Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Дали државниот интервенционизам, кој зема замав за време на пандемијата, излезе од контрола како застрашувачко чудовиште, кое сега политичарите панично се обидуваат да го нахранат за да можат со негова помош одново да ги спасат своите кариери, барајќи патишта на кои ќе наидат на што помалку отпор? Ако ги погледнеме информациите само од неколкуте недели кои се зад нас, очигледно е дека политичарите сè почесто, кога ќе се соочат со значаен ...
Пред да стане италијанска премиерка, Џорџа Мелони беше еден од најжестоките гласови против миграцијата во ЕУ. Како опозициска политичарка, таа мрачно предупреди на напорите за замена на домородните Италијанци со етнички малцинства и вети дека ќе спроведе поморска блокада за да ги спречи мигрантите да го преминат Медитеранот. Како што пренесува Политико, за време на нејзиниот мандат, таа презеде значително поинаков начин – претседавање со ...
Последните анализи на Светскиот економски форум укажуваат дека ќе ни бидат потреби уште 136 години за да се затвори глобалниот родов јаз. Пред пандемијата оваа бројка беше околу 100 години. Во секоја криза било да е тоа пандемија, војна, или економска криза жените се несразмерно погодени. Како резултат на пандемијата многу повеќе жени отколку мажи ги загубија своите работни места. Неодамнешните извештаи на UN Women покажаа дека КОВИД-19 ...
На 1 септември (петок) во 20 часот: претставување на Синиша Туциќ, добитникот на главната награда на осмиот книжевен фестивал Друга приказна. Кога би правел претстава Хајди Веројатно би напишал проект И би аплицирал за средства Во некоја швајцарска фондација Што помага уметнички проекти. По можност ќе треба да биде копродукција На театар и здружение Кои се занимаваат со положбата на лицата со попреченост. Пред тоа ќе треба да го напишеме ...
Неколку градови во Украина вложуваат напори како Харков, град со традиција на зборување руски јазик, да го избришат своето минато. Стотици улици со советски имиња се преименувани, десетици споменици се урнати и безброј книги напишани на украински ги замениja руските на полиците. - Овие книги имаат терапевтски ефект врз луѓето. Се чини дека луѓето добиваат одредена заштита читајќи дека всушност постои украинска култура, постои украинска ...
Сите вљубеници во велосипедизмот сé уште имаат време да се пријават за учество во традиционалната хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин која на 8 септември ќе се одржи во Маврово. Освен можноста да поминат еден убав празничен ден во дружба и забава, ќе можат и да се натпреваруваат, а доколку бидат меѓу првите три најбрзи и да добијат некоја од наградите што ги обезбедува Халкбанк АД Скопје како организатор на трката. Пријавувањето за ...
Кој било поет можел да заглави во болница. Би лежел во кревет, На бели чаршафи, Под гранка од јоргован. И би ја посматрал собата, Измачениот космос околу себе. Кој било поет Можел да носи какво било знаме Уморен и блед. Кој било поет, Ако живеел во XXI век, Можел да ги чита есеите на Орвел И да дознае дека Черчил Во еден момент му се восхитувал на Мусолини. Кој било поет Можел да остане сам Отфрлен од девојката Со која се љубел Во студена ...
Делата на македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин од денеска ќе бидат изложени во галеријата „Marc Minjaw” во Брисел. Тамошните љубители на уметноста ќе можат да ги видат најновите негови платна до 24 септември. Овoj настан доаѓа по неговото претставување во галеријата „Константин Бранкуши” во Букурешт, што се одржа од втори до 31 август. Делата на уметникот ќе бидат изложени и на Интернационален фестивал на поезија во Букурешт (FIPB ...
„Ветар параклет“ е насловот на самостојната изложба на Димитрие Дурацовски која во петок (1 септември) во 20 часот ќе биде отворена во Чифте амам во Старата скопска чаршија. Творештвото на Дурацовски може да се одбележи како метафизичко и во исто време концептуално и имајќи го предвид времето во кое што почнува да твори (1973) и кога неофицијално престанува со сликарството (1987), можеме недвосмислено да кажеме дека тој е творец претеча на ...
УНИЦЕФ соопшти дека повеќе од 1.300 училишта се целосно уништени во областите под контрола на Владата во Украина, во руската инвазија која започна во 2022 година, пренесе „Гардијан”. Поради постојаните напади, само околу една третина од децата на училишна возраст таму посетуваат настава, а многумина го забораваат она што го учат. Надвор од границите на Украина, повеќе од половина од децата чии семејства побегнале од воениот конфликт во седум ...
