Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека Град Скопје ќе испрати цистерни со питка вода во Гостивар, поради актуелната состојба со загадувањето на градскиот водовод и зголемениот број граѓани кои побараа медицинска помош. Ѓорѓиевски истакна дека во вакви ситуации е потребна брза реакција и солидарност, поради што веднаш е донесена одлука за испраќање вода за пиење до жителите на Гостивар. „Сите нѐ потресе случајот во Гостивар, ...

Лионел Меси за првпат јавно се осврна на легендарната фотографија на која како млад фудбалер го држи тогаш шестмесечниот Ламин Јамал, оценувајќи дека е неверојатно што речиси две децении подоцна двајцата ќе се соочат еден против друг во финалето на Светското првенство. Фотографијата му беше покажана на Меси од легендата на американскиот фудбал Том Брејди за време на настанот „Fanatics Fest“ во Њујорк, каде ФИФА го претстави финалето на ...

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека по преземањето на власта образованието повторно е поставено меѓу главните државни приоритети, посочувајќи на низа реализирани мерки поврзани со наставниот процес, учебниците, платите на наставниот кадар и подобрувањето на условите во училиштата. Од партијата наведуваат дека втора година по ред учениците ги добиле учебниците за сите одделенија уште на почетокот на учебната година, а по седум години повторно биле ...

СДСМ оцени дека најновиот Извештај на Европската комисија за владеење на правото ги потврдува нивните долгогодишни предупредувања за состојбите во македонскиот правосуден систем, обвинувајќи ја власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ за политички притисоци врз судството и обвинителството. Од опозициската партија велат дека Европската комисија во извештајот нотирала мешање и влијание врз работата на правосудните институции од страна на претставници на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, за време на работната посета на Вашингтон, оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. По разговорот, Муцунски изјави дека Македонија и САД имаат блиски и усогласени ставови за повеќе значајни политички, економски и безбедносни прашања. „Во отворен, пријателски и содржаен разговор ја потврдивме заедничката определба за ...

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска во 11:30 часот ќе ја посети Општата болница во Гостивар, откако повеќе од илјада граѓани побараа лекарска помош поради повраќање, дијареа и покачена телесна температура. По посетата е најавена и изјава за медиумите. Агенцијата за храна и ветеринарство вчера донесе привремена забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, поради основано сомнение дека водата е загадена и ...

По седум децении, започна целосна реконструкција на спортската сала во Основното училиште „Панајот Гиновски“ во Општина Бутел, информираше градоначалникот Дарко Костовски. Тој посочи дека дотраената сала ќе добие целосно нов изглед, при што ќе биде поставен нов под со современа спортска подлога, ќе се изградат нови соблекувални, а ќе бидат обновени и санитарните јазли. Според Костовски, со проектот ќе се обезбедат подобри услови за одржување ...

Ситуацијата со шумските пожари во Канада продолжува да се влошува, а повеќе од 200 активни жаришта сè уште не се ставени под контрола, најмногу во провинцијата Онтарио. Димот од пожарите се прошири и кон североисточниот дел на Соединетите Американски Држави, каде што милиони луѓе се изложени на значително влошен квалитет на воздухот. Според Канадскиот меѓуагенциски центар за шумски пожари, во моментов се регистрирани 893 активни пожари, од ...

Голем пожар денеска зафати населба во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, при што биле уништени повеќе од 50 куќи, соопштија спасувачките служби. Според првичните информации, нема извештаи за загинати или исчезнати лица, но силниот ветер значително ги отежнал напорите за локализирање на огнената стихија. Густ црн чад ја прекрил областа на околу 50 километри западно од Осло, а пожарот се проширил низ населба со поврзани станбени ...

Македонија денеска ја очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека максималните ќе достигнат од 33 до 39 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Лубеницата е едно од најомилените летни овошја, познато по својот освежителен вкус и способноста да ја надополни потребата на организмот за течности. Но, освен што е идеална за разладување во топлите денови, таа претставува и богат извор на важни хранливи материи. Околу 92 проценти од составот на лубеницата е вода, што ја прави одличен избор за одржување на хидратацијата, особено во периоди со високи температури. Воедно, таа има ниска ...

Левица реагираше по актуелната состојба во Гостивар, каде што повеќе од илјада граѓани побараа лекарска помош поради сомнеж за неисправна вода за пиење. Во партиското соопштение се наведува дека пратеникот Реџеп Исмаил преку објава на социјалните мрежи направил споредба меѓу состојбата во поранешна Југославија и денешната состојба во Македонија, осврнувајќи се на животната средина, јавната инфраструктура, урбанизмот и културното наследство. ...

Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, се огласи по информациите дека голем број граѓани побарале медицинска помош поради стомачни тегоби и сомнежите дека причината може да биде поврзана со квалитетот на водата од градскиот водовод. Лимани порача дека прва обврска на локалната власт е јавноста да биде информирана точно, навремено и транспарентно, без прикривање на информации. Според него, редовните анализи што ги спроведува ЈП ...

Податоците на Управата за јавни приходи за 2025 година покажуваат дека голем дел од граѓаните се соочуваат со сериозни финансиски тешкотии, обвини денеска членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски. Според неа, најголемиот дел од вработените во земјава примаат плати кои се под просечната и не се доволни за покривање на основните животни трошоци. Презентирајќи податоци од УЈП, Цветановски изјави дека 73 проценти од вработените ...

