Компанијата „Спејс Екс“ во последен момент го откажа 13-тиот пробен лет на ракетата „Старшип“, откако автоматскиот систем го прекина лансирањето непосредно пред полетувањето од базата Старбејс во Тексас. Според компанијата, прекинот се случил помалку од една секунда пред планираното полетување, кога при активирањето на моторите „Раптор“ бил регистриран проблем, по што системот автоматски ја стопирал мисијата. Портпаролот на „Спејс Екс“, Ден ...

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје. Без струја од 07:00 до 16:00 часот ќе останат корисниците во месноста Коштан во Горно Соње, во Општина Сопиште. Од 09:00 до 13:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и за дел од корисниците во населбата Бардовци, во околината на црквата, во Општина Карпош. Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ...

Соединетите Американски Држави воведуваат нови ограничувања за престојот на странските студенти и новинари, како дел од заострената имиграциска политика на актуелната администрација. Според владин документ објавен денес, новите правила треба да стапат во сила во рок од два месеци, доколку добијат поддршка во Конгресот. Со измените, на странските студенти со студентска виза ќе им биде дозволен престој во САД најмногу четири години, наместо ...

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска низ Македонија. Во попладневните часови во одделни подрачја ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе биде поизразен во одделни региони. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Американските безбедносни служби заплениле повеќе од 700 дронови кои неовластено летале во близина на стадионите и навивачките зони од почетокот на Светското првенство на 11 јуни, соопшти Федералното биро за истраги. За време на одигрувањето на натпреварите важи целосна забрана за летачки активности, вклучително и користење дронови, во радиус од околу 5,6 километри околу стадионите и до височина од 914 метри, освен со претходно одобрение од ...

Нестабилна воздушна маса попладнево и вечерва донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во повеќе региони низ Македонија. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, облачноста се движи од север кон југ и југоисток, при што невремето зафати повеќе градови и планински подрачја. Првите врнежи биле регистрирани во Кичево, каде попладне имало пороен дожд проследен со грмежи. Набргу потоа нестабилноста се проширила во планинските ...

Осуденици од девет казнено-поправни установи низ државата се вклучија во седумдневна акција за чистење на магистралните и регионалните патишта. Акцијата започна вчера и ќе трае до 22 јули, а се реализира во соработка помеѓу Управата за извршување на санкции и ЈП „Македонија пат“. Според информациите од Управата, осудените лица ќе бидат ангажирани на терен во близина на установите во кои ја издржуваат казната, при што во текот на целата акција ...

Општина Пробиштип објави три нови јавни повици за субвенционирање на домаќинствата во 2026 година, со цел поттикнување на еколошките навики, заштитата на животната средина и користењето обновливи извори на енергија. Граѓаните од општината од денеска можат да аплицираат за финансиска поддршка за набавка на инвертер клима уреди, сончеви колектори и велосипеди. Преку мерката за инвертер клима уреди, Општината обезбедува субвенција за дел од ...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, ги повика граѓаните од целата земја да бидат дел од годинашното издание на Пиво Фестивал 2026, кое ќе се одржи од 17 до 19 јули. Во својата објава, Проданоски истакна дека до почетокот на фестивалот остануваат помалку од 30 часа и ги покани посетителите да дојдат во Прилеп за заедно да создадат уште едно незаборавно фестивалско издание. „Ве поканувам овој викенд да бидете дел од ...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека во изминатите девет месеци локалната самоуправа реализирала значајни активности и обезбедила инвестиции во вредност од 990 милиони денари за капитални проекти. Според Проданоски, преку развојните програми се обезбедени средства за реализација на повеќе инфраструктурни зафати, додека над 15 милиони денари биле вложени за изработка на проектна документација, како основа за идните ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.07.2026 заврши со пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.308,04 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 100,10 поени, односно за 1,09%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, е задоволен од исходот на ждрепката за новата рунда претквалификации за ФИБА Евробаскет 2029. Во изјава за официјалниот сајт на Кошаркарската федерација на Македонија, искусниот репрезентативец оцени дека Австрија и Кипар се противници со кои Македонија може да се носи, но предупреди дека нема простор за опуштање. Стојановски истакна дека најважно ќе биде тимот да биде ...

Леброн Џејмс сè уште нема донесено конечна одлука за својата иднина во НБА лигата, но според последните информации, три екипи се издвојуваат како најсериозни кандидати за неговиот потпис. Инсајдерот на „ЕСПН“, Шамс Чаранија, откри дека вкупно пет клубови сè уште се во игра за ангажман на четирикратниот НБА шампион. Меѓу нив се Голден Стејт Вориорс и Минесота Тимбервулвс, но најголемото внимание на Џејмс во моментов е насочено кон Кливленд ...

Земјотрес со магнитуда 5,9 степени го потресе регионот Фјордленд на Јужниот Остров во Нов Зеланд, во близина на туристичкиот град Те Анау. Според Националната агенција за управување со вонредни состојби на Нов Зеланд, првичните проценки укажувале на посилен потрес, но по дополнителните анализи јачината била коригирана на 5,9 степени. Потресот бил почувствуван од голем број жители, а системот ГеоНет добил илјадници пријави од граѓани кои ...

Македонија го пропушти рокот за донесување на новиот Изборен законик во Собранието, кој беше една од обврските во рамките на Реформската агенда, поради што земјата остана без 4,2 милиони евра финансиска поддршка од Европската унија. Политичките партии во изминатиот период не успеаја да постигнат договор за измените, а најголемите несогласувања се однесуваа на прашањето дали дијаспората треба да добие можност за гласање на изборите. Од ...

