Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Целосно реконструираниот градски базен во Кавадарци денеска официјално беше пуштен во употреба, откако Владата преку вториот јавен повик обезбеди инвестиција вредна околу еден милион евра. На свеченото отворање присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Со реконструкцијата, базенскиот комплекс доби целосно нов изглед и современи услови за спорт, рекреација и ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека се очекува системот за водоснабдување во Гостивар постепено да се нормализира, при што водата до крајот на неделата би требало да биде исправна за техничка употреба, а потоа и за пиење. Тој информираше дека во активностите за санација на последиците од загадувањето се вклучиле и екипи од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, кои помагаат во процесот на целосно чистење и ...
Состојбата во Гостивар по кризата со водоснабдувањето постепено се стабилизира, а во моментов нема нови хоспитализации на лица со стомачни тегоби, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Тој најави дека сите резултати од анализите за исправноста на водата ќе бидат јавно објавени, но упати апел до граѓаните да продолжат внимателно да ги почитуваат препораките сè додека не завршат сите интервенции во водоводниот систем. „Од ...
Полицијата започна со контролите според новите правила за користење електрични тротинети, а во првите денови од примената на изменетите прописи веќе се изречени 12 парични казни за различни сообраќајни прекршоци. Новите одредби од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата стапија во сила на 14 јули, со што се воведоа построги правила за управувањето со електрични тротинети, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во ...
СДСМ денеска соопшти дека, според нивните информации, и водата во Крушево е бактериолошки неисправна за пиење, обвинувајќи ја Владата за, како што велат, сериозни пропусти во системот за контрола на квалитетот на водата. Од партијата посочуваат дека, по случаите во Гостивар, Валандово и болницата во Лешок, сега и Крушево се соочува со проблем со водоснабдувањето. „За само неколку дена имаме четири случаи на загадена вода за пиење. Колку ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 30-годишен маж, осомничен за кривичното дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, откако со нож им се заканувал на сопружници кај кои бил вработен. Според информациите од Обвинителството, инцидентот се случил на 21 јули во селото Трубарево, кога сопружниците со автомобил ја напуштале фирмата. Осомничениот им го пресретнал патот, држејќи нож во рацете, барајќи да ...
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа 70 вонредни надзори во Гостиварско со кои беа опфатени угостителски објекти, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници и производители на храна. Главниот акцент при контролите беше ставен на тоа дали операторите ја почитуваат донесената забрана за употреба на водата од гостиварскиот водоснабдителен систем. Инспекторите констатираа дека кај сите контролирани ...
Довербата во бугарската Влада и во премиерот Румен Радев продолжува да опаѓа само неколку месеци по формирањето на новиот кабинет. Според најновата анкета на агенцијата „Маркет линкс“, спроведена за телевизијата бТВ, ова е втор последователен месец во кој се бележи пад на поддршката за извршната власт. Истражувањето е реализирано во периодот од 11 до 19 јули, врз примерок од 1.002 полнолетни граѓани. Менаџерот на агенцијата, Добромир Живков, ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против едно физичко лице – сопственик и управител на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“, Според Финансиската полиција сопственикот и управител на правниот субјект, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе ...
По 24 години од формирањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во кабинетот на лидерот на партијата, Али Ахмети, за првпат е поставено државното знаме на Македонија. Знамето беше забележано за време на неговата средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер. Ахмети во изјава за „Тетова сот“ објасни дека поставувањето на државното знаме е резултат на препораки добиени од странски амбасадори со кои се среќавал, нагласувајќи дека никогаш ...
Мерките и политиките на надлежните органи и на единиците на локалната самоуправа ЕЛС не обезбедуваат ефикасно администрирање на локалните даноци, такси и надоместоци, покажува ревизијата на успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР) за периодот 2020–2024 година. Според наодите, во периодот 2020–2024 година општините акумулирале 2,93 милијарди денари ненаплатени побарувања по основ на даноци, такси и надоместоци, додека ...
Брачен пар од Македонија, кој живее во Белгија, е фатен во обид за криумчарење голема количина златен накит, кој бил откриен и запленет од царинските службеници на граничниот премин Табановце. При влез во државата, царинските службеници спречиле обид за нелегално внесување на 348 грама златен накит, чија вредност се проценува на околу 1,3 милиони денари. Случајот бил откриен при детална контрола на автомобилот со кој патувале сопружниците, ...
Од денеска до 26 јули во организација на Општина Чаир ќе се одржи првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“. Под уметничко раководство на Инва Мула и Дешира Ахмети, фестивалот ќе понуди концерти на домашни и меѓународни уметници во Сули ан и Куршумли ан. Градоначалникот Изет Меџити изјави дека целта е да се создаде нова културна традиција, да се промовира класичната музика и да се афирмира богатото наследство на Старата ...
По загриженоста што се појави во јавноста по случајот со загадената вода во Гостивар, од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје уверуваат дека водата во главниот град е целосно безбедна за пиење. Од претпријатието велат дека акредитираните лаборатории секојдневно земаат примероци од 36 мерни места низ Скопје, како и од бунарскиот потег Нерези-Лепенец, кој е дел од системот во летниот период. Според нив, сите досегашни анализи потврдуваат дека ...
