Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.07.2026 заврши со благ пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.367,12 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 25,58 поени, односно за 0,27%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

Македонија годинава го регистрираше првиот случај на западнонилска треска во Европа, а бројот на заболени во земјава до 27 јули достигна осум лица, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје. Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), вирусот досега е потврден во 35 региони во шест европски држави – Италија, Грција, Романија, Македонија, Шпанија и Франција. До 22 јули биле пријавени 81 ...

Регулаторната комисијха за енергетика одлучи парното греење за корисниците во Скопје да поскапи од 1. август. За корисниците на ЕСМ Снабдување зголемувањето е 5,96, за корисниците на ЕСМ Еенергетика или т.н железарско парно поскапувањето е 5,18 проценти, а за корисниците на ЕнергоЕколог поранешно Скопје Север, покачувањето е 3,65 проценти. Според пресметките на РКЕ за просечен стан од 60 метри квадратни зголемувањето ќе биде 140 денари. И со ...

Јавното претпријатие „Лајка“ организираше несекојдневен настан за бездомни кучиња со поинаков концепт – наместо луѓето да ги избираат милениците, кучињата сами им приоѓаа на оние кај кои чувствуваа доверба и сигурност. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека идејата била да им се даде можност токму на животните да го направат првиот чекор кон својот нов дом и упати благодарност до сите граѓани кои ги отвориле своите домови за ...

Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полнож се зголемуваат на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 денари за литар, и ќе се продаваат за 93 односно 95 денари за литар. Дизелот се зголемува за 4,50 денари по литар и новата цена е 98,50 денари по литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за ...

Во Гостивар вчера се евидентирани вкупно 127 новопрегледани лица со симптоми на ентероколит кои првпат побарале лекарска помош, што покажува благо зголемување единствено во однос на претходниот ден, додека оваа бројка е помала од бројот на новопрегледани пациенти во изминатите денови, информира Министерството за здравство. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар се регистрирани вкупно 91 нови прегледи, од кои 41 на инфективното ...

СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против 41-годишен струмичанец поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешки дела против општата сигурност“ Според МВР, пријавениот на 25 јули околу 22:00 часот и на 26 јули околу 01:00 часот во Струмица, подметнал пожари на трактор сопственост на струмичанец како и на патничко возило „киа“, кои по интервенција на Територијалната ...

Опозициската Левица ќе гласа против предложениот ребаланс, бидејќи, според партијата, амандманската расправа покажала дека Владата не само што нема намера да ја промени својата економска политика, туку, тврдат, одбива речиси секој предлог што значеше поголема јавна корист, подобра заштита на граѓаните и поодговорно трошење на буџетските средства, се наведува во партиското соопштение. Левица поднесе 47 амандмани со кои предложи дел од ...

Водата од гостиварскиот водоводен систем може да се користи само како техничка вода, но сè уште не е дозволена за пиење и за подготовка на храна, информираше министерот за внатрешни работи и претседател на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски. Тој посочи дека по повеќекратните анализи и испитувања на водата, експертските тимови потврдиле дека состојбата е подобрена, но дека сè ...

Советот на Општина Ѓорче Петров на вонредна седница донесе одлуки за формирање Комисија за процена на штети и доделување хуманитарна помош во износ од 300.000 денари за граѓаните на Општина Гостивар погодени од загадувањето на водата за пиење. Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Ѓорче Петров и ќе бидат уплатени преку Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија – информираа од прес-службата на Општина Ѓорче ...

ЈП „Комуналец“ – Гостивар до медиумите испрати и фотографии и видео материјали од проектот Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, тврди дека проектот за реновирање на градскиот водовод, финансиран од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања – SECO и Германската развојна банка – KfW е околу 98 проценти готов. По написите во дел од медиумите дека проектот пропаднал, од „Комуналец“ тврдат дека не е така и дека за тоа ...

Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, вечерва во 18 часот ќе тргнат од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче кон Крушево, продолжувајќи ја долгогодишната традиција посветена на одбележувањето на Илинден и на македонските херои. Општина Аеродром ги повика граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, кој се организира во пресрет на големиот државен празник – 2 ...

Граѓаните на Скопје пијат целосно технички и микробиолошки исправна вода, информираа утрово од Секторот за санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Најновите лабораториски испитувања спроведени во текот на изминатата недела покажуваат дека сите анализирани параметри се во рамките на дозволените граници. Контролите биле извршени на повеќе мерни точки низ главниот град. Од јавното претпријатие посочуваат дека редовно го ...

Патниците кои денеска се упатуваат кон Грција треба да бидат подготвени за подолги задржувања на граничните премини поради предупредувачкиот штрајк на грчките царински службеници. Штрајкот се одржува од 05:00 до 09:00 часот по македонско време и ги опфаќа сите три гранични премини меѓу Македонија и Грција – Евзони кај Богородица, Ники кај Меџитлија и Дојран. За време на протестната акција, патничките возила се пропуштаат во интервали од по ...

Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година денеска повторно е пред пратениците. Дополнетиот ребаланс, во второ читање, се разгледува на 118. седница на Собранието, а согласно собранискиот Деловник, расправата може да трае најмногу три дена. Владата минатата недела го усвои дополнетиот ребаланс, во кој се вградени амандманите прифатени од Комисијата за финансирање и буџет. Со нив се ...

Арсенал подготвува спектакуларен трансфер и е решен да направи сѐ за да го доведе напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, во своите редови. Според информациите на британскиот „Телеграф“, лондонскиот клуб е подготвен да му понуди на бразилскиот репрезентативец уште подобри финансиски услови од оние што ги има во Реал, каде што моментално заработува околу 400.000 фунти неделно. „Топчиите“ се решени да ги зголемат шансите за реализација на ...

