Руските пропагандисти не губеа време спроти почетокот на учебната година. За само пет месеци е напишан учебник по историја, кој нуди нови толкувања на распаѓањето на Советскиот Сојуз, на ерата на Владимир Путин и патриотска интерпретација на причините за војната во Украина. По тенковите, артилеријата, ракетите и дроновите, Москва во својот арсенал ги вклучува јазикот, културата и историјата. Учебникот за 11 одделение (ученици на 17 години) ги ...

На неодамнешната средба на папата Фрањо и исусовите свештеници во Лисабон на Светскиот ден на младите, еден свештеник го праша папата како се чувствува кога американските бискупи отворено го критикуваат начинот на кој ја води Римокатоличката црква. Тогаш, на изненадување на присутните, папата на сосема невообичаен и особено груб начин нападна дел од американските кардинали и бискупи. Имено, ги обвини дека се заостанати, но мошне организирани ...

Новиот мултимедијален и интерактивен проект на Ѓорѓи Митревски насловен како Химна сред урнатини понудува 12 цртежи изработени во техника на сито печат и концепт за фотографски експеримент осмислен да се случува во реалното време на траењето на изложбата и во посебно организиран дел од галерискиот простор каде што на посетителите ќе им биде овозможено, пред окото на фотографскиот објектив, да артикулираат визуелна реплика на сопственото тело ...

Наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 11. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, годинава му припадна на словенечкиот писател Драго Јанчар. Станува збор за автор со изострен нерв за современо раскажување и писателска моќ во коишто слика оригинални страници во словенечката и балканската проза. Неговите прозни дела во современата балканска и ...

Cо предавањето „Во потрага по убавината на Палестина за време на окупација“ на Раед Саадех, започнува вториот дел од осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапункт“. Оваа година фестивалот се одржува на тема „Заробени во слободата – уметноста и заедницата“. Предавањето ќе се одржи на 9 септември, 2023 (сабота), во КСП „Центар – Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн бр.2), со почеток во 20 часот. За да се заштити ...

Рио де Жанеиро, Бразил, Фото: Мауро Пиментел, Врховниот суд на Бразил пресуди дека хомофобичните навреди сега ќе се казнуваат со затвор, одлука што ја поздравија активистите за права во земја со неконтролирано насилство врз ЛГБТИ+ заедницата. Пресудата беше донесена до девет гласови за и еден против и го става хомофобниот говор на омраза на исто правно ниво како расистичкиот говор на омраза, кој веќе беше казнив со затвор во Бразил. Судијата ...

Europe House објави урбанистички конкурс за нови идеи како да се гради и развива градот Скопје. Отворен е за млади архитекти и урбанисти кои ќе понудат свежи идеи што ќе го трансформираат Скопје во поинклузивен и попристапен град. „Овој конкурс е повеќе од натпревар за најдобар дизајн, тој е мисија да се подобрат запоставените простори и да се направи градот подобар за сите. Конкурсот дава можност да се внесе нов живот во старите и заборавени ...

Душава ми е покорена, натсилена во нерамен бој, и тоа од лудак! КВЕЧЕРИНА Крај главни јарбол, Старбак потпрен на него. Душава ми е покорена, натсилена во нерамен бој, и тоа од лудак! Несноснa ли болка кога разум мора на ваков мегдан да положи оружје! Длабоко зари сабја-потајница, а со својот размав сиот разум ми го разби! Мислам дека му ја наѕирам безбожната цел, но нешто ме држи да му помагам да ја стигне. Сакал-нејќел, неизречива сила ме ...

На 4-ти септември (понеделник) во Europe House Битола беше отворена изложбата yugo.logo, проект на младиот графички дизајнер Огнен Ранковиќ. Изложени се околу 460 врвни логоа од просторите на бивша Југославија. Ранковиќ вели дела симболите се создадени пред повеќе од половина век, но стандардите по кои се креирани, концептот и естетиката ги прават безвременски. Изложбата ја отвори професорот Костадин Танчев-Динка, кој во својот богат и ...

Во салонот „Империјал 2“ на Културно-информативниот центар во Скопје, вечерва (6-ти септември), во 20 часот, ќе биде отворена изложба на дигитална графика и инсталација со на Љубиша Камењаров наслов „Крајбрежево“. Изложбата ќе биде поставена до 19 септември оваа година. Почетната замисла на изложбата потекнува од едно лично видување за единственоста на личноста наспроти опкружувањето и човековата збирна множина. Понатаму продолжува како ...

Крсте С. Џидров, еден од најзначајните македонски сценографи и архитект, скопска легенда познат по прекарот Џиби, почина денеска, објави семејството. Имаше 73 години. Погребот ќе се одржи на скопските гробишта Бутел на 5 септември од 11 часот. Комеморацијата ќе се одржи на 6 септември во Кинотеката од 11 часот. „Нема македонски театар каде не сум работел“, кажа Џидров во интервју 2018, кога славеше 35 години активна театарска дејност, а ...

