Во архитектурата ретко се случува објектот да биде истовремено присутен и отсутен. Уште поретко се случува една градба да биде видлива и невидлива во ист момент. Токму тоа го прави CLAUSURA, еден од највпечатливите архитектонско-уметнички проекти во Европа во 2026 година, поставен на просторот на историската опатија Херкенроде во Белгија. Наместо да ја обноват исчезнатата готска црква со камен, бетон или челик, авторите создадоа нешто многу ...

На 56 години почина Марџан Сатрапи, француско-иранска авторка и режисерка, најпозната по графичкиот роман и филм „Персеполис“. „Марџан Сатрапи почина од тага малку повеќе од една година по смртта на Матијас Рипа, нејзиниот сопруг и љубовта на нејзиниот живот“, се вели во соопштението на семејството. Рипа, шведски продуцент, актер и сценарист, почина на 8 април минатата година. Сатрапи, која беше отворена критичарка на теократската влада на ...

Утре на 5 јуни во Прилеп со претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар Скопје свечено се отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата ќе биде изведена во Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп во 20 часот. Јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава под мотото „Храбриот нов театар“, ќе отвори дијалог за кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот, повикувајќи на театар што има став, што провоцира, ...

Нa денешен ден во 2004 година, филмот „Хари Потер и Затвореникот од Азкабан“ беше објавен во американските кина. Режиран од Алфонсо Куарон, а во главните улоги се Даниел Редклиф, Руперт Гринт и Ема Вотсон, многумина сè уште го сметаат за еден од најдобрите филмови во целата франшиза. Филмот ја следи третата година на Хари во Хогвортс, за време на која тој дознава повеќе за своето минато и луѓето што ги познавале неговите родители. Во исто ...

На 4 јуни (четврток) во 19 ч. во галерија ОСТЕН ќе се отвори самостојната изложба на Данчо ОРДЕВ „Трансформирана меморија“. ТРАНСФОРМИРАНА МЕМОРИЈА – самостојната изложба на апстрактните слики на Данчо ОРДЕВ – изложба каде што уметникот преку широк потег со четка, боја и ритам ја прикажува внатрешната суштина на македонските предели, претворајќи ги народните орнаменти, симболите, боите, танцот… во чиста апстракција произлезена од неговите ...

Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, на 9 јуни, во 20 часот ќе се одигра во Домот на култура во Кисела Вода „Билјана Беличанец“. Претставата која на сатиричен начин носи силна порака е дело на режисерот Сашо Миленковски и авторот Сашо Кокаланов, а е помогната од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Актерската екипа е составена од младите актери Надица Дојкоска, Наум Ѓорѓиески и Димитар Паскоски. Од ...

На 6 јуни 2026 година, во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, ќе се одржи солистички концерт на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе биде изведен во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој, со почеток во 19:30 часот. Пред истанбулската публика Стојановска ќе се претстави со програма составена од дела на Морис Равел, Јоханес Брамс, Петар Илич Чајковски и Фредерик Шопен, ...

Најпознатиот македонски инфлуенсер – Стефан Лазаров, синоќа во Скопје беше домаќин на второто издание на своите Lazarov Awards. Едночасовен црвен тепих на кој продефилираа бројни познати личности од македонската естрада и шоубизнис со тричасовната програма во живо со сигурност се настан на неделата и месецот кој само што започна. Што ја очекуваше македонската естрада и YouTube гледачите на Лазаров, разговаравме со него непосредно пред ...

Охрид, 4. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од 22 до 26 јули 2026 година, Охрид ќе биде домаќин на 9 издание на Beach Film Festival. Под ѕвезденото небо, покрај езерото и помеѓу брановите, повторно се среќаваме со филмот. – Beach Film Festival се враќа во Охрид од 22 до 26 јули, носејќи нови европски приказни, незаборавни проекции и пет дена исполнети со кино, разговори и лето. Се гледаме на плажа, стои во најавата. Предвидена е хорор работилница за ...

Денеска почнува првиот дел од перформативната програма на Викендот на гордоста Скопје 2026, во рамки на овогодишната тематска поставка „Анархични тела: согласност да не се биде едно”. Преку две исклучителни меѓународни продукции, овогодишната програма ги отвора прашањата за телесноста како простор на субверзија, историска меморија, трансгресија и отпор кон нормативните режими на сексуалноста, идентитетот и општествената дисциплина. На 4 ...