Македонската културна и театарска сцена остана без еден од своите најпрепознатливи актери, Гоце Тодоровски. Со децении тој ја освојуваше публиката со својот автентичен хумор, препознатлива актерска игра и бројни улоги на телевизија, радио и театар. Најголема популарност стекна со настапите во серијалот „Македонски народни приказни“, кој остави длабока трага кај повеќе генерации гледачи. Тодоровски беше долгогодишен член на Драмскиот театар во ...

Украински беспилотни летала во текот на ноќта извршија напади врз руските региони Белгород и Ростов, при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните руски власти. Според Оперативниот штаб на Белгородската област, во нападот врз градот Белгород повредени се 12 лица. Во нападот се запалила станбена зграда, изгореле 15 паркирани автомобили, делумно е уништена една куќа, а оштетени се и повеќе станбени објекти. ...

Македонија денеска ја очекува сончево, суво и топло време, со максимални дневни температури од 32 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а услови за врнежи не се очекуваат. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала облачност и температура до 34 степени. Според прогнозите, жештините ќе продолжат и во наредните денови, при што во главниот град температурата ќе се ...

По една недела ограничено користење на водата и интензивни активности за санација на водоводниот систем, Гостивар денеска се очекува повторно да добие технички исправна вода за употреба. Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека последните анализи по спроведеното хиперхлорирање на водоводната мрежа покажуваат подобрување на состојбата, а надлежните институции треба официјално да ја потврдат исправноста на водата за техничко користење. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон за денеска свика кризен состанок на владата поради големите шумски пожари што се приближуваат до Бордо, додека нов топлотен бран дополнително ја влошува состојбата. Градоначалникот на Бордо, Томас Казенав, изјави дека огнената стихија се наоѓа на околу 15 километри од градот, но засега не се разгледува евакуација на урбаното подрачје со околу 850.000 жители. Од околните населени места веќе се евакуирани ...

Тадеј Погачар повторно ја освои Франција. Словенечкиот велосипедски ас ја заврши 113. издание на Тур де Франс со својата петта шампионска титула и се израмни со легендите на овој спорт на вечната листа на победници. Дваесет и седумгодишниот Погачар уште еднаш ја потврди својата доминација на најпрестижната велосипедска трка во светот, каде што до петтата победа стигна со вкупно пет освоени етапи оваа година. Со новиот триумф, словенечкиот ...

Пронајдена поголема количина кокаин при полициски претрес во село Брест, скопско. Едно лице е лишено од слобода, информира Министерството за внатрешни работи. Како што соопшти МВР, денеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во координација со припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, извршиле претрес во дом и други простории што ги користел С.Б. (23) од село Брест. При претресот била пронајдена ...

Трагедијата на највисокиот врв во Европа доби уште потежок епилог. На планината Елбрус на Кавказ денеска беа пронајдени телата на уште тројца планинари од Босна и Херцеговина, кои биле дел од седумчлена експедиција што побарала помош при спуштањето од планината, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација. Според руските власти, телата се лоцирани, но поради исклучително лошите временски услови нивната евакуација сè уште не е извршена. ...

Албанскиот премиер Еди Рама повторно се огласи по протестите и барањата за негова оставка, порачувајќи дека нема намера да се повлече од функцијата. Тој истакна дека неговиот мандат е добиен од граѓаните на избори и дека не може да биде прекинат поради барањата на демонстрантите. „Тие постојано повторуваат дека не сакаат дијалог, не сакаат преговори, туку само моја оставка. Тоа е големо недоразбирање“, напиша Рама на платформата Икс. ...

Луксембург и во 2025 година е најбогатата земја во светот според бруто домашниот производ (БДП) по жител, покажуваат најновите податоци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Со 140.941 долар по жител, оваа мала европска држава има речиси десетпати повисок БДП по жител од светскиот просек, кој изнесува 14.213 долари. На второто место се наоѓа Ирска со 108.919 долари по жител, додека третата позиција ја држи Швајцарија со 104.896 долари. Во ...

Македонскиот вицешампион Шкендија со сигурна победа ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Тетовскиот состав на теренот на ФФМ во Скопје без поголеми проблеми го совлада новајлијата Скопје со убедливи 3:0 и ги освои првите три бода. Шкендија уште од самиот почеток ја презеде иницијативата и јасно покажа дека е поквалитетен противник. Притисокот беше крунисан во 17. минута, кога Ндзенгуе ја затресе мрежата за водство од ...

СВР Струмица поднесе кривични пријави против шест лица од селото Просениково, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои насилство, противправно лишување од слобода и напад врз службено лице. Како што информира Министерството за внатрешни работи, пријавени се Б.Д. (22), Т.Ј. (49), С.Д. (47), В.М. (36), Г.Т. (42) и М.Т. (21), сите жители на село Просениково. Според истрагата, на 24 јули околу 21:20 часот, пријавените насилно влегле во домот ...

Дваесет и четиригодишен жител на скопско село во општина Петровец е приведен под сомнение дека со автомобил ја влечел својата 42-годишна мајка, при што таа се здобила со повреди, информира Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, осомничениот Р.Д. (24), управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, преку отворениот прозорец ја фатил својата мајка и ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил ...

Полициски службеници од СВР Скопје привеле шест лица во различни делови на градот, откако кај нив биле пронајдени и одземени материи за кои постои сомнение дека се наркотични. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 25 и 26 јули 2026 година во Скопје биле лишени од слобода Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) од скопското село Морани. При извршените проверки кај нив биле ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35