Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Изложба на победничките фотографии од глобалниот конкурс „Вода=живот“ организиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија вечер ќе биде отворена во просториите на Касарна Хаб Охрид. Изложбата, која е дел од програмата за одбележување на триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Холандија, ќе ја отворат амбасадорот Дирк Јан Коп и авторот на победничката фотографија Томислав ...
Младите еколошки активисти од американската сојузна држава Монтана го постигнаа она што експертите го опишаа како револуционерна правна победа, откако судот пресуди дека државните агенции го кршат нивното уставно право на чиста и здрава животна средина така што продолжуваат со развојот на фосилните горива. Ова е прва пресуда од ваков тип во САД и се надоврзува на мал број судски одлуки низ светот со кои владите се обврзуваат да ги штитат ...
Кога ќе ги видите делата на Љубен Зидаров, невозможно е да не посакате да го споделите тоа интересно откритие. Неговите дела во себе имаат свежина која докажува дека уметниците стареат, но големата уметност не старее, може да остане свежа и долго време по животот на уметникот да предизвикува внимание и љубопитство. Претставените илустрации во продолжение се страници од монографијата „Илустраторот Љубен Зидаров”, објавена во 2019 година. ...
Роден и израснат во религиозно семејство, Кодо Нишимура не можел ни да сонува дека ќе студира во Њујорк и ќе стане професионален шминкер кој работи на најголемите настани за мода и убавина. Од светите древни учења, младиот монах Кодо Нишимира ги извлекол современите и навистина неопходни поими за инклузивност и експресија. Тој успеал квалитетно да ги искомбинира лекциите научени од своите искуства за да стане портпарол на движењето за ...
Додека целиот свет се поврзува преку невидливите процеси на глобализацијата, изолираните општества со сите сили се обидуваат да ја негуваат својата традиција за да ги избегнат надворешните пристисоци и интеграцијата во модерното општество кое се обидува да ги одвои од природата. Некои успеваат во тоа, но многу од нив сè уште се во опасност од бунтовниците, ловокрадците, рударските компании и сите оние кои гледаат материјална корист во нивниот ...
Ветеринарните служби во Кипар почнаа да користат анти-ковид пилули, од залихите првично наменети за луѓе, за да го спречат ширењето на корона вирусот меѓу мачките. Кипарското Министерство за здравство почна да го спроведува лекувањето на 8 август, Меѓународниот ден на мачките, за кој се надева дека ќе стави крај на ширењето на вирусот што уби илјадници мачки во земјата. Локалните власти соопштија дека во земјата ќе пристигнат 2.000 пакувања ...
Неодамна заврши изградбата на најголемата 3Д-печатена зграда во Европа која се наоѓа во Хајделберг, Германија. Зградата е долга 55 метри, широка 11 метри и висока 9 метри, а во неа ќе бидат сместени компјутерски сервери. Нејзината изградба започнала на 31-ви март 2023 и се очекувало да биде завршена до крајот на јули. За изградба и обликувње на ѕидовите се користело 3Д-печатење, за кое со користење на брзи принтери биле потребни околу 140 ...
Кога попреченоста е дел од приказната на некој лик, многу често содржината може да ги позиционира лицата со инвалидитет како некој што треба да се сожалува или да се лекува, наместо да ги прикажува лицата со попреченост како полноправни членови на нашето општество. Во продолжение претставуваме пет стрип суперхероини кои не само што не привлекуваат никаков вид на сожалување, туку се навистина оригинални, имаат свои посебни моќи и претставуваат ...
Сесилија Паредес е перуанска перформативна уметница и фотографка чии драматични трансформации се инспирирани од социјални и еколошки грижи. Преку моќните живи скулптури каде што го комбинира човечкиот израз со убавината на природниот свет, Паредес се сместува во кожата на различни видови животни, употребувајќи боја за тело, природни материјали и реквизити. Преку своите храбри перформанси оваа уметница ја доловува убавината и ранливоста на ...
Постојано велев дека нашите надворешнополитички порази се одлика на внатреполитичкото неединство на двете доминантни политички елити, кои во овие три децении независност не најдоа најмал заеднички содржател ни за најкруцијалните национално-државни прашања: спорот околу употребата на нашето поранешно уставно име со јужниот сосед, на пример, или сега околу идентитетско-историските спорови со источниот сосед. Но, веќе сфаќам дека и тоа не е баш ...
