Инфлацијата на потрошувачките цени во Бугарија дополнително се забрза во мај до највисокото ниво во повеќе од две и пол години, покажаа денешните прелиминарни податоци од Националниот статистички институт. Индексот на потрошувачките цени (ИПЦ) во мај се искачи за 7,0 отсто на годишно ниво, побрзо од порастот од 6,8 проценти во април. Понатаму, ова беше најсилниот бран на инфлација од август 2023 година, кога цените скокнаа за 7,7 отсто, ...

СДСМ соопшти дека повторно ја враќа можноста за коментари на своите објави на социјалните мрежи, на сите платформи, откако пред неполн месец партијата ги затвори коментарите на официјалните профили. Опозициската партија сега повикува на поголема вклученост на граѓаните и јавна дискусија во дигиталниот простор, иако токму таа претходно ја ограничи можноста јавноста да коментира на нејзините објави. Од СДСМ апелираат граѓаните да се вклучат во ...

Ниту еден македонски универзитет не се најде на новата листа „Глобал 2000“, објавена од Центарот за рангирање на светски универзитети, која е составена врз основа на анализа на повеќе од 80 милиони податоци. Најдобро пласиран универзитет од земјите на поранешна Југославија е Универзитетот во Белград, кој се наоѓа на 393. место. Универзитетот во Љубљана е рангиран на 444. место, а Свеучилиштето во Загреб на 522. позиција. На листата има уште ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба и оти државава и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. – Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа дека оваа ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека заклучно со декемврискиот извештај сме фронтранери во исполнувањето на Реформската агенда. Тој изрази жалење што опозицијата вели дека рокот истекол, коментирајќи дека рокот е 30 јуни, а не 1 јуни. -За жал, опозицијата денеска ја слушам како вели дека дека рокот истекол. Жалам кога политички аналфабети се дрзнуваат да даваат такви коментари, бидејќи не е први ...

Тодор Конески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само вистини“ на телевизија Канал 5, се осврна на актуелната тема за уставните измени како услов што Бугарија и го поставува на Македонија во процесот на евроинтеграциите. Конески истакна дека членството во ЕУ останува стратешки интерес на државата, но дека тој процес треба да се одвива со зачувување на македонскиот јазик, култура и идентитет и врз основа на широк јавен консензус. ...

Заменик-претседателот на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи, соопшти дека му ја доставил на премиерот Христијан Мицкоски својата оставка од функцијата што ја извршуваше. Тој повеќе од два месеци не се појавуваше на работа. Во јавна објава на социјалните мрежи, тој напиша дека одлуката е донесена внимателно и произлегува од неговото убедување дека во актуелните околности тоа е најправилен и најдостоинствен чекор. Фетаи оцени дека за време ...

Унијата е засилено фокусирана на имплементација на енергетските планови и испорачување на таргетите и во таа смисла сакам да и честитам на Македонија за усвојување на стратегијата и планост за енергетика и за оној напредок што го оствари на планот на правична транзиција. Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе стануваат применливи, преку рамката за енергетска заедница, и тие засилено ќе го обликуваат патот кон пристапување кон ЕУ. ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се креирани нови 17 илјади работни места откако е избрана Владата што ја предводи и оцени дека тоа е показател оти има ефект тоа што се работело во изминатите две години. На новинарско прашање за податоците од Државниот завод за статистика за бројот на вработени во првиот квартал годинава Мицкоски оцени дека „тоа е добра вест за сите граѓани, а е лоша вест за оние од опозицијата коишто не сакаат да ...

Последните денови од мај Велика Британија беше погодена од топлотен бран, што предизвика смрт на 17 луѓе. Во изминатите осум дена во Велика Британија измерени се високи температури на воздухот, поради што граѓаните се разладуваа во морето. Смртни случаи регистрирани се во Јужен и Западен Јоркшир, Корнвол, Хемпшир, Ворикшир, Чешир, Пембрукшир, Линколншир и Ланкашир. На 26 мај е забележан најтоплиот ден во мај во историјата на Англија и Велс. ...

Цените на американската нафта ВТИ (WTI) скокнаа за речиси осум отсто и надминаа 94 долари за барел, по извештаите дека Иран би можел да ги прекине контактите со САД поради ескалацијата на израелските воени операции во Либан. Според податоците од берзите во 16:00 часот, цената на нафтата ВТИ порасна за 7,84 отсто на 94,109 долари за барел, а на нафтата Брент (Brent) за 6,53 отсто на 97,060 долари. Иранската новинска агенција Тасним пренесе ...

Предизвиците во најголемaта енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски предизвик и затоа овој форум ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на тркалезна маса во Францускиот сенат, во рамки на Парис Сајбер Самит 2026, посветена на градењето сајбер капацитети во земјите од Западен Балкан во услови на постојани и комплексни закани. Настанот, кој се одржа во Палатата Луксембург во Париз, ги собра претставниците на земјите од регионот, француските партнери и претставници на Western Balkans Cyber Capacity ...

Новинарот на ТВ24, Сеад Ризвановиќ, ја критикуваше стратегијата на опозицијата по формирањето на „Фронт за слобода“, оценувајќи дека потегот личи на концепт препишан од Србија и дека не одговара на реалните проблеми во Македонија. „Не знам кој ја прави стратегијата на опозицијата, ама се редат утка до утка“, напиша Ризвановиќ на Фејсбук. Тој важи за новинар кој е критички настроен кон власта. „Се формирал Фронт за слобода? Мислам, ок е да се ...

