Гостиварскиот основен суд им го продолжи притворот на екс директорката на Комуналец Гостивар, Артана Асани и на уште двајца раководители во претпријатието осомничени за загадување на водата за пиење. Од судот за Телма потврдија дека на предлог на обвинителството одлучиле да останат во притвор уште 30 дена. Адвокатот на двајца од осомничените за Телма вели дека ќе поднесе жалба затоа што смета дека нема основ да им биде продолжен притворот ...

Притворот за тројцата осомничени во случајот со загадувањето на водата во Гостивар со фекалии по предлог на обвинителството е продолжен за уште 30 дена, потврди за Gostivarpress.mk судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар, Ќирко Михајлоски. Мерката продолжуваат да ја издржуваат во Затвор Скопје (Шутка). Одбраната на двајца од нив, Артана Асани и Леон Нуредини, поднела барање за укинување на притворот со гаранција недвижен имот, ...