Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Целосна дигитализација на системот на издавање и контрола на лиценци што ги издава државата преку систем на СМАРТ лиценци претстави денеска Министерството за дигитална трансформација. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека моделот овозможува лесна и брз проверка на валидноста на издадените лиценци преку систем што содржи електронско барање, електронски регистар, QR проверка, ...
Одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поднела жалба на решението за 30-дневен притвор и понудила гаранција од 60 илјади евра за тој да се брани од слобода. Според објавените информации, жалбата веќе е доставена до судот, а одбраната ги оспорува основите поради кои му беше определен притвор – опасност од бегство и можност за влијание врз сведоци. Богоев доби 30-дневен притвор заедно со уште тројца осомничени ...
Криминалната матрица на СДС не се менува и не исчезнува. Таа се наследува од сениорите како Венко Филипче, Зоран Заев и останати, на партискиот подмладок, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека младинската организација на СДС, наместо да биде прогресивна сила која ќе се спротивстави на криминалните и корупциски навики на партиските функционери, членовите на СДММ ја надминаа шемата на Заев, едно евро за црквата едно за Вицето, па ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска во Скопје ќе го одржи 32. Конгрес кој е посветен на финализирањето и усвојувањето на новата идеолошка платформа и програмска рамка на партијата, документи кои треба да ги дефинираат идните политички насоки и приоритети на партијата. Конгресот, како што информираат од партијата, ќе се одвива во два дела – отворен и работен. Во рамки на отворениот дел ќе се обрати претседателот на СДСМ, ...
Два нови директни лета до охридскиот аеродром, до Макеоднија кои ќе значат многу повеќе патници, туристи, повеќе луѓе за бизнис и отвореност кон светот. -Утрово слета првиот лет од Броцлав, Полска, целосно нова дестинација која никогаш претходно не оперирала во Македонија. На 9 јуни ќе слета лет од Катовице, исто така од Полска. Со ова охридскиот аеродром целосно се отвора кон Полска. Отвораме две значајни рути кои ќе значат дека полските ...
Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, трети во изминатите 16 месеци, откако парламентарните партии не успеаја да постигнат договор за избор на нов претседател на државата, кој го избираат пратениците во парламентот. Предвремените избори одразуваат долгорочна политичка и институционална криза во која движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти се надева на уште една победа. Нови предвремени избори беа распишани откако ...
Речиси 500 случаи на инфекција со вирусот ебола досега се потврдени во Централна Африка, додека расте загриженоста за потенцијалните размери на епидемијата на хеморагична треска, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во дневниот извештај, СЗО евидентираше 452 потврдени случаи, вклучувајќи 82 смртни случаи во Демократска Република Конго, каде што епидемијата беше прогласена пред три недели. Во соседна Уганда се пријавени ...
Новиот унгарски премиер Петер Маѓар со владина уредба го ограничи протокот на работници мигранти од земји кои не се членки на Европската Унија, исполнувајќи едно од ветувањата дадени во изборната кампања. Во Унгарија во моментов работат околу 90.000 лица од земји надвор од ЕУ, што претставува околу два проценти од вкупната работна сила. Најголем дел од нив се ангажирани во индустријата за батерии и автомобилската индустрија, градежништвото, ...
Полициски службеници од ПС Ѓорче Петров го лишија од слобода Г.А. (43) од с.Шишево, скопско, постапувајќи по пријава околу 16:10 часот од И.Ш. од с.Шишево, дека Г.А. пукал со пиштол кон него на влезот во с. Шишево и му нанел повреда во пределот на увото, информира МВР. Според пријавеното, Г.А. и С.А., двајцата од с.Шишево, го пресретнале пријавителот, по што Г.А. извадил пиштол и пукал кон него. По целосно расчистување на случајот, ќе биде ...
Македонија во последните две години бележи напредок во областа на социјалниот дијалог и повеќе не е на листата на Меѓународната организација на трудот за земји кои треба дополнително да ги образложуваат состојбите поврзани со синдикалните права и колективното преговарање, оцени универзитетскиот професор и советник на премиерот, Лазар Јовевски. Во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа, тој посочи дека земјата истовремено се соочува со ...
На 05.06.2026 во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Р.М.(49) од Велес, затоа што во здравствена установа во Велес го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки било констатирано дека Р.М. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,59 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во ...
Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), што се одржува во Гандија, Шпанија, едногласно ја усвои Резолуцијата, предложена од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), за заштита на македонското малцинство во Албанија и на правата на малцинствата во процесот на проширување на ЕУ. Со Резолуцијата се повикува на доследен и принципиелен пристап како од страна на албанските власти, така и од институциите на ЕУ, за да ...
Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти денес беше отворено во Институтот за јавно здравје во Скопје, во присуство на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, министерот за здравство, Азир Алиу и директорката на Институтот, Марија Андоновска. Советувалиштето од понеделник ќе биде во функција, а услугата ќе биде достапна и преку системот „Мој Термин“. -Од денес започнуваме со нов пристап кон менталното здравје на ...
