Пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, упати силна порака по повод 35-годишнината од формирањето на партијата, nагласувајќи дека на социјалдемократите им е неопходна итна и длабока трансформација за да опстанат на политичката сцена. Во својата објава, Петровска потенцира дека СДСМ не претставува само бројка или кратенка, туку идеологија изградена врз илјадници животни приказни и клучни државнички одлуки, објави Петровска. Таа ...

Миле Лефков, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во денешното издание на регионалната телевизија Њусмакс, каде се осврна на темата за новата влада на источниот сосед на Македонија. Тој вели дека изборите на една суверена држава, според него се секогаш внатрешно прашање на таа држава, и ја честиташе победата на новата влада во Бугарија. Како што вели Лефков, конечно има стабилна Влада кај источниот сосед на земјава. ...

Денес во касарната „Илинден“ во Скопје, амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, оствари работна посета на Армијата и Министерството за одбрана. -Денеска заедно со амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс, бевме во посета на припадниците на Баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“ во Скопје, каде што беше ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Метју Г. Витакер, постојан претставник на Соединетите Американски Држави при НАТО. На средбата беа разгледани можностите за дополнително зајакнување на соработката во рамки на Алијансата, како и актуелните безбедносни предизвици и заедничките приоритети насочени кон унапредување на регионалната и глобалната стабилност. Премиерот Мицкоски ја истакна важноста од ...

Јапонските власти формираа оперативна група за вонредни ситуации и повикаа на евакуација на населението од погодените подрачја по силниот земјотрес што го погоди северниот дел на земјата. Премиерката Санае Такаичи изјави дека институциите се во состојба на готовност, додека Јапонската метеоролошка агенција предупреди на зголемен ризик од таканаречен „огромен земјотрес“ – сценарио во кое помал потрес може да предизвика многу посилен удар. ...

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија упати честитки до Румен Радев и до партијата „Прогресивна Бугарија“ за изборниот резултат на парламентарните избори во Бугарија. Од партијата изразија очекување новата влада да придонесе за зајакнување на демократските процеси, владеењето на правото и почитувањето на европските стандарди, вклучително и Копенхашките критериуми. ЗНАМ нагласува дека очекува отворање простор за конструктивен дијалог меѓу двете ...

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија упати честитки до Румен Радев и до партијата „Прогресивна Бугарија“ за изборниот резултат на парламентарните избори во Бугарија. Од партијата изразија очекување новата влада да придонесе за зајакнување на демократските процеси, владеењето на правото и почитувањето на европските стандарди, вклучително и Копенхашките критериуми. ЗНАМ нагласува дека очекува отворање простор за конструктивен дијалог меѓу двете ...

Американска делегација предводена од потпретседателот Џеј Ди Венс во следните неколку часа ќе пристигне во Пакистан на преговори за иранското прашање, најави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за весникот „Њујорк пост“. Трамп во интервјуто истакна дека е подготвен и за лична средба со високи ирански лидери доколку се постигне напредок во разговорите. Според западни медиуми, висок ирански функционер изјавил дека Техеран гледа ...

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски упати сериозни обвинувања кон израелската армија, тврдејќи дека нејзини војници признаваат воени злосторства и дека убиле сопствени заложници, што предизвика остра реакција од неговиот израелски колега Гидеон Саар. Полемиката се разгоре на социјалните мрежи, откако резервист на Израелските одбранбени сили објави фотографија на која уништува статуа на Исус во Либан. Сикорски го осуди ...

Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје доби лабораторија за органска хемија, вредна 2 милиони денари, која ќе овозможи повисок квалитет на студирање. На отворањето денес присуствуваа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова и деканот на факултетот проф. д-р Игор Јорданов. Министерката Јаневска истакна дека во СТЕМ образованието, на кое се ...

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција покрена обвинение против апелацискиот судија Ѓоко Ристов, откако биолошките вештачења го поврзаа со парите пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. Клучниот доказ е пронајдената ДНК на судијата на материјалите со кои биле обвиткани пакетите пари, поточно на алуминиумската фолија. Обвинителката Хаџи Василева соопшти дека истрагата обезбедила материјални докази ...

Почнаа градежните активности за реконструкција на улица 13 во селото Таринци, како дел од планираните инфраструктурни проекти на Општина Карбинци за 2026 година. Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов, на денешната прес-конференција рече дека по надминувањето на имотно-правните пречки, денеска стартуваа градежните работи на втората улица, која се реконструира со поддршка од Министерството за транспорт и врски. – Со тоа што во ...

Изгубен бик предизвика сообраќаен хаос на автопатот Солун – Атина, кај Синдос, откако влегол меѓу возилата, објавија грчките медиуми. Животното побегнало од сопственикот и околу еден час се движело по патот пред да биде фатено со помош на полицијата. Нема повредени или несреќи, а по фаќањето бикот бил врзан за заштитна ограда и бил видно вознемирен. Изгубен бик предизвика сообраќаен хаос на автопатот Солун – Атина, кај Синдос, откако влегол ...

Словенија се соочува со неизвесност околу формирањето нова влада по изборите, додека политичките лидери разменуваат остри пораки и оставаат отворени повеќе сценарија. Почеток на консултациите без јасно мнозинство Претседателката Наташа Пирц-Мусар ги започна консултациите за формирање влада, но без јасна насока за составување на парламентарно мнозинство. Иако десницата располага со повеќе пратеници, изборниот победник е либералното движење ...

