Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Воведувањето на системот „Сејф Сити“ ги разгневи српските туристи што транзитираат низ Македонија. Од вчера сите автомобили со странски таблички на граничниот премин „Табановце“ ги чека непријатно изненадување-записник за сторен прекршок кој мора да го платат или пак да го подигнат но со нагласок дека следниот пат нема да бидат пуштени да влезат во Македонија. Тоа предизвика револт на социјалните мрежи кои коментираат дека следната година во ...
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите пожари во моментов на барање на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Првпат летово превентивно во гаснењето на пожарите, во случајов во мариовско, се ангажирани и триесетина војници. -Кога гори македонска земја, нема граници. Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го ...
Амбасадорски совет ќе се одржи денеска и утре во Скопје, со учество на шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва во странство. Како што информираше во вторникот на прес-конференција министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, ова е првпат по 2019 година амбасадорскиот совет повторно да се одржи во нашата држава, со физичко присуство на шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва. На ...
Геополитичките тензии ги туркаат цените нагоре Цените на нафтата на светските берзи забележаа значителен раст и го достигнаа највисокото ниво во изминатите речиси три недели, поттикнати од ескалацијата на геополитичките тензии на Блискиот Исток и стравувањата од нестабилност во глобалното снабдување. Референтните цени на нафтата Брент и американската WTI забележаа неколкудневен раст, што дополнително ја зголеми загриженоста кај инвеститорите. ...
Влегол со сила и алат, но алармот го спречил На 18 август во 12:55 часот во село Топлица, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишиле од слобода 34-годишниот Б.М. од селото, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид. Според пријавеното, тој претходно во текот на денот со употреба на сила и со погоден алат ја отворил влезната врата и влегол во спортска обложувалница на улицата „Браќа ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави две нови инвестиции и проширување на инвестицијата на веќе постоечка компанија во земјава. Просечната плата е зголемена за 70 проценти, за два ипол пати е помал јавниот долг, за 120 милони евра е поголем бруто домашниот производ, а старосната пензија е за 325 проценти побрзо растечка на месечно ниво, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски. – Ќе се обидам да дадам пет параметри кои се многу важни кога ...
МВР објасни зошто се создадоа редици Гужвата на граничниот премин Табановце денеска е поради воведувањето на новиот механизам за постапување со странските возила кои имаат евидентирани сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“. Од МВР појаснуваат дека не станува збор само за прекршоци направени денеска, туку во постапката се опфатени и сите претходно регистрирани прекршоци на странски возила. При излез од Македонија, возачите се ...
Македонците по потекло од селото Ербеле, областа Поле или Долни Дебар, Албанија, кое се наоѓа во близина на македонската граница кај Дебар, продолжија со традицијата во одбележувањето на големиот христиjански празник Преображение. Празникот е патрон на селската црква „Свето Преображение”, која датира од 12 век. – На овој празник традиционално уште од синоќа се собираме Македонците по потекло од Ербеле и Горно Крчишта, а кои денес живеат во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека до крајот на годинава планира повторно да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Засега не е познато кога и каде би се одржала евентуалната средба. Трамп ова го изјави во средата пред новинарите за време на обиколката на имотот на Белата куќа, каде што им го покажувал новиот хелиодром. Зборувајќи за Северна Кореја, Трамп се осврна и на нејзиниот нуклеарен арсенал. Тој наведе дека ...
На 18.08.2026 во 17:15 часот на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода А.Ј.(38) од Скопје. Приведен е постапувајќи по претходна пријава од неговиот 63-годишен татко дека околу 16:00 часот во семејниот дом со остар предмет му упатил закани и искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 18.08.2026 во 17:15 часот на подрачјето на Кисела Вода во ...
Нема никаква дилема дека ќе разговараме, разговараме и сме разговарале со цел да бараме решение. Прашањето е што разговарате и која е вашата црвена линија до која вие одите во тие разговори. Тоа е нашата задача и пред граѓаните кои ни ја дале довербата, но и како Влада, да разговараме и тука нема никаква тајна и ќе продолжиме да разговараме – изјави премиерот Христијан Мицкоски, во однос на тоа дали постојат разговори за да се најде решение ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија која, како што наведува, од почетокот до денес била доследно определена за самостојна Македонија. Николоски ова го објави на социјалните мрежи по повод одбележувањето на 36 години од формирањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. „ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија која секогаш била со јасна определба за ...
Австралискиот тенисер Ник Киргиос е суспендиран откако во неговиот примерок е откриен бензоилекгонин, метаболит на кокаинот. Примерокот бил земен за време на турнирот АТП 250 во Љорет де Мар на 22 јуни 2026 година. Лабораторија акредитирана од Светската антидопинг агенција (WADA) на 17 јули потврдила присуство на супстанцијата во примерокот на Киргиос. По објавувањето на суспензијата, австралискиот тенисер се огласи преку социјалните мрежи и ...
Жена на возраст од 43 години вчера претпладне била уапсена во Радовиш, откако претходно физички ја нападнала својата мајка. Според информациите, инцидентот се случил околу 5 часот наутро во семејниот дом, каде што 43-годишната жена ја нападнала својата 72-годишна мајка. Жената била спроведена во здравствена установа. За случајот бил запознаен и јавен обвинител. Од надлежните институции информираат дека по целосното документирање на настанот ...
Премиерот Христијан Мицкоски го повика Обвинителството да се обрати до АХВ и да ги побара извештаите од минатите години за безбедноста на водата не само во Гостивар, туку и во други општини, за да видиме зошто не било постапувано досега. „Како граѓанин мислам дека не треба одговорноста да заврши кај овие три лица. Мислам дека просторот за истрагата да се прошири е многу поголем од овие три лица, но истовремено, врз основа на информациите ...
Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјави дека доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тие во секое време се подготвени да излезат на избори и да победат. Мицкоски рече дека неговиот став е познат и дека неговата Влада доби мандат од четири години. -Мојот став е познат во јавноста и ставот на оваа Влада дека ние добивме мандат за четири години. Мандатот завршува пролетта 2028 ...
Компанијата „Мета“ на почетокот на историскиот судски процес ги отфрли обвинувањата на американските сојузни држави дека намерно се обидувала да создаде зависност кај децата од нејзините социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм за да оствари профит. Група од 29 сојузни држави ја тужи „Мета“ и бара потенцијални казни од повеќе стотици милијарди долари, како и промени во деловните практики на компанијата. Четири држави коишто ја претставуваат ...
Зајакнувањето на системот за правда за децата беше во фокусот на работната средба меѓу министерот за правда Јетон Шасивари и претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер. На средбата биле разгледани прашања поврзани со примената на Законот за правда за децата и натамошното унапредување на системот. Како што соопшти Министерството за правда, било истакнато дека најдобриот интерес на детето останува главен приоритет, согласно Конвенцијата за правата ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 18:00 часот часот регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Активни се пожарите во: Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки). Општина Прилеп: с. Чаниште, крак кон ...
Министерството за внатрешни работи предупредува на нова појава на фишинг измами преку лажни СМС и електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Во пораките, кои наводно се испратени од Одделот за моторни возила и системот „Безбеден град“, граѓаните се известуваат за наводен сообраќаен прекршок и се упатуваат на лажен линк за плаќање. МВР: Не внесувајте лични и банкарски податоци Од МВР апелираат граѓаните ...
Околу половина од нафтата што моментално ја произведува Венецуела се извезува во Соединетите Американски Држави. Станува збор за повеќе од 500.000 барели дневно, од вкупното производство од околу 1,25 милиони барели. Ова го изјави заменикот на американскиот министер за енергетика Кајл Хауствеит на настан во Хјустон. Тој објасни дека венецуелската нафта се испорачува во американски рафинерии кои се изградени специјално за преработка на тој ...
За Преображение Господово, вицепремиерот Александар Николоски беше во новиот божји храм во Гостивар. Со светата литургија чиноначалствуваа владиците г. Јосиф и г. Никола. -Македонскиот народ гради храмови божји насекаде по нашата земја. Да се множат вакви убави дела. Нека празникот Преображение ни донесе сила и надеж за подобри денови, истакна Николоски. Тој им го честита празникот на граѓаните. За Преображение Господово, вицепремиерот ...
Општина Лозово го заврши изградбата на новиот парк „Македонија“, кој се простира на површина од околу 14 илјади квадратни метри. На неговата површина е прикажано осумкракото државно македонско знаме, а официјалното пуштање во употреба е најавено за 8 Септември. Во моментов, како што информира градоначалникот на Лозово за МИА, се врши доуредување на површините и се работи на озеленување на паркот. Тој очекува конечниот изглед да биде уште ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид се сретна со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија. Во фокусот на разговорот бил европскиот пат на земјата и Западниот Балкан, како и поддршката од Чешка за процесот на проширување на Европската Унија. Средбата се одржала во вилата „Билјана“ во Охрид. Како што соопшти ...
Шпанската Влада подготвува итно префрлање на околу 500 малолетни девојчиња од Сеута на континенталната територија на земјата. Станува збор за малолетнички кои пристигнале од Мароко пред три недели, во периодот на масовниот прилив на мигранти во шпанската енклава. Според шпанската новинска агенција ЕФЕ, планот предвидува девојчињата што е можно побрзо да бидат префрлени во европскиот дел на Шпанија. Со идејата, според весникот „Ел Паис“, се ...
Бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев изјави дека во координација со Министерството за одбрана се преземени „сите можни мерки“ за заштита на базата каде се стационрани американски авиони. Бугарија ги засили безбедносните мерки во воздухопловната база Безмер по извештаите дека Иран разгледува можни напади врз американски воени цели во Југоисточна Европа, вклучително и оние во Бугарија. Бугарскиот министер за внатрешни работи ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски неодамна изјави дека никој не може да му избега на системот „Сејф сити“ доколку се движи по патиштата во Македонија каде што се поставени камери за мерење на брзината, без разлика дали станува збор за возило со македонски или со странски регистарски таблички. На граничниот премин Табановце денеска има редици од возачи од странство кои чекаат да ја платат казната за сторен сообраќаен прекршок, ...
Десетици пожари и натаму се активни низ Србија, а пожарникарите веќе неколку дена се борат со огнените жаришта. Во пожарите досега загина едно лице, а повеќе се повредени. Дополнително, од денеска се очекува нов топлотен бран со јужен и југозападен ветер, што може дополнително да ги влоши условите за гаснење. Најкритична е состојбата во специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, каде ветерот значително им ја отежнува работата на ...
Пожарот што во понеделникот попладне избувна во атарот на прилепското село Чаниште, во прилепскиот дел од Мариово, сè уште е активен. Сепак, во моментов не се загрозени ниту Чаниште, ниту некое од околните села. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, вели дека екипите имаат воспоставено добра одбрана и дека повеќето огнени краци се пресечени. Ангелов преку видеоизјава посочи дека пред селото Крушевица е поставена ...
Повеќе од еден килограм златен накит е одземен при акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар, соопшти полицијата. Контролата била спроведена на 18 август, во периодот од 11:30 до 21:05 часот, од полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат. Била извршена контрола во златарница во сопственост на 64-годишниот Ќ.М. од Гостивар. При контролата, ...