Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Стотици граѓани од Југоисточниот регион, но и од други делови од државата денеска се собраа кај локалитетот Смрдлива вода кај Гевгелија на протест против најавената изградба на две мали хидроелектрани на реката Дошница на планината Кожуф. Граѓанските иницијативи од овој крај бараат да се зачува природата и како што велат, последната река од која може да се пие вода, а концесиите за енергетските објекти да бидат одземени. Најавија дека ќе ...
Македонија не треба поради нихилизам, неверување во себеси и стравот од иднината, да го изгуби фокусот. Пренесено од Дојче веле Размислете добро - која изјава подобро одговара на апатично-нихилистичката атмосфера во Македонија. Онаа на генијалниот американски комичар и актер Гручо Маркс, која се цитира до ден денес; или пораката од последното обраќање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за состојбата во Унијата. ...
Жири комисијата за доделувањето на наградата „Драги“ се одлучи во вториот круг на селекција да влезат 10 преведувачи со изданија објавени од 7 издавачки куќи: 1. Алида Муча за преводот од албански јазик на „Премин во времето“ од Миѓен Келменди, во издание на Темплум. 2. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански јазик на „Пет куси романи и неколку раскази“ од Наталија Гинзбург во издание на Артконект. 3. Давор Стојановски за преводот од ...
Дваесетина случаи на фемицид се евидентирани во Северна Македонија од 2019 година досега. За четири години се покренати 17 кривични постапки за фемицид, во кои се убиени 19 жени. Повеќето од жртвите настрадале од раката на своите поранешни или сегашни партнери или сопружници, а убиствата најчесто се случиле во нивните домови, покажува најновиот извештај за фемицид во Северна Македонија. Ова покажува дека и покрај гласното говорење, ...
На 19 септември 2023 година, од 18:00 часот во галеријата „Метаноја“ (ул. Максим Горки бр. 19 ) во Скопје, ќе биде отворена изложбата „Ноктурно: Нотите на сликарот“ на академскиот сликар Панче Ѓорѓиев. „Она што се нотите, хармониите и мелодиите во музиката за композиторот, тоа се четките, боите и платното за сликарот. Панче Ѓоргиев во овој најнов опус на слики црпи токму од светот на ноќта. Една од сликите, која е и водилка за овој осврт, е ...
Замисли беспрекорна арка за пат на тих океан разреден речиси докрај, арка што е посовршена од онаа на Ное, која пловела низ разгневени води. Замисли арка со необичен облик: сфера што плови вртејќи се околу себе по невидлива врвица исцртана од ѕвезда, арка што без оркестар танцува со еóни. Нејзиниот пристан е во самата неа, целосно предадена на незапирниот танц, на променливите мени на денот и ноќта, на будењето од сон на заспаните сезони. ...
Како и многумина на моја возраст, во последно време често размислувам за најважните настани во мојот живот, не само на личен план, туку и во поширок општествен контекст: на кој начин силите кои го обликувале тој контекст влијаеле на мојот живот и ги одредиле моите уверувања? Нема сомнеж дека за најголем дел од мојата генерација, како на исток така и на запад, пресвртен настан беа културните револуции од шеесеттите и седумдесеттите години на ...
Почина Фернандо Ботеро, еден од најпознатите уметници во Латинска Америка. Според неговата ќерка Лина Ботеро, 91-годишниот колумбиски сликар и скулптор боледувал од од пневмонија и починал во својот дом во Монако. Во своите слики и скулптури, Ботеро често прикажувал заоблени, чудни фигури кои се потсмеваат на високата класа на неговата родна Колумбија. Роден во Меделин, бил син на трговски патник и шивачка и како мал имал желба да биде ...
Новата сликовница во едицијата Во 5 кај вртелешките! е дело на писателката од Белград, Драгана Младеновиќ, и илустраторката од Скопје, Инес Георгиевска. Поточно, сликовницата е резултат на еден регионален конкурс за најдобар текст за сликовница за попреченост. На тој конкурс, на кој пристигнаа 43 ракописи од Србија и Македонија, најдобро оценет ракопис беше Седам копчи на сунцу (Седум конци на сонцето). Текстот на Драгана Младеновиќ на ...
По втората светска војна и раѓањето на македонската кинематографија во рамките на Југославија, позначајни филмови снимени според домашни литературни дела се: Во рамките на Југославија • Солунските атентатори (1961) снимен според истоимениот роман на Јован Бошковски • Денови на искушение (1965) според драмското дело „Црнила“ на Коле Чашуле. • Македонска крвава свадба (1967) според истоимената драма на Војдан Чернодрински. • Црно семе (1971) ...