Пред извесно време во Фајненшл Тајмс беше објавена кратка репортажа за тековниот штрајк на сценаристите и глумците во Холивуд. Еден од соговорниците, извесен Чич Манохар, важноста на отворениот класен конфликт на неочекувана локација ја сумираше вака: „Мислам дека многу луѓе се збунети кога ги гледаат ѕвездите како демонстрираат. ‘О, штрајкуваат милионерите’, помислуваат. Но, всушност, штрајкот не е за нив. Се штрајкува заради огромното ...
Во своето обраќање по повод големиот христијански празник за православните верници, Успение на пресвета Богородица, од манастирот на Матка, поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, не ја пропушти можноста за повторно да посее омраза и да се става во улога на врховен толкувач на човековите права и слободи според неговиот светоглед, наметнувајќи ги верските догми на една религија врз останатите граѓанки и граѓани во секуларна држава како што (треба ...
Како начин за проширување на проектот со цветните дизајни вткаени во облека, стилистот од Барселона, Алексис Ферер, развил метод на печатење со кој ги декорира различните фризури со богати, колоритни дезени инспирирани од „најдобрите ткаенини на француската буржоазија од XVIII век”. Резултатот е серијата насловена La Favorite, фотографиите се на Рафаел Андреу, а дезените ги прикажуваат моделките Ема Фурман, Камила Ферејро и Патриција ...
Далибор Талајиќ е гостин на книжевниот фестивал Друга приказна. На фестивалот ќе биде промовирано македонското издание на неговата книга „Мост над бурната река“. „Оваа книга не е напишана за да поучува, не е напишана за да советува, ова е книга за родителската љубов.“ Далибор е татко на дете со тешкотии во развојот, на дете кое има тешкотии во социјалната комуникација. Неговата книгата е лична приказна на татко кој речиси хронолошки ги ...
11.7.1995 Децата беа родени во породилишта, во болнички соби. А каде другде? Распнати пред телевизиските екрани гледаа емисии од школската програма и цртани филмови. Острината на сликата зависеше од рибина коска, антената прикачена на зграда. Секое дете е изманипулиран телевизиски субјект во литературата, во болницата и во светот. Дури и кога сликата на екранот е лоша, а литературата безопасна, детето боли во текстот! Доаѓањето в болница е ...
Илустраторот Мет Стивенс имал креативна идеја да ѝ се препушти на фантазијата замислувајќи како би изгледале кориците на современи филмски книги во минатиот век. Генерално, процесот на адаптација започнува со книги и завршува со филм, но дизајнерот и илустратор, Мет Стивенс, направи своевиден пресврт на тој процес. За тековниот проект кој едноставно е насловен „Добри филмови како стари книги“, Стивенс ѝ се препушта на фнтазијта и ги ...
Кога пред неколку години добив кохлеарен имплант, откако цел живот бев целосно глува, моите пријатели и роднини кои немаат слуховна попреченост, почнаа често да ми поставуваат неколку исти прашања: - Дали некогаш сум слушнала музика? Дали ми се допаѓа? Како ми звучи? Тогаш имав 20 години. Покрај засилената бучава што ја слушнав со помош на моите слушни апарати, никогаш навистина не сум слушнала музика. Но, тоа не значеше дека на некој начин ...
На потесниот избор на Светскиот фестивал за архитектура за 2023 година се најдоа проекти од различни категории како што се религија, енергија, транспорт и здравје. На потесниот избор на Светскиот фестивал за архитектура за 2023 година се најдоа проекти од различни категории како што се религија, енергија, транспорт и здравје. Фестивалот ќе се одржи во Сингапур помеѓу 29 ноември и 1 декември оваа година, каде што пријавените во потесниот круг ...
Софија Бонати е самоука аргентинска уметница и илустраторка родена во уметничко семејство, во Буенос Аирес, 1982 година. Ја започнала својата уметничка кариера кога се преселила во Велика Британија во 2013 година, обидувајќи се да го балансира својот нов живот како мајка и уметница. Освен што работи на сопствени проекти, таа има развиено и кариера како илустраторка, со клиенти како што се Iberia (Шпанија), Vanity Fair (Франција) и Mondadori ...
Со поетското читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ синоќа на Мостот на поезијата свечено беше затворено 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. На фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), кој годинава се одржува од 24 до 28 август под мотото „Чувствотворен јазик“, настапија повеќе од 25 странски и 40 домашни поети од постарата, но и од ...
