Премиерот Христијан Мицкоски следната недела очекува намалување на цените на горивата, посочувајќи дека акцизите се анализираат на секои две недели и дека во понеделник ќе биде направен просекот за втората половина од месецот, по што ќе се утврдат новите цени на нафтените деривати. „Добро е што веќе два дена по ред цената на нафтата паѓа. Денеска се стабилизира некаде меѓу 85 и 86 долари за барел, па очекувам следната недела да има поголемо ...

Вардар попладнево ќе го одигра реваншот против летонска Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига, во обид да избори пласман во следната рунда од натпреварувањето. По елиминацијата од квалификациите за Лигата на шампионите, македонскиот шампион го продолжи европскиот настап во Конференциската лига, но пред себе има тешка задача. „Црвено-црните“ ќе бркаат негатива од еден гол, откако првиот натпревар во Скопје го загубија со ...

Триесет и двегодишен жител на струшкото село Лабуништа е приведен откако полицијата кај него пронашла бела прашкаста материја. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, лицето било лишено од слобода на 27 јули 2026 година околу 22:20 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Струга. Според полицијата, откако ги забележал полициските службеници од ОВР Струга, тој фрлил пакување со бела прашкаста материја, кое било пронајдено и одземено. ...

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за социјала, млади и демографија Ѓоко Велковски извршија увид на повеќе локации во Општина Илинден каде се реализираат капитални инфраструктурни проекти. Во рамки на посетата со градоначалникот Александар Георгиевски извршија увид во градежни активности на новиот стадион, како и во детската градинка Гоце Делчев која се проширува. Според премиерот Христијан Мицкоски, во моментов во низ државата се ...

Ирак започна да користи алтернативна копнена рута за извоз на нафтени деривати кон Европа, испраќајќи тешко гориво преку Сирија и понатаму преку медитеранските пристаништа, поради ограничувањата во Ормутскиот теснец. Од април досега, преку оваа рута биле извезени околу 2,1 милион тони нафта, изјави Ахмед Кубаџи, заменик-претседател на сириската државна нафтена компанија, во интервју за весникот „Д Нешнал“. Според неговите информации, ...

Опозициската СДСМ повторно предупреди дека државата е пред банкрот и нагласи дека премиерот „Ханс Христијан Мицкоски шири Приказни за мали деца. Бајки, а ги празни државните претпријатија за да го покрие „долгот што самиот го направил“. СДСМ потсетува дека парите за враќање на кинескиот кредит се земени од МЕПСО, од МНАВ и од Лотарија, јавни претпријатија кои се задолжени кај домашните банки. -Зема заем за да врати заем. Претурање од шупливо ...

Откако вчера гостиварчани добија одобрение да ја користат водата во градскиот водовод како техничка, бројот на новопријавени случаи од епидемијата во Гостивар порасна за 109, па Министерството за здравство најави дека ќе воведе засилен надзор за постакутната фаза од епидемијата со која ќе се следат заразните болести што може да се јават. Според министерот за здравство Сашо Клековски просечно во изминатите 10 години во Гостивар во јули имало ...

Учениците во прва година од средните училишта, за првпат ќе добијат бесплатни униформи, објави Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг и затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици. За првпат, секој ученик запишан во прва година во средните училишта ќе добие бесплатна училишна униформа – ...

Општина Карпош ги поканува сите граѓани да присуствуваат на Отворениот ден што ќе се одржи утре, 29 јули, од 13:00 до 17:00 часот, во холот на општинската зграда. На настанот, граѓаните ќе имаат можност директно да се сретнат со градоначалникот Сотир Лукровски, како и со раководителите на општинските сектори, да постават прашања, да предложат идеи, да дадат предлози или да покренат иницијативи поврзани со функционирањето и развојот на ...

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска информираше дека Општината ќе обезбеди по 8.000 денари за секое новороденче. Според Стефковски оваа мерка е поддршка за семејствата и потврда дека секое дете им е подеднакво важно. Тој ги повика сите родители кои ги исполнуваат условите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиската поддршка. Поврзани вести: МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Градоначалникот на Општина Гази ...

