Втората вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп ја разигра Школка со музика, вкусови , безбројни наздравувања и одлично расположение под отворено небо.Публиката уживаше во винската понуда, гастрономските содржини и програмата со DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле, кои ја внесоа вечерта во вистински фестивалски тек и создадоа одлична сцена за дружење. Виноскоп од ден во ден ја засилува својата фестивалска приказна, носејќи нови вкусови, ...

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на промоцијата на нова современа медицинска опрема во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп, заедно со директорот на установата, директорот на ФЗОМ Сашо Клековски, пратеници од регионот, како и началници и лекари од болницата. Станува збор за два нови високо-софистицирани медицински апарати: дигитален тавански рентген систем со безжичен пренослив ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и заменик-министерот Кирил Темелков, којашто се одржа во Атина, Грција. Станува збор за средба која е единствена во ваков формат, а која е фокусирана на регионалното енергетско ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 15.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.881,02 поени, со дневен раст од 0,34%, односно 33,19 поени, додека ОМБ изнесуваше 129,90 поени, без дневна промена, односно 0,00% и 0,00 поени. Вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 12.134.248 денари. Ликвидноста ја водеа Комерцијална банка Скопје, Македонски Телеком ...

Премиерот Христијан Мицкоски е оптимист дека Владата ќе ги испорача сите десет точки од реформската агенда кои се во грејс период, а еден или два чекори, според него, зависат од учеството на опозицијата, а тоа е Изборниот законик. – Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој реформски закон. Затоа што реформите не се само промени на Уставот. Јас го разбирам ова меко ткиво ...

Со засилени контроли и строги мерки, ќе се справува полицијата со моторџиите кои дивеат низ градовите и не ги почитуваат сообраќајните правила, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој направи и разлика меѓу, како што ги нарече, „вистински моторџии“ кои ги почитуваат сообраќајните правила и оние кои „глумат моторџии“ и возат без кацига, со голема брзина и прават опасни маневри, како што е возење на едно тркало. -Слободно ...

Околу 30 бродови поминале синоќа низ Ормутскиот Теснец, објави Исламската револуционерна гарда. Иранскиот воен претставник нагласи дека транзитот и натаму е забранет за сите пловни објекти поврзани со „непријателски држави“. Иранската новинска агенција Тасним објави дека дел од бродовите што минале пловеле под кинеско знаме. Инаку, Иран го блокираше Теснецот на 28 февруари, кратко по почетокот на американско-израелските воздушни напади, а ...

Водечката африканска здравствена агенција соопшти дека во провинцијата Итури во Демократска Република Конго е потврдена епидемија на ебола. Африканскиот центар за контрола и превенција на болести најави итен состанок поради ситуацијата. Досега биле пријавени се околу 246 заболени и 65 смртни случаи. Првичните анализи покажуваат дека станува збор за сој кој не е од најсмртоносниот „заир“ тип. Еболата е тешка и често смртоносна болест која се ...

Опозициската СДС предводена од Венко Филипче ја продолжува антинационалната и антидржавната политика започната од Зоран Заев, која директно оди во интерес на бугарските власти, обвинија денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. На прес-конференција, членот на Централниот комитет на партијата, Валентин Манасиевски, истакна дека раководството на СДС нема никаков проблем со негирањето на македонскиот идентитет. „Заев започна со бришење на терминот ...

Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови. Ова повеќе не се изолирани случаи, туку сигнал дека системот за превенција потфрла, а Министерството за образование и наука не превзема активности во заштитата на учениците и безбедноста во училиштата. Нема ниту стратегија, ниту системска реакција. Кога тендерите и финансиските интереси стануваат приоритет, а законите и ...

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи. По цела деценија, „Реплек“ останува единствена ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството информираше за мерките и проектите што општината ги спроведува за подобрување на условите за живот на граѓаните, со посебен акцент на младите семејства, децата и повозрасните лица. Од Општина Центар истакнуваат дека и понатаму остануваат посветени на зајакнување на социјалната сигурност и поддршка на граѓаните преку конкретни мерки и финансиска ...

Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информира дека денеска на повеќе локации во главниот град ќе се изведуваат активности од страна на ЈП „Водовод и канализација“, поради што дел од корисниците ќе останат без вода. Во населбата Трубарево, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „2“ број 19, прекин во водоснабдувањето ќе имаат жителите од населбата. Прекинот ќе започне во 10:00 часот и ќе ...

Стотици жители на Хавана излегоа на улиците во знак на протест против долгите прекини на електрична енергија и продлабочената енергетска криза во Куба. Според медиумските извештаи, во одредени делови од главниот град граѓаните остануваат без струја и до 22 часа дневно, што предизвика револт и незадоволство кај населението. На снимки објавени на социјалните мрежи се гледаат демонстранти како палат барикади, удираат во тенџериња и извикуваат ...

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против претседател на суд и администратор кои како соизвршители сториле кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Тие во периодот од месец јануари 2023 година до 2025 година, заедно, со умисла искористувајќи ја својата службена положба, примиле парична награда во износи од 8.000 и од 800 евра, за да интервенираат кај судија на Основниот суд Гостивар и ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во некои региони на Македонија ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ...

Иселувањето, особено на младите таленти е голем проблем за македонската економија. Ова го констатираа и големите компании и нивните раководни кадри на самитот „Македонија 2025″. Секако, се очекува соодветна реакција околу овој голем проблем и од државните институции. Но, прават ли доволно самите компаниите и нивните газди за младите таленти да не ја напуштаат Македонија? Младите таленти најчесто заминуваат затоа што бараат подобри услови – ...

