Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 86-годишен скопјанец по претходна пријава дека вчера околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Вчера пак во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март 2026 до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ...
Уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство откри истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, објави денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе. Според него, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Според досега објавените информации од обвинителството и полицијата, ...
Германија повлече од продажба замрзнато овошје од Србија поради вирусот на хепатитис А, објави веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна. Како што е наведено, станува збор за замрзната мешавина од бобинки, а српското министерството за земјоделство соопшти дека пратката била произведена од компанијата „Фриго-Паун“ од Пожега. Хепатитисот А често предизвикува симптоми слични на грип, жолтица, гадење и ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска ги објави резултатите од анализата на ангажираната странска комисија, во врска со неодамнешните сомнежи кои ги изрази кардиологот Сашко Кедев дека во приватните и државните болници има неправилности во дел од третманите и интервенциите на срце, кои укажуваат на сомнителни упатувања на кардиолошки и кардиохируршки интервенции. Министерот нагласи дека од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со ...
Врховен суд за борба против корупцијата во Украина му одреди притвор на поранешниот шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак. Како што објави „Укринформ“, повикувајќи се на извори од Судот, Јермак ќе остане во притвор најмалку 60 дена, освен доколку не биде платена кауцијата. Според ДПА, Јермак и уште петмина осомничени се обвинети дека биле дел од организирана група која наводно испрала речиси девет ...
Во семејниот дом во битолската населба Баир утрово во 06:40 часот, убиена е А.В. (31 г.) од Битола. Полициски службеници го привеле нејзиниот сопруг А.Р. (33 г.) кој се сомничи за извршено убиство. – Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал лекар од Службата за итна медицинска помош. Осомничениот е лишен од ...
Скандалозна е последната одлука на OЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али Ахмети од Зајас, Ислам Абази, да ја стопира постапката за предметот за сторен криминал тежок 167 милиони евра, при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, што постоеја и сомнежи за перење пари и нанесување штета на животната средина, оценува ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија смета дека и покрај сериозните индиции за тежок криминал, Абази не видел докази и од кривична ...
Левица укажува дека ограничувањето на казината на само 500 метри од училиштата е минимален и „шминкерски” чекор, кој не го решава суштинскиот проблем со експанзијата на индустријата за коцкање во Македонија. За партијата загрижувачка е сумата од околу 2,83 милијарди евра која во 2025 година била уплатена во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија и ја смета за доказ дека коцкарската индустрија прераснала во еден од ...
ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение обвини дека ставовите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во однос на уставните измени и евроинтеграциите се совпаѓаат со позициите на официјална Бугарија. Од партијата тврдат дека Филипче е „пиун на Радев“ и „главен лобист за безусловно прифаќање на бугарскиот ултиматум“. Во соопштението се наведува дека СДСМ и бугарските власти имаат исти барања околу внесувањето на Бугарите во Уставот, а дополнително му ...
Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој моментално се наоѓа во затвор во САД, ја дели затворската ќелија со уште 18 затвореници, открил неговиот син Николас Мадуро Гера во интервју за германскиот магазин „Шпигел“. Според него, во истата заедничка ќелија накратко бил сместен и американскиот рапер Текаши, кој бил приведен поради прекршување на условите од условното помилување. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа ...
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека денеска, 14 мај, поради дефект на затворач со пречник од 300 милиметри на улицата Женевска, кај последна „24-ка“, ќе има прекин во водоснабдувањето во повеќе делови од главниот град. Без вода ќе останат корисниците од улиците Женевска, Партизанска крак 1, дел од Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Стокхолмска, Гаврил Лесновски, како и дел од булеварот Партизански одреди на ...
Поради планирани активности во електродистрибутивната мрежа, денеска дел од корисниците во општините Гази Баба и Волково ќе останат без електрична енергија. Според распоредот на планирани прекини, без струја ќе бидат следните локации: Во Општина Гази Баба, од 08:30 до 12:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има за дел од улицата Благоја Стефковски и дел од булеварот Александар Македонски. Во Волково, од 09:00 до 14:00 ...
