министерството за здравство соопшти дека во земјава нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска. Според податоците од Институтот за јавно здравје, последните примероци од суспектните случаи биле негативни на ПЦР-тестирањето. Од Министерството информираат дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби нема новопримени пациенти со сомнение за ова заболување. Надлежните институции посочуваат дека состојбата ...
Левица ја повика Владата и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски да дадат објаснување за најавите околу можните промени во американската визна политика, оценувајќи дека ветувањата дадени на почетокот на годината не се реализирани. Од партијата потсетуваат дека Муцунски во јануари изјавил дека македонските граѓани во наредните шест месеци може да очекуваат „позитивно изненадување“ поврзано со визниот режим на САД. Според Левица, рокот ...
Во текот на изминатото деноноќие низ Македонија биле регистрирани вкупно 30 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи. Според последните информации, во моментов нема активни пожари на територијата на државата. Од вкупно регистрираните, 29 пожари се целосно изгаснати, додека еден е ставен под контрола. Станува збор за пожарот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод, каде што горела нискостеблеста шума ...
Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име во тимот е Виктор Златевски. Битолскиот прволигаш потврди дека со 25-годишниот бек е потпишан едногодишен договор, а тој ќе му се приклучи на тимот на стартот од подготовките за сезоната 2026/27. Златевски во Пелистер пристигнува од Феникс 2010, а во својата кариера настапуваше и за Гостивар, Работнички и ФМП Академија. Во младинските категории беше дел ...
Лидс е победник на овогодинешното издание на Летната серија на Премиер лигата во САД, откако во финалниот натпревар го совлада Ливерпул со 4:2 по голем пресврт на стадионот „Солдер Филд“ во Чикаго. Ливерпул беше подобриот тим во првото полувреме и на пауза замина со предност од 2:0. Првиот гол го постигна 22-годишниот Лук Чемберс во седмата минута, а Флоријан Вирц ја зголеми предноста во 40. минута. По бројните измени во второто полувреме, ...
Трагедија ја потресе Грција за време на гаснењето на големите шумски пожари, откако два противпожарни хеликоптери се судрија во регионот Атика. Во несреќата загинаа двајца членови на екипажот, додека уште две лица успеаја да преживеат. Според грчката противпожарна служба, судирот се случил во областа Псата, каде хеликоптерите учествувале во операцијата за локализирање на пожарот што уништи повеќе од 100 куќи северозападно од Атина. Загинатите ...
Хрватска продолжува со реализацијата на еден од најголемите инфраструктурни проекти, откако беше потпишан договор вреден 250 милиони евра за изградба на делницата Јадраново – Селце на автопатот А7. Новата делница ќе биде долга 12,3 километри и претставува дел од идната траса Крижишќе – Жута Локва, чија цел е подобрување на сообраќајната поврзаност меѓу Приморско-горанската и Личко-сењската жупанија, како и зголемување на безбедноста и ...