Со голем успех и исклучителен интерес од публиката, на 5 јуни во HNK (Hrvatsko narodno kazalište) во Загреб се одржа премиерата на претставата „Идеален маж“ според драмата на Оскар Вајлд, во режија на Александар Поповски и со музика на Кирил Џајковски. Премиерата беше проследена со долги аплаузи и одлични реакции од публиката, која ја исполни големата сала на HNK до последно место. Претставата уште пред премиерата привлече огромно внимание и ...

Јубилејното петто издание на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ 5.0, ќе се одржи на 11, 12 и 13 јуни 2026 година во КСП Центар – Јадро и во Паркот на Франкофонија. Оваа година топлиот бран ни го носи МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ во летно издание, вели организаторот. Во текот на трите фестивалски дена посетителите ги очекуваат добро познати маалски програми и лица од претходните изданија, но и нови содржини што ќе го одбележат јубилејот: работилници, изложби, уметност во ...

Уште како студент учествував со „Балканот не е мртов“, љубовна приказна меѓу Турчин и Македонка, текст кој имаше многу напади од типот дека сум против македонската кауза. Но, се појавија неколкумина на фестивалот што застанаа зад претставата и текстот и јас ја добив наградата за најдобар текст. Фестивалот имаше голема улога во моето растење како автор – рече Дејан Дуковски, вчера на разговорот посветен во негова чест како автор во фокус на ...

По успешните фестивалски настани во Прилеп и Струмица, Виолин фест 2026 ќе биде заокружен со свечен концерт во Скопје на 12 јуни во Камерната сала на Македонска филхармонија во Скопје. На финалната фестивалска вечер ќе настапат 13 млади виолинисти од државата, како и гости од Србија, Косово и В. Британија, кои пред публиката ќе ги претстават своите музички достигнувања преку дела од познати композитори и богата концертна програма. Сите ...

Во историјата на Холивуд постојат многу трагични приказни, но малку од нив се толку необични, драматични и потресни како животот на актерката Сузан Кабот. Некогаш славена како една од најубавите на американскиот филм, жена која ги освојувала насловните страници и ги маѓепсувала филмските студија, на крајот од животот таа живеела изолирано, во страв и депресија, за да го дочека најстрашниот можен крај – да биде убиена од сопствениот син. ...

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години Драмски театар – Скопје, на 10 јуни 2026 година (среда), со почеток во 19 часот, во Драмскиот театар ќе биде одржана промоција на книгата „Да живее Долна Дупка“ на легендата на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски. Книгата е збирка на четири комедии: „Да живее Долна Дупка“, „Аферата ‘Рекет’“, „Аферата ‘Ладен шприцер’“ и „Птица со главата меѓу нозе“, кои Коле Ангеловски ...

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) оваа година го продолжува својот традиционален летен карван на книгата. Карванот на книгата на МАИ во 2026 година почнува од првата станица: Прилеп. Од 8 до 11 јуни 2026, од 10 до 21.00 часот, во галеријата на НУКЦ „Марко Цепенков“ шест издавачи членки на МАИ на прилепската читателска публика ќе ѝ ги понудат своите најнови и најпопуларни изданија по саемски цени. На карванот ќе бидат присутни: ...

Публиката уживаше во впечатливата и моќна танцова претстава на авторите и кореографи Игор Киров и Бојан Мицев, која преку современ сценски израз отвора универзални теми за љубовта, слободата, припадноста и предизвиците наметнати од општествените норми. Долгиот аплауз и емотивната реакција по завршувањето на претставата јасно покажаа дека „Ајде!“ е дело кое комуницира силно и непосредно со гледачите, без оглед на националните и културните ...

Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. За книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе зборуваат Ангелина Бановиќ-Марковска, Ненад Јолдески и Оливера Ќорвезироска. „Понекогаш се враќаат“ е шеста книга на Дурацовски – роман за една куќа и за ...

На осмиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 50 ракописи. Конкурсот беше отворен на 2 септември 2025 година и траеше заклучно со 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата ќе биде објавен на 2 септември 2026 година. Пристигнатите необјавени романи за возрасни, напишани на македонски ...

На 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја ...

