– Кога ќе се гледаат со повнимателно око скулптурите на Башески, станува јасно дека постигнувањето сличност со моделот е само воведен дел од една намера која под тој надворешен слој носи многу посложени интенции. Тие човечки тела чија епидерма предизвикува почит кон вештината на авторот во подражавањето на природата, секогаш сакаат да ни соопштат некои подлабоки вистини, посочи, меѓу другото, академикот Влада Урошевиќ на пристапната изложба ...

Истакнатиот македонски скулптор, проф.д-р Жарко Башески (1957, Прилеп), сега во пензија, е избран за дописен член во работниот состав на МАНУ на 21. Изборно собрание на Академијата за избор на членови на МАНУ во работниот состав (редовни и дописни), на членови надвор од работниот состав и на почесни членови, одржано на 7 ноември 2025 година. Како новоизбран дописен член на највисоката научна институција кај нас, Башески, синоќа, пред полна ...