Големото финале, закажано за 17 ноември 2026 година во Скопје, е распродадено, но за сите што не успеаја да обезбедат билети следува реприза на 23 декември 2026 година во „Рагуза парк“. Картите се достапни преку Купи карти.мк. И тој ден не се оди во теретана! Купете си билети навреме, бидејќи со добра доза хумор и смеа ќе ги развиете стомачните мускули на најзабавниот можен начин. Реклама Боби Додевски е македонски стендап-комичар од ...

Низ необични случувања, научни претпоставки, митовите за дрвните астронаути и религиозни симболи, романот вешто и низ моќни драматични пресврти го води читателот кон прашања што го интригираат човештвото со милениуми: Кои сме? Од каде доаѓаме? Дали сме сами во бескрајниот Космос? Колкава е веројатноста да не сме сами? И дали науката и духовноста, како две страни на една иста реалност, со здружени сили можат да нè доведат до некоја заедничка ...

На последниот работен ден на Асемблејата, на 31 октомври (сабота), во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се одржа панелот „Зошто да се објавуваат драми?“, модериран од Бисера Бендевска. Во дискусијата учествуваа Доминик Долмие од издавачката куќа „Само за миг“ („L’Espace d’un instant“) – Париз, Бранка Бугариска од „Арс Ламина“ – Скопје и Несторас Пулакос од „Вакхикон“ – Атина. Драмата живее и како книжевен текст и како сценска ...

Игор Поп Трајков претставува изложба на дигитални слики насловена „Епиграми и епитафи“, во која ги спојува литературата, историјата, филозофијата и визуелната уметност. Делата се инспирирани од антички натписи, историски епитафи и книжевни епиграми. Изложбата ја преиспитува трајната моќ на зборовите и сликите, а низ неа Поп Трајков ги претвора концизните пишани искази во визуелни композиции што отвораат прашања за начинот на кој живееме, се ...

Една од најпознатите македонски евергрин-песни, „Чија си“ на Славе Димитров, има интересна приказна за својот настанок. Мелодијата била создадена во Битола во 1969 година, но речиси две години останала без текст и наслов. Денес, токму нејзиното име е наслов на новата авторизирана биографија за композиторот, пејачот и музичкиот продуцент, напишана од Максим Ристески. Димитров ја компонирал музиката во родната Битола, а потоа ја оставил ...

А1 Македонија со гордост го најавува партнерството со 26. издание на Скопје филм фестивал, кое од 4 до 9 ноември ќе донесе филмски откритија, авторски средби и заеднички доживувања пред големото платно. Како генерален партнер, А1 го поддржува новото поглавје на фестивалот, со уверување дека силните партнерства создаваат нови можности за културата, за творците и за публиката. Свеченото отворање ќе биде во знакот на „ИДИОТ(И)“, во режија на ...

Филмот „Мојот син“ на авторот Маријан Стевановски од Куманово ја освои наградата Гран при (Grand Prix) на Интернационалниот фестивал „Камера 300“ во Битола, како и плакетата „Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот. Во конкуренција од 92 филма, остварувањето беше прогласено за најдобро на фестивалот, чие доделување на наградите се одржа на 30 октомври во Домот на културата во Битола. Авторот ги потпишува текстот, сценариото, режијата и ...

Легендарниот шкотски актер е познат по многу филмови, вклучувајќи ги „Лов на црвениот октомври“ „Карпата“, „Индијана Џонс и последната крстоносна војна“, „Недопирливите“, „Името на розата“ и многу други. Шон беше првата ѕвезда што ја играше улогата на агентот 007 на големото платно и се појави во седум хит филмови во оваа позната франшиза. Добитник е на голем број филмски награди, меѓу кои и Оскар за најдобра споредна машка улога во ...

Скопје Филм Фестивал денеска (5 ноември) нуди програма со култниот филм на режисерот Душан Макавеев, средба со двајцата истакнати полски филмски автори и премиера на македонскиот кандидат за наградата „Оскар“ – филмот „17“ во режија на Косара Митиќ. Филмскиот ден започнува во 13 часот во киното „Фросина“ во МКЦ, со проекцијата на „Љубовен случај или трагедијата на поштенската чиновничка“ на Макавеев, во рамките на програмата „А1 Кинотека“. ...

Започнувајќи од 2023 година Филозофското друштво на Македонија ја доделува наградата „Константин Философ“ за животно дело. Оваа година Конкурсот за наградата беше распишан на 26 март, а пријавувањето траеше до 1 октомври 2026 година. Комисијата за доделување на наградата, во состав: проф. д-р во пензија Иван Џепароски, дописен член на МАНУ (претседател), проф. д-р Слаѓана Ристиќ Горгиев и проф. д-р Трајче Стојанов (членови), едногласно одлучи ...