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и денеска разменија обвинувања околу одговорноста за случајот со загадената вода во Гостивар, во кој повеќе од 3.000 граѓани побараа лекарска помош. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека СДС, ДУИ и Арбен Таравари применуваат двојни стандарди затоа што, според нив, не бараат одговорност од градоначалникот Валбон Лимани, кој изјави дека не чувствува вина за случајот. Партијата ги повика да се изјаснат дали го поддржуваат неговиот став ...
Мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во скопската населба Ѓорче Петров, откако во него удрило патничко возило чиј возач потоа го напуштил местото на настанот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 21 јули 2026 година околу 14:00 часот и се случила на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонски војски“. Во судирот учествувале мотоцикл со скопски ...
Дел од корисниците во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје. Според податоците од ЕВН Македонија АД, прекинот во снабдувањето е планиран во периодот од 05:30 до 14:30 часот. Без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Ѓоре Ѓоревски“ во општина Бутел, како и жителите на улицата ...
Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница, на која пратениците ќе расправаат за повеќе законски решенија од областа на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност. На дневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој ќе се разгледува по скратена постапка. Пратениците ќе дебатираат и за Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, ...
Сообраќајот на државните патишта низ Македонија утрово се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничниот премин „Богородица“ е забележана зголемена фреквенција на возила. Според АМСМ, времето на чекање за излез од државата на овој премин изнесува околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска ...
Шумскиот пожар што вчера избувна во близина на басенот Аркашон, во францускиот департман Жиронда, продолжува забрзано да се шири и досега зафатил околу 2.000 хектари површина. Поради опасноста од ширење на огнената стихија, властите евакуираа речиси 12.000 жители и туристи. Француската префектура соопшти дека утрово е наредена дополнителна евакуација на околу 7.000 лица. Мерката се однесува на шест кампови и една станбена зона северно од Кап ...
Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност нè очекува денеска, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе биде поизразен долж Повардарието и во источните делови од земјата. Утринските температури ќе се движат од 8 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 27 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ...
Јеменските Хути соопштија дека рано утринава извршиле ракетен напад врз два саудиски нафтени танкера во Црвеното Море. Според извештаи за поморска безбедност, танкерот „Encelia“ бил погоден од проектил и избувнал пожар, додека екипажот успеал да го стави огнот под контрола. Британската агенција UKMTO потврди дека примила пријава за напад врз танкер во истата област, но засега нема информации за жртви или загадување на морето. Хутите тврдат ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против Аргентина по масовниот инцидент што изби веднаш по финалето на Светското првенство, во кое Шпанија со 1:0 ја совлада аргентинската репрезентација и ја освои светската титула. Дисциплинската комисија назначи дисциплински и етички обвинител кој ќе ги испита сите околности поврзани со случувањата на стадионот „Мет лајф“. Доколку се утврдат прекршувања, можно е да бидат ...
Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид официјално ги претстави трите нови засилувања со кои ќе го засили ростерот за претстојната сезона. Нови членови на тимот од Автокоманда се словенечките репрезентативци Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и искусниот црногорски ракометар Вуко Борозан. Триесет и едногодишниот Матиц Сухолежник настапува на позицијата пивот и во Алкалоид пристигнува од словенечкиот РД Слован. Во својата богата кариера го ...
ФИФА го објави официјалниот идеален состав на Светското првенство во 2026 година, а најмногу фудбалери во најдобриот тим има новиот светски шампион Шпанија. „Црвената фурија“ дојде до втората светска титула со одлични настапи на своите фудбалери, а местата во идеалниот тим ги обезбедија Марк Кукурела, Педро Поро и Родри. Финалистот Аргентина има двајца свои претставници. Лионел Меси се најде во нападот по фантастичниот турнир на кој постигна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека разговарал со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер за можностите за „ревитализација на дипломатијата“ и изнаоѓање решение за завршување на војната со Русија. Зеленски по средбата оцени дека разговорот бил „плоден и важен“, нагласувајќи дека Украина е подготвена за постигнување мир, но дека тој мора да биде, како што наведе, достоинствен. „Потребен е мир, достоинствен ...
Силното невреме проследено со обилни врнежи и силен ветер што во текот на ноќта ја зафати јужна Албанија однесе два човечки живота, а уште три лица се повредени, соопштија албанските власти. Една од жртвите е Башким Бочи, вработен во државната електроенергетска компанија, кој загинал додека интервенирал на отстранување на дефект на далновод во областа Потами кај Химара. Според информациите, за време на работата му се скинал безбедносниот ...
Цената на нафтата се искачи над 95 долари за барел за првпат во последните шест недели, откако повторно се зголемија тензиите во конфликтот меѓу САД и Иран. Растот на цените следува по новите американски напади врз ирански цели, како и по заканите од Хутите дека ќе напаѓаат бродови во стратешки важниот теснец Баб ел Мандеб. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека нападите ќе бидат засилени доколку Иран продолжи со напади врз ...
Македонскиот фудбалски шампион Вардар загуби со три гола наспроти два од летонскиот тим Рига во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига. На стадионот во Скопје, „црвено-црните“ двапати успеаја да се вратат во мечот, но гостите на крајот стигнаа до победа. Рига прва создаде опасност во 11. минута, кога Мухамед Бадамоси се обиде со удар од вртење, но не погоди прецизно. Само три минути подоцна, Вардар имаше ...
СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичкиот регион поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека според пријавеното, на 15 јули 2026 година, во семејниот дом, осомничениот извршил кривично дело врз малолетно лице. Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот и ...