По африканскиот прв ден, јубилејниот 25. Офф-фест музички се сели во Европа. Двата концерта од вториот ден се во Националната опера и балет. Од 20 часот настапуваат норвешките музичари Нилс Екланд (хардангер фидл, виолина, виола) и Сигбјерн Апеланд (хармониум, пијано). Музиката не Екланд (фото) се движи помеѓу локалната традиционална народна музика, современата музика, џезот и слободната импровизација, а во Скопје ќе настапи соло или во дует ...

„Скејтбордингот не е за девојчиња“, вториот филм на Дина Дума, вечерва ќе ја има светската премиера на Фестивалот Трајбека во Њујорк. Филмот е во Меѓународната конкуренција за награди и ќе има три проекции на фестивалот. Македонската премиера се најавува за септември. Трајбека е од најзначајните филмски фестивали во Северна Америка и меѓународно значаен. Актерот Роберт де Ниро е еден од основачите на фестивалот, лансиран во 2002 за да помогне ...

Денес ќе се одржи промоција на книгата „Краток вовед во толкувањето“ од д-р Наталија Орлиќ во издание на „Фуснота“ што ќе биде промовирана на 4.6.2026 г. со почеток во 12ч. во Библиотеката за македонска книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Разговорот со авторката за книгата ќе го води уредничката Драгана Евтимова, дизајнот на корицата го изработи Мите Спасовски, а книгата е ...

Промоцијата на книгата „Женска работа: Современиот вез во земјите од поранешна Југославија“, уредена од Амалија Стојсављевиќ, ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во 18:30 часот, а ќе биде проследена со камерна изложба со избор на дела од текстил и вез на Христина Иваноска, Зорица Зафировска и Дарко Алексовски, која ќе биде отворена до 9 јуни. Промоцијата во Скопје е замислена како разговор помеѓу уредничката на публикацијата, српската кураторка ...

Кафе-книжарницата „Илика“ ја започнува својата тримесечна програма наречена „Книжевно лето со Илика“. На 5 јуни организира книжевен кружок посветен на книгата „Борбите и трансформациите на една жена“ од Едуар Луј. Овој роман отвора прашања за идентитетот, класата и женското искуство преку неговата книга „Борбите и трансформациите на една жена“. Станува збор за впечатлива книга која преку искуството на жената како мајка, ги опишува и ...

Ансамблот на НУ Народен театар Битола отпатува за романскиот град Трговиште каде ќе учествува на фестивалот „Бабелфаст“. Битолските актери ќе ја изведат претставата „Ричард трети“ од Вилијам Шекспир во режија на Мартин Мирчевски. Во Романија гостуваат актерите Мартин Мирчевски, Илина Чоревска, Маја Андоновска-Илијевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Марија Стефановска, Александар Стефановски, Филип Мирчевски, Кристијан Танчевски Post ...

По кариера долга седум децении, во текот на која сними повеќе од 70 филмови, Клинт Иствуд се повлече од филмската индустрија. Четирикратниот оскаровец, актер и режисер, кој на 31 мај наполни 95 години, се прослави во 1960-тите со телевизиската серија Rawhide, а потоа со улогата во „шпагети-вестерн“ трилогијата на Серџо Леоне, позната како „доларската трилогија“, во која се наоѓа и култниот филм „Добриот, лошиот и грдиот“. Иствуд стана еден ...

Премиерната концерна изведба на вториот студиски албум „Без никого да удриш“ на дуото „Алембик“ ќе се одржи во Денсинг салата на Младинскиот културен центар на 11 јуни, со почеток во 20 часот. „Алембик“ се состои од Ива Дамјановски на клавијатури, теремин и вокал и Виктор Танасковски на гитара и вокал. Нивниот прв, истоимен албум е издаден во 2022 година и е посветен на конфликтот, но и на возможната симбиоза на природата и технологијата. ...

Во време кога градовите стануваат сè погусти, температурите сè повисоки, а зелените површини сè поретки, архитектите и урбанистите се соочуваат со едно клучно прашање односно дали покривот мора да остане само техничка завршница на објектот или може да стане нов простор за живот? Токму тука започнува приказната за зелените покриви, архитектонско решение кое во последните две децении се претвори од авангардна идеја во сериозен елемент на ...

Во галеријата на Етномузејот во Македонскиот комплекс – Нерези e поставена самостојната изложба на доц. м-р Марија Рашковиќ, насловена „Светлосни фрагменти“, проект поддржан од Музејот на Македонија. Изложбата одбележува десет години активно и континуирано творештво на авторката, чие уметничко изразување е силно инспирирано од богатото македонско народно творештво и традиција. Според Виолета Калиќ, историчар на уметност, ангажманот на ...