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој на последните локални избори ја доби поддршката од СДСМ и лидерот Венко Филипче, сноси одговорност за актуелната состојба со водоснабдувањето во градот. Од партијата посочуваат дека случајот во Гостивар, каде што голем број граѓани побараа медицинска помош поради сомнеж за загадена вода за пиење, е последица на, како што наведуваат, несовесно и неодговорно работење на ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека на 15 јули до Европската Унија бил доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што, според него, Владата покажала одговорен и транспарентен пристап во спроведувањето на реформската агенда. Мицкоски преку објава на својот фејсбук-профил посочи дека реформскиот процес продолжува со јасна определба за исполнување на европските обврски. „Уверен сум дека во динамиката на реализацијата ...

Почна реконструкцијата на улицата кон Горно Оризари, која со години беше во лоша состојба и претставуваше проблем за жителите. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека во тек е поставување на околу 4.000 квадратни метри нов асфалт, со што ќе се подобрат условите за побезбедно и полесно движење на граѓаните. Покрај реконструкцијата на улицата, се уредува и ново детско катче, а целосно се обновува и спортскиот терен. Со ...

Општина Илинден подготвува богата културно-уметничка програма по повод одбележувањето на 2 Август – Илинден и Денот на Општината. Свечениот настан ќе се одржи на 24 јули 2026 година (петок) на новиот парк-плоштад во населеното место Марино, со почеток во 20:00 часот. Пред присутните ќе настапат познатите македонски музички изведувачи Антониа Гиговска и Јордан Митев, кои ќе ги изведат своите најпознати хитови. Од Општина Илинден велат дека ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. – По добиено известување од јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој водоснабдителен ...

Денеска по пријава за незаконска интервенција во водоводната мрежа на подрачјето на општина Гостивар полицијата спроведува истражни мерки, а за расветлување на случајот се вклучија Обвинителството, Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за животна средина, како и лиценциран вештак кој треба да изврши стручна процена на незаконски поставениот систем. По појавата на зголемен број на пациенти со ...

Општина Кисела Вода го доби првиот калистеник парк и терен за одбојка на песок, a новата спортска зона е лоцирана во населбата 11 Октомври Бараки, во непосредна близина на Паркот на шахот. Калистеник паркот се простира на површина од 380 квадратни метри и е наменет за физичка активност преку вежби со сопствената телесна тежина. -Со успешната реализација на овој проект, уште еднаш ги потврдуваме нашите заложби за континуирано вложување во ...

Основниот суд во Гевгелија му изрече доживотна казна затвор на Петар Станковски (40) од Богданци за убиството на неговата мајка, а трагичниот настан се случил на 11 јануари годинава во стан во Богданци каде што мајката и синот живееле како потстанари. По расправија поврзана со лекувањето на обвинетиот Станковски со повеќе удари со ножеви и ножици ја усмртил својата мајка, а потоа се пријавил во полиција. Станковски беше обвинет за кривично ...

Косовски државјанин е лишен од слобода откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и ...

Од СДСМ оценуваат дека најновото поскапување на горивата дополнително ќе го намали животниот стандард на граѓаните и ја обвинуваат Владата дека не презема мерки за ублажување на последиците. Според партијата, зголемувањето на цената на дизелот за 5,5 денари по литар ќе предизвика нов раст на цените на храната и другите основни производи. Тврдат дека Владата не покажала подготвеност да разговара со синдикатите за нивното барање минималната ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски од Вашингтон порача дека политички мотивираниот тероризам бара координиран меѓународен одговор, силни институции и целосно почитување на владеењето на правото. Тој учествуваше на министерски состанок посветен на заканите од политичкиот тероризам, организиран на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио. Според Муцунски, на состанокот со претставници од повеќе од 60 држави се ...

Црногорската полиција уапсила две скопјанки, на возраст од 55 и 33 години, под сомнение дека извршиле кражба во златарница во Игало. Според полицијата, тие се претставиле како клиентки, а потоа го искористиле невниманието на вработената и украле четири златни ланци, кои ги сокриле во своите торби. Осомничените биле уапсени во стан во Херцег Нови, а украдениот накит е пронајден и вратен на сопствениците на златарницата. Против двете ...

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Владата продолжува со мерки за отворање нови работни места, намалување на невработеноста и подобрување на бизнис-климата. Посочуваат дека во тек е јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“, преку кој ќе бидат поддржани компании за вработување на вкупно 1.385 лица. За секое ново работно место се предвидени грантови од 160.000 до 250.000 денари, со вкупен буџет од околу 5,4 милиони евра. Мерката е ...

Програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со балетскиот перформанс „Митот за Амазонките“, кој ќе го изведе театарската и балетска компанија „АРТ денс“ од Грција. Претставата е инспирирана од античкиот грчки мит за Амазонките – митска заедница на жени воини, познати по својата храброст, борбени вештини и рамноправноста со мажите во битките. Танцовиот перформанс ги обработува двата најпознати мита поврзани со ...

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека Франција и Германија повторно се приближуваат и дека е потребен нов поттик за билатералната соработка, особено по клучни европски и меѓународни прашања. „Сметам дека можам да кажам дека во последните неколку месеци има вистинско приближување меѓу Франција и Германија во однос на европската агенда“, изјави Макрон пред почетокот на заедничката француско-германската меѓувладина седница во ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека не го прифатила барањето на ФК Вардар за одложување на натпреварот од првото коло во Првата македонска фудбалска лига за сезоната 2026/2027. Од федерацијата информираат дека календарот за натпреварување во Првата и Втората МФЛ, како и Купот на Македонија, веќе е усвоен од надлежните органи и поради густината на распоредот нема можност за дополнителни промени. Новата сезона во Првата МФЛ ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
88%
1027
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.58
67%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
83%
1031
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.3
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.279

Currency

8.2491

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34