Во просториите на Природно научниот музеј во Дојран на 13 јуни во 11 часот ќе биде отворена изложба на акварели насловена ВОДА, ПТИЦИ, КАМЕН од авторката Славица Талеска. Таа со триесетина слики во акварел ќе се претстави на поширокиот круг на љубителите на сликарската уметност. Називот на изложбата упатува на три мотиви кои се инспирација и обработка во акварелите на Талеска – водата како поврзаност со целиот свет, птиците како симбол на ...

Кон „Калигула“ по текст од Албер Ками, режија Ѓорги Ризески. Вториот фестивалски ден на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ заврши со претставата на Кумановскиот театар, кој по три години моќно се враќа на фестивалската сцена. Претставата „Калигула“ носи свеж и алтернативен пристап кон ликот на прочуениот римски император и неговото контроверзно владеење, поставувајќи го во современ сценски контекст како слободен човек и уметник кој твори во име на ...

Претставничка на Левица, Евгенија Станкоска учествуваше на собир на европските левичарски партии посветен на борбата против економската нееднаквост и моќта на крупниот капитал Членката на Централниот комитет на Левица, Евгенија Станкоска, учествувала на меѓународниот настан „Tax the Rich“, кој се одржал во Милано во организација на Европската лева алијанса. Од партијата информираат дека Станкоска била дел од дебатите посветени на растечката ...

Живот посветен на образованието, а душа вљубена во уметноста. Тоа е приказната на Снежана Илиева, чиј творечки пат и богат ликовен опус се заокружени во монографијата „Исповед за акварелот“, која ќе биде промовирана утре, 9 јуни, со почеток во 18:00 часот, во просториите на Порта Македонија. Монографијата претставува сведоштво за повеќе од три децении творење во една од најсуптилните сликарски техники – акварелот, како и одбележување на 25 ...

Купувањето стан за многумина изгледа како далечна цел, но сè поголем број финансиски и пазарни експерти укажуваат на една важна вистина а тоа е дека домот не е трошок, туку долгорочна инвестиција. Прашањето денес не е дали недвижноста е скапа, туку колку ќе чини ако со купувањето се доцни пет или десет години. Според аналитичарите на пазарот на недвижности, најголемата грешка што ја прават луѓето е што цената ја гледаат само низ призмата на ...

Во Македонскиот културен центар во Тирана вчера беше отворена значајна изложба со која се одбележаа 30 години од постоењето на Ликовната колонија Кавадарци. На изложбата се претставени дела од 30 ликовни уметници, создадени за време на нивниот престој на колонијата, а авторите доаѓаат од повеќе земји – Северна Македонија, Албанија, Косово, Бугарија, Србија, Грција, Англија и Турција . Куратор на изложбата и организатор на уметничката ...

Бесплатна проекција на филмот „Плати и жени“ на Атанас Георгиев ќе се одржи вечерва во 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. Проекцијата е во рамките на програмата „Македонски филм. На големо платно“. Филмот ја раскажува приказната за Марко и Атанас, не кои им е потребен европски пасош и подготвени се да направат речиси сè за да дојдат до него – вклучително и да „купат“ сопруга. Со 7.000 евра тие тргнуваат во потрага по жената од своите ...

Ансамблот за народни песни и ора „Орце Николов“ денеска ќе ја реализира првата дигитална изложба на фотографии под наслов „Во ритамот на народот“ во комплексот Македонско село. Изложбата ќе биде проследена со кратки видеа кои ја доловуваат богатата традиција и културното наследство на народот. Посетителите ќе имаат можност, покрај дигиталната презентација, да уживаат и во живи изведби. Членовите од првиот ансамбл на „Орце Николов“ ќе приредат ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од државно-црковната делегација, во своето обраќање истакна дека делото на светите браќа Кирил и Методиј претставува траен духовен и цивилизациски темел на словенската писменост, култура и идентитет. „Нашата земја е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото“, порача Љутков, нагласувајќи дека македонското духовно и културно наследство продолжува да живее преку ...

Охрид, 8. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот детски хор „Бамбино“ вечерва ќе го одржи првиот солистички концерт. Конципиран е како музичко патување со песни од пет континенти, а децата ќе пеат на осум различни јазици. – Ова е круна на нашиот целогодишен вложен труд и работа и сакаме тоа да го презентираме пред вас. Ви ветуваме вистинско прекрасно доживување и уживање во прекрасните звуци и ритми на различни култури низ светот, под ...

