Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Годинава, здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ започна караван за младинска, алтернативна и критичка култура наречен „Тригер“ преку кој се планирани шест настани во различни градови. Летниот настан, секако, ќе се одржи во Охрид! Овојпат, караванот „Тригер“, доаѓа во Охрид на 20 август, а настанот ќе се одржи во културниот центар „Култ“ со почеток во 20:00 часот. Претстои мултимедијална вечер која ќе спои повеќе ...
На 21 август (петок) од 19.30 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Тивок ритам на формите“ од уметницата Милица Алимпиќ Илиќ од Србија. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Изложбата „Тивок ритам на формите“ претставува серија на слики во која се појавува изразена женска фигура како централен носител на визуелната и емотивната приказна. Низ различни ...
Прекрасен, радикален, полн со човечност, речиси трансцендентен во својата суштинска едноставност, асктески документарец, филмот е документ без политика и пропаганда – се дел од рецензиите на балканските и европските медиуми, по светската премиера на 16 август на документрецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски на 32. Сараевски филмски фестивал. Документарецот е снимен со преживеаните млади луѓе од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како и ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје. Фестивалот ќе биде отворен на 20 август, во 20:30 часот, во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Приказната во филмот „Кон запад, во Запата“ се ...
Драган Даутовски, сега во пензија, музиколошки експерт кој мајсторски свири на повеќе од 20 народни инструменти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, ќе одржи концерт во недела (23-ти август) во 18:30 часот. Тој ќе биде пропратен со кратко предавање за оваа неолитска населба и нејзинината трансформација во антиката и средниот век. Концертот е дел од традиционалните настани кои повеќе години се одржуваат на крајот од истражувањето на ...
Сараево – Турскиот актер Халит Ергенч, познат по улогата на Сулејман Величествениот, пристигна на 32-то издание на Филмскиот фестивал во Сараево. Босанско-херцеговскиот режисер Срѓан Вулетиќ ги објави нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи. „Решив да се фотографирам со Сулејман Величествениот, големиот турски актер Халит Ергенч“, напиша Вулетиќ покрај објавените фотографии. Проект во рамките на програмата CineLink Ергенч ...
Фестивалот ќе го заокружи своето 66. издание со современиот македонски мјузикл „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, по текст на Венко Андоновски и во режија на Дејан Пројковски. Сместена во седумдесеттите години на минатиот век, приказната ги следи љубовта и амбицијата на една млада генерација која се обидува да ги следи своите соништа, спротивставувајќи се на стереотипите, очекувањата и невидливите граници на времето. ...
Уметникот Мице Јанкуловски вечерва во Музејот на современа уметност во Лерин, Грција, ќе ја претстави самостојната изложба „Пигменти и пиксели“, која ќе биде отворена до 19 септември годинава. Изложбата опфаќа повеќе од 50 дела од повеќегодишното творештво на Јанкуловски, вклучувајќи слики, графики и видеоинсталации. Поставката ја истражува поврзаноста меѓу традиционалните уметнички медиуми и современата дигитална технологија. Сликите и ...
Пијан славеј на вечерва (19 август) ќе одржи концерт во Велешкиот театар, од 21 часот. Пијан Славеј е алтер-егото на фронтменот на „Фолтин“, Бранислав Николов. Влезот е бесплатен. На концертот Николов ќе настапи со Пеце Брада Трајковски и Славчо Јовев, а ќе го изведат вториот албум „Нудист“, објавен во 2024 година. Идејата на Пијан славеј е создавање нова македонска шансона, која со современ звук се надоврзува на музичката поезија од ...
Многумина се сеќаваат на „Којотот“, еден од најомилените цртани јунаци кој на голем број генерации им го одбележа детството, носејќи смеа и забава во домовите со своите упорни, но секогаш неуспешни авантури. Сигурно го паметиме и препознатливиот „бип, бип“ звук на Брзата птица итрица, неговиот голем ривал кој постојано се обидува да му побегне. Желбата на Којотот конечно да ја стигне никогаш не стивнува, иако секој негов обид завршува со ...
