Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Облик сè помалку препознатлив секоја наредна недела, Цел сè понејасна. Се прашувам кој последен, Баш последен, тоа место, заради она што беше некогаш ќе го бара Така медитираше Филип Ларкин во песната Посета на црквата од 1954 година, откако влегол во празна градба за да ја одмери одвнатре како човек без вера. Не пронашол многу смисла, но го почувствувал значењето кое тоа здание го има за историјата и културата на земјата, можеби и за ...
На 27 септември (среда), со почеток во 20 часот,во објектот Даут пашин амам, дел од Националната галерија на Македонија, ќе биде отворена изложбата на уметникот Симон Шемов со наслов „Мултиверзум“. „Сето време е сега“, вели поетот и есеист Алек Дервен Хоуп, свесен за сложеноста што се јавува во поетската имагинација, која се храни со идеи за минатото и иднината од гледна точка на недостижното сега. Парадокс е вечноста. Вечноста не е физичко ...
Денес (26 септември) со почетоко во 19:19 часот во Културно информативниот центар – Скопје ќе биде промовирана збирката раскази „Систем на сетилности“ од Елизабета Костадиновска Линднер во издание на „Антолог“. Книгата ќе ја промовира Радмила Ванкоска, а извадоци од книгата ќе чита авторката. „Систем на сетилности“ e збирка раскази што содржи тринаесет текстови. Овој „систем“ се протега низ повеќе од дваесет и пет години и се менува во ...
Омнибустопија слави полујубилеј! Програмата на нејзиното петто претставување ќе биде делумно во знакот на ремикс уметностите. По три години, повторно, дел од настаните ќе се реализираат во автобус. Ќе имате можност да проследите ексклузивни концерти, изложба, разговори и работилници. ГЛАВНА ПРОГРАМА 28 септември, четврток: Автобус на ЈСП, фонтана на Градски парк | 20:00 - Концерт на Драган Теодосиев трио (Благојче Томевски – кларинет; Стефан ...
Едно од најновите изданија на американската поштенска служба содржи суштества толку микроскопски што се премногу мали за задната страна на поштенската марка. Неодамна објавената колекција „Животот под лупа“( Life Magnified ) содржи дваесет од најситните живи форми во светот, од кластер на еластични црвени крвни зрнца и прамен од коса до широката мрежа на мозочни неврони на глувче. Додека за повеќето поштенски марки е потребно намалувалување ...
Фугази, легендарниот пост-хардкор состав, зазема посебно место меѓу најважните бендови од американската андреграунд музика во 20-от век. Нивниот музички, политички и општествен придонес не можеме да го преувеличиме, а нивното наследство и денес има силно влијание. Музички ги надминуваа стиловите, ја негуваа Направи сам етиката, се придржуваа до деловните принципи кои ѝ контрираа на музичката индустрија. Фугази, кои се формирани 1986 година, ...
Книжевниот центар „Антолог“ извести дека на претпоследниот состанок на комисијата за доделување на наградата „Драги“ е одлучено во третиот и последен круг на селекција да влезат пет преведувачи со изданија објавени од три издавачки куќи и преводи направени од пет различни јазици. Комисијата во состав на Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник на семејството на Драги Михајловски), ...
Во вторник, 26 септември, во рамките на „Прво па женско", на Академската сцена на ФДУ со почеток од 20:00 часот, ќе може да го погледнете првиот соло театарски проект на пистелката и драматург Јасна Жмак насловен како “This is my truth tell me yours”. “Тhis is my truth tell me yours” е авторски проект на пистелката и драматург Јасна Жмак во кој таа се занимава со својот однос со уметничкото поле на делување, преиспитувајќи ги своите и ...
Пред околу 100 години е роден еден од најголемите психолози и истражувачи на генијалноста на креативноста, Френк Барон. Тој починал во 2002 година и зад себе оставил значајни истражувања. Резултатите од истражувањата што ги спровел во текот на педесетите и шеесетите години се темел за сите подоцнежни истражувања за генијалноста и креативноста. Барон влегол во историјата бидејќи успеал на едно место, во една куќа во Калифорнија, да собере ...
Вечерва во 19:00 часот во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе биде претставена графичката книга „Верлосен, Арт-зборник“ од Симон Калајџиев. Промоцијата ќе биде во вид на разговор меѓу авторот Симон Калајџиев, приредувачката Зориа Петкоска и промоторката на изданието Дијана Томиќ Радевска. Книгата е во издание на издавачката куќа Флип Бук Букс од Скопје. „Верлосен Арт – зборник“ е иновативно издание од областа на научната фантастика ...
