Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
НУЦК “Ацо Шопов“ – Театар Штип ја најавува премиерата на претставата „Синдром Нора“ – кабаре, во режија на Наташа Поплавска, текст на Весна Куслеска (по мотиви на ”Нора” од Хенрик Ибзен), која ќе се одржи на 13 јуни 2026 година (сабота), со почеток во 20:00 часот, на сцената на Театар Штип. “Синдром Нора” не е само приказна за Нора. Ова е приказна за сите што некогаш живееле според туѓи очекувања, туѓи правила, туѓи стравови и туѓа претстава ...
Театарскиот фестивал „Петар Кочиќ“ во Бања Лука заврши, а жирито едногласно донесе одлука наградата за најдобар актер на фестивалот да му припадне на Никола Ристановски за улогата на Мишел Бабиќ во претставата „Уна“ на Звездара театар. Жирито на 28. театарски фестивал беше во состав: членовите – актерката Наташа Периќ и режисерот и универзитетски професор Душан Петровиќ, како и драматургот Молина Удовички Фотез, како претседател. Во нивното ...
Драматургот и директор на Театар Комедија, Дарко Спасов, е годинешен добитник на меѓународната награда „Претнар“, почесна титула „Амбасадор на словенечката книжевност и јазик“. Ова признание се доделува на фестивалот „Лириконфест“ во Словенија на личности кои со својата долгогодишна и посветена работа дале значаен придонес во меѓународното вмрежување и промоција на поезијата, словенечката литература и словенечкиот јазик ширум светот. ...
Дина Дума покажува сигурен режисерски глас и јасна контрола врз материјалот што го обработува, се вели во рецензијата на европскиот филмски протал „Синеуропа“ за филмот „Скетбордингот не е за девојчиња“, кој на 4 јуни имаше светска премиера на фестивалот Трајбека во Њујорк. Филмот се прикажа во Меѓународната конкуренција за награди. Македонската премиера се најавува за септември. Во „Синеуропа“ меѓудругото се вели дека овој филм сугерира оти ...
Под мотото „Очи широко затворени“, синоќа, 10 јуни, во Тетово започа 15-то издание на Меѓународниот филмски фестивал WatchOut!, кој ќе трае до 12 јуни. Официјалното отворање се одржа во 20:00 часот, на Амфитеатарот пред Музејот на Комунистичката партија во Тетово. Свои поздравни говори имаа претставници на Гете-институтот и директорот на Центарот LOJA за балканска соработка, Бујар Лума. А вечерва ќе бидат доделени награди на победничките ...
Ве информираме дека во рамките на Интернационалниот фестивал „Share” во Братислава, Словачка, вечерва ќе настапат студентите на Катедрата за современ танц при Универзитетот „Гоце Делчев” со продукции на Скопје танцовиот театар 2, во рамки на програмата на театарот за 2026та под наслов „Современи кореографи”. Претставата ќе се одржи во рамки на изведувачката програма на фестивалот, на сцената „Театар – ЛАБ” на Академијата за изведувачки ...
Пред бројната публика во македонскиот КИЦ во Загреб, вчеравечер се одржа извонреден концерт на Триото „Интерарт“ од Битола, кое со својот врвен уметнички настап ја воодушеви публиката и беше наградено со долготрајни и искрени аплаузи. Публиката уживаше во концертната вечер исполнета со врвна уметничка интерпретација, техничка прецизност и исклучителна музичка зрелост. Флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, заедно ...
По заменувањето на канадскиот студ, американските модерни арени и прекрасните пејзажи во Монтереј и Гвадалахара, нашиот мундијалски серијал го достигнува својот апсолутен врв со најлегендарниот од сите стадиони на листата. Пристигнуваме на местото каде што фудбалот ги надминува границите на спортот и преминува во чиста митологија. Добредојдовте во Мексико Сити, на култниот „Естадио Ацтека“ – стадионот кој вечерва ќе биде центар на светот и ...
Почитувани, Факултетот за музичка уметност – Скопје има чест да ве покани на традиционалниот концерт на македонската Филхармонија „ЗВУКОТ НА ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА“, под диригентско водство на маестро проф. м-р Сашо Татарчевски, на кој, како солисти со оркестарот на Filharmonija ќе настапат и следниве студенти од Факултетот за музичка уметност – Скопје: Давид Павиќ – пијано Кристијан Колев – кларинет Христијана Матеска – хармоника Бојана Митковска ...
