Македонија силно ги поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација и сака стратешкиот дијалог со Вашингтон да се претвори во конкретни резултати во безбедноста, енергетиката, инфраструктурата, трговијата и инвестициите, изјави премиерот Христијан Мицкоски во ексклузивно интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News). Мицкоски нагласува дека поддршката за Трамп од страна на македонската влада започнала уште пред тој ...

Борачите во слободен стил ѝ ги донесоа првите медали на Македонија на јубилејните 20. Медитерански игри во Таранто, и тоа два сребрени и еден бронзен. Со сребро се закитија Фати Вејсели и Реџеп Хајдари, а со бронза Ахмад Магомедов. Вејсели загуби со 4:0 од Ислам Дудаев од Албанија во финалето во категоријата до 74 килограми, Хајдари беше поразен со 6:0 од Даурен Куруглиев од Грција во финалето до 97 кг, а Магомедов го декласира Италијанецот ...

Иран изјави дека има двегодишен план за справување со проширените американски санкции откако Вашингтон започна нова кампања на економски притисок врз Техеран, која американскиот министер за финансии Скот Бесент ја нарекува „економски Ден Д“. Иранскиот министер за економија Али Маданизаде изјави дека Иран е „целосно подготвен за американските санкции“ и предвиде дека и овој обид на Вашингтон ќе заврши со неуспех. „Владата е подготвена и била ...

Актуелниот премиер на Онтарио Даг Форд и американскиот претседател Доналд Трамп разменија навреди по пропаѓањето на трговските разговори меѓу Канада и САД, објавува „CityNews“. Форд го нарече Трамп „диктатор“, „насилник“ и „крал на банкротот“, а американскиот претседател одговори со личен напад врз Форд. Форд претходно рече дека Трамп може да му го „бакне задникот“, а ја повтори пораката за време на прес-конференцијата во Хамилтон, Онтарио. ...

На територијата на државата во текот на изминатото деноноќие до 07:30 часот се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, активен е пожарот на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон Палиград, како и над селото Вражале, каде е ...

Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ја откажал најавената посета на Американско-канадската епархија поради здравствени причини и по препорака на лекарите, соопшти МПЦ-ОА. Посетата била најавена за крајот на август, во рамки на собирите и манифестациита на Американско-канадската епархија, чиј домаќин годинава е Црковната општина „Св. Кирил и Методиј“ во Вилоубрук, Чикаго. МПЦ-ОА во краткото соопштение ...

Времето во вторник, 25 август, ќе биде сончево и топло во претпладневните часови, додека попладне и навечер на места се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за појава на невреме, проследено со засилен до силен ветер и град. Температурите ќе се движат од 15 до 38 степени. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине првото квалификациско коло за последниот гренслем-турнир во сезоната, УС Опен. Првата Македонка што заигра на Вимблдон загуби од Јапонката Маи Хонтама со 7-6 (1), 6-3 по 106 минути игра. Ѓорческа, која оваа недела е 253. на ВТА-листата во сингл, не успеа да приреди изненадување против 167-рангираната Хонтама. Мечот не започна добро за 32-годишната тетовка, бидејќи Јапонката ...

Новиот корупциски скандал што го опфаќа најблиското опкружување на украинскиот претседател Володимир Зеленски добива сè поголеми размери. Антикорупциските тела ги објавија имињата на лицата кои ги сметаат за осомничени, меѓу кои е и поранешната заменичка-шефица на Претседателската канцеларија, Ирина Мудра, која претходно беше разрешена од Зеленски. Истражителите продолжуваат да објавуваат аудиоснимки од осомничените. Јавноста реагира на ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вечерва изјави дека ние сме безбедна и стабилна држава без ризици, како и дека следува период на модернизација и унапредување на Армијата. – Сакам сите да знаат дека сме безбедна држава, стабилна држава. Нема ризици. Знаете дека пред извесно време не оценуваа особено нашата лесна пешадиска група. Ги доби највисоките оценки за борбено способни, но она што секој еден го знае е дека ние сме во НАТО. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 50 отсто за канадските возила, автомобилските делови и челикот, кои ќе стапат во сила од 1 јануари. Нови мерки за канадскиот увоз Најавата доаѓа во рамки на трговската политика на американската администрација, која продолжува да применува повисоки царини за увозот од Канада. Со новите мерки, дополнително ќе бидат опфатени клучни производи поврзани со автомобилската и ...