Организатор е Стем-арт креативна работилница – Скопје. Изложбата опфаќа серија маски, скулптури и композиции изработени од реупотребени индустриски и природни материјали, кои преку уметничка обработка добиваат нова форма и ново значење. Наместо да завршат како отпад, старите материјали се претвораат во уникатни уметнички дела што отвораат прашања за креативноста, одржливоста и односот на современиот човек кон животната средина. Темелковски ...

Млад човек (Robert Duvall) во 1940-тите создава семејство во Алабама. Неговата сопруга (Tippi Hedren) го напушта и се сели во Англија. Таму запознава и се мажи за Англичанец (John Hurt), со кого останува да живее многу години. Кога сопругата умира, нејзината последна желба е да биде вратена во Алабама и таму да биде погребана, иако мажот не ја видел речиси триесет години. Во тој момент се среќаваат двете семејства – нејзиното прво семејство ...

Во напнатиот трилер „Ќерката на кралот на мочуриштата“, жена со тајно минато ќе се осмели да се осмели во дивината што ја оставила зад себе за да се соочи со најопасниот човек што некогаш го запознала: нејзиниот татко. Во филмот, навидум обичниот живот на Хелена (Дејзи Ридли) крие темна и опасна вистина: нејзиниот отуѓен татко е озлогласениот крал на мочуриштата (Бен Менделсон), човекот што ја држел неа и нејзината мајка во заробеништво во ...

Американецот Максвел Смарт (Стив Карел) работи во владина агенција за шпионажа. Кога седиштето на агенцијата е нападнато, шефот одлучува да го назначи Смарт за шпион и му го доделува партнер – секси агентката 99 (Ен Хатавеј). Двоецот тргнува да се бори против своите напаѓачи поминувајќи низ разни опасни ситуации. На крајот ќе биде компромитиран нивниот идентитет, и може да бидат посочени како жртви, додека на другата страна нивните напаѓачи ...

Како што информираат од ФЛУ, пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот за ликовни уметности, создадени во текот на академската 2025/2026 година. Изложбите претставуваат увид во актуелните творечки практики на младите уметници и нивниот развој во различни медиуми и дисциплини. Во рамки на свеченото отворање ќе бидат доделени и награди на најуспешните студенти. По официјалниот дел од ...

Книжевниот клуб Утопија беше домаќин на необична книжевна вечер посветена на „Синхроницитети“, мултимедијалната игра за креативно пишување на визуелниот уметник, дизајнер и илустратор Марко Трпески. Настанот, модериран од професорката по македонски јазик и литература, критичар и есеист Симона Петровска, ги спои литературата, визуелната уметност и играта во едно интерактивно искуство во кое присутните не беа само публика, туку и активни ...

Охрид, 3. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник, 9. јуни, ќе се одржи третото издание на „Детски Прличеви беседи“. Ќе учествуваат најмладите љубители на литературата, творештвото и убавиот збор. – Преку детскиот глас ќе оживеат мислите, делата и духот на големиот Григор Прличев, а младите учесници ќе испратат порака дека љубовта кон мајчиниот јазик и литературата продолжува да живее и во новите генерации, порачуваат организаторите. ...

Ново издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Македонски народен театар, во организација на Детски културен центар „Карпош“. Ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што истакна директорката д-р Билјана Лалчевска Серафимовска, „фестивалот ...

На 5 јуни, на големата сцена на HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб ќе се одржи премиерата на „Идеален маж“ според познатата драма на Оскар Вајлд, во режија на еден од најреномираните македонски и европски театарски режисери, Александар Поповски, со музика на истакнатиот македонски композитор и музички автор Кирил Џајковски. Оваа премиера е и ново поглавје во една од најплодните и најуспешни уметнички соработки на Балканот. Поповски и ...

Сто години по смртта на Антони Гауди, официјално е потврдено дека планинското одморалиште Xalet del Catllaràs во каталонските Пиринеи е негово дело. Веројатно сите сте слушнале за Саграда Фамилија во Барселона, а ако не сте, тогаш сигурно сте слушнале за црквата во Шпанија што се гради со векови и сè уште не е целосно завршена. Иако со години се најавува дека изградбата е при самиот крај, тој крај никако да пристигне. Најновите информации ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09