Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Современиот Коте од Руља, Венко Филипче, трча во прегратките на Румен Радев, кој неодамна ја формираше владата во Бугарија. Филипче не чека ни една недела за да се огласи со, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, нова серија на национални предавства и продолжување на аманетот од Зоран Заев. Тој јавно изјавува дека државата создавала вештачки конфликти со соседите и настапува, како што го нарекуваат, како кодош. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Румен ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер. Во попладневните часови локално се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5 до 12 степени, додека дневните ќе достигнат од 21 до 27 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали и слаб променлив ветер. Температурата ќе се движи од 9 до 25 степени. ...
Антихистаминот Фексофенадин, кој најчесто се користи за ублажување на симптомите на алергиски ринитис, осип и чешање по каснувања од инсекти, може да има намалено дејство доколку се комбинира со одредени пијалаци. Според здравствени експерти, начинот на кој се зема лекот е многу важен, бидејќи некои сокови и алкохол можат да влијаат на неговата апсорпција и ефикасност. Сокот од портокал е меѓу пијалаците што може значително да ја намалат ...
Американската поп-ѕвезда Кејти Пери ќе биде дел од спектаклот на отворањето на Светско првенство во фудбал 2026, со настап закажан на 12 јуни на стадионот SoFi Stadium во Инглвуд, Калифорнија. Пред натпреварот меѓу САД и Парагвај, публиката ќе ја забавуваат и Future, Rema, Lisa, Tyla, Anitta и диџејот Sanjoy. ФИФА објави дека свечени програми ќе има и во останатите земји домаќини на турнирот. На отворањето во Мексико, пред мечот меѓу Мексико ...
Вардар е на чекор до шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига, откако денеска на домашен терен го совлада Силекс со 2-1 и се доближи на само еден бод од официјално крунисување. Избраниците на Гоце Седлоски фуриозно го отворија натпреварот. Уште во 3. минута, Цветковиќ погоди по асистенција на Закариќ за водство од 1-0. Домаќините продолжија со притисокот, а во 17. минута предноста беше зголемена на 2-0, откако Закариќ сигурно ...
Коалицијата ВРЕДИ вечерва официјално се обедини во единствен политички субјект на Конгресот што се одржа во Скопје, во присуство на околу 850 делегати. Еден од ко-претседателите на ВРЕДИ и градоначалник на Чаир, Изет Меџити, во своето обраќање истакна дека постојат моменти кога политиката станува неопходност, а не само натпревар, оценувајќи дека земјата има потреба од единство и нов политички пристап. Тој нагласи дека различни политички ...
Германски турист добил повеќе од 900 евра обештетување по судска пресуда, откако неговото семејство за време на летување во Кос останало без лежалки покрај базенот поради нивно рано „резервирање“ од други гости. Според пресудата на Окружен суд во Хановер, семејството во летото 2024 година престојувало 11 дена во хотелски комплекс со повеќе базени, релакс-зони и пристап до плажа, за што платиле 7.186 евра. Туристот навел дека лежалките биле ...
ГРК Охрид за првпат во својата историја успеа да го совлада РК Вардар, славејќи со 26-24 во натпревар од 8. коло во плеј-офот од ракометната Суперлига. Првото полувреме донесе израмнета игра, но скопскиот тим имаше минимална контрола и на паузата замина со предност од 12-14. На стартот од вториот дел Вардар стигна и до највисоки плус четири (12-16), но потоа следуваше целосен пресврт на домашниот состав. Охриѓани одиграа одличен период во кој ...
Дејан Митески спречил обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во населбата Ново Лисиче. Градоначалникот објави видео на социјалните мрежи на кое се гледа како бара интервенција од инспекциските служби и полицијата, додека возач на камион се обидува да истовари градежен отпад на недозволена локација. Во еден момент, возачот му дава телефон на Митески за разговор со сопственикот на фирмата, а потоа го напушта местото со ...
