Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Ниту еден од 13-те полицајци обвинети во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не призна вина на денешното рочиште во Основниот кривичен суд, со што официјално започна судскиот процес за еден од најтешките случаи што ја потресоа македонската јавност. Обвинетите се товарат за тешки дела против општата сигурност и несовесно работење во службата. Според обвинението, тие со пропусти и непостапување овозможиле дискотеката да продолжи ...
Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница донесе одлука за исплата на средства за членовите на општинските изборни комисии и избирачките одбори, поврзани со локалните и повторените избори во 11 општини кои имаат блокирани сметки. Станува збор за вкупно 107.201.924 денари, наменети за општините Арачиново, Делчево, Пехчево, Тетово, Струга, Кривогаштани, Василево, Желино, Гостивар, Врапчиште и Зрновци. Средствата ќе бидат префрлени ...
Малолетно девојче е повредено откако паднало во отвор за лифт во станбена зграда во центарот на Скопје. По интервенцијата на екипите на Итната медицинска помош, девојчето било пренесено на Клиничкиот центар за укажување лекарска помош. Несреќата се случила во станбен објект во централното градско подрачје, каде девојчето паднало во просторот предвиден за лифт. На местото веднаш пристигнале екипи на Брза помош, полицијата и противпожарната ...
Екипата на КМФ Проект од Јосифово ја заокружи фантастичната сезона во македонскиот футсал со освојување на двојната круна. Откако претходно триумфираше во Купот на Македонија, тимот успеа да стигне и до шампионската титула во Првата футсал лига. Составот од Јосифово доминираше во текот на целата сезона и шампионатот го заврши на првото место со дури 21 бод предност пред КМФ Кеги Моби од Велес, кој беше и нивен противник во финалето на Купот. ...
Во Апелациониот суд денеска се разгледуваа жалбите поврзани со пресудата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежоски, случај што ја потресе македонската јавност. Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, кои беа осудени на доживотен затвор за двојното убиство, преку жалбите побараа укинување на првостепената пресуда и враќање на постапката на повторно судење. Во исто време, Обвинителството ...
Германската влада го отфрли предлогот на Владимир Путин поранешниот канцелар Герхард Шредер да ја преземе улогата на координатор на можните разговори меѓу Русија и Европската унија за постигнување мировен договор во Украина. Ставот на Москва дојде по неодамнешните изјави на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта , кој оцени дека постои „можност“ за преговори меѓу Европската унија и Русија, како и за дискусија за идната безбедносна ...
Рокот за автопатот Кичево – Охрид останува ист – во првиот квартал в година ќе биде целосно функционален, а за трасата на автопатот Требениште – Ќафасан, доколку има негативен одговор од УНЕСКО, ќе се бара друго техничко решение за да има целина – автопатско поврзување во овој регион. Тоа го најавија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски при денешниот увид на работите на терен на автопатот. – Автопатот ќе ...
Имам јасна порака, во Европската Унија има место за сите земји од Западен Балкан, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос, при пристигнувањето на состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи во Брисел и повтори дека проширувањето е приоритет за Европската Унија, но дека неговиот успех зависи од спроведените реформи во земјите кандидати. – Ако нашите кандидати имаат резултати, ќе ги имаме и ние. Ние веќе ги имаме. Првпат по 17 ...
Пред да се отворат азиските пазари, цените на суровата нафта се зголемија и повторно надминаа 104 долари за барел, а Брент од Северното Море порасна за 3,29%, бидејќи изгледите за брзо отворање на Ормутскиот теснец, низ кој минува една петтина од светската нафта во мирно време – и кој Иран ефикасно го затвори откако започна американско-израелскиот напад врз него на 28 февруари, се чини дека се повлекуваат. Повеќе од еден месец по ...
Еден од американските патници на крузерот „Хондиус“ кој итно се репатрира во Соединетите Американски Држави е позитивен на хантавирусот по направениот молекуларен ПЦР тест, објави денес Министерството за здравство. Од 17-те државјани на земјата кои се репатрираат по воздушен пат под одговорност на Стејт департментот, „еден патник моментално покажува благи симптоми, а друг е малку позитивен на хантавирусот, покажа ПЦР тестот“, соопшти ...