Акцискиот план за малцинства е готов, усогласен со експерт од Европската комисија, како ниту една држава што го има направено и неофицијално е усогласен со дваесет и шест земји-членки, освен со една, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје во Скопје. Прашан до каде е Владата со Акцискиот план за малцинства и што конкретно има како барање таа една земја, ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Институтот за јавно здравје денес претставува пример за успешна трансформација на една институција која во минатото се соочувала со сериозни финансиски проблеми. Тој посочи дека, за разлика од претходниот период кога институцијата, според ревизорските извештаи, се соочувала со бројни предизвици, денес ИЈЗ инвестира во нова опрема, реновирање на инфраструктурата и во активности насочени кон заштита и ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски изрази оптимизам дека процесот на евроинтеграција на Македонија може да се забрза, повикувајќи се на неодамнешните билатерални средби со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој нагласи дека, и покрај новите иницијативи од Европската Унија и пораките од дел од соседните држави, Владата останува на ставот дека нема да поддржи уставни измени без претходни ...
Македонската јавност деновиве е сведок на рускиот рулет во СДСМ во кој од епизода во епизода се отвораат нови прашања, а одговорите стануваат се поконтрадикторни. Во рок од неколку дена, сведоци сме на две изјави од двајца поранешни носители на највисоките државни функции кои не можат истовремено да бидат точни – оцени Движењето ЗНАМ во соопштение. „Станува збор за изјавите на поранешниот претседател на Републиката, Стево Пендаровски во ...
Започнува спроведувањето на законското решение чија цел е заштита и унапредување на употребата на македонскиот литературен јазик. Законот предвидува формирање Инспекторат за употреба на македонскиот јазик, а министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека за негово целосно профункционирање се потребни повеќе системски чекори. Секоја институција ќе треба да вработи лектор Според Љутков, новото ...
Три лица загинаа, а најмалку 13 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на булевар во софиската населба Челопечене. До трагедијата дошло откако автомобил, кој според досегашната истрага учествувал во нелегална улична трка, движејќи се со брзина поголема од 150 километри на час, удрил во автобус од градската линија 119 и го превртел на страна. Бугарското обвинителство смета дека двајцата возачи, осомничени дека се тркале по сообраќајницата, ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања до опозициската СДСМ, посочувајќи дека кај претседателот на партијата Венко Филипче е евидентна нервоза поради последните меѓународни успеси на државата. Според партискиот портпарол, актуелната Влада покажува дека може да се води европска политика без тргување со идентитетот, без понижување и без прифаќање диктати на штета на македонските ...
Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е симбол на творечка енергија, уметничка храброст и ненаситна љубопитност за нови сценски дострели кои инспирираат, многупати вознемируваат, провоцираат, но и облагородуваат, порача претседателката Гордана Силјановска Давкова на отворањето на 60-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Претседателката Силјаноска Давкова која е покровител на Фестивалот рече ...
Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна ...
Практикувањето власт за СДС значи единствено местење тендери за лични финансиски придобивки и задоволување на потребите на поединци од партиските кругови. Тоа е вистинското лице на СДС, криминална матрица, афери, скандали, корупција и со секој изминат ден, ова се повеќе се потврдува. Тие не управувале со државата за да го подобрат животот на граѓаните, да ја унапредат државата или економијата, тие државните институции гледале како на ...
Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури. Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура. Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на ...
Советот на Општина Тетово на денешната 14-та седница усвои одлука со која треба да се доделат ваучери за децата кои се запишуваат во прво одделение во учебната година 2026/2027 година во износ од 6150 денари. Втората одлука која ја донесе советот предвидува реконструкција на паркот кај Музичкото училиште во Тетово, со што, како што беше посочено, овој јавен простор ќе добие нов, помодерен изглед и подобрени услови за рекреација на граѓаните, ...
Бугарскиот премиер Румен Радев од самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват порача дека позицијата на Софија останува непроменета и дека проширувањето на Европската Унија треба да се одвива според сопствените достигнувања на земјите кандидати. Според него, тоа подразбира длабоки реформи во правосудството, владеењето на правото, човековите права и градењето добрососедски односи. „Нашата позиција е дека не треба да внесуваме наследени политички и ...
Европските лидери на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват ја потврдија својата посветеност на проширувањето на Европската Унија, но истовремено испратија јасна порака до Србија дека нејзиниот напредок кон членството зависи од спроведувањето на реформи и усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на Унијата. Германскиот канцелар Фридрих Мерц порача дека Белград мора јасно да одлучи каде ја гледа својата иднина. „Не е можно да се ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека протестите против проектот „Зврнец“ не се еколошко прашање, туку дел од хибридна војна, обвинувајќи го Иран дека стои зад нив. По самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Рама, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека зад протестите стојат Иранците, за кои тврди дека биле вклучени и во други напади. Тој додаде дека во моментов нема што да се дискутира во врска со проектот, бидејќи, како што рече, нема ...
Утре 06.06.2026 година (сабота) во 11:30 часот претседателот на владата на Република Македонија проф. др. Христијан Мицкоски ќе го посети Институтот за јавно здравје-Скопје, каде ќе оствари увид во набавената нова опрема, лабараториите, мерната станица, како и на отворањето на првото Психолошко советувалиште за деца и адолесценти од ваков карактер во државата, направено по сите светски стандарди и останатите новини во работата на Институтот. ...
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Локално се очекуваат поинтензивни процеси во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Најниска утринска температура се очекува во Берово, до 9 степени, додека најтопло ќе биде во Гевгелија, каде што температурата ќе достигне до 33 степени Целзиусови. Во ...