Кочани, 18 август 2026 (МИА) - Во Библиотеката „Искра“ во Кочани започна акција на донирање книги на македонски јазик, кои ќе бидат наменети за црковната библиотека на Македонската православна црква (МПЦ) во Холандија. Може да се донира секаков вид на литература поврзана со Македонија: историски книги, лектирни изданија, книги за фолклор, книги за деца, проза, поезија од македонски автори... Иницијативата е на професорот по македонски јазик и ...
Од 30 јуни до 23 август на локации во Стариот град, се одржува 40. јубилеен фестивал „Град театар“ ̶ Будва (2026). Драмски театар Скопје со претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ во режија на Иван Пеновиќ, по текст на Душан Јовановиќ, вечерва и утревечер ќе учествува на најголемиот сценско-музички фестивал во Црна Гора. Претставите ќе бидат изведени во Стариот град ...
Специјално од Нишвил Валентина Ѓоргиевска Парго На затворањето на овогодишниот фестивал „Нишвил“, 13- 16 август, главната сцена беше препуштена на нишката група “Далтони”, некогашни “нишки Битлси”, која се смета за пионер во урбаната поп рок култура. Оттука и не беше чудно што немаше игла каде да се фрли, преполн концерт на групата, која настапи точно по 55 години по официјалното прекинување со работа, некогаш. За среќа тоа не било крајот, ...
Со промоција на две нови книги утре, четврток во НУ Библиотека „Григор Прличев“ на свечен начин ќе биде одбележан големиот јубилеј 85 години живот и творештво на познатиот новинар и публицист Славе Николовски – Катин. Катин е роден на 19 август 1941 година во Долна Преспа, во куќа која во тој период ја заплискувале брановите на Преспанското Езеро, во непосредна близина на старата населба Наколец, на почетокот на Втората светска војна. По ...
Општина Крива Паланка ја најавува завршницата на августовската културна програма, која од 25 до 29 август ќе донесе значајни културни манифестации, меѓународни гости, традиционални содржини и голем музички настан. Од 25 до 27 август, на Градскиот плоштад ќе се одржи XXI Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, една од најпрепознатливите културни манифестации во градот, која повеќе од две децении ја негува традицијата и гради ...
Една од најактуелните македонски кантавторки и уметници, Дина Јашари, на 20 август ќе одржи концерт во Битола, на платото пред Офицерскиот дом, во рамки на програмата на БитФест 2026. Турнејата започна на 2 јули во Скопје, со настапот на Дина Јашари како предгрупа на Duran Duran во арената „Борис Трајковски“, а продолжи со концертите во Кочани, Виница, Кичево и Струга . Настапот во Битола доаѓа по период на значајни концертни настапи и ...
Антологиската едиција „Бајки од Македонија“ продолжува да создава нови креативни форми за бајките од македонското народното творештво. Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е достапна во нова посебна илустрирана сликовница. Сликовницата е во издание на „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Здружението за поддршка на креативноста „Иво ...
Полскиот квартет „Глам“ и американскиот пијанист Стен Брекенриџ вечерва (19 август) од 21 часот ќе одржат одржат во црквата Св. Софија во Охрид, во рамките на програмата на фестивалот Охридско лето. Квартетот „Глам“ го сочинуваат полските инструменталистки Барбара Шелчаејевич која свири прва виолина, Доминика Пјечовјак-Должинска, втора виолина, Каролина Вашчинска-Лукановска на виола и Агњешка Ковалчук на виолончело. Музичарките настапуваат ...
Самостојната изложба „Чудни гости“ на фотографката, режисерка и истражувачка Тијана Митевска ќе биде отворена денеска (19 август), во 20 часот, во Мобилната/Монтажната галерија во Паркот на Франкофонијата во Скопје. Изложбата е посветена на старите зимски маскирани обреди во Македонија и во Европа. Преку фотографиите, Митевска ги истражува традициите во кои луѓето, облечени во партали и со маски од слама или животински черепи, носат ѕвона и ...
Жири-комисијата за доделување на наградата, во состав: проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска (претседател), д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева-Златева (членови), пред да пристапи кон донесување на завршната одлука за наградата „Антево перо“, што подразбира печатење на наградената стихозбирка во специјалната едиција на наградени автори, уште еднаш го изразува своето задоволство од рекордниот одзив и учеството на 115 автори. И оваа година ...