На булеварот АСНОМ во Ново Лисиче само е сменет асфалтот на коловозните ленти, не е сменета ширината на коловозот и лентите, не е изведена безбедна велосипедска инфраструктура на јужната страна, а ни пешачка ни велосипедска инфраструктура на северната страна. Пропуштена е уште една шанса да се изведе безбедна инфраструктура за ранливите учесници во сообраќајот. Ова е ставот на велосипедистите од „На точак“ откако деновиве Град Скопје ...
Според податоците на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, во Соединетите држави бројот на луѓето кои минатата година извршиле самоубиство е поголем отколку во која било друга година. Минатата година најмалку 49.449 животи биле изгубени поради намерно самоповредување, што е речиси 15 смртни случаи на секои 100.000 луѓе. Стапката на самоубиства скокна во 2021 година, поништувајќи го падот од две години. И со континуираното ...
Дом Лукре, истакнат десничар и следбеник на Трамп познат по ширењето теории на заговор, на 22 јули на Твитер објави снимки од злогласно видео кое прикажува експлоатација на деца - наводно за да раскринка некој што веќе бил кривично гонет и осуден заради поседување на прикажаниот материјал. На 26 јули тимот на Твитер за сузбивање на сексуалната експлоатација на децата отстрани снимки и суспендираше профил кој има 556 000 следбеници. Се ...
Една од причините за слабиот теориски интерес за стрипот и графичката литература е влијанието на ставовите на двајца високопочитувани научници во 50-ите години на минатиот век: Фредрик Вертхам (Fredric Wertham), американски психијатар со германско потекло, кој во 1954 година ја напиша исклучително влијателната книга Заведување на невините (Seduction of the Innocent), и американскиот писател, филмски критичар, општествено ангажиран мислител и ...
Јапонскиот уметник за стакло Сатоши Томизу извајал мали стаклени сфери кои изгледаат како да содржат цели соларни системи и галаксии. Планетите направени од опал, парчиња вистинско злато и траги од обоено стакло се многу едноставни, но неверојатно убави, бидејќи изгледа дека Томизу доловува универзум во секое деликатно стаклено топче. Сликите се фотографирани во макро план, додека парчињата всушност се прилично мали и вклучуваат мала ...
Една студија од 2017 година покажува дека бројот на ЛГБТК+ места во Лондон за една деценија се намалил за 58%. Пренесуваме искуства на дипломирани студенти кои презентираат нови манифестации на квир просторот. За Клеантис Киријаку, иднината на квир просторот започнува во минатото. Неговиот проект, насловен „Куќа на екстраваганцијата” (House of Extravaganza), како почетна точка ја зема „Стробери Хил”, неоготска вила од 18 век, изградена од ...
Во морето музички правци, меѓу оние кои се истакнуваат со магична меланхолија која е невозможно да се избегне се истакнува „ребетикото“, правец на носталгични песни на грчките бегалци кои по договорот од Лозана, еден од најсрамните документи во историјата на меѓународната дипломатија, со која е легализирана идејата за таканаречена размена на население, на оние што трајно останале без роден крај и дом. Со оглед на нивниот носталгичен карактер ...
Почина актерката Катина Иванова која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Иванова, како што соопштува МНТ, беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, со специфичен и топол сензибилитет, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек. Дипломирала на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 ...
Од кога си? Тоа е чудно прашање. Сите сме навикнати да нè прашуваат: „Од каде си?“. Но, ќе се осмелам да погодам дека никогаш не сте го поставиле или не ви било поставено другото прашање. Прашањето „од кога си?“ веројатно е исто толку важно како и првото, почесто поставувано прашање. Тоа е затоа што културниот свет во кој сме родени е цвтсто одлучувачки фактор во обликувањето на нашите животи. Роден сум во Бронкс во 1947 година (!). Како и ...
Кирил Пенушлиски Скопската населба Бутел, во која се и најголемите градски гробишта, се наоѓа на местото на некогашното истоимено село на брегот на реката Серава, левата притока на Вардар. Меродавен труд за етимологијата на овој ојконим напиша Љубица Станковска. Таа тврди дека на денешниот облик на името му претходело името Бутељ, што означувало некој поток, па со процес на депалатизација љ поминало во л. Во основа на името е прасловенскиот ...