Да ги земеме, на пример, последните 100.000 години. Неандерталците, кои често карикатурално се прикажуваат со испакнати коски кај веѓите, живееле низ Европа и западна Азија. Таинствените, високи денисовци (древни роднини на современиот човек и неандерталците) ловеле и собирале храна во Азија. Нискиот хомо флоресиенсис, сличен на хобит, живеел на еден индонезиски остров. Последните претставници на хомо еректус штотуку исчезнале од Јава. Нашиот ...

Скопје Филм Фестивал 2026 носи богат и возбудлив филмски викенд. Во сабота, гледачите може да очекуваат филмска агенда фокусирана врз прашањата за слободата на поединецот, медиумските манипулации и комплексите на современото семејство, надополнета со селекција од најдобрите европски краткометражни филмови. Програмата започнува во 13:00 часот со специјална проекција на 5 „EFA Shorts” краткометражни филмови. Во 17:00 часот во Кино „Фросина” ќе ...

Скулптурата е сместена на самиот влез во чаршијата, во непосредна близина на препознатливиот дрвен мост на реката Драгор, познат меѓу битолчани како Мостот на вљубените. Проектот во чест на пејачот, текстописец и композитор се реализира со поддршка и документација од општината, а самата изработка на споменикот е донација од Стопанска банка АД Битола. Со спомен-обележјето Битола и Македонија ѝ се оддолжуваат на својата исклучително популарна ...

„ “ Флејтистката Фјола Рамадани (Скопје-2003 г.) дипломирала на Универзитетот за музика и уметност во Анкара во класата на професорите Х. Х. Тургај и О. Учар. Се усовршувала на магистерски курсеви во Париз и Истанбул. Освоила бројни награди на меѓународни натпревари, вклучувајќи го првото место на Меѓународниот натпревар по камерна музика КМК во Кавадарци, второто место на Меѓународниот натпревар „АрсКосова“ во Приштина, третото место на ...

Финалната вечер понуди 18 композиции, од кои шест беа избрани на првата фестивалска вечер, додека останатите 12 беа нови музички премиери. Во продолжението на натпреварувачката програма настапија „Арте-Факт“, Тамара Грујеска, Елена Наумова, Теа Златева, Анастасија Спасевска и Драгана Јовановска, кои со своите композиции повторно застанаа пред публиката. Посебна димензија на втората вечер ѝ даде присуството на афирмирани македонски музичари, ...

Синоќа, во Сули-ан, беше прогласен добитникот на XX Награда ДЕНЕС 2026 – најстарата и една од најзначајните независни награди во земјава за млади визуелни уметници до 35 години. Наградата, која вклучува двомесечен престој во Residency Unlimited во Њујорк во 2027 година, му беше доделена на Јован Јосифовски за неговата досегашна уметничка практика и нејзиниот актуелен развој. Жирито оцени дека делото „Оддел за управување со бесот“, претставено ...

Претходните истражувања покажаа дека за мажите со зголемена простата или други проблеми со мокрењето можеби е подобро да седат. Во споредба со стоењето, седењето би можело да помогне во опуштањето на мускулите на карличното дно и поцелосното празнење на мочниот меур, вели Саенс алерт. Реклама Но некои истражувања укажуваат на спротивното. Кај мажите на возраст до 50 години, мокрењето во седечка положба може да биде поврзано со поголема ...

Осудесет итригодишниот филмаџија претрпел „површни повреди“ во инцидентот во саботата, прима медицинска помош и се подготвува да ја напушти болницата, изјави портпаролката. Веб-таблоидот TMZ прв ја објави несреќата, повикувајќи се на полициски извори. Според TMZ, Ман, кој е искусен рекреативен стрелец, случајно се застрелал во ногата додека се обидувал да го стави пиштолот во футролата. Реклама Ман е познат по режирањето сурови криминални ...

Вечерва, од 19:00 до 03:00 часот, во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Бела ноќ“, која ќе понуди културни и уметнички содржини на повеќе локации низ градот. Плоштадите, мостовите, галериите, музеите и Старата скопска чаршија ќе бидат дел од програмата наменета за посетители од сите генерации. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ги повика граѓаните да бидат дел од манифестацијата и заеднички да ја почувствуваат креативната ...

„Минотаур“ на рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, канскиот лауреат на Гран при и француски кандидат за Оскар, на 5 ноември го отвора 67. издание на Филмски фестивал во Солун, еден од најголемите во Југоисточна Европа со селекција од вкупно 258 филмови во бројни програми. Фестивалот се затвора на 15 ноември, со венецискиот победник „Непозната жена“ на данската авторка на Мај ел-Туки, а во Солун ќе дојде и главната актерката Матилде ...