Откако разбрав дека починал мојот драг другар, архитектот и сценограф Крсте Џидров – Џиби (1950-2023), ми се чини дека со него си замина и еден значаен дел од „срцето” на Скопје. Од вистинското срце на Скопје! Тој беше роден и пораснат токму во „скопското срце”, во старото скопско јадро. Затоа ја пишувам оваа колумна небаре му раскажувам нему за моето доживување на неговото, на нашето Скопје. Тоа на нашето детство во шеесеттите и на нашата ...
На 12 септември, во Хотел Александар Палас во Скопје, Северна Македонија, се одржа Регионален форум: Родова еднаквост во пристапните процеси во ЕУ, во организација на Коалицијата за родова еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ (EQUAPRO). Настанот ја стави родовата еднаквост во центарот на политичката дебата поврзана со процесот на пристапување во ЕУ и овозможи форум за дискусија каде различните регионални чинители заеднички рефлектираа ...
На 15 септември, во 19 часот во Продажен салон на Културно информативен центар - Скопје ќе биде отворена изложбата „Скопје под лупа“ на Јована Савевска. Куратор на изложбата е Владимир Јанчевски. Изложбата се реализира во рамките на фестивалот „Звукот на Скопје“ 2023, во организација на Културно информативниот центар, Скопје. „Скопје под лупа“ не е крими-истрага, туку изблик на една креативна душа во период на подврзани крилја. Случувањата ...
На 19 септември, во 20 часот во Музејот на современетата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. Куратори на овој мултимедијен проект се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец. Проектот „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) е насловот на најновиот комплексен мултимедијален проект на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. Проектот е составен од два дела, просторна инсталација ...
Кога исламистичките сили изведоа серија воени удари во централна Африка - Нигер, Мали, Буркина Фасо - со отворена поддршка на Русите од Вагнер, во медиумите се појавија два наративи. Прорускиот гледа бунт на народот против францускиот неоколонијализам поврзан со локалните корумпирани елити. За тоа време, западните медиуми гледаат аспекти на голем заговор на исламистите и Русија да воспостават антизападно и антилиберално царство во централна ...
Во периодот од 17 до 20 септември во Скопје ќе се одржи 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан.“ Гости на фестивалот ќе бидат петнаесетина писатели, издавачи, уредници од регионот и пошироко. Добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, за оваа година е словенечкиот писател Драго Јанчар, на кој ќе му се придружат писателите: Владимир Левчев од Бугарија, Тарик Туфан ...
Активисти на Млади за Македонија, заедно со невладините организации Чејнчмејкерс, Спас за Гевгелија, Аква Фортис, здруженија и активисти од Тиквешијата, од Гевгелиско-валандовскиот регион и од цела Македонија на 16 септември (сабота) најавуваат протест против изградбата на малата хидроцентрала на реката Дошница на планината Кожуф. Протестот ќе почне во 11,55 часот на излетничкото место Смрдлива Вода, планина Кожуф. За протестот ќе биде ...
Денес, 13 септември 2023 година со почеток во 19:00 часот во Сули Ан ќе се одржи завршната изложба на Академијата за графички и веб дизајн. На истата може да се видат мултимедијалните проекти, графички дизјани како и веб страници кои студентите ги креирале во текот на едногодишните студии на Академиите за Графички и Веб Дизајн. Преку дружба со студентите и професорите од Академиите за графички и веб дизајн, присутните ќе имаат можност да ...
Југословенот е убава душа зафатена од вртлогот на историјата и потисната на маргините на општеството. Со довршувањето на процесот на реставрација на капитализмот на нашите простори, како и со „смената на генерации“ која се случуваше последниве триесет години, либералната, граѓанска, односно среднокласна југоносталгија го презема приматот меѓу оптиките на позитивната идеализација на социјалистичка Југославија. Средната класа, деилузионизирана ...
Седмото издание на фестивалот „Арт Ареа / Артерија“ ќе се одржи од 15 до 17 септември во „Буква“ и во МКЦ и претставува тридневен книжевно-мултимедијален комплекс од настани со фокус на градот Скопје. Целта на фестивалот е да го пополни јазот помеѓу разните културотворци во Македонија, односно да поттикне вмрежување и соработка на разните културни сфери, особено на младите автори, а тоа може да поттикне сериозна соработка и идни проекти ...
