Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 20-годишниот Ш.А. од Кочани поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според информациите од полицијата, на 21 јуни 2026 година во семејниот дом во Кочани, пријавениот физички го нападнал својот 74-годишен дедо, откако претходно од него побарал пари, но не ги добил. По нападот, според пријавата, младото момче упатувало и закани кон својот дедо. Од ОВР Кочани информираат ...
Косовски државјанин е уапсен откако побегнал при царинска контрола на Граничниот премин Блаце, оттурнувајќи царински службеник со своето возило. Полицијата го пронашла и привела на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје, а при претрес биле пронајдени марихуана и џебен нож. Приведениот изјавил дека за време на бегството фрлил и кеса во која имало два пиштола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...
Охридскиот Регион се најде пред најсериозниот предизвик откако е ставен под заштита на УНЕСКО. Центарот за светско наследство на организацијата објави анализа за состојбата на природното и културното наследство, во која е предложено регионот да биде ставен на Листата на светско наследство во опасност. Документот е објавен на 13 јули, а во него се наведува дека голем дел од заканите за исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион ...
Собранието денеска ќе ја продолжи работата по 111. седница, на чиј дневен ред се повеќе законски решенија, извештаи и кадровски предлози. Пратениците треба да расправаат за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање, Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, како и за Завршната сметка на Буџетот за 2025 година. На дневен ред се и измените на Законот за студентскиот стандард по ...
Репрезентацијата на Англија на драматичен начин остана без место во финалето на Светското првенство, откако по голем пресврт загуби од Аргентина со 1:2. „Гордиот Албион“ имаше предност до самиот финиш на натпреварот. Англичаните поведоа со голот на Гордон во 55. минута, но Аргентина во завршницата направи целосен пресврт со погодоци во 85. и 90+2. минута. Клучен момент беше одлуката на селекторот Томас Тухел Англија да се повлече и да го ...
Жителите на неколку населени места во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија и вода поради планирани прекини, информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК). Без електрична енергија од 08:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците во населбата Коштан во Горно Соње. Прекин во водоснабдувањето, пак, ќе има од 08:30 до 15:00 часот за жителите на селата Рашче, Бојане и Копаница во Општина Сарај. Од надлежните апелираат ...
Конфликтот меѓу САД и Иран доби нова опасна димензија, откако Иран ноќеска изврши ракетни и беспилотни напади врз американски воени цели во Бахреин, Кувајт и Јордан. Нападите следуваат по обновената американска поморска блокада на иранските пристаништа и серијата воздушни удари врз ирански воени позиции. Иранските медиуми објавија дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана поради, како што наведуваат, „непријателски закани“, ...
Русија рано утрово изврши масовен напад со балистички ракети врз Киев, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Во нападот биле погодени магацински објекти, а паднати остатоци од соборени дронови предизвикале пожари во неколку делови од украинската престолнина, кои подоцна биле локализирани. Истовремено, руски дронови го нападнале и Харков. Во Одеса исто така била активирана воздушна тревога, по што биле слушнати експлозии. Засега нема ...
Земјите-членки на Европската Унија трет ден по ред не успеаја да постигнат договор за 21-от пакет санкции против Русија. Амбасадорите одлучија расправата да ја продолжат на 22 јули, а привремено ја задржаа горната граница на цената на руската сурова нафта на 44,10 долари за барел. Нов договор е неопходен бидејќи без него ограничувањето автоматски би се зголемило поради растот на цените на нафтата, што би ѝ донело дополнителни приходи на ...
Шпанија прими повеќе од еден милион барања во рамки на вонредната програма за легализација на статусот на мигрантите, што е двојно повеќе од првичните проценки на владата. Властите имаат рок од три месеци да ги разгледаат барањата и да одлучат дали ќе издадат дозволи за престој и работа. Премиерот Педро Санчез изјави дека мерката е неопходна за шпанската економија и за интеграција на стотици илјади луѓе кои живеат во земјата. Владата најави ...
Македонија и денеска ќе биде под влијание на сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат меѓу 31 и 38 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и топло, со мала до умерена облачност и ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана од американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре престојува во работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на справувањето со заканите од политичкиот тероризам. На конференцијата ќе присуствуваат високи претставници од повеќе од шеесет држави, кои ќе разговараат за зајакнување на меѓународната соработка, ...
Фудбалската репрезентација на Аргентина продолжува со победничкиот поход, откако со нов пресврт славеше над Англија со 2-1 и обезбеди пласман во големото финале. Дуелот понуди голема борба и малку вистински шанси. Двете селекции играа внимателно, а во првото полувреме ниту една страна не успеа да упати удар во рамките на голот. За цврстината на играта говори и бројката од 19 направени прекршоци во првите 45 минути. Сликата не се промени ...
Во текот на денешниот ден до 18:00 часот се регистрирани вкупно осум пожари на отворен простор низ земјава. Од нив, два пожари сè уште се активни, еден е ставен под контрола, додека пет се целосно изгаснати. Активни се пожарите во општина Босилово, во селото Старо Балдовци, каде што гори ѓубре, како и во општина Ново Село, во селото Бајково, каде што е зафатена ниска вегетација и мешана шума. Под контрола е пожарот во општина Крушево, во ...