Хуан Аткинс, еден од пионерите на детроитското техно, кој изврши големо влијание врз денс музиката пошироко, почина на 64-годишна возраст. Неговата агенција „Гринсмит артистс“ објави дека Аткинс бил пронајден во бессознание во хотелска соба во Мексико Сити пред да настапи таму и дека бил прогласен за мртов откако бил однесен во болница. Аткинс создаде блескава, механистичка форма на електронска музика, прво како дел од дуото „Сајботрон“, а ...

Ретроспективна изложба на македонското куклено наследство „Тивки актери, гласни приказни“ ќе се отвори на 5 ноември во 19 часот во Музејот на Македонија. Авторка на изложбата е Љубица Велкова, кураторка е Јасминка Намичева, а продукцијата е на Театарот „Сенки и облаци“. Од Музејот велат дека станува збор за ретко ретроспективно патување низ децениите на македонското кукларство. „Од историските почетоци во 1946 со визијата на Светлана ...

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во чест на легендарниот музичар Славе Димитров на 28 ноември од 20 часот во Филхармонијата. Концертот е насловен „Од Евридика до Чија си“, а ќе се одржи по повод 80. роденден на Димитров. Ќе диригира Џијан Емин. На концертот ќе настапат Калиопи, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Игор Џамбазов, Сашо Гигов-Гиш, Олгица Христовска, Елена Ристеска, Никола Перевски-Пере од групата „Нокаут“ и Миа Перевска, ...

Во надворешниот појас преовладуваат електрони што добиваат енергија под влијание на Сонцето, додека голем дел од протоните во внатрешниот појас потекнуваат од честички што настануваат кога космичките зраци ќе удрат во Земјината атмосфера. Повеќе од една деценија се сметаше дека внатрешниот појас претставува непробојна пречка за исклучително брзите и опасни електрони, познати како „електрони убијци“, и не им дозволува да се приближат премногу ...

Земјата и денес, од геолошка гледна точка, се наоѓа во ледена доба, но во нејзината потопла, меѓуледена фаза, која почнала пред околу 11.700 години. Во текот на геолошката историја ваквите потопли периоди се менувале со студени фази, кога огромни ледници се ширеле низ големи делови од Северна Америка, Европа и Азија. Научниците ја истражувале Лаврентиската ледена плоча, најголемата ледена маса во Северна Америка за време на плеистоценот. Пред ...

На денешен ден, пред точно деветнаесет години, Македонија и целиот Балкан ја разбраа најтажната вест: во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, го загуби животот нашата музичка икона — Тодор Проески – Тоше. Имаше само 26 години. И оваа година, споменот не бледнее. Тоше го покажа својот талент уште како момче на фестивалот „Златно славејче“ во 1992 година. Неговата професионална кариера почнува со победата на „Мелфест“ во Прилеп во ...

Истражување објавено во списанието „Храна и функција“ покажало дека 60 грама кикиритки дневно може да имаат поволен ефект врз здравјето на мозокот кај повозрасни луѓе. Во студијата учествувале 31 здрав испитаник на возраст од 60 до 75 години. Во текот на 16 недели, учесниците секојдневно јаделе по 60 грама кикиритки, а во контролната фаза целосно ги избегнувале. Резултатите покажале околу четири проценти поголем вкупен проток на крв во ...

Моќната изведба на Шекспировото дело, во режија и адаптација на Џон Блондел, беше дел од јубилејното 10-то издание на престижниот меѓународен театарски фестивал „Direction East“. Дека уметноста не познава граници и јазични бариери доказ беше реакцијата на полската публика, која по завршувањето на претставата го награди македонскиот ансамбл со долготрајни и стоечки овации. Од Народниот театар Битола потенцираат дека секое вакво меѓународно ...

Подводната пештера „Врело“ на Матка официјално е најдлабоката пештера во светот истражена од човек, откако полскиот нуркач Бартиломеј Питала, заедно со македонскиот, полскиот и италијанскиот тим на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, го собори светскиот рекорд спуштајќи се на неверојатни 338 метри длабочина. Со оваа историска експедиција беа поставени неколку светски рекорди одеднаш: за најдлабока истражена пештера, најдлабоко пештерско нуркање, ...

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам беа отворени во Белград на почетокот на октомври, претставувајќи дела на македонски уметници пред српската публика. Во Македонскиот културно-информативен центар во Белград беше отворена изложбата „Саботна ноќна треска“, на која со свои дела се претставуваат уметниците Игор Сековски, Марија Ветероска и Иван Блажев. Изложбата ја отворија директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров, и ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
74%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
62%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
85%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
67%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
59%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42