Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Српскиот креатор на содржини Душан Барна, попознат на социјалните мрежи како „gosn.barna“, крена огромна прашина и предизвика лавина од реакции со видео што го сподели на Инстаграм. Тој ги споредил цените на базенот „Ада Циганлија“ во Белград со понудата во познатите летни одморалишта на јадранскиот брег и дошол до заклучок дека главниот град на Србија станал поскап од елитните јадрански острови. Барна тврди дека цените на угостителските ...
Земја во фокус на 17-тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е Шпанија, а програмата со современи шпански документарни филмови беше отворена на 21 август во Куршумли ан со проекција на филмовите „Роење птици“ на Ксавиер Марадес и „Амилкар“ на Мигел Еек. Изолиран за време на карантините поради ковид-19, во филмот „Роење птици“ Ксавиер ги снима хипнотизирачките летови на сколовранците над својот роден град во ...
Београдско драмски позориште (БДП) на 25 октомври (недела) ќе гостува во Драмски театар Скопје со претставата „Црно злато“ на еден од најзначајните македонски драмски автори Дејан Дуковски, а во режија на Хрватот Оливер Фрљиќ. Дуковски е автор на култните претстави „Балканот не е мртов“, „Буре барут“ и „Маме му ебам кој прв почна“. Во „Црно злато“ во центарот е едно семејство заглавено меѓу старите правила и новите идентитети, каде враќањето ...
Скопје џез фестивал ја објави програмата за своето 45. издание: единаесет проекти од современиот европски, американски и африкански џез, со силно присуство на импровизираната и електронската музика. Во изборот нема големо име ангажирано само за да го прошири кругот на публика. Наместо фестивалски плакат составен според препознатливоста на изведувачите, понудена е програма со јасна естетска линија. Таа се протега од норвешката сцена околу ...
„Имерзивна трансформација на глаголицата“ е насловот на изложбата од дизајнерот и уметник Лазе Трипков што од синоќа е поставена во Музејот на современата уметност во Скопје. Глаголицата се трансформира низ слика, простор, светлина, движење и звук, создавајќи современо имерзивно искуство. Кураторка на изложбата е Ленка Сикорова од Чешка, а ко-куратор Владимир Јанчевски од МСУ. Проектот, започнат во 2020 година, се навраќа на глаголицата како ...
Монодрамата „Прво лице еднина“ на Кумановскио театар вчера имаше изведба на Меѓународниот фестивал на монодрама „Dulsinea“ во Улцињ, Црна Гора. Синоќешната изведба беше под отворено небо, со публиката која беше сместена на скалилата на плоштадот Сервантес кај Палата Венеција. ГАЛЕРИЈА ОД ИЗВЕДБАТА ВО УЛЦИЊ Владанка Крстевски играше на третиот фестивалски ден на првото фестивалско издание кое трае пет ден. Останатите учесници на програмата се ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 344, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (22-23.8.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со Елена Чемерска, авторка на документарниот филм „Руини“, чија македонска премиера ќе се случи на „МакеДокс“: Мотивот дојде од исклучително длабоко место – разговор со Билјана Туторов, која заедно со Петар Гломазиќ е авторка на ...
-Господски и боемски со душа, со срце и со многу љубов создаде вечер за паметење . -Под ѕвезденото небо на античка Хераклеа, синоќа се собра повеќе од 3.000 публика, која пристигна не само од Битола туку и околните места. -Хераклеа беше исполнета со љубители на музиката на Владо Георгиев, кои дојдоа да уживаат во неговите безвременски хитови и препознатливиот боемски сензибилитет.Во магичната летна ноќ, античкиот локалитет се претвори во ...
Еден од највпечатливите македонски пијанисти од новата генерација, Арда Мустафаоглу, на 22 август ќе настапи во Битола, во UTOPIA, во рамки на специјалната концертна вечер „88 KEYS – UTOPIA AFTER DARK“. Негов гостин на сцената ќе биде младиот македонски виолинист Јаков Ангелов, кој својата музичка кариера ја гради во Германија. 88 клавиши и една виолина ќе бидат доволни за една од оние августовски вечери во Битола во кои класичната музика ќе ...
Под покровителство на Советот за регионална соработка (РСС), наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар студентски филм уште еднаш го истакна младиот филмски талент од Југоисточна Европа. Наградата и беше доделена на Réka Pinczés за филмот Unwellness, на свеченото доделување на наградите на затворањето на 32-иот Сараевски филмски фестивал (SFF). За новите филмски автори од регионот, ова претставува значајна можност да стекнат пошироко ...