Во периодот од 01.05.2026 до 31.05.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 27.360, регистрирани се 833 прекршоци за управување на возило со измината важност на сообраќајната дозвола и 301 прекршок за минување на ...

Шест млади лица од Битола, на возраст од 15 до 22 години, се опфатени со кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, откако, според информациите на Телма, се претставувале како дел од неформалната балканска група „Пантери“, позната по таканаречен лов на педофили. Тие, според пријавата, ловеле потенцијални педофили, ги снимале, јавно ги објавувале и ги омаловажувале. На овој начин, македонската група дејствувала слично како и ...

Редакцијата на Радио Лидер ексклузивно и неофицијално дојде до списокот со девет брендови на млечни производи кај кои, според анализите, биле утврдени разлики меѓу декларираните состојки и реалниот состав на производите. Станува збор за млекари и производи кај кои анализите на Агенцијата за храна и ветеринарство покажале отстапувања во процентот на млечни масти и протеини, а кај еден производ било утврдено присуство на растителни масти. За ...

Судскиот совет од Основниот суд во Куманово денеска изрече затворска казна во траење од седум и пол години за обвинетата Вангелица Илијевска, откако таа ја призна вината за убиството на сопругот Јован и свекорот Стојан. До пресудата дојде откако Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од Кривичниот законик. Инцидентот се случи ...

Ракометна Битола стартува со нов тренер на клупата со желба за враќање на шампионската титула, а за таа цел избран е еден од најдобрите европски тренери Лино Червар. Тој денеска и официјално беше промовиран, а поранешниот тренер на Металург и селектор на Хрватска и на Македонија ја презентираше својата визија и планови за работа. – Чест ми е да работам во Битола. Ова е град со огромна ракометна традиција. По осум години се враќам во мојата ...

„Енвидија“ претстави нов чип за персонални компјутери, со што навлегува подлабоко во потрошувачкиот пазар на уреди интегрирани со технологија за вештачка интелигенција. Нов чекор кон компјутери со вештачка интелигенција Извршниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хванг, при претставувањето на чипот „RTX Spark“ истакна дека станува збор за значајна промена во начинот на кој се разбира персоналниот компјутер. „Ова повторно осмислување на ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,84% во однос на одлуката од 26.5.2026 година. Од полноќ малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 6,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 ...

Со вкрстено испитување на одбраната на техничкиот советник на Обвинителството Милан Ристески денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“ кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на Обвинителство Ристески, одговарајќи на вкрстени прашања од одбраната на Драган Јакимовски, рече ...

Времето утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 km/h, соопшти УХМР. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. До крајот на оваа ...

Користењето мобилен телефон за време на возење станува една од главните причини за сообраќајни несреќи низ светот, а грчките власти воведоа строги санкции за возачите кои го прават овој прекршок. Новиот Закон за безбедност во сообраќајот во Грција, кој целосно стапи во сила минатиот септември, предвидува значително построги мерки за сериозни и опасни сообраќајни прекршоци. Телефонот зад волан го зголемува ризикот од несреќи Експертите ...

Таткото на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, Драги, повторно реагираше на социјалните мрежи, тврдејќи дека од гробот на неговиот син и натаму се крадат предмети. Објавено видео од гробното место Драги Ѓоргиев на Фејсбук сподели видео објава на која, според него, може да се забележи како повозрасна жена од пред гробот зема саксии со цвеќе. Во својата објава тој наведе дека ова е 14-ти пат гробот на Ѓорѓи да биде ...

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува и ќе се обрати на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026 во Скопје, информираат од Владата. Форумот се одржува денеска и утре со мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а организиран е во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и ...

Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста дека главната расправа за предметот КОК бр. 7/26, против девет обвинети полициски службеници поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“, закажана за 1 јуни 2026 година, се отповикува. Причината за одложувањето е барање од одбраната на обвинетиот Г.И., со образложение дека неговиот бранител е ангажиран во друг притворски предмет. Од Судот додаваат дека расправата ќе продолжи на претходно ...

Цените на нафтата повторно растат поради страв од ескалација на Блискиот Исток Цените на нафтата пораснаа утринава на почетокот на тргувањето на азиските берзи, откако израелските трупи во текот на викендот се придвижија подлабоко во Либан, а САД извршија напади врз цели во Иран. Овие случувања дополнително ги засилија стравувањата дека поширокиот конфликт на Блискиот Исток се движи кон ескалација, наместо кон мировен договор. Во времето на ...

ВЛЕН упати остри критики кон поранешниот министер за правда Билен Салији, обвинувајќи го дека за време на неговиот мандат не презел конкретни чекори за решавање на прашањето со полагањето на правосудниот испит на албански јазик. Во партиското соопштение, од ВЛЕН наведуваат дека низ годините повеќе кадри на раководеле со Министерството за правда, но според нив не успеале да обезбедат системско решение за ова прашање. Покрај Билен Салији, во ...

Филипче се додворува на Радев уште пред тој да стане премиер. Филипче почна да зборува за уставни измени и дека мора да се спроведат без гаранции, а тој уште веднаш би го направил истото доколку би имал власт. Јасно е дека Филипче го следи моделот на Заев и го носи неговиот политички багаж за да ја задржи фотелјата на Бихаќка. Поради тој модел, беа спроведени последните уставни измени, што доведе до тоа државата да го промени уставното име. ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
74%
1019
weather icon

Белград

16ᴼ / 16ᴼ
2.68
78%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
79%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.47
79%
1018
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.29
78%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.0
88%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
62%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.82
66%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.64
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
0.89
76%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
1.39
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Бакар

13.01