Македонско-германската соработка во рамките на НАТО претставува важен придонес за зајакнување на регионалната стабилност и безбедност, а Армијата на Република Северна Македонија е оценета како кредибилен и доверлив сојузник на Алијансата. Ова било истакнато на денешната средба во Скопје меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и началникот на германските вооружени сили, генерал Карстен Бројер. Од Кабинетот на претседателката ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) даде неповолно мислење за финансиските извештаи на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) за 2024 година, при што утврди низа сериозни слабости во финансиското работење и управувањето со средствата. Освен неповолното мислење за точноста и објективноста на финансиските извештаи, ревизорите изразиле и мислење со резерва во однос на усогласеноста на работењето на претпријатието со законските ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвиненија против шест лица и предложи издавање казнен налог за уште 33 лица, осомничени дека биле дел од организирана шема за злоупотреба на лични податоци, фалсификување документи и компјутерски измами преку подигнување брзи кредити. Според Обвинителството, обвинетите во повеќе наврати, координирано и со однапред утврдени улоги, внесувале лажни податоци во информатичките системи на финансиски ...

Томас Тухел ќе ја има поддршката од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) и покрај елиминацијата во полуфиналето на Светското првенство. Британските медиуми пренесуваат дека германскиот стратег останува на селекторската позиција и се очекува да ја предводи Англија и на Европското првенство во 2028 година, кое ќе се одржи на домашен терен. Англија во полуфиналето загуби од Аргентина со 2:1, откако имаше водство од 1:0, а Тухел се најде под ...

Контролите на Државниот пазарен инспекторат, спроведени кај повеќе од 700 производи, покажале значителни отстапувања во формирањето на цените во трговијата на мало. Според официјалните податоци за периодот од мај 2025 до мај 2026 година, просечниот раст на набавните цени на основните прехранбени производи и средствата за хигиена изнесувал 2,66 проценти, додека продажните цени во маркетите се зголемиле за 4,56 проценти. Овие податоци ги ...

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка на функцијата, но без официјално да го извести Уставниот суд, претседателот на Судот Дарко Костадиновски или останатите уставни судии. Од Уставниот суд информираат дека во текот на денот се обидувале да стапат во контакт со Наумовски, но тој не одговарал на телефонските повици. Поради тоа, претседателот Дарко Костадиновски телефонски разговарал со претседателот на Собранието Африм Гаши, кој ...

Предметот „Тотал“ на поранешното Специјално јавно обвинителство, кој се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, заврши. Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост. Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е донесена на 27 мај ...

Од Левица обвинија дека со недонесувањето на новиот Изборен законик останува во сила системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите партии ќе поделат околу 10 милиони евра јавни средства. Велат дека тие биле единствената партија што доследно се залагала за една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање. Според Левица, ВМРО-ДПМНЕ во завршницата на преговорите ја наметнала темата за гласањето на ...

Министер за транспорт Александар Николоски денеска при посетата на општина Кисела Вода изјави дека Владата продолжува рамномерно да ги поддржува општините низ државата, посочувајќи дека само во оваа општина се реализираат проекти во вредност од 386 милиони денари. Николоски, заедно со градоначалничката Бети Стаменковска Трајковска, изврши увид во реконструираната улица „Лазар Димитров“, проект финансиран преку Министерството за транспорт во ...

На повторениот тендер за набавка на електрични автобуси за јавниот превоз во Скопје и во други градови во државава аплицирале четири компании, информираше министерот за транспорт Александар Николоски. -Обновениот тендер заврши во понеделникот, а понудите ги разгледува евалуациска комисија составена од експерти од Министерството за транспорт и од Машинскиот факултет. Кога ќе го добијам извештајот, ќе го споделам со јавноста – нагласи Николоски ...

54-годишен македонскиот државјанин, кој се наоѓал во притвор во албанскиот град Валона, починал откако доживеал срцев удар. Според албанските медиуми, тој бил пренесен во Регионалната болница во Валона, но лекарите не успеале да му го спасат животот. Надлежните органи во Албанија ја истражуваат причината и околностите на смртта. Тој бил уапсен во април годинава, откако во стан што го користел биле пронајдени кокаин, марихуана и друга опрема ...

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик и со тоа го кочат напредокот на државата. Според партијата, законикот е важен реформски процес поврзан со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и исполнувањето на обврските од Реформската агенда. Тие тврдат дека Македонија успешно реализирала девет од десетте реформи, а единствената пречка е блокадата од опозициските партии. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поради ...

Од СДСМ реагираат дека ВМРО-ДПМНЕ неосновано предупредува за загуба од 4,2 милиони евра поради недонесувањето на Изборниот законик, додека, според нив, вистинската штета е многу поголема. Партијата тврди дека поради, како што велат, политиката на изолација, Македонија останува без милијарди евра европски фондови и инвестиции. Како пример ги посочуваат Црна Гора, која обезбедила повеќе од 3,2 милијарди евра од ЕУ, и Хрватска, која со ...

Од почетокот на јули во земјава се потврдени уште 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, информира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Болеста е регистрирана во повеќе одгледувалишта во населеното место Саса во општина Македонска Каменица, селото Соколарци во општина Чешиново-Облешево, селото Бигла во општина Делчево, селата Малино и Косевица во општина Свети Николе, како и во селото Сопот во општина Куманово. Со новите ...

Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата се ставени на располагање на националниот систем за справување со летните пожари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека годинава државата е најподготвена досега и дека доброволните сили за првпат ќе бидат обединети под единствена команда. Тој истакна дека тимовите за брз одговор ќе ги сочинуваат ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
88%
1027
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
93%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.58
67%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
83%
1031
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.3
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.279

Currency

8.2491

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Сребро

1670.34