Судот донесе пресуда против лице од Охрид кое со измама се претставувало како медицинско лице и на тој начин стекнало значителна финансиска корист, злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните. Според утврдените факти во постапката, осудениот нудел наводни здравствени услуги и третмани, убедувајќи ги оштетените дека ќе добијат медицинска помош. За услугите наплатувал различни суми пари, иако дел од третманите никогаш не биле реализирани. Во ...

Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на Крива Паланка, кој се сомничи дека предизвикал инцидент во угостителски објект, при што физички нападнал музичар и оштетил дел од музичката опрема. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил расчистен од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, по што против Б.Ц. (37) била поднесена кривична пријава поради постоење основи ...

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Пекинг во обид дополнително да ги зацврсти односите со Кина и да обезбеди нови договори во енергетиката, трговијата и геополитиката. Дводневната посета доаѓа веднаш по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина, што дополнително го засили вниманието кон односите меѓу Москва и Пекинг. Аналитичарите оценуваат дека Кремљ сака да испрати порака дека Русија останува најблискиот ...

Во скопската населба Аеродром бил пријавен физички напад врз 18-годишно момче, кое, според пријавата, подолг период претходно било вознемирувано од врсници во средното училиште каде што учело. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Д.Т. (66) од Скопје пријавил дека неговиот син К.Т. (18) на 14 мај околу 11:10 часот бил физички нападнат од Р.А. (18) од Трубарево и уште едно 17-годишно лице. Како што се наведува во ...

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ продолжи со изведување докази на обвинителството, при што обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. – Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно значајни аспекти за работењето на овој клуб, правно лигитимиран како кабаре – беше кажано на денешното судење. Во ...

„Апсолутно не поддржувам надворешно мешање во внатрешните политики на Македонија како што тоа беше пред некој ден, но исто така ние како Влада немаме намера ниту сме пледирале да се мешаме во внатрешните и независни политики на било која држава, посочи премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги неодамнешните протести пред Министерството за правда и најавениот митинг во Куманово за поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. ...

Во возило на Граничниот премин Табановце Царинската управа при контрола пронајде и заплени половина милион евра, што е досега рекордна сума. Директорот на Управата, Бобан Николовски соопшти дека парите се пронајдени во специјално монтиран бункер во минибус, сопственост на туристичка агенција од Албанија во кој биле превезувани седум патници – Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот е државјанин на Албанија и веќе има изречено ...

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, според најавите од „Arab Times Online“, ќе има кратка интернационална авантура во Кувајт. Тој треба да настапи за екипата на Кувајт Сити на Азиската Лига на шампиони за клубови, која годинава ќе се одржи во периодот од 6 до 15 јуни. На турнирот се очекува учество на повеќе познати ракометари кои настапуваат во различни лиги, меѓу кои се и играчи поврзани со тимови како ...

Цената на златото денеска остана релативно стабилна, но и понатаму се движи близу најниското ниво во последните месец и пол, под влијание на силниот американски долар и високите приноси на државните обврзници во САД. Според податоците што ги пренесува Ројтерс, цената на спот-златото се движи околу 4.481 долар за унца, додека американските фјучерси за јуни бележат пад од околу 0,6 проценти и се на ниво од приближно 4.483 долари. Иако златото ...

Синдикалната минимална кошница за месец мај изнесува 68.743 денари, што претставува намалување од 54 денари во однос на април, кога изнесувала 68.797 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Според пресметките на ССМ, доколку во трошоците се вклучи и изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупната вредност на синдикалната кошница се искачува на 84.117 денари. Најголем дел од месечните трошоци и понатаму се однесуваат на храна ...

Вечерва македонската фудбалска сцена ќе добие нов освојувач на Купот на Македонија, а финалниот натпревар меѓу Силекс и Шкендија носи и интересна тренерска пресметка меѓу двајца докажани стратези – Александар Васоски и Јетон Беќири. Кога се игра финале, фаворити речиси и да нема. Станува збор за еден натпревар во кој одлучуваат моментите, инспирацијата, тактиката и психолошката подготвеност. Токму затоа, голема улога ќе имаат и двајцата ...