Весна Јаневска порача дека вештачката интелигенција веќе не е прашање на иднината, туку реалност со која државата мора активно да се усогласува доколку сака да остане конкурентна и технолошки развиена. Говорејќи на научната конференција „Креирај дома, продавај глобално“, по повод отворањето на Технолошки парк – Н99, таа нагласи дека вложувањето во нови технологии, иновации и вештачка интелигенција е клучно за побрз развој и модернизација на ...
Жичница Водно останува затворена откако контролата извршена од компанијата Doppelmayr покажала дека системот се наоѓа во многу лоша состојба и има сериозни недостатоци кои мора да бидат санирани. Од Град Скопје и ЈСП Скопје очекуваат понуда за сервисирање и дефектажа на жичницата, по што ќе биде познато колку ќе чинат поправките и колку време ќе биде потребно за повторно ставање во функција. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изјави дека ...
ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „компјутерски фалсификат“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал лажен профил на социјални мрежи и стапил во контакт со вработена во Министерството за образование и наука. Таа, ...
На 08.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред влезот на гробиштата во Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 36-годишната З.К. и 55-годишната Д.З., двете од Скопје, при што бил употребен тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 08.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред влезот на гробиштата во Ѓорче ...
Во Прилеп денеска се одржа Регионалниот натпревар по прва помош (Регион 1), во организација на Црвениот крст, настан кој ја истакна важноста на хуманоста, солидарноста и подготвеноста за помош во критични ситуации. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со претседателката на Советот на Општината, ги посетија пунктовите каде разговараа со екипите, волонтерите и организаторите, при што имаа можност одблиску да ја видат ...
Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го порача министерката за финансии на 9-тата Меѓународна конференција Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување што во организација на Комората на проценувачи на ...
Тројца пензионери од Делчево завршиле во полицискиот билтен откако биле затекнати како вежбаат гаѓање со воздушни пушки на кејот покрај реката Брегалница. Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 8 мај околу 10:25 часот во ОВР Делчево. Според пријавата, Н.А. (76), Ф.С. (80) и Б.П. (80), сите од Делчево, пукале кон дрвена мета со две воздушни пушки со калибар 4,5 милиметри. Воздушните пушки биле сопственост на Здружението на пензионери ...
Полициски службеници од СВР Велес синоќа пресретнале автобус што превезувал ученици од екскурзија, откако возилото неколкупати се расипало за време на патувањето. Случајот бил пријавен од родител на малолетен ученик кој се наоѓал во автобусот, а според пријавата, патувањето било небезбедно поради честите дефекти на возилото. Полициските екипи реагирале веднаш и околу 22:50 часот на наплатната станица „Отовица“ на автопатот Велес – Скопје го ...
Тешка семејна трагедија ја потресе Пјаченца, откако 55-годишна жена со македонско потекло, идентификувана како Милена Витанова, била пронајдена мртва во стан на периферијата на градот. Според информациите на италијанските медиуми, трагедијата започнала околу 15:30 часот, кога нејзиниот сопруг Хако Витанов телефонски пријавил дека ја убил сопругата, по што избегал од местото. На местото веднаш интервенирале карабинери, пожарникари и екипи на ...
Епидемија на норовирус е регистрирана на крузер за време на патување што започнало на 28 април и треба да заврши на 11 мај. На бродот во моментов има 3.116 патници и 1.131 член на екипажот. Од компанијата Princess Cruises соопштија дека веднаш биле активирани заштитни мерки за спречување на ширењето на инфекцијата. Заболените патници и членови на екипажот биле изолирани во своите кабини, додека екипажот ги засилил процедурите за чистење и ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, проследено со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. На одредени места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури се движат меѓу 7 и 12, а дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 23 степени. Во Скопје слично време: променливо облачно, со пороен дожд и грмежи. Можно е попладне да се појави сонце. Максималната ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина и Русија постигнале договор за тридневно примирје и размена на илјада воени заробеници. – Режим на прекин на огнот мора да се воспостави и на 9, 10 и 11 мај. Украина постојано работи на враќање на своите луѓе од руско заробеништво, објави Зеленски на платформата Икс. Тој му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговиот тим за нивниот дипломатски ангажман. ...
