Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Разговорите во Турција ги отворија прашањата за побрз транспорт и поголема трговска размена Побрз проток на стоки, пониски транспортни трошоци и подобра поврзаност се меѓу темите на кои Македонија и Турција ќе работат во наредниот период. Меѓу конкретните иницијативи е и воспоставувањето карго железничка линија меѓу двете земји, која треба да го олесни движењето на стоките и да создаде дополнителни можности за стопанството. За овие прашања ...
Компанијата би можела да достигне вредност од 2,29 трилиони долари уште на првиот ден од тргувањето SpaceX на Илон Маск се подготвува за едно од најголемите излегувања на берза во историјата. Според првичните податоци од Насдак, акциите на компанијата денеска би можеле да започнат со тргување по цена од 175 долари, што е околу 30 отсто над понудената цена во иницијалната јавна понуда. Доколку се реализира ваквото отворање, производителот на ...
Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Од УХМР најавуваат дека до четврток времето ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во среда кога се очекуваат нови врнежи од дожд. За време на викендот ќе биде посвежо, а од понеделник температурата ќе биде во пораст. Времето утре сончево со мала до умерена локална ...
Варшава соопшти дека е ослободена од прераспределбата на бегалци Полска нема да прима дополнителни баратели на азил и само делумно ќе ги применува новите правила од Пактот на ЕУ за миграција и азил, соопшти Министерството за внатрешни работи во Варшава, откако новиот систем на Европската Унија стапи во сила. Според Министерството, земјата е ослободена од механизмот за прераспределба на бегалците во рамките на Унијата, како и од обврските ...
Дирекцијата за заштита и спасување објави јавен повик за ангажирање поранешни припадници на Полицијата, Армијата и противпожарните единици, кои организирано ќе учествуваат во гаснењето пожари на отворен простор и шумски пожари. За тримесечниот ангажман во текот на летниот период е предвиден паричен надоместок од вкупно 132.000 денари, односно 44.000 денари нето месечно. Ангажирањето ќе се реализира преку договор на дело, а на пензионираните ...
Институциите ќе соработуваат за подобар пристап до еколошката правда Во Делегацијата на Европската Унија во Скопје денеска беше потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence). Документот ја утврдува соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за правда и француските партнери во реализацијата на проектот. ...
Туристите кои престојуваат во Пефкохори, на Халкидики, се предупредени да не влегуваат во морето на дел од плажата „Акротири“, откако беше воведена привремена забрана за капење поради пукање на канализациски цевковод. Забраната опфаќа зона од 200 метри Општина Касандра ја воведе забраната по истекување канализациски води на локацијата „Акротири“. Мерката се однесува на дел од брегот во радиус од 200 метри од двете страни на местото каде што ...
Царинската управа спречила обид за неовластен промет со наркотична дрога, која државјанин на Соединетите Американски Држави се обидел нелегално да ја внесе во земјава преку поштенски пратки со ДВД-цедиња, пристигнати од Франција. Сомнителната содржина откриена со скенер Пратките биле наменети за лицето Ј.Е. По нивното пристигнување во Царинската испостава Пошти, царинските службеници извршиле контрола со скенер, при што забележале сомнителна ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествуваше на Бизнис форум во Истанбул, посветен на унапредувањето на економската соработка меѓу Македонија и Турција. Традиционалното пријателство како основа за економска соработка Во обраќањето пред присутните бизнисмени, Мицкоски ги истакна долгогодишните пријателски односи меѓу двете држави, нагласувајќи дека тие претставуваат цврста основа за продлабочување на економската соработка и привлекување ...
Министерот за здравство, Азир Алиу во видео-обраќање изразува поддршка за Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, кој помина во прво читање на пленарна седница во Собранието и апелира дека зависноста е здравствен ризик, а најефективната терапија за неа е превенцијата. „Не може да зборуваме за коцкањето дека е забава, кога истото станува навика и зависност. Кога влегува во семејството како долг, стрес, вознемирување и кога подмолно ...