Погубното одолговлекување е еден од вообичаените одговори на Европската унија во моменти на најдлабоки кризи. Проблемот не е само во тоа што никогаш не е лесно да се придобијат 27 премиери или претседатели на држави да се сложат со нешто. Проблемот е и во нивните мотивации и склоности себеси да си поставуваат погрешни прашања кои полека но неизбежно ги водат кон прифаќање на штетните државни политики. По пропаста на Леман Брадерс во 2008 ...
Швајцарскиот писател Макс Фриш (Max Fricsh, 1911 – 1991) на едно место во својата новела Човекот се појавува во холоценот (Der Mensch erscheint im Holozän, 1979) вели: „само човекот доживува катастрофа, под услов да ја преживее; природата не препознава катастрофи“. Оваа провокативна забелешка директно ја отвора можноста одблизу да се испита содржината и значенските рамништа на научниот и книжевниот дискурс што како свој предмет ја има ...
Третото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 24 до 28 септември на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. Ќе гостуваат поети од Данска, од Малта, од Франција/Сирија, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат и над 50 домашни поети! Официјалното отворање е закажано за 27. септември во ...
Тогаш кога на хоризонтот, чист како солза, росата се меша со магла, муграта со заод, а ѕидниот часовник, стар и секогаш точен, панично одѕвонува полноќ на пладне, време е за дивеење на свирепата ламја, опашеста сестра на многуглавата хидра пред која и дрвјата свиваат крошни, птицитe уплашенo нурнуваат в небо, јатата риби полетуваат низ немирни води, бура што луѓето ја следат без здив кога преметкува сѐ, а штом запре, веќе никој не сака да ...
На 23 септември 2023 година, во 18:30 часот, во Мала сала при НУ Завод и Музеј во Битола, ќе биде отворена групната изложба со наслов "Неоматеријални изрази". „Неоматеријални изрази" е уметничка изложба која ја истражува врската помеѓу материјалноста и неоматеријалноста во епохата на дигиталната револуција. Овој уметнички проект претставува дела од искусни уметници кои го испитуваат концептот на неоматеријалност, и како истата влијае врз ...
Пред неколку дена (на 19.09.23.) во Музејот на современетата уметност во Скопје се одржа еден од позначајните културни настани годинава: изложбата „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. „Замислен како ’тотално уметничко дело’, овој проект преку богат иконографски фундус и комплексна мрежа од релации, и комбинирање на неколку уметнички дисциплини (визуелна уметност и експериментален филм, анимации и музика) се ...
Од рацете на Фернандо Ботеро е родена карактеристична форма на уметност. Сликите и скулптурите кои прикажуваат тркалезни и обемни уметнички форми го воспоставуваат неговиот јасен, изразен и кружен стил. Некогаш во Колумбија 1944 година, град Меделин, Колумбија. Еден млад ученик матадор, на дванаесет годишна возраст, има прилика за првпат да гледа двајца фокусирани и храбри луѓе, кои влегуваат во арената на бикови на коњ, подготвени да го ...
Второто издание на Маалскиот фестивал во организација на КСП „Центар – Јадро“ официјално ќе биде отворено со книжевен бал и изложба на дела изработени на работилницата за креативно пишување за млади, „кЛИК, сЛИК – сподели кирилица“, под менторство на компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска. „Без разлика дали ќе дојдете во тиква или во бела и раскошна кочија, во 19 часот ќе се запознаете со книжевни ликови создадени од тон ...
„Изгледа дека ерата на слободната трговија е завршена. Како ќе се развива светската економија во ера на протекционизам?“ Деновиве ова е едно од најчесто поставуваните прашања. Но опозицијата на слободната трговија и протекционизмот (како и пазарите и државите или меркантилизмот и либерализмот) не е особено корисна за разбирање на денешната глобална економија. Освен што пружа погрешна претстава за поновата историја, таа неправилно ги прикажува ...
На 22, 23 и 24 септември ќе се одржи второто издание на Маалски фестивал. „Ве очекуваме на најголемата маалска забава во Скопје. Спремете се за неверојатна авантура исполнета со танц, музика, книжевност, прошетки по маало, работилници, филмски промоции, театарски претстави и уличен базар! Дојдете сите – мали и големи! Во духот на заедништвото, креативноста и уметноста секој ќош на фестивалот ќе биде исполнет со културни настани, изведби и ...