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Владата во изминатите две години реализира конкретни инвестиции и инфраструктурни проекти за подобрување на животната средина и условите за живот на граѓаните. Од партијата наведуваат дека се обезбедени средства и започната е реализација на повеќе од 300 проекти низ државата, меѓу кои водоводи, канализации, пречистителни станици и системи за заштита од поплави. Според ВМРО-ДПМНЕ, во тек е и реконструкција на ...

Црногорската полиција во Никшиќ го уапси 19-годишниот македонски државјанин Андреј Танасковски, по кого беше распишана меѓународна потерница. Според полицијата, тој е осомничен дека во август минатата година се обидел да го убие Марко Љубиша-Кан во комплексот на хотелот „Маестрал“ во Будва. Властите тврдат дека Танасковски се криел во таен стан во населбата Видрован, каде што бил уапсен заедно со црногорски државјанин осомничен дека му ...

Царинските службеници на граничниот премин Богородица запленија 5.000 штеки цигари во вредност од околу 9 милиони денари при контрола на товарно возило во транзит. Возачот, српски државјанин, е приведен, а против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија за кривично дело криумчарење. Камионот бил пријавен дека превезува градежен материјал – камена волна, на релација од Грција кон Србија. При деталниот ...

Европа се подготвува за нов силен топлотен бран предизвикан од таканаречената „топлинска купола“, која во наредните денови ќе донесе екстремно високи температури, а на некои места и над 40 степени. Во Франција и Шпанија, каде што веќе беснеат катастрофални шумски пожари, властите предупредуваат дека новиот бран горештини може повторно да ги разгори активните жаришта. Огнената стихија досега уништи десетици илјади хектари шума, при што, ...

Со свечено испраќање од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во скопската населба Горно Лисиче, околу 40 коњаници и коњанички денеска го започнаа 48. Традиционален Илинденски коњички марш кон Крушево, продолжувајќи ја долгогодишната традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. По свеченото тргнување, учесниците продефилираа низ Општина Аеродром, а првата дестинација на нивното патување вечерва е населбата Долно ...

Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен во Никшиќ, Црна Гора, во полициска акција поврзана со истрагата за обидот за убиство на Марко Љ., жител на Будва, познат како Кан, кој според црногорските медиуми е висок член на Шкаљарскиот клан. Според информации од полициски извори, Танасковски бил пронајден во изнајмен стан во населбата Видрован во Никшиќ. Заедно со него бил уапсен и Н. Марковиќ (34) од Никшиќ, кој е ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе ја посети Општина Илинден, каде ќе изврши увид во тековните градежни активности на повеќе инфраструктурни проекти. Во рамки на посетата, премиерот ќе го посети новиот стадион, каде ќе се запознае со напредокот на изградбата, како и со реализацијата на инвестициите во локалната инфраструктура и патната мрежа. Мицкоски ќе изврши увид и во проектот за проширување и унапредување на ...

Ќерката на легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски, Сашенка Тодоровска, преку објава на социјалните мрежи ги сподели деталите за последното испраќање на својот татко. Во емотивната порака таа напиша дека Тодоровски заминал достоинствено, оставајќи зад себе големо актерско наследство и неизмерна празнина кај најблиските. „Беспрекорен до последниот здив, како што само ти умееше. Замина во легендите, а мене ми остави да ја носам тежината ...

Доктор Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на, како што оценува, сериозен бирократски пропуст поврзан со водоснабдувањето во Гостивар. Според него, проект вреден седум милиони евра, финансиран со швајцарски грант, останал блокиран поради неплатена фактура во износ од 16.500 денари. Повикувајќи се на информации објавени во телевизиските вести, Пановски наведува дека ЈП „Комуналец“ – Гостивар соопштило оти грантот ...