За Неделата на занаетчиството во Лондон, лидерот во областа на трикотажата Џон Смедли креираше нова интересна колекција во соработка со уметничката организација Intoart со седиште во Лондон, која повеќе од 20 години работи на заштита на уметниците со попреченост и потешкотии во учењето во неурамнотежена индустрија, неодамна лансирајќи го својот најнов дизајн во дизајнерското студио Trifle. Кристијан Овонлен, Лиза Контучи и Мавуена Ката се ...
Во среда, 13 септември, во 20 часот, ќе се одржи премиерата на претставата „Дримкечер“ во киното „Фросина“ – МКЦ, во продукција на „Скоро театар Скопје“. Претставата е во режија на Виктор Бужаров и Натали Спасова според драмскиот текст напишан од Натали Спасова, а во неа играат Сара Климовска, Хари Михајловски, Тамара Ристоска и Стефан Петровски. „Дримкечер“ е дистописка театарска претстава, што ги следи соништата на четири млади улични ...
Денес (12 септември, вторник), со почеток од 19:30 часот, во Музејот на град Скопје за прв пат ќе биде претставена уметничката група „Шатакуа". Истоимениот проект, Chatautauqua, е сплет од аналогна фотографија, видео движења, објекти и музика. „Очекувајте високо квалитетни аналогни принтови во невообичаени формати”, велат членовите на групата. Нагласуваат дека аналогните фотографии се создадени низ сложен процес во Кошице, Словачка, едно од ...
Светот поминува низ нова Студена војна: втора студена војна. Еден од главните начини на кој се води оваа војна е економската политика. Санкциите се главен инструмент на економската војна. Кога некоја држава ќе ги наметне унилатерално, без одобрение на Обединетите нации, тие се нарекуваат „еднострани присилни мерки“ и се незаконски според меѓународното право. Една четвртина од светското население живее во земји кои се еднострано санкционирани ...
Кога запирам пред тие суштества и се обидувам да им се воврам в кожа на брегот пред пената во која се капат, да станам нивна, да ми се издолжи вратот, рацете да ми се преобразат во крилја, нивната грациозност во себе да ја сетам, лесното првнување, силата за надземен вдиг, кога ми се причинува дека и јас сум со нив, една од нив, со истиот заслепителен сјај, токму тогаш... ...токму тогаш моите раширени крилја се преобразуваат во сува папрат, ...
Европската Унија со различни брзини како развоен концепт, кој веќе подолго време го заговара францускиот претседател Макрон, е проследен со жолчни дебати. За разлика од толкувањата со кои се прави невешт обид ова прашање да се стави во поинаков контекст, – каков што е случајот со тврдењето на премиерот Ковачевски дека станува збор за модел што ќе овозможи побрзо зачленување на земјите кандидатки што успешно ќе ги спроведат реформите – во ...
Со изложба на тројцата годинешни добитници на наградата „Денес“, Ѓорѓи Десподов, Клелија Живковиќ и Бурџу Мусли, на 14 септември во Националната галерија– Чифте амам ќе се заокружи одбележувањето на јубилејот 20 години од првото доделување на оваа награда за млад визуелен/а уметник/чка до 35 години. Наградата „Денес“ е платформа од единствен вид во земјава, која што во текот две децении континуирано им нуди на младите уметници програма за ...
Вооружена со „проектор со црни светлосни зраци“, облечена во оскуден костим, Сандра Најт е оригиналната Фантом Дама и една од првите женски суперхероини од Златното доба на стрипот. Откако се приклучува на пантеонот на DC во 70-тите, Фантом Лејди станува член и основач на Борците за слобода. Оттогаш Сандра се повлекува од борбата против криминалот и им ја предава наметката на Фантом Лејди на други жени. Сандра Најт е убавата ќерка на ...
Al генерирана слика на објект која ја истражува модуларната архитектура Со напредокот во технологијата во денешно време, архитектите имаат можност да ги реализираат своите најимагинативни дизајни. Овие оригинални структури често се комплексни и бизарни до тој степен што изгледаат како простори кои се прилично непријатни за живеење. Оваа колекција на бизарни објекти е посветена на пронаоѓање на најинтригантно различните структури каде ...
Најефикасна борба против нееднаквоста е политичката, но на репертоарот има и други методи кон кои најчесто прибегнува народот. Меѓу тие методи спаѓаат и оние кои варираат помеѓу реторичката класна освета и утехата. Најпознатиот пример - опеан во песните, искажан во заклучоците - се однесува на некоја несреќа која наводно ја носат парите. Сите знаеме „што не можат да купат парите“ и колку богатството ги оддалечува поединците од општеството и ...