Стрипот е низа од слики поврзани со соодветна приказна. Таа волшебна трака на активно дејство кое постојано заживува пред очите и во мислите на верниот вљубеник, потекнува од американскиот израз Comic Strip или Comic Book - комична трака, комична книга. Од самиот зародиш овој независен медиум познат и признаен како Деветтата уметност, неповратно и заразно ги плени срцата на милионите „стрипаџии“ ширум светот. Стрипот е поврзан со ...
Спортскиот новинар и коментатор Зоран Михајлов од Светската новинарска асоцијација (АИПС) и Светската атлетска асоцијација доби награда за популаризација на атлетиката. Признанието се доделува на новинари кои известувале на најмалку десет Светски првенства во атлетика. На Михајлов наградата му беше доделена во Будимпешта каде во моментов се одржува Светското првенство во атлетика, а му ја врачи легендарниот кубански атлетичар Хавијер ...
Уметникот Бејн Питерсон создава шармантни скулпторски објекти од обоена иверица со користење на сложени оптички обрасци и слоевита техника која им дава динамика и ја истакнува нивната колоритност и флуидност. Неговите дела имаат флуидни форми и комплексни оптички структури, инспирирани од биоморфната апстракција и модернизмот. „Помалку размислувам околу тоа „како изгледа природата?“, повеќе, во општа смисла, се прашувам „што би направила ...
Пренесено од Дојче веле Знаменитиот професор Ѓорги Марјановиќ во врска со промената на името на државата кога тоа беше голема ерес, многу поголема отколку сега, напиша: „Викајте ме грне, само не ме кршете.“ Професорот, осведочен демократ, кој остана запамтен, не само на поранешните југословенски простори, со својата храброст прв да го крене јавно гласот да се укине вербалниот деликт, го изложивме на потсмев и навреди, демек Македонија не е ...
Ликовниот уметник Коле Манев е добитник на признанието за животно дело за стрипот „Љупчо Филипов“. Наградата му беше врачена на отворањето на 20. стрип салон во Велес, за придонесот на Манев за развој и афирмација на македонскиот стрип. „Можеби оваа одлука ќе ве изненади, но неговиот придонес е огромен. Тој во детското списание „Наш Свет“ на почетокот од шеесетите години цртал стрипови, што во тоа време бил пионерски чекор. Тогаш стрипот беше ...
Тетово и Гостивар веќе неколку дена се гушат во чад по пожар на депонијата во близина на тетовска Волковија. Чадот и миризбата се шират низ целата полошка котлина. Државниот инспекторат за животна средина изврши увид, а пожарникарите и понатаму се на терен поради огнот кој тешко се гасне. Граѓаните се жалат дека воздухот во Тетово е екстремно загаден. Општината ги повика граѓаните да избегнуваат излегување надвор. „Поради загадувањето, ...
Ликовниот уметник Коле Манев е добитник на признанието за животно дело за стрипот „Љупчо Филипов“. Наградата му беше врачена на отворањето на 20 стрип салон во Велес, за придонесот на Манев за развој и афирмација на македонскиот стрип. „Можеби оваа одлука ќе ве изненади, но неговиот придонес е огромен. Тој во детското списание „Наш Свет“ на почетокот од шеесетите години цртал стрипови, што во тоа време бил пионерски чекор. Тогаш стрипот беше ...
Мицкоски со последните изјави во Кичево очигледно решил „во име на народот“ да ја уништи иднината на државата и истиот тој народ. Никој не може да ме разубеди дека тоа го прави несвесен за значењето на историскиот момент пред кој сме исправени како држава. Тоа укажува на неколку работи. Прво, народски кажано, толку го има дадено газот под кирија, што очигледно не може назад. Второ, нереформираното вмро, со груевистичката матрица на политичко ...
Ова веќе не е бодликава жица на концентрационен логор. Не е ни глетка, ни ѕид, ни железна завеса. Линија замислена мера или мрежа од општествени односи кабел од модем ‒ забранет за премин. Забрането да се стапне на другата страна. Одредена е норма која едно време ќе трае. Субјектот не е Јов, Субјектот не е ликот К, Субјектот не е ликот М. Мачен од посилни, угнетен, не смее да изговори. Нема да биде млатен. Раните на неговото тело не постојат. ...
Со традиционално читање на „Т’га за југ“ и палењето на поетскиот оган вечерва свечено ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“,коешто ќе се случува на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во 20 часот. Меѓутоа, фестивалските настани ќе почнат точно напладне во Паркот на поезијата со садење дрво во чест на годинешниот лауреат и добитник на „Златниот венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ. ...