Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Македонските читатели речиси непосредно по првичната објава добиваат можност на свој јазик да го читаат книжевниот хит на Дизграм, автор чии текстови одамна не живеат само на страниците, туку и во секојдневните пораки, препораки, подароци и објави на социјалните мрежи. „Овој пат се бирам себеси” не е книга што се чита само еднаш. Таа е книга што се подвлекува, се подарува, се фотографира, се испраќа во порака и се чува за оние денови кога на ...
Во чест на значајниот јубилеј – 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност – Скопје, во рамките на концертната серија „ФМУ – 60 години“, ќе се одржи свечен концерт на студентите на Факултетот за музичка уметност. Овој значаен културен настан се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и под покровителство на Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова, потврдувајќи ја ...
После блескавите настапи на Junior Eurovision и San Remo Junior, и многуте освоени фестивали и престижни награди Тамара Грујеска започнува ново музичко поглавје со моќната балада „Срце знае сè“. Песната е создадена за Тамара од двајца докажани музички имиња, пејачката Андријана Јаневска која е автор на песната во делот на музиката и аранжманот и еден од најплодните македонски текстописци Огнен Неделковски кој се потруди да создаде емотивен и ...
Со овации, трчање во три круга околу бината и силен емотивен прием од белградската публика, македонската кантавторка Дина Јашари го одбележа настапот на платото пред Музејот на Југославија во Белград, како дел од 9. издание на манифестацијата „Лето у музеју“ по повод Денот на младоста. Настапот се одржа точно една година по објавувањето на нејзиниот деби албум „Растенија без корен“, а Дина симболично го одбележа моментот со трчање три круга ...
По одржаната премиера во Скопје, перформативниот радио есеј „ Железничарот на крајот на светот“ утре вечер ќе биде изведен во музејот „ Никола Тесла“ во Загреб. Се работи за авторски концепт на Филип Јовановски од АКТО-ФРУ, реализиран во соработка со Продукцијата „ Едноставно речено“ од Белград. Хрватската премиера на перформансот ќе се одржи во склоп на изведбената изложба на Институтот за останки од иднината, по повод 25 години постоење на ...
Од архитектонски елемент до инженерска инфраструктура во станови, куќи и урбани објекти На прв поглед, чешмата е наједноставниот елемент во домот. Мал метален или хромиран предмет кој го отвора и затвора протокот на вода. Но зад оваа навидум банална точка на секојдневието стои еден од најкомплексните и најпрецизно планирани системи во современото градежништво. Чешмите, особено оние во станови и куќи не се самостојни уреди, туку крајна точка ...
Во рамките на своето јубилејно 25. издание, музичкиот фестивал ОФФест ја збогатува својата програма со уште еден исклучителен и моќен африкански состав. На 3 јуни, во Националната опера и балет со почеток во 22:00 часот, пред македонската публика ќе настапи реномираната домородна група од Совето во Јужна Африка BCUC (Bantu Continua Uhuru Consciousness). Составот што го сочинуваат Јови (главен вокал), Кгомотсо (придружен вокал), Хлони ...
Во Камерната сала на Филхармонија, на 29 мај, во 19 часот, ќе се одржи музичко-поетска италијанска вечер под наслов: „Поетиката на музиката и музикалноста на поезијата: големата италијанска традиција“, која ќе ја обедини магијата на филмската музика, поезијата и врвната изведувачка уметност. Во Скопје ќе настапи еден од најреномираните италијански трубачи, Марко Пиеробон, кој ќе настапи како солист заедно со ИД Камерниот оркестар, под ...
„Ехо од длабочината” е поетичен, интерактивен ВР перформанс кој ја истражува кревката убавина на Охридското Езеро и еколошките предизвици со кои се соочува. Овој перформанс составен од два дела, најпрвин ги носи гледачите на патување низ езерото преку виртуелна реалност, а потоа преку интеракција со актерите ги соочува со фактите за еколошките закани со кои се соочува овој екосистем. Перформансот завршува така што на секој гледач му се дава ...
Со ретроспективна изложба и премиера на театарската претстава -“Оркестар Титаник ” на 3 јуни, Народен театар – Охрид ќе ја одбележи 15 годишнината од основањето. Четириесет и шестата премиера, “Оркестар Титаник ” по текст на Христо Бојчев, ја режира Андреј Цветановски, еден од оние режисери кои со секое ново гостување во Народен Tеатар – Охрид, остава зад себе впечатливи и незаборавни постановки, кои одлично резонираат со Охридската публика и ...