Во скопската општина Кисела Вода, во Домот на Културата Билјана Беличанец, од 7 до 10 септември ќе се одржува второто издание на Фестивалот на инклузија. Програмата вклучува различни изложби, дискусии, работилници, проекции на филмови и концерти. Фестивалот ќе биде отворен на 7-ми септември со изложбата на уметнички фотографии на Драги Неделчевски и Небојша Гелевски, насловена „Запознавање и преифаќање” и музичкиот концерт на македонскиот ...

Ако средновековниот напредок на плугот не ги извлекол европските селани од сиромаштија, тоа во голема мера било така зашто нивните владетели го присвоиле богатството создадено од новитетите во производството и го искористиле за изградба на катедрали. Економистите велат дека нешто слично би можело да се случи и со вештачката интелигенција (ВИ) доколку таа влезе во нашите животи на таков начин што придобивките ќе ги уживаат неколкумина, а не ...

Припаѓам на средниот сталеж, понискиот среден сталеж, а вилите во Авијатичарската населба ги гледам од далеку. Сите девојки во градов недопирливи се за мене, сакам да циркам жестици по дувла и крај шанк да разговарам со нимфоманки. Шлепери пловат низ реката како кај Селин во Патувањето до крајот на ноќта. Телеп е чуден кварт, не ги познавам луѓето што живеат во куќи и имаат големи кучиња. Роден сум да умрам. Рано утрински влегувам во ...

Денес (5 септември, вторник) со почеток од 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци” во Скопје ќе се одржи разговор со писателката Николина Андов Шопова, авторка на романот „Естом” – книга за месец септември во библиотеката. Разговорот е почеток на вториот циклус од големата кампања „Читаме современи македонски автори”. Романот „Естом” е книга во која Николина Андова Шопова продолжува да истражува некои од темите кои се ...

Самостојната изложба на уметницата Тања Балаќ со наслов „Раселени“ (Displaced), ќе биде отворена денес (5 септември) во 20 часот во Музејот на Република Северна Македонија. Изложбата, која ќе ја отвори историчарот на уметност и ликовен критичар, Кирил Пенушлиски, содржи дела создадени во периодот 2020-2023 година. На оваа изложба, Балаќ се претставува со 27 слики, кои се своевидно дополнување на нејзиниот претходен циклус започнат некаде во ...

На третиот ден (3-ти септември) од книжевниот фестивал Друга приказна програмата се пресели во културниот центар Бруталиск (старата Точка, на Илинденска 38). Беа претставени три детски книги за попреченост: Јасминка Петровиќ - За копчето и среќата (книгата ја претстави Биљана Црвенковска); Зоран Кардула - Гуш и Бац; и Ирена Поповска - Цветната дружина. Јасминка Петровиќ се обрати преку видео, зборувајќи за конкретната книга, за книжевноста за ...

Светот нема да биде уништен од оние што прават зло, туку од оние што ги гледаат без да сторат ништо. Алберт Ајнштајн Во време кога насловите постојано се натпреваруваат за нашето внимание, едно мошне важно прашање честопати се губи од хоризонтот: претставувањето на родово базираното насилство во медиумите. Од начинот на којшто (ќе) се третира овој проблем во општествени рамки, вклучувајќи ја тука и јавната комуникација ќе зависи дали ...

Во рамки на центарот за поддршка на лицата со попреченост, ПРКОС почнува со работа првото македонско психолошко советувалиште, кое ќе се грижи за менталната добросостојба за луѓето со попреченост и за нивните семејства. Знаејќи ги тешкотиите на оваа популација, тимот од ПРКОС се здружува со две терапевтки, за да се овозможат бесплатни услуги кои ќе им ги подобрат животите. Советувалиштето, финансирано со донација на НЛБ Банка, ќе обезбедува ...

Заврши осмото издание на регионалниот книжевен фестивал Друга приказна. Друга приказна #8 се одржa од 1 до 3 септември во МКЦ и Бруталиск, во Скопје. Попреченоста беше главна тема на фестивалот. На почетокот на фестивалот баше промовирано македонското издание на книгата Мост над бурната река на Далибор Талајиќ (Загреб). За темата на книгата, аутизмот, разговор со Талајиќ водеше Денис Јанкуловски. Средишна програма во првата вечер беше ...

Еден пролетен ден во 1978 година, еден рибар уловил ајкула во лагуната околу атолот Еневетак, дел од Маршалските Острови во северниот дел на Пацификот. Таа ајкула, заедно со остатоците од зелената морска желка што ја проголтала, завршила во природнонаучен музеј. Денес, научниците открија дека желката има индиции за нуклеарното минато на лагуната и може да ни помогне да разбереме како нуклеарното истражување, производството на енергија и ...