Зошто современите Македонци и денес се гледаат себеси како „пиреј”? Преземено од Дојче веле Кај многу Македонци во последниве години стана омилено да се препознаваат себеси во метафората „пиреј“. Претпоставувам дека нејзината омиленост во интелектуалните кругови се должи повеќе на култното место на Петре М. Андреевски во македонската литература, отколку на сериозната анализа за значењето на оваа метафора за Македонците денес. Од друга страна, ...
Жителите на скопско најдобро ја разбираат траумата и димензијата на катастрофата во Словенија. РСМ се вклучува со помош за погодените подрачја. Осми август пред седум години беше прогласен за Ден на жалост во Република Македонија. Во таков ден го претворија последиците од страотните поплави кои на 6-ти август 2016 година го погодија скопскиот регион. Паднатите 93 литри дожд на метар квадратен се претворија во страшен порој кој однесе 22 ...
Јапонија денеска им оддаде почит на жртвите од атомската бомба фрлена врз градот Нагасаки пред 78 години, повикувајќи ги земјите да се откажат од нуклеарното оружје. Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, рече дека државите што поседуваат нуклеарно оружје треба „храбро“ да го отфрлат оружјето. „Се додека државите се зависни од нуклеарно одвраќање, не можеме да реализираме свет без нуклеарно оружје" - додаде Сузуки. Ваква порака ...
Филателистите во компанијата The Portland Stamp создаваат сосема нова генерација феноменални уметнички поштенски марки. Комбинирајќи го секвенцијалниот формат на стриповски наративни панели и безброј уметнички можности, заедно со тактилното уживање во перфорацијата на старата школа, новата серија уметници на Портланд го прават стекнувањето поштенски марки една голема арт авантура која најверојатно би го направила Френклин Делано Рузвелт ...
На почетокот на јули Асошиејтед Прес склучи договор со Open AI, креаторот на Chat GPT, за лиценцирање „дела од текстуалната архива на Асошиејтед Прес“, а за возврат ќе добие пристап до „технологијата и стручноста на Open AI“. Неколку дена подоцна, Open AI најави донација од пет милиони долари, заедно со пет милиони долари кредит за користење на софтверот, за American Journalism Project, организација која поддржува непрофитни редакции. Во ...
Платформата за фотографија, Life Framer, дизајнирана да ја зајакне заедницата на фотографи ширум светот, секоја година оргазнизира конкурси на различни теми од кои се прави избор на најдобри современи фотографии. Во воведниот текст за објавените дваесет победнички фотографии од конкурсот за 2023 година со наслов ,,Човечкото тело”, стои: „Овој месец ве замоливме да погледнете во сликата на човечкото тело. Тоа е садот што нè носи низ животното ...
Кога станува збор за повеќеслојните мурали на Синта Видал, сѐ зависи од перцепцијата. Уметницата од Барселона е позната по проекти кои ѝ пркосат на гравитацијата, кои манипулираат со архитектурата и секојдневните објекти за да создадат превртени средини, различни од секојдневниот живот. Како и нејзините превртени дела од помал обем, муралите на Видал се занимаваат со човечката субјективност и прикажуваат необично уредена архитектура и ...
Се проценува дека модната индустрија е еден од најголемите светски загадувачи, одговорен за околу 20% од отпадните води на планетата и околу 10% од емисиите на стакленички гасови во светот. ЕУ тргнува да го промени ова – но дали е тоа реална можност? Во статијата на euronews.com се поставува прашањето дали ЕУ е на добар пат да стави крај на културата на брза мода и конзумеризмот. ЕУ се надева дека штетниот модел на конзумирање облека наскоро ...
Бугарија, која е членка на ЕУ од 2007 година, во изминатите две децении изгубила 17,4 проценти од своето население. Според најновите статистичким податоци на Евростат, во периодот од 2003 до 2023 година во повеќе ЕУ-членки во Источна и Централна Европа е забележан значаен демографски пад. Во ЕУ поголем популациски крах од Бугарија е регистриран само во Литванија – 18, 1 процент. Романското население е помало за 12 проценти, а во Хрватска ...
Пред ерупцијата на социјалните мрежи и нивните неизбежни кратки трендови, за инспирација се свртуваме кон филмското платно. Очилата за сонце се составен дел од градењето на ликови уште од златната ера на Холивуд, а понекогаш, идеалниот пар очила за сонце знаат да го украдат голем дел од вниманието и да го зацврстат бесмртното место на главниот лик во филмската историја. Додека неизбежната потрага по совршениот пар очила за сонце продолжува, ...