Вистинскиот проблем е немањето општествен консензус за вкупниот правец во кој сакаме да одиме. Пренесено од Дојче веле Македонската политичка сцена во наредните шест месеци најверојатно ќе изгледа како кокошарник во кој ненадејно ќе пукне петарда. Интерните проблеми во поголемите партиски центри, системската криза на политичкиот, економскиот и социјалниот дискурс, како и неизбежниот судир на двата концепта – брз напредок кон ЕУ со сегашните ...
на Билјана Заталкани во син сон, крај алеи од водни качунки, низ нерамно поле со пенливи перуники, повлечени од силни струи, под бисерниот камшик чуновите и пливачите беспоговорно легнуваат на песочното дно. Напуштени на брегот, водните остатоци издишуваат тихо во вдлабнатинките на песочниот штит, крај скинати перјаници од сиви и зелени алги, крај мртвите тела на сините сни над кои згаснуваат разнобојни еднодневки, зафатени од бурата во ...
Во годината кога Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес што го разурна градот на 26 јули 1963 година, изложбата „Иднината како проект - Доксијадис во Скопје“ има за цел одново да ја стави во центарот на вниманието приказната за обновата на Скопје. Во нејзиниот фокус е улогата и придонесот на грчкиот архитект и планер - Константинос А. Доксијадис. Доксијадис е еден од многуте меѓународни експерти поканети од страна на ...
Истражувачите од австралискиот Универзитет RMIT открија дека би можеле да произведат бетон кој е 30 отсто појак со обработка и додавање јагленосан талог од кафе во мешавината. Нивниот нов рецепт би можел да реши повеќе проблеми во исто време. Секоја година во светот се произведуваат неверојатни десет милијарди килограми отпад од кафе. Поголемиот дел завршува во депониите. „Отстранувањето на органскиот отпад е еколошки предизвик бидејќи ...
Мала бела слика, 1982 Кон изложбата Ветар Параклет, на Димитрие Дурацовски Една мала бела слика стои прикачена на ѕидот во еден од халветите на Чифте амамот, но од она што го гледаме, таа не е ни мала, ниту бела слика, а веројатно била каква што тврди дека е пред да стане Мала бела слика (1982). Не е како Избришаниот цртеж на Де Кунинг (1953), ниту пак целосно „беспредметна“, но е семантичка, и сигурно има сопствена катарзична причина да се ...
Ноктурно, 2023 Мистичната привлечност и заводливост на ноќта е постојан мотив за уметничкиот израз на човечкиот вид. Од светот на музиката оваа тема има и конкретно име, „Ноктурно“. Поимот „ноктурно“ е латински и е одомаќен во раните векови по Христос означувајќи ја ноќната молитва и бдеење. Но, ноќта се разбира е присутна во колективното уметничко искуство уште од праисториските пеења и танцувања околу ноќниот оган. Како посебен жанр ...
Вечерва, (20 септември), во 20 часот, во Салон „Империјал 2“ во Културно-информативен центар – Скопје. ќе биде отворена интерактивната изложба „FLUX Surfacing“, која содржи графики и инсталација од Ана Трајковска и Ивана Самандова. Проектот „FLUX: Surfacing“ е продолжение на интерактивната изложба „FLUX“ организирана од страна на Ивана Ќ. Самандова и Ана Трајковска којашто се одржа во ноември минатата година во Отворено графичко студио. ...
Филмскиот критичар Слаѓан Пенев е селектор на главната натпреварувачка програма на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ веќе трета година. Пред годинешното 44-то издание на битолската смотра на светските мајстори на филмската камера, која ќе се одржи од 23 до 29 септември, со Пенев разговараме за изборот на филмовите, пофалбите и критиките, трендовите на фестивалите, конкурентноста на македонските филмови од поновата ...
Вечерва, во 19.30 часот, во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ и разговор со авторите Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски. Промоторка на книгата е писателката Оливера Ќорвезироска. „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ ги содржи разговорите што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе во временски опсег поголем од дваесет години. Првиот дел од книгата, „Огледало за ...
Коинциденциите понекогаш знаат да бидат поучни. Дневниот весник Le Mondе на 10 август 2021 година објави дека нето платата на фудбалерот Лионел Меси во клубот Пари Сен Жермен (ПСЖ) ќе изнесува 40 милиони евра годишно, како и дека просечната плата на шефовите на 40-те најголеми француски компании ќе се зголеми од 3,8 милиони евра во 2020 на 5,3 милиони во 2021 година. По неколку страници откриваме дека годишниот буџет на Меѓународниот панел за ...