Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Најмалку пет лица загинаа, а 52 се повредени, меѓу кои и шест деца, во руските напади со беспилотни летала врз украинскиот град Кривиј Рог, соопшти воениот гувернер на Дњепропетровската област, Олександр Ханжа. Погоден и најголемиот трговски центар Во нападите биле погодени повеќе цели во градот, меѓу кои и најголемиот трговски центар во Кривиј Рог. Родниот град на украинскиот претседател Кривиј Рог е родниот град на украинскиот претседател ...
Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на одлуката на обвинителот во случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 луѓе. Мицкоски остро ја критикуваше одлуката, посочувајќи дека станува збор за трагедија во која луѓе ги загубија животите. „За жал, обвинителот којшто е во заминување, бидејќи, од тоа што сум информиран, е распишан оглас за избор на нов обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење ...
Спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку преземање одговорност и вежбање истрајност, им порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри, при денешната посета на Медитеранското (олимписко) село во Таранто, Италија. Посакувајќи им успех на сите натпревари, информираат од Кабинетот Сиљановска-Давкова, претседателката им рече ...
Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, моментално се наоѓа директно на терен во селото Никуштак, каде заедно со екипите на Територијалната противпожарна единица од Куманово и екипите на Национални шуми, активно ги координира мерките и активностите за справување со пожарот. На терен се ангажирани 3 противпожарни возила, а во текот на денот се очекува и воздушна интервенција, во зависност од метеоролошките услови. ...
Обилни врнежи и силен ветер Силно невреме со обилни врнежи и урагански налети на ветер предизвика сериозни проблеми во делови од Австрија, а последиците се почувствуваа и во Виена. Најтешко погодена е Долна Австрија, каде за кратко време биле поплавени улици и подруми, додека силниот ветер корнел дрвја и предизвикувал материјална штета. Стотици повици за помош Особено тешка била состојбата во областа Брук ан дер Лајта, каде противпожарната ...
Трагичен исход кај Тешањ Големите пожари и натаму се активни во повеќе делови на Босна и Херцеговина, а во пожарот кај Тешањ загина 77-годишен маж. Според првичните информации, тој сам се обидувал да го изгасне огнот. Неговото тело било пронајдено од пожарникарите за време на интервенцијата на пожар на ниска вегетација. Околностите за неговата смрт сè уште се утврдуваат. Пожарите се шират низ земјата Пожарникарите со недели се борат со ...
Јавното комунално претпријатие „Бошава“ – Демир Капија попладнево соопшти дека по добиената последна лабораториска анализа, е потврдено дека водата од градскиот водовод во Демир Капија е здравствено исправна и безбедна за пиење. – По добиените резултати, забраната за пиење на водата, изречена од надлежниот инспектор при Агенцијата за храна и ветеринарство, е укината. Со тоа, граѓаните повторно можат слободно да ја користат водата за пиењe – ...
Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 проценти и Транспорт и складирање за 8 ...
Шеснаесет пливачи од осум држави утре ќе застанат на стартот на 39 Охридски пливачки маратон, кој ќе се плива на традиционалната 25-километарска патека „Климе Савин“, од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид. На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и Аргентина. Во конкуренција ќе има 11 пливачи во машка и пет во женска конкуренција. Стартот е закажан за 10 часот кај Свети ...
На 20 август, претседателот Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се воведуваат санкции врз руски поединци и организации вклучени во создавањето на анимираната серија „Маша и Медо“, која, според украинските власти, промовира руски наративи. „Санкции се воведени против пет руски поединци и четири организации вклучени во создавањето и дистрибуцијата на анимираната серија „Маша и мечката“, која промовира проруски наративи преправени како ...
„Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар. Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија. Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци. Го потсетуваме градоначалникот во заминување дека во Центар неговите „другари“ од СДС ...
Центарот за јавно здравје Тетово денеска одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар, истакна на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Според нивните епидемиолошки податоци, посочи министерот, нема веќе случаи на ентероколитис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење. Вчера заврши и триесетдневната кризна состојба во Гостивар што беше прогласена од страна на Владата на 20 јули, поради загадување на ...
Од денеска почна да работи ПЕТ-скенот, закажани се девет пациенти. Денеска е донесена неопходната количина на радиоизотопот од Истанбул. Комуницираме и со Софија, бидејќи Истанбул работи од понеделник до четврток, сакаме да обезбедиме и алтернатива на Истанбул за да можеме ПЕТ-скенот да работи во сабота, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. ПЕТ-скенот, појасни министерот, во изминатите години работел приближно 2.100 до 2.200 ...
Премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната посета на Општина Прилеп, запрашан за споредба на просечната старосна пензија за време на владата на СДСМ и ДУИ и оваа влада истакна дека на месечно ниво таа се зголемува за 325% повеќе отколку во време на владеењето на СДСМ и ДУИ. Гледам како на отворена сцена опозицијата се препелка после она мое интервју дадено на еден национален медиум каде што направив споредба во зголемувањето на ...
