Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Вчерашното апсење во Пула, Хрватска на украинскиот нуркач Володимир Журављов, кого германското судство го сомничи за разнесување на гасоводот Северен тек 2022 година, се случило под надреални околности. Според германскиот правен портал Legal Tribune Online (LTO), осомничениот Украинец е уапсен во Хрватска додека снимал холивудски филм што се занимава со саботажата на гасоводот во Балтичкото Море. Според информациите што ги има германскио ...
Државниот завод за ревизија утврди сериозни неправилности во работењето на Државниот студентски дом „Пелагонија“ за 2024 година. Ревизорите констатирале слаби внатрешни контроли, набавки по цени повисоки од пазарните и исплати без соодветна документација. Особено е издвоена набавката на леб, каде што во 2025 година цената достигнала 126 денари за килограм. Утврдено е и дека биле набавени 250 душеци за 1,17 милиони денари, кои не одговарале ...
Изградба на систем кој е отпорен на влијанија и кој гарантира законско и наменско трошење на средствата на сите даночни обврзници треба да овозможи идната соработка меѓу Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија преку заеднички активности дефинирани во меморандум, што денеска го потпишаа ресорната министерка Гордана Димитриска Кочоска и главниот државен ревизор Максим Ацевски. Двете институции се обврзуваат на побрз трансфер ...
Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го затвори предметот за јавни набавки за градењето на 19 модуларни болници во државата, беше соопштено на денешниот брифинг во Обвинителството. Предметната обвинителка Верица Бержецка Крстева рече дека по анализата на обемна и сложена документација не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања при јавните набавки. Предметот ...
Осум пожари на отворен простор се активни во повеќе делови од земјава, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). До 13 часот денеска, 20 август 2026 година, регистрирани се вкупно 12 пожари, од кои осум се уште се активни, додека четири се целосно изгаснати. Најголем број активни жаришта има во прилепско-мариовскиот регион, каде што пожарот што зафаќа простор околу селото Чаниште се протега во повеќе правци. Огнот е активен на потегот ...
Гостиварскиот основен суд им го продолжи притворот на екс директорката на Комуналец Гостивар, Артана Асани и на уште двајца раководители во претпријатието осомничени за загадување на водата за пиење. Од судот за Телма потврдија дека на предлог на обвинителството одлучиле да останат во притвор уште 30 дена. Адвокатот на двајца од осомничените за Телма вели дека ќе поднесе жалба затоа што смета дека нема основ да им биде продолжен притворот ...
Синоќа патнички автомобил се забил и уништил цела автобуска постојка на Бит Пазар. Според објавените видеа и фотографии може да се забележи дека и возилото претрпело големи оштетувања, особено во предниот дел. Од силината на ударот била урната конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот објект. Возилото било подигнато со ...
Само за основните месечни потреби на едно домаќинство се потребни 68.675 денари, а ако семејството плаќа кирија за стан од 60 квадратни метри, трошокот достигнува 84.050 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, покажуваат податоците за структурата на трошоците на едно домаќинство. Во споредба со јули, кога минималната кошница изнесувала ...
Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас за молкот на Филипче, кој како министер за здравство, не постапил за ниту една од 400 анализи кои му биле доставени за загадена вода во Гостивар и на територијата на Македонија, истакна на денешната прес конеренција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков. Граѓаните со години конзумирале небезбедна вода во Гостивар, Филипче за тоа знаел, а не постапувал. Документите кои ги добивме од свиркачи, за ...
Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои денеска ќе им бидат презентирани на членовите на Амбасадорскиот совет, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет ...
Преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи, навреме е детектиран пожар во атарот на село Никуштак, Општина Липково. Од ЦУК соопштуваат дека по детектирањето на пожарот, веднаш се известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен. -Системот за рана детекција ...
На социјалната мрежа „Икс“ се појави иницијатива за покренување петиција со која се бара промена на официјалното име на Косово во Дарданија. Веста за новата иницијатива ја објави страницата „kos_data“, со образложение за причините поради кои се бара враќање на овој историски термин. „Покрената е петиција за преименување на Косово во „Дарданија“. Организаторите наведуваат дека Дарданија било античкото име на овој регион и се залагаат тоа да ...
На 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. -Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта, информира МВР. Извршен е увид, за настанот е известен јавен ...
Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...
