Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Во домот на Васил, во аголот над неговите бастуни, подредени се медали кои тивко сведочат за животен пат кој е одбележан со многу труд, упорност и напор, но и со непоколебливост која го разгорува и му дава живост на неговиот дух. Животот го смести во инвалидска количка, но тоа не му ја згасна одлучноста, напротив, тој е овде за да ни покаже дека постои еден поинаков вид на маратон, оној каде што финишот останува недефиниран, но тој продолжува ...
Во последните неколку години бројот на живородени деца во земјава постојано се намалува. Тука, согласно евиденцијата според меѓународните дефиниции и стандарди, децата што се родени во друга земја од родители кои се наши државјани, не се бројат како население во нашава земја. Затоа велам дека сè помалку се раѓаат деца во земјава, а повеќе надвор од нејзините граници. Во 2022 година бројот на живородени деца изнесуваше 18.073, а надвор од ...
Извештајот Глобал Стоктејк (Глобален преглед на состојбата), кој кон средината на септември го објавија Обединетите нации, го потврдува она што веќе го насетувавме: многу земји не прават доволно за да ги ублажат климатските промени. „Глобалниот преглед на состојбата е вежбање на амбициите. Тоа е вежбање на одговорноста. Тоа е вежбање на забрзувањето“, рече Сајмон Стил, извршен секретар на Рамковната конвенција на Обединетите нации за ...
Во ера обележана oд неизвесности и повеќеслојни предизвици, улогата на уметноста во воведувањето на критичните политички и општествени прашања во јавната сфера никогаш не била позначајна. Уметноста, во нејзините многубројни форми, служи како динамична и влијателна сила, способна да инспирира дијалози кои ги поставуваат на површина фундаменталните грижи на заедницата. Таа, кога е поставена кон и за општеството може да ја рефлектира ...
Наградата „Драги ” за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво ” од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа „Артконект”. Комисијата за доделување на наградата беше составена од Јана Михајловска, Лидија Капушевска- Дракулевска и Милан Дамјановски. „Златко Панзов успешно се справил со предизвиците на преведувањето и сосема солидно го пренел историскиот, нималку лесен, ...
Вечерва (3 октомври), со премиера на претставата „Фирма”, во драмски театар почнува регионалниот театарски фестивал „РУТА”. Фестивалот ќе трае до 8 октомври, а македонската публика ќе може да ги види „Декамерон” на Градско позориште Подгорица, „Нора” на Местно гледалишче Љубљана, „Син” на Камерни театар 55 од Сараево и „Самрак на боговите” на Београдско драмско позориште. „РУТА” завршува со претставата „Отело” на театарот Улисис од Хрватска. ...
Фондацијата Хајнрих Бол од Сараево организира самит со наслов The New Gen(D)eration, кој ќе се случи на 4ти и 5тти октомври 2023год. во хотел Холидеј Ин, Скопје. Самитот се реализира во соработка со Коалиција Маргини (Скопје) и со поддршка на Фондацијата Kvinna till Kvinna. Преку овој собир на активистки, академици, истражувачки, креатори и креаторки на политики и други оператори од регионот и пошироко, е да се продлабочи разбирањето, да се ...
Мислев ќе се опијаниме Но не се опијанивме Мислев ќе ги најдеме изминатите денови Но не ги најдовме Мислев ќе бидеме радосни Но не бевме радосни Мислев ќе се сетиме Но не се сетивме Мислев ќе тргнеме Но не тргнавме Постојат некои градови ноќе Но не ги најдов Постои тага Но не бев тажен Постои некој крик тивок и глув Но останал далеку Ариите мислеа дека можам да ги слушнам Но беа само некаков мал плач Имаше некоја желба Но дојде само никаде ...
Над 11 илјади учесници од 53 држави настапија на годинашниот Скопски маратон. Рекреативци, професионалци, млади и стари, трчаа низ улиците на Скопје, натпреварувачки се во пет трки. Прв патеката долга 42 километри ја мина Виктор Киплагат со време од 2:15:09 часа , што беше да речиси една минута побрзо од сонародникот Черот Лабан (2:16:03). Македонскиот маратонец, Дарио Ивановски имаше за речиси 3.минути послабо време (2:19:08) и заврши како ...
Времињата се сменија. Новинарот веќе не може да биде неутрален пренесувач? Пренесено од Дојче веле Со децении мантрата во журнализмот на овие простори (и југословенски и македонски) беше дека една новинарска сторија, па макар и помала информација, треба во основа да ги содржи обете страни за еден настан, а новинарот да биде како некаков неутрален пренесувач, па читателот нека си донесе свој заклучок. Ставовите беа оставани за коментарите. Но ...
