Скопје Филм Фестивал денеска (5 ноември) нуди програма со култниот филм на режисерот Душан Макавеев, средба со двајцата истакнати полски филмски автори и премиера на македонскиот кандидат за наградата „Оскар“ – филмот „17“ во режија на Косара Митиќ. Филмскиот ден започнува во 13 часот во киното „Фросина“ во МКЦ, со проекцијата на „Љубовен случај или трагедијата на поштенската чиновничка“ на Макавеев, во рамките на програмата „А1 Кинотека“. ...

Во рамките на програмата на 26. Скопје Филм Фестивал, на 5 ноември во Македонскиот народен театар (МНТ), скопската публика ќе има можност премиерно да го погледне остварувањето „17“, официјалниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ во категоријата за Најдобар меѓународен игран филм. Ова остварување го означува долгометражното играно деби на режисерката Косара Митиќ, која со својот прв филм донесува свеж, автентичен и храбар авторски ...

„Скопје филм фестивал“ на денешниот репертоар нуди богатата фестивалска програма, носејќи со себе силна авторска кинематографија, мастерклас предавања и долгоочекувана премиера, се наведува во денешното соопштение од организацијата. – Програмата започнува во 13 часот во Кино „Фросина“ во рамките на сегментот „А1 Кинотека“, со проекцијата на култниот регионaлен класик „Љубовен случај или трагедијата на поштенската чиновничка“ на легендарниот ...