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот дел на Турција, во близина на границата со Сирија, предизвикувајќи вознемиреност кај населението во повеќе градови од регионот. Според првичните информации од локалните медиуми, епицентарот на потресот бил лоциран во пограничниот регион меѓу Турција и Сирија, а земјотресот силно се почувствувал во градовите Малатија, Адана и Газиантеп. Потресот бил ...

Обвинителството за организиран криминал и корупција со месеци чека одговори и докази од Министерството за внатрешни работи во врска со случајот што се однесува на сомнежи за оддавање службени тајни и можни шпионски активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Предистражната постапка била отворена уште на 18 декември 2025 година, по известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР, а се однесувала на настан од ...

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица на Битола денеска го одбележуваат 20-ти мај Денот на македонските пожарникари. На свеченоста која што се одржа пред зградата на противпожарната единица свежо цвеќе на спомен плочата положија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, делегација на Советот предводена од претседателот Бојан Бојкоски, советници и други делегации, како и градоначалниците од Новаци и Могила, бидејќи оваа ...

Полицијата на граничниот премин „Дојран“, според неофицијални информации, спречила обид за шверц на околу 10 килограми марихуана, која била сокриена во пластични пакувања со различни прехранбени намази. Според информациите, македонски државјани со изнајмено возило се обиделе дрогата да ја пренесат кон Грција, но биле откриени при граничната контрола. Марихуаната била распоредена во околу 50 пластични кутии, со цел да не предизвика сомнеж кај ...

Уставниот суд денеска ќе ја одржи својата 14. седница, на која ќе се разгледуваат повеќе иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на закони и подзаконски акти од различни области. Седницата е закажана со почеток во 9:30 часот, а според најавите од Судот, на дневен ред ќе се најдат прашања поврзани со урбанизмот, животната средина, здравството и локалната самоуправа. Пред уставните судии ќе бидат разгледани седум иницијативи кои се ...

СДСМ остро реагира откако ВМРО-ДПМНЕ го одби нивниот предлог-закон со кој се предвидуваше забрана за членовите на Владата да поседуваат двојно државјанство. Од опозициската партија оценуваат дека ваквата одлука отвора сериозни прашања за транспарентноста и критериумите при избор на државни функционери. Според нив, причината за одбивањето е јасна – дел од актуелните функционери во Владата на премиерот Христијан Мицкоски поседуваат и странски, ...

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати остри обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека тој молчи и не реагира на, како што велат, навредливи изјави од Бугарија упатени кон македонскиот народ и идентитет. Од партијата наведуваат дека Филипче речиси две недели не ја осудил изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која, според нив, ги нарекла Македонците „северномакедонци“. ВМРО-ДПМНЕ смета дека ваквиот молк е недозволив и ...

Арсенал и официјално е нов шампион на Англија! Тимот од Северен Лондон ја освои титулата во Премиер лигата за сезоната 2025/26, откако Манчестер Сити одигра 1:1 на гостувањето кај Борнмут во натпревар од 37. коло. Со овој резултат, Арсенал на едно коло пред крајот има недостижни четири бода предност пред „граѓаните“, што значи дека титулата и математички е обезбедена. За лондонскиот клуб ова е 14-та шампионска титула во историјата и прва по ...

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, мораше јавно да објаснува зошто повторно му укажал доверба на Нејмар, откако искусниот офанзивец се најде на конечниот список за претстојното Светско првенство. Италијанскиот стратег го објави списокот со 26 фудбалери кои ќе настапат за Фудбалска репрезентација на Бразил на Мундијалот, а најголемо внимание очекувано привлече токму името на Нејмар, кој во последните години се соочуваше ...