Од полноќ стапија во сила новите малопродажни цени на горивата. Бензините поевтинија за два денари по литар. Дизелот, пак, поскапе за 1,50 денари по литар. Според новата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 86 денари за литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се продава по цена од 87 денари за литар. Од полноќ стапија во сила новите малопродажни цени на горивата. Бензините ...
Турција е еден од најважните економски и трговски партнери на Македонија, а трговската размена минатата година достигна една милијарда американски долари, што претставува значаен резултат и поттик за уште поамбициозни цели во иднина, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој денеска во Истанбул учествува на бизнис-форумот Северна Македонија – Турција. Муцунски имал обраќање на форумот, кој е ...
Предлог-законот за заштита од употребата на тутунски и сродни производи го помина првото читање на пленарна седница во Собранието. Според надлежните, станува збор за значаен институционален чекор кон зајакнување на заштитата на јавното здравје. Законското решение ги опфаќа и новите никотински производи Од Министерството за здравство посочуваат дека целта на законот е да обезбеди поголема заштита за децата, младите, непушачите и сите граѓани ...
Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција. Средбата се оддржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум ...
Филипче ветуваше нов Клинички центар, а остави руинирано здравство и сомнежи за корупција. Венко Филипче со години ги лажеше граѓаните со ветувања за нов Клинички центар, додека македонското здравство тонеше во хаос, скандали и негрижа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Додека Филипче ветуваше модерен здравствен комплекс, пациентите се соочуваа со недостаток на лекови, лоши услови и запоставен здравствен систем. Наместо инвестиции во здравството, со СДС ...
Вториот натпревар на Светското првенство во 2026 година донесе голема неизвесност и резултатски пресврт. Јужна Кореја ја победи Чешка со 2:1 во натпреварот од Групата А, одигран во Гвадалахара. Различни стилови и пропуштени шанси на Сон Натпреварот го одбележа изразениот тактички и стилски контраст меѓу двете репрезентации. Корејците настојуваа да создадат простор со трпелива и технички прецизна игра, додека чешката селекција се потпираше на ...
Жителите на Кисела Вода утринава биле вознемирени од пожар што избувнал во орман на ЕВН, поставен пред станбена зграда. Пожарот избувнал рано утринава Настанот се случил околу 05:30 часот пред влезот на станбен објект во близина на населбата „11 Октомври бараки“. Според информациите, граѓаните слушнале детонации, додека густ чад бил забележлив низ населбата. Изгореле кабли во орманот на ЕВН Од Министерството за внатрешни работи за „Курир“ ...
Вашингтон ја стопираше планираната воена акција по сигнали од Техеран Само неколку часа откако најави силен воен одговор против Иран, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека планираните напади за вечерва нема да бидат реализирани. Според него, одлуката е донесена по добиени уверувања дека разговорите со Техеран се префрлени на највисокото ниво на иранското раководство. Веста доаѓа во период на зголемени тензии во регионот, откако ...
Свечено отворање во Мексико пред првиот натпревар на шампионатот Со церемонија на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити официјално започна Светското првенство во фудбал 2026. Пред почетокот на првиот натпревар меѓу Мексико и Јужна Африка, пред присутните се обрати мексиканската актерка Салма Хајек, која го означи стартот на мундијалот. Свеченоста започна околу 90 минути пред првиот меч на турнирот. Дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка претставува ...
Еден од најпрепознатливите гласови во македонското спортско новинарство, Перо Момировски, вечерва се враќа во коментаторската кабина по подолга пауза и ќе ја пренесува првата утакмица од Светското првенство во фудбал. На телевизија „Арена“, Момировски ќе го коментира на македонски јазик историскиот меч меѓу Мексико и Јужна Африка, кој го отвора мундијалот. Со својот препознатлив стил, детална анализа и емоционална енергија, Момировски кој ...