Во современата урбана матрица на Скопје, комплексот „Футура“ на ELENA LUKA HOME се позиционира како еден од најамбициозните станбено-деловни концепти, кој ја редефинира идејата за висококвалитетно домување. Лоциран на булевар „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, комплексот претставува архитектонска целина што го спојува современиот дизајн, функционалноста и долгорочната инвестициона вредност. Она што го издвојува „Футура“ од класичните ...
Блага Петреска ја доби наградата за животно дело на Фолк фест Валандово, кој по 39. пат се одржа во Домот на културата „Јанко Узунов“. Кога ја прими наградата, фолк ѕвездата кажа дека фестивалот ѝ помогнал во најтешките моменти, кога починал нејзиниот сопруг. „Еден од првите настапи на фестивалот ми помогна во најтешките моменти од животот. Настапот беше мојата шанса и ми помогна во тагата, а подоцна беше и моја радост. Ви благодарам што ...
Во скопско Пржино започна снимањето на дебитантскиот долгометражен игран филм „Пролетно чистење“, по сценарио на Марија Апчевска Петровска и Ереник Бекири од Албанија, а во режија на Апчевска Петровска. Филмот ја раскажува приказната за Варава, одметнатата ќерка која се враќа во својот мал роден град поради самоубиството на нејзината мајка, но се чини дека и нејзината мајка се вратила од задгробниот живот за да ја научи на некои лекции. Во ...
На 4 јуни, со почеток во 20:00 часот, во Големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар, со кој ќе биде отворено првото издание на JAZZ STReam Festival. Публиката ќе има можност да ужива во моќниот звук на биг бенд оркестарот во живо, под диригентство на маестро Џијан Емин. Ова ќе биде прво гостување на Националниот џез оркестар во Струмица и почеток на JAZZ STReam Festival – ...
Филмот нè води во магичен и див свет каде млад херој тргнува на опасно патување за да ја открие вистината зад легендата за мистериозниот Маркуда. На својот пат се соочува со чудни суштества, древни тајни и предизвици што ќе ја тестираат неговата храброст и вера во себе. Ова е приказна за растење, пријателство и откривање на сопствената сила. Филмот нè води во магичен и див свет каде млад херој тргнува на опасно патување за да ја открие ...
Њујорк, осумдесеттите. Елизабет (Ким Бесинџер), чувствителна и интелигентна уметничка кураторка, запознава мистериозен и неодолив странец – Џон (Мики Рурк), успешен брокер кој зрачи со самодоверба и моќ. Она што започнува како случајна средба, брзо се претвора во бурна, интензивна љубовна афера. Во текот на девет и пол недели, тие двајца ја истражуваат границата меѓу страста и опсесијата, довербата и контролата. Но колку подлабоко навлегуваат ...
„Love Life“ (2022) е јапонско-француска драма режирана од Кōџи Фукада, инспирирана од истоимената песна на Акико Јано од 1991 година. Филмот премиерно беше прикажан на 79. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, каде што се натпреваруваше за Златен лав . Главната протагонистка, Таеко, живее мирен живот со својот сопруг Џиро и нејзиниот син од претходен брак, Кеита. Нивната семејна хармонија е нарушена кога Кеита трагично загинува во ...
Во издание на Институтот за јавни политики – Скопје, излезе од печат книгата „Dvadeset godina u Ujedinjenim nacijama: Put Crne Gore kroz opštu debatu Generalne skupštine“, од авторот доц. д-р Неџад Мехмедовиќ. Книгата е објавена по повод одбележувањето на дваесетгодишнината од независноста на Црна Гора и содржи официјални обраќања на црногорските државни претставници на општата дебата на Генералното собрание на Обединетите нации во периодот ...
На брегот на Сомалија, нуркачите ветерани Енгел, Мичел, Херст и Џонс се назначени од Карсен, претставникот на Ваксилон, да поправат нафтовод на дното на морето. Иако се предупредени за неверемето што доаѓа, тие ја продолжуваат мисијата и успеваат да го заварат цевководот. Бурата го потопува помошниот брод, а тимот останува заробен на морското дно. Без кислород им се заканува брза смрт. Нуркачите се обидуваат да стапат во контакт со Мичел, ...
Јунската програма на Кинотека на Македонија претставува еден од оние ретки програмски циклуси што не функционираат само како месечен репертоар на проекции, туку како внимателно осмислена културна мапа на македонската кинематографија, нејзините историски трауми, естетски преокупации и авторски визии. Во време кога киното сè почесто се консумира фрагментарно, преку стриминг платформи и алгоритамски препораки, Кинотеката повторно потсетува дека ...