Преку разни програми од Министерството за транспорт инвестираме над 9,5 милиони евра во Прилеп, во нови улици, канализациони и водоводни системи и урбан развој. Паралелно со инвестициите во општината, забрзно се работи на изградба на автопатот Прилеп -Битола, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при работната посета во Прилеп. Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција ја коментираше одлуката на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници, при што особено се осврна на трагедијата во Тетово, во која во пожарот во модуларната болница загинаа 14 лица. Мицкоски посочи дека постапката трае пет години и дека во тој период во јавноста биле изнесени различни информации поврзани со случајот. Тој остро ја критикуваше одлуката на ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Бројот на заболени е 43. – Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Прилеп, рече дека како држава се справуваме најдобро со пожарите, имајќи го предвид фактот со се она што се случуваше ова лето со пожарите во другите држави како Франција, во Шпанија, во соседна Грција, Хрватска, Црна Гора, Турција и соседна Србија. – Во 2024 година во јуни месец сите три воздухоплови или познати во јавноста како „ер трактори“ беа ...
На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука со којашто ќе се формира овогодинешната училишна кошничка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања. На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и за учениците. Така што во вторник имаме редовна владина седницва и тоа ќе ...
Македонката Милена Богојевска (51) е осудена во Австралија на осум години затвор, од кои шест без право на условен отпуст, откако се изјаснила за виновна за убиство од небрежност на 85-годишната соседка Лолин Вајтхенд. Случајот се случил во јули 2024 година во Мелбурн. Богојевска ја задушила старицата, а потоа го сокрила телото во кеса и го фрлила во реката Марибирнонг. Телото било пронајдено два дена подоцна од рибар. По смртта на ...
Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво. Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на ...
Министерството за внатрешни работи упати сериозно предупредување до граѓаните и операторите на дронови да не управуваат со беспилотни летала во близина на полициски хеликоптери, особено во текот на акциите за гасење пожари. Од МВР велат дека поради зголемениот број летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, хеликоптерите на полицијата интензивно се ангажирани низ целата држава за гасење пожари, извидување, транспорт и други ...
Крајно време е бугарско-македонскиот спор да го поставиме како правно прашање, вели познатиот адвокат Тони Менкиноски во интервју за МКД. Менкиноски истакнува дека Бугарија во 2017 година со едната рака потпиша дека ќе ѝ помага на Македонија да стане членка на ЕУ, но, како што вели, со другата рака ја користи својата позиција во ЕУ за да го попречува процесот. – Тој (Договорот за добрососедство од 2017 година) создава права и обврски за ...
Мистериозен трговец на платформата Полимаркет, кој има репутација на успешни облози, се обложил со речиси 179.000 долари дека преговорите за нуклеарниот договор меѓу САД и Иран ќе пропаднат до крајот на годината, бидејќи мировните преговори меѓу двете земји се заглавени по речиси шест месеци војна. Корисник на Полимаркет познат како „Духот на Украина“, кој е рангиран на 68-мо место на платформата за предвидување со стапка на успех од 59 ...
Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на повеќе локации, извести Општина Аеродром. „Засилените активности продолжуваат, со цел почисти, поуредни и поубави јавни простори за сите граѓани. Рано утрово екипите повторно се на терен и продолжија со редовните активности за одржување на чистотата“, соопшти општина Аеродром. Вчеравечер, комуналните екипи до доцна ...
Расте бројот на банкротирани фирми во Европската унија, а се намалува на новорегистрирани бизниси, покажуваат податоците на Евростат. Во вториот квартал од 2026 година, регистрациите на бизниси во ЕУ се намалени за 0,5% во споредба со првиот квартал, додека банкротите се зголемени за 5,7%. Намалување на новорегистрирани бизиниси е забележани во 5 од 8 сектори на деловната економија. Најголем пад има во индустрискиот сектор (-3,6%), во ...
Бразилската фудбалска легенда Роналдињо пристигна во Италија вчера за да се приклучи на тимот од Серија Ц, Равена, што го одбележува неговото враќање во професионалниот фудбал 11 години по неговиот последен настап. Поранешната ѕвезда на Барселона и Милан потпиша со италијанскиот клуб од третата лига во јуни и исто така се приклучи на тимот. Роналдињо беше претставен пред илјадници поддржувачи за време на церемонијата на претставување на ...
На 20 август, претседателот Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се воведуваат санкции врз руски поединци и организации вклучени во создавањето на анимираната серија „Маша и мечката“, која, според украинските власти, промовира руски наративи. „Санкции се воведени против пет руски поединци и четири организации вклучени во создавањето и дистрибуцијата на анимираната серија „Маша и мечката“, која промовира проруски наративи преправени како ...
„Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Времето ...