Градежништвото има раст за 30 процени во делот на издадени одобренија за градење, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање. Тоа што посебно не охрабрува, кажа тој, е и вредноста на работите коишто ќе се реализираат во градежништвото Економијата е еден од главните приоритети на оваа влада. Како дел од економијата и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги погледнете последните параметри ќе дојдете до заклучок дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада. Одговарајќи на новинарско прашање за можноста за предвремени избори, Мицкоски посочи дека коалицијата што ја предводи има четиригодишен мандат добиен од граѓаните. „Граѓаните не сакаат избори, граѓаните сакаат реформи ...
Една жена почина, а друга е сериозно повредена откако дрво падна врз нив за време на силни бури што предизвикаа голема штета во делови од Германија во текот на ноќта, соопшти полицијата. Две жени, на возраст од 58 и 47 години, шетале заедно во Валдорф во западната покраина Рајнска област-Фалц, околу 50 километри јужно од Келн. Како што се приближувала бурата, тие побарале засолниште под белведер. Бурата искорнила дрво во близина и го ...
Биткоинот најде одредено олеснување по месеци притисок за продажба. Криптовалутата скокна за речиси 6 проценти на повеќе од 69.000 долари, враќајќи се на ниво што не го достигнала од почетокот на јуни. Скокот се случи веднаш откако Министерството за финансии изјави дека ќе ги удвои купувањата на постари, долгорочни државни обврзници. „Пазарот го протолкува ова како тивка форма на квантитативно олеснување, потег што го ослабува доларот и ги ...
Економските показатели покажуваат забрзан раст на платите и пензиите во периодот на актуелната влада, тврди ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Од партијата наведуваат дека просечната плата од јули 2024 до мај 2026 година растела за 70 отсто побрзо на месечно ниво отколку во периодот од јуни 2017 до мај 2024 година, кога на власт беа СДС и ДУИ. Според податоците што ги презентира ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата во јуни 2017 година изнесувала 22.808 ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани со тешки економски последици за секоја земја што му помага на Иран и најави, како што тврди, најразорна економска операција што некогаш била започната против некоја земја. Вчера, Трамп дополнително го зголеми притисокот на Вашингтон врз Техеран по месеци тековен конфликт. „Објавувам дека секоја земја што им дозволува на своите финансиски институции, компании, аеродроми или владини агенции да му ...
Шпанија подготвува план за преместување на околу 500 непридружени малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата, по минатомесечниот масовен прилив на мигранти во шпанскиот град во северниот дел на Африка. Министерката за миграција, Елма Саиз, изјави дека Владата во Мадрид работи со властите во Сеута и со регионалните влади на планот, според кој децата би биле сместени во соодветни установи и згрижувачки семејства во различни делови ...
Полицијата поднесе кривични пријави против три физички и едно правно лице од Прилеп, со сторени повеќе кривични дела го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари, соопшти МВР. СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Б.(59) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“, ...
Американскиот јавен долг за првпат надмина 40.000 милијарди долари, покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД, со што дополнително се зголемува притисокот врз државните финансии. Новото рекордно ниво е достигнато само пет месеци откако долгот во март достигна 39.000 милијарди долари, и порано од очекувањата на аналитичарите. На растот на долгот, меѓу другото, влијаеле и милијарди долари пропуштени приходи од царините на ...
Цената на бакарот повторно се приближува до рекордните нивоа на Лондонската берза за метали, што е сигнал за сè поограничената понуда на овој метал на светскиот пазар. Цената се движи кон нивото од над 14.500 долари за тон, достигнато во јануари. Во услови на вакви цени, Македонија има можност да го искористи сопствениот ресурсен потенцијал, но во земјата и понатаму работи само еден рудник за бакар – „Бучим-Боров Дол“, со производство од ...
Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа“. Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал. Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор, велат од СДСМ. „Го споредува врвот на светската инфлација од јули 2022 – војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со Јули 2026 година. ...
Венко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДС пироманска се претвори во СДС хистерична. Така, ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен ...
Принцот Хари и неговата сопруга Меган планираат да се вратат во Велика Британија, шест години откако се повлекоа од кралските должности и се преселија во Калифорнија, објавија денеска британските медиуми. Според лондонски „Телеграф“, Хари и Меган планираат до крајот на месецов да ги напуштат САД и да се преселат во приватна резиденција надвор од Лондон. Нивните две деца се запишани во британско училиште, каде во септември започнува ...
Русија изведе голем напад со балистички ракети и беспилотни летала врз украинскиот главен град Киев, кој започна кратко по полноќ. Локалните власти соопштија дека најмалку 12 лица се убиени, а најмалку 34 се ранети, додека социјалните медиуми тврдат дека не се соборени ракети. Yet another horrific night for Kyiv. A massive Russian attack killed 12 people and injured 33 more. Several districts of the city suffered extensive damage. ...