Кристијан Мунџиу, еден од најзначајните романски и европски режисери, ја освои Златната палма во Кан со филмот „Fjord“, со што регионалната кинематографија повторно влезе во центарот на светското филмско внимание. Победата на 79. издание на Канскиот филмски фестивал не е само личен триумф за Мунџиу, туку и културен сигнал дека Балканот и Источна Европа сè уште имаат приказни што силно одекнуваат надвор од сопствените граници. „Fjord“ е драма ...
Во издание на Македонската академија на науките и уметностите и „Матица македонска“ е објавен новиот, дваесет и петти роман на академик Божин Павловски, „Јаблон и Сибила“, со поднаслов „Љубовна приказна“. Новото дело на еден од најистакнатите современи македонски прозаисти отвора романескен свет во кој љубовта, паметењето, раселеноста и потребата од припадност се вкрстуваат во возбудлива приказна за човекот што го бара својот дом во историски ...
„НЕВИДЛИВИОТ МОТОР НА УСПЕХОТ“ ЈА НАПОЛНИ УЧИЛНИЦА: LIVE SESSION #7 НА „СВЕСНОСТ“ ОТВОРИ РАЗГОВОР ЗА ПРИТИСОКОТ, АМБИЦИЈАТА И ЛИЧНИТЕ БОРБИ ЗАД УСПЕХОТ Некои настани завршуваат кога ќе се изгасне микрофонот. Live Session #7 на „Свесност“ во Училница, всушност, почна токму тогаш. Просторот беше исполнет до последно место со публика што не дојде по мотивациски фрази и „брзи рецепти“ за успех. Туку по нешто многу поретко, а тоа е искрен разговор ...
Град што отсекогаш пеел Горан Петков, BitVox и вечерта што потсети зошто хорското пеење има посебно место во Битола Постојат градови што имаат музичка сцена. А постојат и градови што имаат традиција на пеење. Битола отсекогаш припаѓала на втората категорија. Од староградските песни што се слушале низ Широк Сокак, преку вокални состави, хоровите на КУД Стив Наумов, па сè до современите вокални формации на Коруновска мјузик, хорското пеење во ...
Во четврток, 28 мај со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Виенска фантазија“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска. На програмата се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од Вофганг Амадеус Моцарт. Концертот се реализира во соработка со фестивалот „Сцена на Албанската сериозна музика” ...
Фото: Stara Kuka / Стара Куќа Гостилница „Стара градска куќа“ е еден од најпрепознатливите симболи на старо Скопје ресторан сместен во автентична градска куќа изградена во 1836 година, која денес претставува значајно културно наследство и редок пример на македонска урбана архитектура од 19 век. По повод 190 години постоење, ресторанот одбележа голем јубилеј со повеќе од 300 гости, документарен спот и специјална поштенска марка издадена од АД ...
Детскиот културен центар „Карпош“ по трет пат го организира „Фестивалот на детски мјузикли“, кој годинава ќе се одржи од 30 мај до 1 јуни во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје. Фестивалот се реализира под покровителство на Град Скопје. Мјузиклот е музичко-сценска форма во која се спојуваат пеење, глума и танц, а токму тоа е и идејата на фестивалот: да им даде простор на децата и младите кои имаат талент за сцена, музика и ...
По историската победа на пејачката Дара, која ѝ ја донесе на Бугарија првата победа на Евровизија, потврдено е дека следното издание на натпреварот ќе се одржи во Софија. Бугарија за прв пат го освои натпреварот во Виена, а песната „Бангаранга“ ја освои публиката низ цела Европа. За разлика од вообичаената практика, овој пат нема да има натпревар меѓу бугарските градови. Милена Милотинова, генералниот директор на јавниот радиодифузен сервис ...
Во „Јавна соба“ во Скопје утревечер од 20.30 часот концерт ќе одржи познатиот индонезиски музичар Маншур Ангклунг, за кој влезот за посетители е слободен. Како што соопшти Амбасадата на Индонезија во Софија, Маншур Прадитја, познат како Маншур Ангклунг (1994, Бандунг, Индонезија) е традиционален музичар, уметник и солист, пионер на анклунг, кој ги комбинира звуците на овој традиционален индонезиски инструмент со електронска музика, под ...
Денес во просторот на старата Учителска школа во Општина Центар, ќе се одржи мултимедијалниот театрско-танцов перформанс „Зад прозорецот“, кој преку физички театар, аудио записи, фотографии и дигитални медиуми ги отвора прашањата за отуѓеноста, тишината и емоционалната дистанца во современите партнерски односи. Организаторите велат дека перформансот е замислен како отворен простор низ кој публиката може слободно да се движи во периодот од 19 ...