Јавната дебата за иднината на рударството во Македонија мора да се води со факти, стручни аргументи и почитување на различните ставови, а не преку ширење страв, непроверени тврдења и лични дисквалификации, порача иницијативата „И здравје и работа“. Од иницијативата посочуваат дека заштитата на животната средина и здравјето на граѓаните не смеат да се спротивставуваат на економскиот развој. Напротив, современото и одговорно рударство ...

Седум пожари од вкупно 21 регистрирани на отворен простор денеска до 18:30 часот, се сè уште активни. Два се ставени под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково кај селата Моране, Вртекица, Рамни Габер и кракот кон селото Палиград, како и над селото Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума; во Општина Македонски Брод кај м.в. ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави нови царини од 50 отсто за канадските автомобили, камиони, автомобилски делови и челик. Новите давачки треба да стапат во сила на 1 јануари 2027 година, откако трговските преговори меѓу Вашингтон и Отава пропаднаа на 21 август. „Произведувајте во САД и ЦАРИНИТЕ СЕ НУЛА. Канада повеќе нема да биде третирана како држава“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“. Американскиот претседател ...

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска изврши посета и увид во состојбата и условите во градинките „Орце Николов“ во Карпош 2 и „Мајски цвет“ во Тафталиџе. За време на посетата, Лукровски разговараше со раководствата и вработените во двете градинки. Беа разгледани просторните услови, инфраструктурата и секојдневното функционирање на објектите, како и предизвиците со кои се соочуваат. Од Општина Карпош информираат дека ...

Вардар по пауза од еден месец стигна до првата победа, откако на домашен терен со 4-1 го совлада Силекс во натпревар од Првата македонска фудбалска лига. „Црвено-црните“ последен пат триумфираа на 25 јули против Брегалница со 2-0, по што следуваа елиминацијата од Рига во Конференциската лига и поразите од Шкендија и Струга во домашното првенство. Вардар го отвори резултатот уште во третата минута преку Димитар Данев. Силекс потоа ја презеде ...

Израелската армија соопшти дека тројца припадници на Хамас, за кои се верува дека биле поврзани со нападот од 7 октомври 2023 година, биле убиени во Појасот Газа. Двајца од нив биле ликвидирани во текот на ноќта во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа, додека третиот припадник, член на елитните сили „Нукба“, бил убиен во неделата во Хан Јунис. Двајца убиени во Деир ал Балах Според израелската армија, двајцата припадници на Хамас ...

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа во Тетово, откако било прегазено со џип управуван од неговиот татко. Детето поради сериозноста на повредите било пренесено од Тетово во Скопје. Несреќата се случила во неделата, 23 август, околу 8:30 часот. Според информациите од полицијата, 42-годишниот В.С. од Тетово управувал патничко возило „Фолксваген Туарег“ без регистарски ознаки. Додека се движел наназад со возилото, со ...

Пожарот кој неколку денови беше активен на планината Жеден е ставен под целосна контрола, информираше вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Огнената стихија навлезе во атарот над селото Бојане, а според Ангелов, се очекува целосно да биде изгасната. Чадот што се чувствуваше во Скопје значително ќе се намали Ангелов посочи дека со ставањето на пожарот под контрола значително ќе се намали и чадот кој ...

Заврши првата уписна фаза за запишување студенти во прва година на Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип за академската 2026-2027 година. За студиските програми на македонски јазик се пријавиле околу 1.150 кандидати, што претставува повеќе од 70 проценти од предвидената државна квота на универзитетот. На 12 факултети и три академии на УГД годинава е забележан зголемен интерес, а најголем и понатаму е интересот за Факултетот за медицински ...