Светското првенство 2026, кое се одржува во САД, Канада и Мексико, отвори нов бран критики кон раководството на ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино, кој се соочува со сè поголем притисок пред претседателските избори во 2027 година. Според повеќе медиумски извештаи, во УЕФА расте незадоволството од начинот на кој ФИФА управува со светскиот фудбал, па европската куќа веќе разгледува можност да застане зад силен противкандидат на ...
Трагичниот биланс од тешката сообраќајна несреќа на Халкидики се искачи на три жртви, откако во болница им подлегна на повредите и таткото од Молдавија. Несреќата се случила во средата попладне на регионалниот пат Полигирос – Агиос Николаос, кога автомобил со молдавски регистарски таблички, во кој патувало четиричлено семејство, се судрил со камион-цистерна. На местото на несреќата животот го загубиле мајката и нивното бебе, додека таткото и ...
Пожар вечерва избувна во близина на населбата „Гоце Делчев“ во Охрид, на локацијата позната меѓу граѓаните како „Бараки“, каде што огнот зафатил сува вегетација. На терен веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица, кои се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат негово понатамошно ширење. Густ чад се издига од опожареното подрачје и е видлив од повеќе делови на Охрид, при што зафати и дел од околните ...
Пожар попладнево избувна во парк-шумата „Гази Баба“, на потегот меѓу скопските населби Железара и Автокоманда. Жители од околните населби на социјалните мрежи споделија фотографии и видеа на кои се гледа густ чад што се издига од шумскиот предел. На терен веднаш се упатија екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на локализирање и гаснење на огнената стихија. Во моментов не се познати причините за избувнувањето ...
Американската војска започна нов бран воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM), наведувајќи дека операцијата има за цел дополнително да ги ослаби воените капацитети што, според Вашингтон, биле користени за напади врз комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец. „Во 6:00 часот наутро по источно време, силите на Централната команда на САД започнаа нов бран напади врз Иран“, објави CENTCOM на платформата X. ...
Шест патнички возила и стан му се привремено одземени на Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека имотот е стекнат со криминална активност, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека Одделението за внатрешни работи Кочани, во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, обезбедило докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот располага со значителен движен и недвижен имот што не ...
Три момчиња, на возраст од 18 и 15 години, попладнево биле однесени од надојдените води на реката Треска кај Скопје, поради зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите, едното момче веднаш било извлечено од реката, додека другите две биле пронајдени и спасени низводно по течението на Треска. Од ЦУК соопштија дека момчињата немаат ...
Општинскиот штаб за заштита и спасување од општина Прилеп, заради намалување и спречување на опасноста од појава на пожари на отворени простори кој што се актуелни во овој период од годината и кои што можат да предизвикаат големи материјални штети им СООПШТУВА на граѓаните да се придржуваат кон следните превентивни мерки за заштита од пожарии тоа: 1.Со прогласувањето на кризна состојба за појава на пожари на отворен простор од страна на ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата останува посветена на политиките за задржување на пониски цени на горивата и оцени дека веќе се исполнуваат условите од понеделник повторно да бидат намалени акцизите за бензинот и дизелот. Одговарајќи на новинарски прашања при посетата на активностите за регулација на коритото на Сува Река во Општина Сарај, Мицкоски рече дека Владата внимателно ги следи случувањата на светските пазари, особено ...
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, доброволно се пријавил во Затворот Скопје во Шутка, каде што почна со издржување на правосилната затворска казна од една година. Според информациите, по пристигнувањето бил примен согласно затворските процедури и ќе биде сместен во приемното одделение на установата. Од Основниот кривичен суд Скопје претходно соопштија дека Јакимовски бил упатен на 2 јули 2026 година да се јави ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.07.2026 заврши со пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.207,94 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 51,80 поени, односно за 0,57%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Проширувањето на Коридорот кон Западен Балкан е резултат на интензивните дипломатски активности што ...
Левица ја обвини СДСМ дека поради договор со премиерот Христијан Мицкоски не дозволиле опозициско обединување за една изборна единица. „Постојат политички чинови што се мерат во дневни поени и постојат чинови што се мерат во историски пресуди. Одбивањето на СДСМ да се вклучи во опозициско обединување околу една изборна единица припаѓа на вториот вид и претставува свесна саботажа!“, нагласува Левица. Според нив, ако не се смени Изборниот ...
Според Обвинителството, Мирчевски во периодот од јули 2021 до март 2024 година, како директор на СОЗР, ги пречекорил службените овластувања и без основ за службени патувања потпишувал решенија и патни налози за себе и за повеќе вработени. Како што се наведува во соопштението, обвинетиот без оправдана причина го користел владиниот авион „Лирџет 60“ за приватни потреби, а од средствата на СОЗР биле вршени плаќања за различни трошоци. ...
Млади музичари на прием кај Ѓорѓиевски: Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк – напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на „Фејсбук“ по повод посетата од оркестарот при Гимназијата „Орце Николов“ кои на 5 и 6 септември годинава ќе има концерти во престижни сали во Њујорк. Градоначалникот истакна дека станува збор за млади талентирани музичари, кои, иако оркестарот е формиран во 2024 година, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните да го користат ГИС порталот – современа дигитална платформа што овозможува брз, едноставен и транспарентен пристап до услугите и информациите на Општината. Преку овој портал граѓаните на едно место можат да ги следат сите актуелни информации, тековни и планирани инфраструктурни проекти, јавни повици, новости и активности на локалната самоуправа. „Со едноставна ...