Денеска , 19 август во Охрид, во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ како придружен настан во рамките на официјалната посета на заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка на Република Македонија ќе се одржи семинар и промоција на туристичките потенцијали на двете земји. Претставници на ресорните министерства од Чешка и Македонија како и тур оператори и хотелиери ќе ги престават ...
Среда 19 август 20.00 часот Изложба на Слободан Живковски во Галерија МКЦ Слободан Живковски ероден во 1949 во Скопје, Македонија. Дипломира на Архитектонски Факултет во Скопје, специјализира индустриски дизајн 1982 година во ENSAD –Париз. Живее и работи во Скопје. Активно работи архитектура и има реализирано 3 значајни објекти во центарот на градот, како и многубројни реализации на останати архитектонски објекти и ентериери. Активно се бави ...
На 22 август во „Јавна соба“ во Скопје (Public Room), Jazz Extravaganza ќе понуди концерт во кој импровизацијата, интеракцијата и моментот ќе имаат еднакво значење со однапред поставените музички форми Пишува: Ана Василевска По речиси 25 години заеднички музички патишта, бројни состави, проекти, концерти и патувања, Џијан Емин, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Александар Петров повторно се обединуваат во Jazz Extravaganza – авторски проект ...
Младите генерации сè почесто го менуваат односот кон алкохолот, а трендот на намалена потрошувачка, кој веќе подолго време се забележува во светот, може да се препознае и во податоците за Македонија. Иако во земјава нема детално истражување кое ја анализира консумацијата на алкохол конкретно кај Генерацијата Зет, статистичките показатели покажуваат дека македонските домаќинства денес купуваат и консумираат значително помалку алкохол отколку ...
Македонскиот филм „17“ на режисерката Косара Митиќ ја имаше регионалната премиера на Сараевскиот филмски фестивал, каде што публиката ја награди екипата со силен аплауз и стоечки овации. Но зад фестивалскиот успех стои многу потешка приказна – за осаменоста на младите, траумата, сексуалното насилство и молкот на возрасните во моменти кога тинејџерите најмногу имаат потреба некој да ги забележи. Филмот е дебитантско долгометражно остварување ...
Албанската писателка Леа Ипи која живее и работи во Лондон, Велика Британија на 24 август (недела) во 19 часот во „Лабораториум“ ќе биде гостинка во Скопје како најава за годинашното издание на „Букстар“, Фестивал на европската литература во организација на издавачката куќа „Антолог“ кој годинава ќе се одржи од 28 до 30 септември. Разговорот со Ипи ќе го води професорката и писателка Калина Малеска која на македонски јазик го преведе романот ...
По долга и тешка борба со редок вид на канцер, на 77 години почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан. Таа беше позната по својот остар, провокативен и често контроверзен стил. Со години, во своите текстови и јавни настапи, таа без срам коментираше за политиката, општеството, медиумите, бракот, семејството и положбата на жените, поради што редовно предизвикуваше силни реакции од јавноста. Таа е авторка на голем број романи и ...
На 24 август во Лабораториум од 13 часот ќе се одржи дебата „Културната инфраструктура пред Европската престолнина на културата 2028“ во организација на фестивалот Македокс. На дискусијата ќе се зборува за сериозниот недостиг на активни киносали и простори во кои филмот континуирано се прикажува и живее како културно искуство. „Иако градот има активни фестивали, филмски автори и заинтересирана публика, можностите за редовно гледање квалитетна ...
Мадона е предводничка според бројот на номинации за видео музичките награди на Ем-Ти-Ви (ВМА), со вкупно 11 номинации. Меѓу нив се оние за видео, изведувач и песна на годината, како и за најдобра соработка, танц, режија, сценографија, кинематографија, монтажа, кореографија и визуелни ефекти. Зад неа е Тејлор Свифт со девет номинации, додека Аријана Гранде и Сабрина Карпентер имаат по седум. Бруно Марс, „Пинк Пантерес“ и Зара Ларсон се ...
На сцената во Долни Сарај, завчеравечер, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која допре до публиката. – Голема е честа за целиот оркестар да се биде овде. Сакав да го донесам на „Охридско лето“ и ...