Македонскиот писател, драмски уметник и универзитетски професор Сашо Димоски е претседател на жирито на 12-от Меѓународен театарски фестивал во Коломбо, Шри Ланка. Со што Димоски го продолжува својот пробив во Азија, по поставување на „Приказната на Електра“ во Јужна Кореја и Казахстан. Фестивалот е водечката платформа во Шри Ланка за глобален физички театар, мултикултурна размена и најсовремени монодрами. Организиран од Interact Art Theatre ...
Меѓународната уметничка колонија „Арт Поинт – Гумно“ денеска во селото Слоештица организира Отворено студио во чии рамки ќе биде поставена изложбата на селектирани фотографии од селата во горно-демирхисарскиот регион, што ги направија претставници на реномираната Либеречка школа за фотографија од Чешка. Посетителите воедно ќе имаат ексклузивна можност да го погледнат и документарниот филм „Крајолици на човештината“, во режија на Јана ...
Со настап на Иван Христов на кавал и Петар Чухов на гитара синоќа беше отворено 38. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“. На отворањето беше претставен поетски портрет на македонскиот поет Јовица Ивановски по што следеше интернационалното поетско читање „Имаго“ на кое настапија поети од Ирска, Хрватска, Бугарија, Романија, Црна Гора и Србија. За крај на фестивалската вечер беше отворена изложбата „Флора“ на академската сликарка ...
„Црнила“ на Дејан Пројковски и современата судбина на македонскиот драмски канон Пишува: Звонко Димоски Кога театарот посегнува по темелите на националната драматургија, по текстовите што одамна престанале да бидат само литература и станале дел од колективната меморија, тој неизбежно стапнува на минско поле. Поставувањето на капиталните дела од македонската драмска литература, особено на драмите на Коле Чашуле, претставува еден од ...
Вториот долгометражен филм на режисерката Дина Дума, „Скејтбордингот не е за девојчиња“, ја имаше својата европска премиера во официјалната натпреварувачка програма на Сараевскиот филмски фестивал и е во конкуренција за престижната награда „Срцето на Сараево“ за најдобар игран филм, во конкуренција од вкупно девет остварувања. Како што стои во соопштението од продукцијата „Сестри и брат Митевски“, покрај долгометражниот филм на Дума, серијата ...
Првата вечер од манифестацијата“Широк Сокак во бело – Бела ноќ“ се одржа на платото пред Офицерскиот дом со специјално подготвена програма за најмладите, создавајќи незаборавни спомени во знак на белата ноќ. Првата вечербеше насловена “Детски хепенинг во бело“. Пред најмалдите и нивните родители настапија на загревањето настапи кловнот Заги, а водител на целата прогмата беше “Мими со Југото“.На сцената на платото кај Офицерски настапија: ...
Филмот „17“ на Косара Митиќ освои три, а „Скејтбордингот не е за девојчиња“ има една награда на 32. Сараевски филмски фестивал што заврши синоќа. Ова е голем успех за нашиот филм воопшто. Митиќ ја доби Специјалната награда за промоција на родовата рамноправност. Наградата е основана во партнерство со Mastercard и се доделува на дебитант чија работа се одликува со силен авторски глас и придонес кон родовата рамноправност во кинематографијата. ...
Најголемиот филмски фестивал во Црна Гора и еден од најзначајните во регионот на Југоисточна Европа ќе се одржи од 22 до 28 август во Херцег Нови. Годинашното мото на меѓународниот филмски фестивал во Херцег Нови е „Сите бои на филмот“ и во текот на седумте фестивалски денови публиката ја очекува богата филмска програма во која се вклучени најновите филмски остварувања од регионот, избор на најдобрите филмови од европската кинематографија, ...
Речиси секој што живеел или сè уште живее во зграда изградена во времето на Југославија ја препознава оваа глетка – долната половина од ѕидовите во ходниците обоена во зелена, сина или кафеава боја, а горниот дел бел. Но зошто ѕидовите се фарбале токму на овој начин? Главната причина била практичноста и заштедата. Маслената боја била поскапа од обичното варосување, па наместо целиот ѕид да се фарба, таа се нанесувала само на долниот дел кој ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 17-то издание беше отворен на 20 август во Куршумли ан со традиционалниот поздрав со кромид в рака од екипата кон публиката, која објектот Куршумли ан го исполни до последно место. Пред почетокот на филмската програма се обратија Сара Ферро и Дарко Набаков во име на целата екипа на „МакеДокс“. „Од 20 до 27 август повторно сме заедно под мотото „Само сонот е стварност“. Можеби ...