Неформалната група „Дума ин Сума“, создадена од компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска, заедно со младиот визуелен уметник Дарко Алексовски, организира дводневна работилница за креативно пишување за млади од 15 до 19 години, насловена „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“. Работилницата ќе се одржи во културниот центар „Јадро“ на 14 и 15 септември, а заинтересираните ќе имаат можност да создадат свој книжевен лик, употребувајќи ...

Збирката на движно културно наследство ФОНД 580 „Браќа Манаки-Битола 1853-1964“ која се наоѓа во Државниот архив на Република Северна Македонија – Одделение Битола е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Владата донесе одлука со која на оваа вредна Збирка ѝ е овозможено трајно зачувување во изворна состојба; се обезбедуваат поволни услови за опстанок на исклучителната документација и ...

Пренесуваме фотографии од вториот ден на книжевниот фестивал Друга приказна. Фестивалската програма на 2 септември (сабота) започна со промоција на списанието Маргина #95, за кое зборуваше уредникот на фестивалот, Никола Гелевски. Во продолжение следуваше промоција на сликовницата Седум конци на сонцето на писателката Драгана Младеновиќ од Белград (добитничка на наградата на конкурсот за најдобра сликовница за попреченост) и македонската ...

„Позабавно е да се биде фашист“, изјави мојот 14 годишен син, кој инаку ја сака слободата откако поголем дел од летото го помина со другарите играјќи ја друштвената игра „Тајниот Хитлер“, првпат објавена во трамповската 2016 година. Во оваа исклучително популарна игра, играчите по случаен избор се делат во два тима: либерали, кои го претставуваат мнозинството и фашисти. На почетокот фашистите се откриваат едни со други (само Хитлер не знае ...

Измина првиот ден од регионалниот книжевен фестивал „Друга приказна“#8, на тема Попреченост, чии активности се одвиваа во Младинскиот Културен Центар во Скопје. Фестивалската програма се отвори во петок (1-ви септември) со промоција на македонското издание на книгата „Мост над бурната река“ на хрватскиот писател и стрип автор Далибор Талајиќ, во разговор со здравствениот работник и активист, Денис Јанкуловски. Главниот дел од вечерта беше ...

Во поезијата тргнав прилично сиромашен Со ранец на грбот Бургија И црвена пиперка Тогаш зачекорив во шумата. Почнав да собирам лековити девојчиња: Хомер, Данте, Сервантес... Не беше лошо за почеток! И тогаш пламна висорамнината ФУТУРИЗАМ ДАДАИЗАМ НАДРЕАЛИЗАМ Авиони на аеродромската писта И букви во воздухот. Едно лековито девојче со долга коса Пушеше марихуана. Го набрав девојчето во шумата, Ја одведов во град И ѝ подарив црвена пиперка. ...

Погледот во внатрешните процеси на една морска ѕвезда ја освои наградата за најдобра научна светлосна микроскопска фотографија на годината. Натпреварот, кој ги препознава најдобрите научни фотографии ширум светот, го избра победникот од 640 слики испратени од фотографи и научници од 38 земји. Глобален победник, Лоран Формери (САД). Нервен систем на малолетна морска ѕвезда (Patiria miniata) широк околу 1 cm. Обележaн со антитело против ...

Радамес отсекогаш сакаше музика. Конечно, има и на кого. Баба му беше музичарка, тато целиот живот и образование ги мина во музиката, мама му е музичарка. Уште додека беше бебе, му пуштав секаква музика. Од детски песнички, преку лесен џез, до класика. Детските песни ги слушаше и се нишаше во ритам, џезот го смируваше, а на класика без исклучок танцуваше. А како само танцуваше! Еднаш тоа ѝ го покажав на Тета Ана. Ја пуштив на музичкиот уред ...

Утре (сабота), напладне, во Музејот на современата уметност – Скопје со личен кустос водич ќе може да се погледне изложбата „Дефрагментација“ со дела од колекцијата на музејот. Ова ќе биде последна можност, кустоската Бојана Јанева да ги доближи до посетителите делата подарени од уметници од централноевропските земји, бидејќи изложбата ќе биде отворена уште само две недели. Потоа, во 13 часот на тремот од Музејот на современата уметност со ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
69%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 2ᴼ
0.51
69%
1026
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
3.6
59%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.6
76%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.69
68%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.09
71%
1026
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 1ᴼ
1.54
56%
1027
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
71%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Иридиум

231355.22

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Сребро

2711.59

Калај

50.64

Злато

166253.76

Платина

68963.35

Родиум

372948.66

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05

Паладиум

51794.85

Кобалт

66.14