Контакти со Иран и Кувајт за безбедносната состојба во регионот Каја Калас, високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, реализираше телефонски разговор со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Разговорот се однесувал на засилените воени тензии во регионот и развојот на преговорите меѓу Иран и САД. Покрај тоа, таа преку објава на социјалната мрежа Икс информираше дека контактирала и со ...
Изгорени ридови, пеплосана вегетација и мирис на чад. Ваков пустош остави зад себе големиот пожар што вчера попладне ги зафати ридовите над Штип. Брзата интервенција на надлежните, која траеше до доцна во ноќта, спречи поголема катастрофа. Огнената стихија беше целосно локализирана, а за среќа нема повредени ниту материјална штета врз имотите на граѓаните. Пламените јазици, кои во еден момент почнаа да се приближуваат кон населбите Ново Село ...
Прв клинички тест на делумно клеточно репрограмирање – фокус на регенерација на оптичкиот нерв За првпат во клиничко испитување врз луѓе е тестиран пристап кој има за цел старите клетки да ги поттикне да добијат функционални карактеристики слични на помладите, што претставува значаен чекор во истражувањата за стареење и нивна потенцијална медицинска примена. Станува збор за експериментална терапија која не е насочена кон продолжување на ...
Скопје и Анкара ги продлабочуваат економските врски преку заеднички бизнис настан Македонско-турските економски односи утре ќе бидат во фокусот на бизнис форум што ќе се одржи во Истанбул, на кој ќе учествува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, форумот е организиран од владите на двете земји и има за цел да ја зајакне економската ...
Ескалација на конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран, со меѓусебни напади и нови закани Американскиот претседател Доналд Трамп денеска најави нова рунда напади врз Иран, при што порача дека САД би можеле да го заземат островот Харг како дел од стратегијата за контрола врз иранската нафтена и гасна инфраструктура. Во објава на Truth Social, Трамп порача: „МНОГУ ЈАКО ВЕЧЕРВА“, најавувајќи нови воени дејствија на американските сили. Тој додаде ...
Инспекторатот за македонски јазик веќе функционира, во тек е вработување на инспектори Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска повторно покажува дека за СДС македонскиот јазик е само тема за политички настапи, а не област на вистинска институционална работа, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека додека таа, како што тврдат, патувала со државни средства, институциите работеле на имплементација на ...
Голем оган повторно избувна кај Плуждино и Новачка Чешма, на терен веќе дејствува ер трактор Нов пожар доцна попладнево избувна во реонот на викенд населбите Плуждино и Новачка Чешма кај Штип, предизвикувајќи вознемиреност кај локалното население. На социјалните мрежи беа објавени повеќе видеа од штипјанецот Александар Георгиевски, на кои се гледа како огнената стихија зафаќа дел од викенд куќите во овој предел. Според Георгиевски, пожарот е ...
МВР ги заврши процедурите, право на обука имаат возачи со најмалку пет години искуство со „Б“ категорија Министерството за внатрешни работи соопшти дека се завршени сите формално-правни и технички подготовки за спроведување на законските измени поврзани со управување мотоцикли до 125 cm³. Од утре граѓаните ќе можат да посетуваат обука во автошколи кои поседуваат лиценца за категоријата „А1“. Според МВР, обуката ќе ја реализираат автошколи ...
Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче и СДС работат спротивно на ставовите на мнозинството граѓани Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини дека СДСМ и лидерот Венко Филипче ги поддржуваат уставните измени под условите што ги поставува Бугарија, иако, како што рече, мнозинството граѓани имаат спротивен став. Според Лефков, над 80 проценти од граѓаните сметаат дека не треба да се прифаќаат уставни измени под бугарски диктат. „Над 80% од ...
Дипломатски извори тврдат дека е постигнат политички договор, но остануваат отворени клучни прашања И покрај размената на воздушни удари меѓу САД и Иран, дипломатските контакти меѓу двете земји продолжуваат, а разговорите за можен договор се движат во позитивна насока, објави Си-ен-ен повикувајќи се на дипломатски извор. Според извештајот, ноќните преговори минале успешно, додека двете страни паралелно водат разговори за меморандум за ...