По светската премиера на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума на Tribeca Festival во Њујорк, пристигнаа и првите меѓународни критики. Cineuropa: Дума покажува сигурен режисерски глас и јасна контрола врз материјалот со кој работи. Овој филм покажува дека пред неа сè уште има простор за раст и авторско истражување, но истовремено ја издвојува како талент што вреди да се следи. Уште поважно, нејзината работа придонесува ...
На 13 јуни на Викендот на гордоста, со почеток во 21:00 часот во Младинскиот културен центар – Скопје, ќе се изведе технобурлеската „Крадци на слики” (Technoburlesque – Image Snatchers) на словенечкиот колектив The Feminalz, реализирана со локална поддршка од Бучкуруж и копрограмирана заедно со ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Колективот The Feminalz започнува да ја создава технобурлеската „Крадци на слики” ...
На програмата на манифестацијата се заедничко читање на македонска и бугарска поезија, со учество на најистакнати имиња на поетската сцена од двете земји, книжевен портрет на истакнатиот македонски автор Јовица Ивановски, како и посета на куќата за литература и превод во Софија. „Во изминатите петнаесетина години во организација издавачката куќа ‘Макавеј’ и МКИЦ во Софија беа одржани 15 изданија на Македонската книжевна визита на која ...
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за необјавени кратки книжевни форми во рамки на традиционалната манифестација „Празник на липите“. Како што информираат од ДПМ, конкурсот е на слободна тема, а заинтересираните автори можат да учествуваат со една песна до 40 стихови или еден краток расказ до 1.000 зборови. Пријавените творби треба да бидат необјавени и потпишани со име и презиме, а може да се достават електронски на ...
Во Музејот на македонската борба вечерва беше промовирана книгата „Безбедносен менаџмент“ од деканот на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Оливер Бакрески. Како што беше речено на настанот, станува збор за учебник за студенти кои студираат безбедност. На промоцијата на книгата беше присутен и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во обраќањето пред присутните, тој истакна дека учебникот „Безбедносен менаџмент” претставува ...
Самостојна изложба на Ненад Тонкин, со наслов „Простор – тишина“, ќе биде отворена вечер во Културно-информативниот центар во Скопје со почеток од 20 часот. Како што соопштија од организацијата, изложбата ќе биде отворена до 24 јуни. – Изложбата со наслов „Простор – тишина“ на Ненад Тонкин се состои од ахроматски колажни релјефи изработени од архивска fine art хартија од брендот Hahnemühle. Со користење на едноставни геометриски парчиња, ...
Концерт на Македонската филхармонија со студентите од државните факултети за музика, насловен „Звукот на идната генерација“ ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот. Диригент е маестро Сашо Татарчевски, а како солисти ќе настапат Итан Георгиев, контрабас (III година, доц. м-р Александар Поп-Христов), Кирил Тасев, флејта (II година, проф. м-р Златка Митева), Христијана Матеска, хармоника (IV година, проф. м-р Зорица Каракутовска), Кристијан ...
Од тркачката патека до училишните дворови: Трчај бе трета година донира спортска опрема за децата Не се сите медали на целта. Некои остануваат во училишните дворови. Некои во спортските сали. Некои во рацете на децата кои утре ќе играат фудбал, ракомет или одбојка. Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола вчера беше реализирана донација на спортска опрема за сите основни училишта во градот, во присуство на наставниците по физичко и здравствено ...
Колку македонскиот театар е современ и што треба да се направи за да биде реална општествената слика на нашето секојдневно живеење, а да не добиваме впечаток дека гледаме пародија на нашето секојдневие, се прашањата што ги отвори најреномираната театарска манифестација, фестивалот „Војдан Чернодрински“. Театарот мора да се промени, повторно да се обмисли себе си во правец на храбриот нов театар. Фестивалската публика е едуцирана и ...
Светот е мистериозно место кога се гледа низ очите на едно животно. ЕО, сиво магаре со меланхоличен поглед, на својот животен пат среќава добри и лоши луѓе, доживува радост и болка и ја чувствува суровата игра на судбината што случајно ја претвора неговата среќа во несреќа, а очајот во неочекувана надеж. Но, ниту за миг не ја губи својата невиност. Во 2023 Номиниран за Оскар за најдобар филм од неaнглиско говорно подрачје Светот е ...
Еден жежок летен ден во Осло, мртвите мистериозно се будат, а три семејства се фрлени во хаос кога нивните починати најблиски се враќаат кај нив. Кои се тие и што сакаат? Едно семејство се соочува со повторното будење на мајката пред дури и да ја оплакаат нејзината смрт по сообраќајна несреќа; една постара жена ја враќа љубовта на својот живот истиот ден кога ја погребала; еден дедо го спасува своето внуче од гробот во очаен обид да ја ...