Општина Аеродром изрече казна од 20.000 евра во денарска противвредност за правно лице, откако при вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче бил затекнат камион како незаконски одлага градежен отпад. Според информациите од Општината, камионот бил фатен на локацијата „Купишта“, каде истурал градежен шут и ископана земја спротивно на Законот за управување со отпад. Општинскиот инспекторат веднаш издал прекршочен платен налог, а за сторениот ...
Македонска ракометна репрезентација денеска ги започна подготовките за бараж-двомечот против Словачка, кој ќе одлучува за пласман на Светско првенство во ракомет 2027. Селекторот Кирил Лазаров на првиот собир со тимот јасно порача дека фаворитската улога на хартија нема да значи ништо без максимална дисциплина, концентрација и сериозен пристап. Иако Македонија влегува како носител во баражот благодарение на претходните резултати, Лазаров ...
Барселона е нов шампион на Шпанија, откако синоќа на „Камп Ноу“ го победи Реал Мадрид со 2-0 во големото Ел Класико и математички ја обезбеди титулата во Ла Лига. Каталонците до шампионскиот пехар стигнаа токму против својот најголем ривал, во натпревар кој имаше и силна емотивна тежина за тренерот Ханси Флик, чиј татко починал непосредно пред дуелот. Барселона го реши натпреварот уште во првите дваесет минути. Во деветтата минута Маркус ...
Со конгресот во Скопје, коалицијата ВЛЕН официјално започна трансформација од изборен сојуз во единствен политички субјект, во обид да го консолидира албанскиот политички блок во власта и да се позиционира како трајна алтернатива на ДУИ. Новата партија најави дека ќе се профилира како политичка опција од десниот центар, со фокус на владеење на правото, борба против корупцијата, независно судство, европски интеграции, НАТО-партнерство, ...
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска (11 мај), поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, дел од корисниците во Општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија. Прекинот во снабдувањето е најавен во периодот од 08:30 до 14:30 часот, а без струја ќе бидат дел од жителите на улицата „Јустинијан Први“. Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги планираат своите обврски до завршување на интервенцијата. Од ЕВН ...
Иран го одби американскиот предлог за прекин на војната, оценувајќи дека тој претставува повик за капитулација на Техеран, објавија иранските државни медиуми. Според телевизијата „Прес ТВ“, блиска до иранското раководство, прифаќањето на понудата би значело покорување на, како што наведуваат, „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Од друга страна, иранскиот контрапредлог предвидува прекин на конфликтите на сите ...
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во претпладневните часови ќе преовладува стабилно време, додека попладне се очекува локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, а во западните делови од земјата повремено ќе достигнува брзина и над 60 километри на час. Утринските ...
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да го соопшти предлогот за нови членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца. На дневен ред на седницата се наоѓаат и повеќе други кадровски и организациски точки. Според документот објавен на веб-страницата на Собранието, прворангирана за нов член на ДКСК е Катерина ...
Тешка сообраќајна несреќа со електричен тротинет се случила во Скопје, откако возач на тротинет удрил 61-годишна жена и потоа избегал од местото на настанот. Според информациите од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 9 мај 2026 година околу 14:45 часот во СВР Скопје. Несреќата се случила на булеварот „Крсте Мисирков“, каде електричен тротинет удрил во пешак – 61-годишната Љ.М. од Скопје. По ударот, возачот на ...
Килијан Мбапе нема да настапи за Реал Мадрид во вечерашното „Ел Класико“ против Барселона, натпревар кој може директно да ја реши шампионската трка во Ла Лига. Францускиот напаѓач не се најде на списокот на Алваро Арбелоа за гостувањето на „Камп Ноу“, откако повторно почувствувал проблем со задната ложа. Иако Мбапе претходно се врати на тренинзи со тимот, стручниот штаб решил да не ризикува со негов настап во меч со висок интензитет. Реал ...
Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад денеска спроведоа акциска контрола во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, при што беа приведени седум странски државјанки поради нелегална работа. Како што информира Министерството за внатрешни работи, при контролата и легитимирањето на персоналот било утврдено дека жените работеле како танчерки без соодветни работни дозволи и регулиран престој во државата. Меѓу ...
Илија Димовски на социјалните мрежи објави осврт за значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел е и вековно патување низ духовната вертикала некогаш наречена Охридска архиепископија (ОА), денес Македонска православна црква – Охридска архиепископија. Оваа верска институција, наследник на славната Јустинијана Прима, која низ ...
Во самиот финиш од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, битката за опстанок речиси доби конечен епилог. Македонија Ѓорче Петров и Работнички ги загубија шансите за спас и заедно со Шкупи следната сезона ќе настапуваат во Втората лига. Македонија ЃП на домашен терен доживеа тежок пораз од Тиквеш со 1-4. Кавадарчани уште во првото полувреме создадоа сигурна предност преку головите на Окере и Сила, а во продолжението ја потврдија ...
Брегалница Штип е многу блиску до враќање во Првата македонска фудбалска лига, откако во дербито на сезоната одигра 1-1 против Шкендија Арачиново на домашен терен во Штип. Гостите први стигнаа до предност преку Шаркоски во 16. минута, додека Брегалница до израмнување дојде во второто полувреме. Капсаров во 67. минута беше сигурен од белата точка и ги постави конечните 1-1. Натпреварот беше исклучително тензичен и на моменти на раб на ...
Светот изгубил околу милијарда барели нафта во последните два месеци, а на енергетските пазари ќе им биде потребно време за стабилизација дури и ако се обнови снабдувањето, изјави извршниот директор на „Сауди Арамко“, Амин Насер. Во изјава за „Ројтерс“, Насер посочил дека целта на компанијата е да го одржи протокот на енергија и во услови на силен притисок врз глобалниот енергетски систем. Неговата изјава следува откако компанијата објави ...
Седум лица биле лишени од слобода поради семејно насилство, а со едно лице бил извршен службен разговор, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. Во последното деноноќие биле евидентирани вкупно девет пријави поврзани со семејно насилство. Полициски службеници од СВР Куманово привеле двајца кумановци на возраст од 49 и 34 години поради физички напади врз членови на нивните семејства, односно мајка и сопруга. Во Скопје, ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставници на македонското малцинство во Албанија, при што ги посети Македонците од Туминец, Преспа и Мала Преспа. За посетата информираше преку објава на Фејсбук, придружена со фотографии, испраќајќи пораки за национално единство и поддршка за сонародниците надвор од државата. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека Македонија денес има потреба од обединување околу националните ...
Во кафе-бар во Крапина во Хрватска утрово се случило пукање во кое учествувале две лица, при што најмалку едно лице го загубило животот, пренесуваат хрватските медиуми. Според информациите од Полициската управа Крапинско-загорска, 52-годишен маж со огнено оружје усмртил 52-годишен полициски службеник, кој во моментот на настанот не бил на должност, пренесува хрватскиот Индекс. По инцидентот, истиот маж пукал и во себе. Тој бил пренесен со ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека смета оти војната во Украина постепено се приближува кон крајот, иако само неколку часа претходно, за време на воената парада во Москва, порача дека Русија ќе продолжи со борбата сè до, како што рече, „поразот на Украина“. Путин нагласи дека Москва нема намера да се откаже од своите цели, но истовремено остави простор за можни политички договори и нови безбедносни преговори во Европа. Како можен ...
СДСМ обвини дека во владејачката коалиција владеат паника, поделби и внатрешен распад, посочувајќи дека пукнатините веќе стануваат јавно видливи. Од партијата тврдат дека по проблемите во ЗНАМ и повлекувањето на пратеник и советничка, сега несогласувањата излегуваат на површина и во ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението, СДСМ го спомена градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, за кого тврдат дека се повлекува бидејќи не сакал да потпишува ...