Во рамки на вториот ден од Карпошовото културно лето, во Кинотеката на Македонија беше отворена Меѓународната изложба „Ликовни визии на имагинацијата“, во организација на Детскиот ликовен центар. На изложбата, како што соопшти Општина Карпош, се претставени дела од десет домашни академски ликовни уметници, како и од двајца уметници гости од соседна Србија. Изложбата ќе биде поставена во Кинотеката на Македонија до крајот на Карпошовото ...
По 25 години од првата филмска премиера, магијата повторно се враќа на големото платно. Култниот филм „Хари Потер и Каменот на мудроста“ повторно ќе може да се погледне во кино, како дел од големата прослава на 25-годишнината од филмскиот почеток на една од најпознатите филмски франшизи во историјата. Публиката повторно ќе има можност да се врати во моментот кога започна приказната за Хари Потер, неговото пристигнување во Хогвортс и првите ...
Со концертите на „Flowers Symphony“ во Битола и Охрид, Оркестар DIVA – Битолски камерен оркестар ја заокружи својата летна концертна сезона, исполнета со повеќе музички проекти и настапи пред домашната публика. Годинашното издание на „Flowers Symphony“ се одржа на 17 август во Пациото на НУ Завод и музеј – Битола и на 18 август во Долни Сарај – Охрид, со иста концертна програма и повеќе од сто учесници на сцената. Под диригентската палка на ...
Градскиот мешан хор „Балтепе“ од Тетово ја освои главната награда (Гран при) на меѓународниот хорски фестивал „Свети Стефан“, кој се одржа од 15 до 19 август во црногорскиот град Будва. Хорот, со кој раководи истакнатата хорска диригентка Јасмина Ѓорѓеска-Каро, постои неполна година, а ова му е второ признание, по освоената прва награда на меѓународниот фестивал „Астибо“ во Штип годинава. Во Будва, во конкуренција со седум други хорови, ...
„Сонични структури“ e насловена самостојната изложба на Билјана Билбилоска, која ќе биде отворена вечер од 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Изложбата ќе претстави дела кои рефлектираат звук, а музиката не се појавува како илустрација, туку како структура, преведена во линии, текстури, боја, контрасти, ритам и движење. „Сонични структури“ e насловена самостојната изложба на Билјана Билбилоска, која ќе биде отворена вечер ...
Од малото охридско село Велестово до поетските мапи на Европа, „Поетска ноќ во Велестово“ речиси четири децении ја гради својата приказна како фестивал што не сака поезијата да ја затвори во салоните, туку да ја врати таму каде некогаш и започнала – меѓу луѓето, вели во интервју за МИА основачот на фестивалот, поетот, Славе Ѓорѓо Димоски, во пресрет на новото 38. издание на манифестацијата. Фестивалот денес е препознатливо место за средба на ...
Со 40 фестивалски денови, 48 настани и учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји, фестивалот „Охридско лето“ го заокружи 66 издание со богата музичка, театарска и балетска програма. Од управата на фестивалот оценуваат дека и годинава „Охридско лето“ го потврдило статусот на еден од најпрепознатливите македонски културни брендови, со значајно меѓународно присуство и публика од земјата и странство. Во рамки на фестивалската програма беа ...
Слаткаристика, „Суперхикс“, „2Бона“, „Фанк Шуи“ и Дина Јашари ќе настапат на 2 септември на платото пред “Т Арена“ во Скопје, во рамките на програмата „Најдоброто од Македонија“, по повод 35 години независност на Македонија, објави „Авалон“. „Една вечер, различни генерации и комбинација од најдоброто од македонската музика на едно место“, велат од продукцијата. Влезот за концертот е бесплатен. Одбележувањето на 35-годишнината од независноста ...
Краткометражниот игран филм ,,Кучињата немаат соништа” на младиот Ханис Багашов ја имаше светската премиера на 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, најважниот и најголем филмски фестивал во југоисточна Европа. Филмот ја следи приказната на тинејџерите Илире и Бесник од планинско село, на кои патријархалното наследство не им дозволува да бидат заедно. „Кучињата немаат соништа“ беше прикажан во програмата „Тин арена“, меѓу седум кратки ...
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани во Струга ги посети Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“, Националната установа Центар за култура „Браќа Миладиновци“, како и Спомен-домот на браќата Миладиновци. Како што соопштија вечерва од Министерството за култура, во разговорите со директорите на установите, министерот се запознал со нивните тековни активности, програмите и плановите, како и со состојбата и потребите за ...