Ова е приказна за Ема, млада убавица која не промислено се омажи за лекар од мал град (Лојд-Хјуз) за да побегне од фармата за свињи на нејзиниот татко. Но, откако е воведена во гламурозниот свет на високото општество, набрзо и станува здодевно со својот партнер и бара возбуда надвор од бракот. Се препушта на авантурите и страста со други мажи од околината со цел да го направи својот живот по забавен. Ова е приказна за Ема, млада убавица ...
Zero Dark Thirty е интензивен трилер инспириран од вистински настани, кој ја следи децениската потрага по најбараниот терорист во светот — Осама бин Ладен. По терористичките напади на 11 септември 2001 година, младата и решителна агентка на ЦИА, Маја, се приклучува на мисијата за негово лоцирање. Низ години на истраги, испрашувања и разузнавачки операции, таа останува фокусирана и упорна, и покрај опасностите, сомнежите и политичките ...
– Јунската програма на Кинотеката, во својата целина, претставува доказ дека македонскиот филм поседува континуитет, авторска разновидност и историска длабочина. Од поетскиот документаризам на Анте Поповски и Столе Попов, преку модернистичките и политички драми од втората половина на 20 век, па сè до современите урбани приказни, оваа програма ја прикажува македонската кинематографија како жив организам што постојано се преиспитува самиот ...
Струга, 10. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, во петок, на 12 јуни 2026 година, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи трибина со исклучително актуелна и длабоко човечка тема: „Нема поголема болка во човекот од болката во неговата душа“. На трибината, која ќе се одржи во фоајето на Центарот, пред присутните ќе говори д-р Бошко Томовски, истакнат и долгогодишно афирмиран специјалист невропсихијатар, ...
„Ристе беше човек со големо срце и со искрена потреба да биде тука за другите“, рече оперскиот пејач Маријан Николовски на комеморацијата за колегата, баритонот Ристе Велков, кој со својот син и двајца негови другари загинаа во сообраќајка на обиколницата во Скопје на 21 мај. Комеморацијата во Операта започна со изведбата на „Хорот на Евреите“, најпознатиот хорски дел од операта „Набуко“. Во чест на колета, ја испеа дел од хорот на ...
Успешно заврши манифестацијата „Детски Прличеви беседи“ што годинава се одржаа по трет пат во организација на ЗГ „Охрид Култ 366“, а под покровителство на Општина Охрид. Ученици од повеќе македонски градови преку поетски творби, есеи, рецитаторски и ораторски настапи покажаа дека младите генерации достојно ја продолжуваат традицијата на Прличев. Спомен куќата на Григор Прличев“ деновиве беше исполнета со талентирани деца, поезија, прекрасни ...
Научнофантастичниот филм на Стивен Спилберг – „Ден на откривање (Disclosure Day)“, со Емили Блант, Џош О’Конор и Колин Ферт во главните улоги, којшто од денес се прикажува и во киносалите во Скопје, веќе го нарекуваат – негово најдобро дело од последниве 20 години. Спилберг стана едно од најважните имиња во Холивуд во својата повеќедецениска кариера. Тоа го потврдуваат и трите Оскари. Американкиот филмаџија, имено, ја освои наградата за ...
Со хит мјузиклот „Као какао“ на 19 јуни ќе се отвори 18. издание на Битфест. Изведбата на новиот мјузикл инспириран од култната песна на Влатко Стефановски и „Леб и сол“ ќе се одржи во Центарот за култура – Битола. Отворањето беше најавено на прес конференција на која се обратија: Влатко Стефановски, режисерот Дејан Пројковски, продуцентот Владимир Мандичевски, директорот на КИЦ – Битола, Димитар Михајловски, актерите Владимир Петровиќ и ...
Од 11 до 13 јуни 2026 во Софија ќе се одржи 16. Македонска книжевна визита која се организира од Издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, во соработка со Македонскиот културно-информативен центар. Шеснаесеттото издание на оваа значајна манифестација ја продолжува својата мисија – афирмација на современата македонска литература во Р. Бугарија и продлабочување на соработката меѓу македонските и бугарските писатели. Во изминатите петнаесетина ...
Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт изненади голем дел од присутната публика синоќа, откако неочекувано се појави на премиерата на анимираниот филм „Приказна за играчките 5“. Свифт се качи на сцената во театарот Долби, облечена во долга вечерна тоалета, каде на пијано ја изведе песната „Го знаев тоа, те знаев тебе“ („I Knew It, I Knew You“), која, како што изјави, ја напишала специјално за новото продолжение на популарната анимирана серија. ...