Македонија и понатаму ќе биде под влијание на посвежа воздушна маса која продира од северозапад, па времето денеска и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремен локален дожд. Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Вакви услови ќе има и во делови од Скопската Котлина. Денеска ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, ...
Скопје е полно со институционални недоречености и аномалии. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски уверува дека постојано работи на подобрување на состојбите и нагласува дека затекнал многу лоша состојба во јавните претпријатија. Направена ли е ревизија на работењето на поранешната градоначалничка Данела Арсовска особено ако се знае дека во последните две години од нејзиниот мандат имаше сериозни забелешки за нејзината работа? Станува збор за период ...
Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Пекинг во прва државна посета на Кина по речиси девет години, каде веќе се одржува клучна средба со Си Џинпинг зад затворени врати. Посетата се случува во сенка на војната со Иран, кога за првпат на американско – кинески средби прашањето за тајван не е најважното. Најголемо внимание предизвика изјавата на Трамп дека е подготвен да разговара за продажбата на американско оружје на Тајван. „Ќе ...
Во голем руски напад врз Киев синоќа загинало едно лице, а 16 се повредени. Спасувачките екипи извлекле десет лица од урнатините на делумно срушена зграда, додека масовните напади кои траеле цела ноќ. Нешто пред 1 часот по полноќ украинските воздухопловни сили издале воздушна тревога за целата земја, предупредувајќи дека Русија подигнала бомбардери МиГ-31 и дека постои закана од балистички ракети. Началникот на киевската воена администрација, ...
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, во интервју за руската државна агенција ТАСС изјави дека очекува доаѓање на рускиот претседател Владимир Путин на осветувањето на руско-српскиот храм во Бања Лука. Според неговите изјави, градежните работи се речиси завршени и дека останува уште осликувањето на внатрешноста. „Тоа ќе го направиме заедно со нашите руски пријатели“, рече Додик. Истакна дека црквата е изградена според проект на храм кој ...
Фудбалерите на Црвена звезда ја освоија двојната круна во Србија, откако во финалето на Купот славеа против Војводина по подобро изведување на пенали. Навивачите на стадионот во Лозница гледаа возбудлив натпревар со четири погодоци во регуларниот дел. Војводина имаше одличен почеток и поведе уште во 2. минута со голот на Шуц. До крајот на првото полувреме тимот од Нови Сад го зголеми водството на 2:0 преку Видосављевиќ во 35. минута. Во ...
86-годишен државјанин на Косово вчера бил приведен на Меѓународниот аеродром Скопје, откако при гранична контрола во неговиот багаж биле пронајдени куршуми за пиштол. Според информациите од МВР, случајот се случил на 12 мај 2026 година во 13:05 часот, кога полициски службеници на граничниот премин извршиле контрола и во куферот на лицето В.К. (86) од Косово била откриена и одземена пиштолска муниција. Лицето било веднаш лишено од слобода, а ...
Некои хороскопски знаци потешко одолеваат на убави предмети, трендови и импулсивни купувања, особено кога нешто им изгледа естетски привлечно, забавно или како мала лична награда. Сите понекогаш купуваме нешто што реално не ни е потребно – маичка што ќе ја облечеме еднаш, украс за домот што „морало“ да го имаме или ситница што во моментот ни изгледала примамливо. Но според астрологијата, постојат знаци кои почесто подлегнуваат на вакви ...
Дали знаевте дека храната што ја консумирате може да влијае на начинот на кој делуваат вашите лекови? Одредени намирници можат да ја намалат нивната ефикасност или да го зголемат ризикот од несакани ефекти. „Дури и навидум здравите промени во исхраната понекогаш можат да влијаат на начинот на кој лековите делуваат во телото“, вели Марк Бурдон, фармацевт во Англија. Интеракциите меѓу храна и лекови можат да предизвикаат сериозни здравствени ...