Тајванскиот илустратор Инка Пан создава прекрасни имагинарни пејзажи во сензитивно обоени слоеви со употреба на техниката гваш и мастило. Се чини дека неговата инспирација речиси целосно потекнува од природниот свет, со бујната вегетација која во голема мера е присутна во неговите дела, како и чудeсните елементи од источната митологија искористени со мерка. И покрај овој прилично чуден и деликатен пристап кон илустрацијата, Инка редовно ги ...
Изложбата на Митко Панов насловена„Наместо вовед“ ќе биде отворена на петти октомври 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во објектот Мала станица. Изложбата на Митко Панов е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот. Всушност концептот е приказ на творештвото каде авторот е визуелен раскажувач. Митко Панов е посветен на своето творештво, во истражувањето на нови изразни форми, каде прави синтеза ...
Десет европски автори, четириесетина македонски учесници од различни генерации, претставници на реномирани издавачки куќи и фестивали од регионот, како и доделувањето на наградите „Драги” ќе го означат деветото издание на фестивалот за европска литература „BookStar” кој годинава се одржува од 2 до 4 октомври во Скопје. „Фестивалот „BookStar” отсекогаш ни носел автори и дела кои ги предизвикуваат поставените наративи, идеи, предрасуди и status ...
Експоненцијалниот раст на меѓународните текови на капиталот, пред сè во форма на долгови, е еден од најголемите развојни учиноци последниве 50 години. Меѓутоа, иако странските кредити за земјите во развој одиграа централна улога тие сепак се меч со две острици. Ако се употребат правилно можат да остварат голем профит, поттикнувајќи раст на БДП и зголемувајќи ја благосостојбата на земјите кои земале кредит. Ако долговите само се натрупуваат и ...
Темата за националните интереси воскресна како феникс во дебатата за уставни гаранции на правата на бугарското малцинство. Не остана политичка партија или политичар кој не рече дека ги брани националните интереси, а дека некој друг ги „распродава“. Кој кажува што е национален интерес? Во политичката теорија, постои едногласност дека државниот интерес обично го дефинира владата. Да речеме, „успешното водење на пристапните преговори со ...
Антонио Брисењо е венецуелски фотограф и биолог чија работа промовира зачувување на природата и домородните култури. Во своето драматично дело насловено „Боговите на Америка“, Брисењо создава динамични портрети на домородните луѓе поставени наспроти природните и културните пејзажи. Брисењо ги спојува сликите на исконските средини и духовните водачи во визии кои ги евоцираат архетипите кои вообичаено се среќаваат во човечките култури низ ...
На 30-ти септември (сабота) во пабот Порта Џез во Битола, во организација на Дебатно Кино Контра Кадар и Пондер ќе се одржи саем на книга и стрип. Посетителите на саемот кој ќе биде отворен во 12 часот, ќе имаат прилика да присуствуваат на промоции на стрипови и книги, интересни книжевни дискусии и да слушаат супер кул домашна музика. Дел од овој настан ќе бидат и книгите на неколку скопски издавачки куќи и книжарници: „Темплум”, Или-или”, ...
Сенка пред изворот на мастилото Во ползавецот мастило И горе високо мастило Ѕвезди паѓаат во мастило Од далечина се тркала мастило На лицето ми сјае мастило Овде помина војската на мастилото Со топови полни мастило Секое утро илјадници гулаби полетуваат од мастило Аријадна лежи мртва Широкиот фустан ѝ е исфлекан од мастило На патот дете, на џбунот птица, полни со мастило Сите патеки водат во мастило Пејзажот е потопен во мастило Грмушките ...
Деветтото издание на филолошката студентска конференција „Како си ми?“, ќе се одржи на 30 септември, сабота, со почеток во 10 часот. Во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, студентите филолози ќе ги претстават своите најдобри истражувачки трудови пред своите колеги, професори и љубители на филологијата. Конференцијата има за цел да ги собере на едно место проучувачите на филологијата, при што студентите ќе можат да ги ...
Побарувачката за железнички транспорт е голема, но загрозена e од неразумно ниските цени на летовите, па експертите повикуваат на воведување данок на керозин, пишуваат новинарите на АФП, ДПА, ФЕНА, Хајн и СТА обединети со проектот „Европска редакција”. Политичарите, сообраќајните експерти и бизнисмените ја критикуваат состојбата со железничката инфраструктура и обилното субвенционирање на воздушниот превоз.Во борбата против климатските ...