Полицијата за само пет часа регистрирала 140 сообраќајни прекршоци кај возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли на територијата на целата држава. Во рамки на акциската контрола биле поднесени и осум кривични пријави. Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи ја спровел контролата вчера, во периодот од 17:00 до 22:00 часот. Најголем дел од прекршоците, односно 102, се однесувале на управување без задолжително ...

Колумна на Кире Михаилов, заменик директор на Македонски Шуми за Денешен. Почитувани, јавноста мора да знае одредени факти за пожарот кој веќе десетина дена беснее на планината Китка. Тоа е пожарот кој најпрво започна на територијата на општина Студеничани од каде за неколку дена се префрли и на територија на општина Зелениково и се разви во голем сериозен пожар ширејќи се на места кои буквално се недостапни за човечка нога. Тоа се места ...

Ракометната Федерација на Македонија денеска со соопштение информираше дека екипата на ЖРК Куманово се исклучува од Суперлигата. Според известувањето, согласно член 23 од пропозициите за натпреварување во Супер женската ракометна лига, ЖРК Куманово нема да биде дел од елитното друштво. „Согласно ранкингот од натпреварувачката сезона 2025/26, РК Деспина е нов член на Супер женската ракометна лига. Ова следува по претходно донесената одлука на ...

Киев денеска беше домаќин на европски лидери кои пристигнаа на одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Украина. Во исто време, Европската Унија и Велика Британија најавија нова воена поддршка за Киев во неговата одбрана од Русија. Меѓу лидерите кои отпатуваа во украинската престолнина беше и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Брисел во меѓувреме одобри нова транша од 6,1 милијарда евра, односно 7,1 милијарди ...

Велика Британија и Албанија договориле трансфер на 200 затвореници, но за 3 години биле префрлени само 13. Околу 940 Албанци остануваат во англиските затвори. Албанците во последните 7 години биле најбројни меѓу странските државјани во британските затвори, објави „Сан“. Во моментов зад решетки во Англија има околу 940 Албанци. Голем дел од нив се осудени за вмешаност во продажба на кокаин или одгледување канабис. Британија и Албанија ...

Полициски службеници на граничниот премин Табановце вчера лишиле од слобода 27-годишен германски државјанин. Кај него била пронајдена марихуана за време на контролата при влез во земјава. Случајот бил регистриран во 11:30 часот, кога К.Г. бил запрен за контрола на граничниот премин. При извршениот преглед на возилото, полициските службеници ја пронашле и одзеле марихуаната. По лишувањето од слобода, германскиот државјанин бил спроведен во ...

Фудбалската топка со која Диего Армандо Марадона го постигна легендарниот гол познат како „Божјата рака“ на Светското првенство во 1986 година е продадена на аукција за 2,5 милиони фунти. Продажбата се одржа во саботата во САД, објави Би-Би-Си. Топката „Адидас Ацтека“ повеќе од три децении беше во сопственост на Тунижанецот Али Бин Насер, кој беше судија на четвртфиналниот натпревар меѓу Аргентина и Англија на 22 јуни 1986 година во Мексико ...

Новите кабинети ќе овозможат практични експерименти, а паметниот пластеник ќе има сензори, автоматско наводнување, метеоролошка и агростаница. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека во тек е уредувањето на нови и современо опремени кабинети по математика и физика, како и лаборатории по хемија и биологија во средните училишта во Скопје. „Влогот во младите е влог во иднината. Секој денар вложен во нивното образование е ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека „Иран доживува целосен колапс“, неколку часа пред Вашингтон да ги објави деталите за новите економски санкции насочени кон Техеран. Трамп пораката ја објави на социјалната мрежа „Трут соушл“, откако американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно најави дека денеска ќе следува „економски Д-ден“ против Иран. Американскиот претседател претходно соопшти дека САД започнуваат ...

Стабилноста на македонската економија и ризиците што произлегуваат од увозната зависност и поскапувањата на храната и енергијата биле главни теми на денешната средба меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Гувернерот оценил дека економијата бележи солиден раст, но оти овие показатели треба внимателно да се следат. Славески ја информирал претседателката за клучните макроекономски ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Калај

46.54

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42