Тренерска ера завршува во Манчестер Сити, откако клубот и официјално донел одлука Енцо Мареска да го наследи Пеп Гвардиола на клупата на „граѓаните“. Според информациите од англиските медиуми, двете страни постигнале договор за тригодишна соработка, а Италијанецот ќе ја преземе екипата по завршувањето на актуелната сезона. Мареска, кој претходно му беше асистент на Гвардиола во Манчестер Сити, повторно се враќа на „Етихад“ по успешниот период ...

ФА го исфрли Саутемптон од борбата за пласман во Премиер лигата поради скандал со шпионирање на тренинзи, со што клубот доби една од најстрогите казни во поновата историја на англискиот фудбал. Според одлуката на независната комисија, утврдено е дека Саутемптон во период од 72 часа пред натпреварот незаконски го следел тренингот на противникот Хал, по што снимките и фотографиите биле проширени во јавноста и предизвикале бурни реакции на ...

Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори предистрага по анонимна кривична пријава потпишана од „група вработени во МВР“, во која се изнесуваат сомнежи за наводно незаконско преземање и обработка на податоци од компјутерскиот систем во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Според наводите во пријавата, одредени податоци биле копирани и енкриптирани, односно шифрирани во посебен код, со тврдење дека подоцна ...

Прилеп започнува со конкретни чекори за решавање на сообраќајниот метеж на најкритичните крстосници во градот – „Кај Чумовчани“, „Кај Интернатот“ и „Нова автобуска“, каде што со години наназад граѓаните се соочуваат со долги колони и застој, особено во шпицните часови. Во рамки на новиот пристап, Општина Прилеп со помош на дронови изврши мерење на протокот на сообраќај на повеќе локации низ градот, со цел да се добијат прецизни податоци и врз ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 19.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.889,79 поени, со дневен раст од 0,12%, односно 12,17 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 21.457.522 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и ...

Пожарот на депонијата во Радовиш и натаму е активен и трае веќе петти ден по ред, а надлежните служби сè уште работат на негово целосно локализирање. На терен постојано интервенираат екипи со тешка механизација, кои вршат насипување со земја со цел да се спречи ширење на огнот и чадот кон околните населени места. Поради сериозноста на состојбата и зголеменото загадување на воздухот, градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, ...

Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја поздрави одлуката за усвојување на предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри, кој влегува во Собраниска процедура, а со кој се предвидува Агенцијата за филм да добива 3% од уплатените давачки од игрите на среќа. – Овој механизам ќе овозможи уште поголема и посистематизирана поддршка на домашната филмска продукција и меѓународните копродукции, исплата на заостанатите долгови, ...

Целосно е реконструирана и пуштена во употреба за сообраќај улицата „Џумајска“ во урбаната заедница „Кузман Јосифовски – Питу, соопшти Општина Карпош. Станува збор за отсечка на улицата која се протега од раскрсницата со улицата „Леринска“ до раскрсницата со улицата „Брадфорска“, во должина од 517 метри. Вкупната инвестиција е околу 15 милиони денари, обезбедена од Министерството за транспорт. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Целосно ...

Град Скопје започна со голема акција за расчистување и уредување на коритото на реката Вардар, расчистување на обрасната вегетација и уредување на просторот покрај кејот, кој секојдневно го користат илјадници граѓани за рекреација и прошетка. Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во изминатиот период се спроведува координирана акција за темелно чистење на просторот околу Вардар, кој со години беше занемаруван, со цел да се врати изгледот на ...

Во Скопје денеска се одржа 11-тиот Форум на ЕУСАИР, значаен регионален настан кој отвора простор за суштински дијалог, размена на искуства и создавање решенија од реална вредност за граѓаните. Годинешниот форум е насочен кон клучни приоритети за нашата заедничка иднина, како што се унапредувањето на спроведувањето на ревидираниот Акциски план на ЕУСАИР и зајакнување на соработката во контекст на проширувањето на Европската Унија, како ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Рутениум

48965.59