Бројот на загинати во рускиот вечерашен напад врз Киев се искачи на 16, меѓу кои има и две деца. Повредени се уште 57 лица, од кои 27 се хоспитализирани, соопштија украинските служби за итни случаи и градоначалникот Виталиј Кличко. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани во населбата Дарницки, каде на терен се ангажирани 170 спасувачи со механизација и тимови со кучиња. На местото има и психолози кои им помагаат на ...

Косовскиот премиер, Албин Курти, обвини дека Србија продолжува со политики на етничко чистење во општините со албанско мнозинство во јужна Србија – Прешево, Медвеѓа и Бујановац. Според него, поради блокирањето на средствата од косовската влада, околу 3.650 ученици остануваат без бесплатни учебници, повеќе од 750 студенти без стипендии, а над 950 земјоделци без поддршка. Како што наведе, погодени се и училишта, медиуми и организации, ...

Кремастите десерти во чаша се идеален избор во текот на пролетта и летото, бидејќи нудат освежителна комбинација од лесна сладост и овошна свежина. Освен што се брзи и едноставни за подготовка, тие изгледаат декоративно и како да се подготвени во слаткарница, па можат да ги направат и почетници во кујната. За овошниот дел потребни се 300 грама јагоди, две лажици шеќер во прав и една лажица густин. За кремот се потребни 100 грама шеќер во ...

Да се биде прв човек на градот претставува чест, но и голема одговорност кон граѓаните кои ја дале својата доверба со очекување за ред, работа и конкретни резултати, порача градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во своето обраќање. Тој истакна дека целта на актуелната градска власт не е привилегиран живот на товар на граѓаните, туку враќање на средствата назад кај народот преку реални проекти и подобри услови за живот. „Секој денар од буџетот мора ...

Првата вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп помина во пријатен фестивалски амбиент, со уникатни вкусови, средби и наздравувања на Школка во Градски парк. Фестивалот, кој годинава се одржува од 13 до 17 мај, го отвори своето јубилејно издание во препознатлив дух, со програма што ја донесоа Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд. Посетителите имаа можност да уживаат во винската понуда, гастрономските содржини и првата ...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Никол Варнс, на која се разговарало за актуелните состојби, развојните процеси и идните приоритети на градот. На средбата биле отворени повеќе значајни теми, меѓу кои и изработката на новиот Генерален урбанистички план, кој според Проданоски претставува еден од најважните документи за ...

„Посветени сме да бидеме конструктивен регионален партнер, кредибилен учесник во европската енергетска интеграција, земја која придонесува за постабилна, побезбедна и поодржлива Југоисточна Европа“, изјави денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, говорејќи на Министерскиот панел: “Delivering 2030 – Leadership commitments for the East Med transition”, во рамките на дводневниот „Energy Transition ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека Македонија треба да го продолжи дијалогот со Бугарија, и покрај актуелните несогласувања и тензии меѓу двете држави. Тој откри дека побарал билатерална средба со бугарската министерка за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска. Муцунски нагласи дека Владата ќе продолжи цврсто да ги брани националните интереси и нема да ...

Јапонскиот производител на автомобили „Хонда Моторс“ ја заврши изминатата фискална година со загуба, првпат по седум децении, откако компанијата се соочи со огромни трошоци поврзани со реструктуирање на бизнисот со електрични возила. Компанијата соопшти дека финансискиот резултат бил оптоварен со околу девет милијарди долари трошоци, што довело до најлош извештај откако „Хонда“ стана јавна компанија во 1957 година. Од раководството оценуваат ...

Сообраќајна несреќа меѓу полициско возило и товарен камион се случила вчера околу 15:00 часот на автопатот „Пријателство“, на делницата од Скопје кон Гевгелија. Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале патничко возило „Фиат Линеа“, сопственост на МВР, управувано од 30-годишниот полициски службеник Р.П., и товарно возило „Сканија“ со полуприколка и босански регистарски таблички, управувано од Р.М. (42) од Босна и ...

Фудбалерките на Тиверија Брера убедливо триумфираа над Каменица Саса со 5:0 во финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција и го освоија својот втор трофеј во ова натпреварување. Финалниот натпревар се одигра на стадионот во Ѓорче Петров, а Тиверија Брера уште од самиот старт покажа дека е решена да доминира на теренот. Првата сериозна можност ја имаше Карапузовска, која во осмата минута ја погоди пречката, додека Каменица Саса ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска во својот кабинет ја прими амбасадорката на Романија во Македонија, Адела Моника Аксинте, а средбата ја оцени како исклучително пријатна и конструктивна. -Разговаравме за многу заеднички теми, но најмногу се фокусиравме на можностите за идна соработка преку која би ги презеле успешните искуства од романските општини. Посебно ме радува што ја потврдивме и нашата ...

Oд 18 мај Општина Аеродром започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата е продолжение на успешната есенска кампања и се реализира во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина Аеродром при што на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните бесплатно ќе можат да го оставаат стариот и дотраен мебел, како и друг ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
4.02
70%
1015
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
0.9
72%
1014
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.02
51%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
64%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.76
76%
1015
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
53%
1016
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.05
52%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.7
52%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.34
72%
1014
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
68%
1013
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.66
62%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Калај

53.60