Кохеи Саито е јапонски филозоф и вонреден професор на Универзитетот во Токио. Саито ги проучува екологијата и политичката економија од марксистичка перспектива. Неговата книга „Капиталот во антропоценот“ го разбуди интересот за марксистичката мисла во Јапонија. Вашиот централен концепт и политички предлог е комунизмот на одрастот. Дали можете да го дефинирате овој концепт? Зошто не само комунизам или зошто не само одраст? Каква е теоретската ...
На 30 септември (сабота) од 20 часот во Мобилната/Монтажна галерија во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи изложба и промоција на публикација на Иван Ивановски. „Заглавени во меѓупросторот, помеѓу ќелијата и екранот! Постојат многу важни прашања кои се вредни за постојано да си ги поставуваме, со цел да се преиспитуваме. Тие се врзани за нашето место во светот, за општите координати кои ги зафаќаме, а се и од суштинска важност за нашето ...
Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ организира Култренинг/ Работилница за кореографија и танц „Резонантни тела“ со Теодора Ежовска која ќе се одржи во петок (29 септември) во КСП Центар – Јадро. „Работилницата со Теодора Ежовска на учесниците им нуди танцово истражување и работа преку метод на допир, сензација, процес на истражување што овозможува експанзија на мисловна, како и физичка работа на тело, за тоа што ...
Откако учителката ми ја објасни метафората за пустелијата, ноќе се будев и размислував за пустелијата на татко ми. И не ми беше јасно какво е тоа пусто место кај што може да се избега од сѐ, кај што човек може да се спаси од нешто, од некој проблем, од некоја мака, кај што може да биде сам... Дали секој човек си има своја пустелија? Ако е така, тогаш за секој човек на Земјината топка би требало да постои едно празно место за пустелија кај што ...
Кој знае (ах, никој ништо не знае, Кревко е знаењето!), можеби во мене Капнало ронче вистина од други димензии? Или се тоа само фантазии?! Уште би можела љубов Да ни се случи ‒ велам. Но не знам јас, дали ја пожелувам или не ја пожелувам. Во морето на животот што вечно Врие и испарува, по истите стапки, Се создаваат одново, се сретнуваат пак Можеби истите капки ‒ И кога ќе мине вечноста по оѕвездениот пат, По несфатливостите пусти, Во бакнеж ...
Бугарија не е единствената ЕУ-членка, чиј државен врв на највисоко официјално ниво, негирајќи го постоењето и посебноста на македонскиот јазик, и не признавајќи го неговиот статус како малцински јазик во Бугарија, ја оспорува јазичната и културната разновидност во Европа. И со тоа го злоупотребува своето право на вето за на најгруб начин да ги блокира европските интеграции. И Унгарија неодамна се закани дека би можела да ја блокира Украина да ...
Бидејќи популацијата на пчели во светот продолжува да се намалува, еден град во Холандија презема чекори за да им даде на овие опрашувачи нови екосистеми. Со трансформирање на повеќе од 300 автобуски постојки во зелени центри, градот Утрехт во земјата иновира нови решенија за тоа како да се балансира животната средина во урбана средина. Со оваа акција тие даваат позитивен пример за остатокот од светот. Утрехт, четвртиот по големина град во ...
Во Националната галерија на Северна Македонија – објект Чифте амам – на 28 септември (четврток) во 20 часот ќе биде отворена ретроспективно-јубилејната изложба на Миле Корубин (1922 – 2000). Поттик за организирање омаж посветен на Миле Корубин, еминентен македонски сликар, е одбележувањето на 100-годишнината од неговото раѓање. Овие јубилеи се основни поводи преку кои Националната галерија, како институција која седум и пол децении се грижи ...
Фотографот Лука Мједа од Загреб, Р. Хрватска на изложбата со едноставен наслов „Загреб“ што ќе биде отворена во Музејот на град Скопје на 28.09.2023. во 19.30 часот ќе се престави со 50 црно бели фотографии во дигитален печат создадени изминативе триесетина години. Мједа, наизглед ни го доловува само градот Загреб. Меѓутоа, авторот на оваа изложба ја открива присутноста на градот преку архитектурата со негово ликовно експонирање. Човекот и не ...
Згрозени од најновиот случај на фемицид, кога во Кочани жена беше избодена до смрт, иако претходно го пријавувала сторителот за уцена и барала заштита, се сомневаме дека институциите не постапиле според своите надлежности и бараме да се утврди одговорност. Не, не станува збор за немил или трагичен настан, како што известија некои медиуми, туку станува збор за убиство, фемицид, којшто како таков треба да биде квалификуван и претставуван во ...