Со свечен настан насловен „Сеќавање на Михаил Ренџов“, денеска во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје беа одбележани 90 години од раѓањето на еден од најзначајните македонски поети. Настанот започна со поетското читање „Симнување од крстот“, по што поздравно обраќање имаше в.д. директорката на Библиотеката, Анета Механджијска, која истакна дека институцијата има особена одговорност да ги чува и негува споменот и делото на ...

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска со книжевен настан од 11 часот ќе одбележи 90 години од раѓањето на поетот Михаил Ренџов (1936 – 2024). -Со читање на неговата поезија и пригодна музичка програма ќе му оддадеме почит на авторот чие дело има значајно место во македонската книжевна и културна историја. Михаил Ренџов е еден од најзначајните и најавтентични поетски гласови во современата македонска книжевност. Неговата ...