На 10 јуни (среда), со почеток во 19.00 часот, во Центарот за култура – Дебар ќе се одржи мултимедијалниот концерт „Неми слики – жива музика“ единствен музички проект посветен на уметноста на немиот филм. Пред публиката ќе настапи Пламенка Трајковска – гудачки квартет, кој во живо ќе изведува музика синхронизирана со проекција на избрани неми филмови. Концертот претставува ретка можност публиката да го доживее спојот на филмската и музичката ...

На Меѓународниот поетски фестивал Брегот на поетите во Даниловград (Црна Гора), македонскиот поет Христо Петрески ја освои највисоката и единствената награда Александар Секулиќ. Во образложението на Стручната жири-комисија составена од универзитетски професори, критичари и писатели се вели дека Петрески се наградува за креативниот и творечки лирски опус со осведочени уметнички вредности. Христо Петрески настапи и на Тркалезната маса на тема ...

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе одбележи 165 години од излегувањето на „Зборникот на браќата Миладиновци“, со свечен настан што ќе се одржи во Спомен-собата „Т’га за југ“. Како што е наведено во соопштението на библиотеката, одбележувањето е посветено на значењето на делото на Димитар и Константин Миладинов за македонскиот јазик, книжевност и културен идентитет. Настанот ќе го отвори директорката на ЈУ Градска ...

Триото „Интерарт“ од Битола составено од флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски, како и пијанистката Татјана Божиновска, ќе одржи концерт во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб на 10 јуни 2026 година. Пред хрватската публика уметниците ќе изведат разновидна програма со дела од L. Hugues, G. Shocker, A. Rubtsov, J. M. Damase, како и од македонскиот композитор Марко Виденовиќ. Концертот претставува ...

Со завршната церемонија одржана на плоштадот „Скендербег“, денес заврши првото издание на Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, настан што четири дена по ред го претвори Скопје во центар на книгата, културата и албанскиот јазик. Саемот обедини десетици издавачки куќи, автори, истражувачи и љубители на книгата од Северна Македонија, Косово и Албанија, носејќи илјадници наслови, книжевни промоции, дискусии и културни содржини кои го ...

НУ Народен Театар Битола учествуваше на официјалната прес-конференција во рамките на Меѓународниот фестивал Бабел Фаст во Трговиште, Романија. На прес-конференцијата, покрај директорот на НУ Народен Театар Битола, Васко Мавровски, присуствуваа и директорот на Театарот „Тони Буландра“ од Трговиште и директор на Бабел Фаст фестивалот Мек Ранин, како и уметничкиот директор на фестивалот Бабел Фаст, Ливиу Келоју. Во своето обраќање, директорот на ...

„ЗВУКОТ НА КОРЕНИТЕ“ е насловот на најновиот музички албум од композиторот и инструменталист, маестро Гоце Џуклески. Корените зборуваат најгласно, а најчесто се слушаат токму преку музиката и преку традицијата, вели Џуклески. Овој музички албум е 26. по ред, а тоа значи дека, како што е познато, обемно и разновидно е целокупното дело на Џуклески. Имено, со години и со децении тој успешно и професионално се вложува во македонската музичка ...

Отворањето на македонската филмска панорама започна со проекцијата на филмот „Медена земја“, пред полната кино-сала, на која присуствуваа дипломатки претставници од повеќе амбасади во Кина, дел од малата македонска „дијаспора“ во Пекинг, (како и од соседскиот регион, т.н. Западен Балкан), но и домашна публика од пекиншката културна и интелектуална сцена. Вистинскиот потег на организаторот на манифестацијата, амбaсадата на Македонија во Кина и ...

Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински" го одбележува 60 јубилеј. Во пресрет на фестивалот ТВ 24 разговара со актерот Марко Трајковиќ од Кумановскиот театар „Трајко Прокопиев". Во интервјуто се зборува за неговите први фестивалски настапи, за магијата на играњето пред различна публика, за промените низ кои минува современиот театар и за предизвиците со кои се соочуваат актерите денес... Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински" го ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39