Интер ја освои двојната круна оваа сезона во Италија, откако со победа над Лацио од 2:0 стигна до трофејот во Купот на Италија, вкупно десетти во историјата на клубот во ова натпреварување. Екипата предводена од Кристијан Киву одигра сигурен натпревар и уште од почетокот ја наметна контролата на играта. Првите минути минаа во испитување на силите, но Интер прв се закани преку Лаутаро Мартинез, чиј удар во 12. минута мина крај голот. Само две ...
Пари Сен Жермен ја одбрани титулата шампион на Франција, откако на гостински терен го совлада Ленс со 2:0. Со оваа победа, ПСЖ ја потврди шампионската титула во директен дуел со најголемиот конкурент, на едно коло пред крајот на сезоната. Ленс со евентуална победа можеше да ја врати неизвесноста во борбата за врвот, но парискиот тим одигра сигурно и ја задржа предноста на табелата, која сега изнесува девет бода. Хвича Кварацхелија го отвори ...
27-годишна жена од Тетово пријавила во СВР Тетово дека била намамена да влезе во возило под изговор дека заедно со друго лице ќе пријават злоупотреба на лични податоци и отворање на лажен профил на социјална мрежа. Според пријавата, на 11 мај околу 18 часот таа се сретнала со лицето Х.Е., кое ѝ предложило да одат во полициска станица за пријава на случај поврзан со наводен лажен профил. Откако влегла во возилото, забележала дека на задното ...
Полицијата во текот на изминатото деноноќие приведе 13 возачи низ државата поради безобѕирно управување со возила, а дел од нив предизвикале и сообраќајни незгоди. Според информациите, 12 од приведените управувале возила без возачка дозвола, додека еден возач бил под дејство на алкохол. Двајца возачи биле лишени од слобода во Гевгелија, од кои едниот бил и алкохолизиран, а по еден случај имало во Скопје, Тетово, Гостивар, Валандово, Дебар, ...
Педесетгодишен градежен работник од селото Соколарци се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од висина додека работел на градилиште во Кочани, информира МВР. Според полицискиот билтен, инцидентот бил пријавен на 12 мај во 11:15 часот од Итната медицинска помош во Кочани. Повредениот В.Б. работел на градежни активности за фирма од Кочани, а при извршување на работните задачи паднал од висина и се здобил со сериозни повреди. Поради ...
МЗТ Скопје ќе игра против КК Маџари во финалето на македонското кошаркарско првенство, откако во „мајсторката“ убедливо го совлада КК Пелистер со 87:58. Клучна беше третата четвртина, која актуелниот шампион ја доби со доминантна игра и огромна серија, претворајќи го израмнетото прво полувреме во убедлива победа. Марин Петков беше лидер со 23 поени и седум асистенции, Танасковиќ додаде 20 поени, додека Мекејден оствари дабл-дабл учинок. МЗТ ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е шокиран од одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да ја запре истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино и порача дека очекува случајот повторно да биде разгледан. Во предметот беа опфатени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој се наоѓа во Австралија, како и бизнисмените Ратко Капушевски и Асмир Јахоски, за кои претходно постоеја сомнежи за ...
Голема градежна офанзива се одвива со силна динамика во Скопје-Север каде во тек е реконструкција улица Боро Менков, една од најголемите и најзначајните улици во населбата. Првиот крак од улицата е завршен и се работи на вториот крак, а реконструкцијата ќе ги опфати и тротоарите, пешачките патеки како и паралелните паркинзи. Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски информира дека се реконструира и фасадата на општинското основно ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски ја посети Катерина, жртва на семејно насилство и самохрана мајка која со своите три деца и очувот живее во оскудни услови за живот и донираше хуманитарна помош за семејството. На овој начин Стефковски започна хуманитарна акција и ги повика општествено одговорните компании и хуманите луѓе, да ѝ помогнат на Катерина и нејзините деца со разни донации да ги пребродат тешките животни ...