Младиот фудбалер на Барселона, Гави, на емотивен начин ја дочека веста дека ќе биде дел од составот на Шпанија за претстојното Светско првенство. Шпанскиот репрезентативец преку телевизискиот пренос го следеше објавувањето на списокот од селекторот Луис де ла Фуенте, без претходно да знае дали неговото име ќе се најде меѓу повиканите фудбалери. Gavi’s reaction to the World Cup call after long injury, filmed by Lamine Yamal. ...

Играчот од средниот ред на Барселона, Гави, изјави дека е среќен поради повикот во репрезентацијата на Шпанија за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Во понеделникот селекторот Луис де ла Фуенте го објави конечниот список за Мундијалот, а Гави се враќа во националниот тим по една година пауза поради повреда и операција на коленото. „Мојот сон се оствари и ќе можам да играм на моето второ Светско првенство, претставувајќи ја мојата ...