Министерството за здравство попладнево информира дека прави максимални напори за обезбедување на потребната терапија за пациентите со ретки болести, дека тие непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија, вклучувајќи го и лекот за туберозна склероза – „сиролимус“. – Инаку, со новиот Закон за лековите се предвидени и побрзи постапки за одобрување и регистрација на лекови преку модернизација на системот, скратување на времето за ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и оти со идниот бугарски премиер Румен Радев ќе трагаат по ново решение за билатералниот спор за откочување на нашите евроинтеграции. – Сум го запознала господинот Радев, многупати сум го сретнала. Не се согласуваме за полно работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека ќе бараме решение – рече денеска Сиљановска Давкова, на ...

Денеска, во Владата, заедно со амбасадорите од Европската Унија, разговаравме за напредокот и следните чекори во спроведувањето на реформската агенда, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил. Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава конкретни, мерливи резултати. Во изминатиот период го забрзавме спроведувањето во сите клучни области. Неколку чекори се веќе целосно реализирани, додека други напредуваат побрзо ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, потврди дека државата интензивно работи на пополнување на испразнетите места за шефови на дипломатско-конзуларните претставништва. На заедничката прес-конференција со неговиот казахстански колега, Арман Шакалиев, Муцунски посочи дека голем дел од кандидатите веќе ја поминале владината седница одржана пред неколку недели. Сепак, јавноста ќе треба да почека на имињата ...

Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава конкретни, мерливи резултати, напиша премиерот Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук профил по средбата во Владата со амбасадорите од Европската Унија. На средбата, како што пишува, било разговарано за напредокот и следните чекори во спроведувањето на реформската агенда. – Во изминатиот период го забрзавме спроведувањето во сите клучни области. Неколку чекори се веќе ...

Во кампот за обука „Пепелиште“ со свечена церемонија денеска беше означен почетокот на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, која ќе се реализира во период од 19 до 27 април 2026 година. Од Армијата наведуваат дека вежбата претставува значаен процес за сеопфатно оценување на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), во согласност со стандардите за оценување на копнени команди и единци на Здружената ...

Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска се сретна со најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, и му упати честитки за успехот што го оствари викендов на престижниот Белградски маратон. Ристовски истакна дека Министерството за спорт ќе продолжи да ги вреднува врвните резултати и да обезбедува поддршка за спортистите кои достоинствено ја претставуваат Македонија и македонскиот спорт на меѓународна сцена. – Упатувам искрени ...

Партијата Прогресивна Бугарија на Румен Радев, според податоците на Централната изборна комисија, објавени во 13 часот по локално време, при обработени 98,33 проценти од протоколите освоила 44,67 проценти или 1,42 милиони гласови. Тој е победник на изборите и се смета дека ќе има пратенички мандати самостојно да формира влада. Втора е ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов, со 13,37 проценти од гласовите (424.967), ПП-ДБ има 12,75 отсто (405.281), ...

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 14.04.2026 до 17.04.2026 зема 151 примероци за физичко-хемиска и 151 примероци за ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14.4.2026 година. Во одлуката за определување на малопродажните цени на нафтените деривати се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот и дизелските фракции) и намалените износи на акцизите за еуродизел од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции. ...

ДНК трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиткани скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелациониот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел паричните средства, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. ...

Напорите на Народната банка, со поддршка од Светската банка (СБ), за зачленување на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), како и за успешно завршување на процесот за вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПA веќе даваат конкретни резултати преку поевтинување и унапредување на брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања во евра за граѓаните и за компаниите. Светската банка и натаму ќе ги ...

Украинската војска погоди нафтена рафинерија во рускиот црноморски град Туапсе, што е втор удар за помалку од една недела, соопшти денеска на Телеграм командантот на украинските беспилотни сили Роберт Бровди. Руските власти соопштија дека по нападот избувнал пожар и најмалку едно лице загинало. Ова се случило само неколку часа откако бил изгаснат пожарот од сличен напад извршен на 16 април. Рафинеријата во Туапсе, во сопственост на ...

Жестока трка за второто место Пет политички формации обезбедуваат место во 52-то Народно собрание според најновите податоци на ЦИК до 12:00 часот, при 97,52% обработени записници. Најголемо внимание привлекува неизвесната битка за второто место, каде разликата меѓу двете водечки партии е минимална. ГЕРБ-СДС се искачува на втората позиција со 13,388% или 421.421 глас, веднаш пред „Продолжуваме промената – Демократска Бугарија“, која има ...

Повторно се активира проблемот кај депонијата Токсичен чад повторно се шири од дивата депонија кај село Пчиња, што предизвика силна реакција кај локалното население и здружението „Еко Пчиња“. Жителите предупредуваат дека не станува збор за изолиран случај, туку за хроничен проблем што директно го загрозува нивното здравје. Жителите зборуваат за системски неуспех Од „Еко Пчиња“ посочуваат дека депонијата повторно гори и дека граѓаните ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска изјави дека во тек е пополнување на местата на шефови на дипломатско-конзуларни претставништва. Тој истакна дека една поголем група кандидати за амбасадори и генерални конзули поминала на седница на Влада пред неколку недели. Имињата не можам да ги споделам бидејќи постапката е сѐ уште класифицирана. За сите се побарани агремани, за дел од нив имаме добиено одговор, ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
67%
1014
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
78%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
91%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
62%
1014
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
5.04
61%
1012
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
97%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
67%
1013
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1015
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1014
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.68
69%
1010
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
2.24
54%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
45%
1012
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Сребро

2840.84

Иридиум

253540.09

Платина

66712.80

Злато

166450.52

Паладиум

49215.93

Родиум

324722.54

Кобалт

45.39

Бакар

12.14

Цинк

3.44

Алуминиум

3.53

Калај

49.88

Рутениум

55395.74