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено по суви коловози, а интензитетот на возила надвор од градските средини е зголемен, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Најголема фреквенција има на граничниот премин Богородица, каде што времето на чекање за премин на македонска страна изнесува околу 15 минути. На останатите гранични премини во државата засега нема подолги задржувања ниту за влез, ниту за излез од ...

Францускиот претседател Емануел Макрон ја посети областа Жиронд, најтешко погодена од големите шумски пожари во југозападна Франција, каде се сретна со пожарникарите и службите за итни случаи. Тој им се заблагодари на сите што учествуваат во гаснењето на пожарите, како и на земјите што испратија помош, оценувајќи дека Франција се соочува со пожар од невидени размери. Макрон изјави дека ситуацијата е најтешка од Втората светска војна наваму и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападите на САД врз Иран се привремено суспендирани за да им се даде уште една шанса на дипломатските преговори. Тој во интервју за „Аксиос“ предупреди дека воените операции може повторно да започнат доколку разговорите не донесат конкретен резултат. Според Трамп, преговорите се насочени кон отворање на Ормускиот теснец и постигнување нов договор за нуклеарната програма на Иран, а во нив ...

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена утринска облачност и слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Утринските температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 30 до 35 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, со температура до 33 степени. Според прогнозата, од утре следува ...

Со 64 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, Собранието попладнево го усвои дополнетиот ребаланс на Буџетот на Република Македонија за 2026 година. Од владејачката коалиција оценија дека измените се насочени кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, додека опозицијата смета дека ребалансот не носи продуктивен развој и не одговара на реалните потреби на граѓаните. Министерката за финансии ...

Сообраќајот на граничните премини меѓу Македонија и Грција повторно се одвива нормално откако утринава заврши четиричасовниот предупредувачки штрајк на грчките царински службеници. Од Граничниот премин „Дојран“ информираат дека по завршувањето на протестот има кратки задржувања, односно околу 15 минути чекање од македонска страна и околу 30 минути од грчка страна. Надлежните велат дека штрајкот не предизвикал поголеми проблеми, бидејќи ...

Три жени, меѓу кои и една бремена, се повредени во напад со нож што се случил во неделата претпладне во северниот дел на Париз, во близина на Порт де Клиши. Нападот се случил околу 11:30 часот, соопштија француските власти. Повредените се на возраст од 19, 24 и 36 години и веднаш биле пренесени во болница. Според официјалните информации, две од нив се здобиле со тешки повреди – едната била избодена во долниот дел од грбот, а другата во ...

Рускиот претседател Владимир Путин не користи ниту мобилен, ниту фиксен телефон за комуникација со државните функционери, туку исклучиво специјални заштитени комуникациски линии, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за новинарот на списанието „Лајф“, Александар Јунашев. Како што пренесува рускиот весник „Комерсант“, Песков истакнал дека сите разговори на рускиот претседател се одвиваат преку безбедни комуникациски системи, ...

Просториите што ги користи културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле оштетени, а на ѕидовите биле испишани графити, меѓу кои и натписот „УЧК“. Инцидентот бил пријавен во СВР Куманово, од каде информираат дека полициски екипи извршиле увид и работат на целосно расчистување на случајот. Министерот за локална самоуправа и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ, остро го осуди инцидентот, ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информира дека со забрзана динамика продолжува реализацијата на проектите за изградба и реконструкција на спортски игралишта во основните училишта во градот. При увидот во Основното училиште „Гоце Делчев“, Коњановски посочи дека во тек е асфалтирањето на спортските терени, каде вкупната површина под асфалт изнесува 2.700 квадратни метри. Во рамки на проектот се градат две повеќенаменски игралишта – ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска учествуваше и се обрати на завршниот мултипликативен настан во рамките на Еразмус+ проектот „GivEUvoice – Materializing Youth Voices Across European Spaces“, посветен на зајакнување на учеството на младите во процесите на донесување одлуки. Проектот, финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+, има цел да го поттикне активното учество на младите, да ја унапреди соработката меѓу ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Кобалт

33.53