Американската разузнавачка агенција ЦИА проценува дека Иран може да ја издржи поморската блокада со месеци без сериозни економски последици. Според извештајот, притисокот од американската блокада нема значително да го погоди Техеран најмалку до крајот на летото. Ова укажува дека стратегијата на Вашингтон има ограничен ефект во момент кога продолжуваат преговорите за завршување на конфликтот. САД ја воведоа блокадата на 13 април, откако ...
САД воведоа нови санкции против кинески компании поради нивна поврзаност со Иран, само неколку дена пред средбата меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг во Пекинг. Стејт департментот санкционираше четири компании, од кои три се со седиште во Кина, поради обезбедување сателитски снимки што, според Вашингтон, му помогнале на Иран при напади врз американски сили. Истовремено, американското Министерство за финансии воведе санкции за уште 10 лица и ...
Пред 81 година, на денешен ден 9 мај 1945 година во разурнатиот Берлин со потпишување на безусловната капитулација на нацистичката Германија ставен е крајот на Втората светска војна. Со тоа е запрена најкрвавaтa и најтешкa глобалнa војнa на планетата. Со тоа беше победен фашизмот. За време на шестгодишно војување беа изгубени над 50 милиони човечки животи од кои дури 20 милиони од Советскиот сојуз. Пострадаа и многу жители на Македонија. ...
Коалицијата ВЛЕН денеска на Конгрес за обединување на пет политички субјекти и официјално ќе прерасне во партија. Во пресрет на конгресот, од ВЛЕН преку јавна објава порачаа дека процесот на обединување не бил лесен и дека зад него стојат месеци исполнети со предизвици, недоверба и политички притисоци. Според нив, денешниот ден ќе биде одговор на сите сомнежи, бидејќи од политички партнери и сојузници, ВЛЕН преминува во единствено политичко ...
ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е подготвен на нови национални отстапки и дека се „додворува“ на Бугарија преку своите јавни настапи. „Венко Филипче е без рбет и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДС не постојат никакви црвени линии кога станува збор за националните интереси. Изминатиот период Филипче постојано се обидуваше да се доближи и се додворуваше на Бугарија преку ...
Опозициската СДСМ вели дека партијата ЗНАМ се соочува со внатрешен распад. „ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоа. По пратеникот Миле Цеков, уште една советничка на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп го напушти владејачкото мнозинство. Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ, со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во ...
Институт за јавно здравје уверува дека во моментов нема опасност од појава на хантавирус во Македонија и дека не постои непосреден ризик за граѓаните, изјави директорката Марија Андоновска. Таа посочи дека Секторот за епидемиологија при ИЈЗ секојдневно комуницира со Светска здравствена организација и со Европскиот центар за контрола на болести, од каде постојано добива информации и насоки за евентуално постапување. Андоновска објасни дека ...
Новак Ѓоковиќ се врати на терените по пауза од 57 дена, но настапот на Мастерсот во Рим го заврши уште на стартот, откако беше поразен од младиот хрватски тенисер Дино Прижмиќ со 2:1 во сетови (2:6, 6:2, 6:4). За Ѓоковиќ ова е првпат во кариерата да биде елиминиран уште во својот прв меч на турнирот во Рим, додека за Прижмиќ ова претставува најголема победа досега. Српскиот тенисер одлично го отвори натпреварот и по израмнетиот почеток успеа ...
Реал Мадрид сериозно размислува за враќање на Жозе Мурињо на клупата на тимот, пренесуваат шпанските медиуми и повеќе фудбалски инсајдери. Според информациите, претседателот на клубот Флорентино Перез веќе започнал контакти со португалскиот стратег, што дополнително ги засили шпекулациите за можно враќање на „Специјалниот“ на Сантијаго Бернабеу по 13 години. Во изминатиот период се појавуваа бројни гласини околу иднината на Мурињо, но тој во ...