Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Кога еднаш ќе ме прекрие темнина, И во темнината кога нема да се наоѓам себе, Напипувајќи го просторот слепо, глупо, И кога снеможен ќе се струполам, без вера ‒ Ќе можам ли тогаш себе да се препознам, Или и понатаму ќе барам некој друг; И во мене нема моето јас, туку тие ќе недостасуваат, Кога веќе, конечно, нема веќе да можам да бидам никој; И како што таму ќе лежам, или ќе лежи некој, Ќе можам ли да видам толку јасно, како сега, ...
Воркохолик иде на одмор на Ажурна обала. Срцето ми се крши од работа. Тоа одмор да ти било голема работа бе! Имам видено 10 саати спиење како се влечат по улица и 2 саати сонување како прават живот. Пристанав ради исправност, прилегнав ради рамноправност. Стапалата ме одржуваат во жив ôд. Воркохолик иде на одмор на Ажурна обала. Што и да си, во Турција сКушадаси. Сѐ што треба за колоната во која возиш да почне да се движи побрзо е да се ...
Ори Тор е илустратор и видео аниматор кој живее и работи во Тел Авив. Неговото мото е: никогаш не правете подготвителни скици или прогнози во однос на она што го креирате, секогаш импровизирајте! Преку психоделични визуелни елементи, Ори Тор ја развива својата практика на користење на случајното и неочекуваното. Иако е попознат по своите анимирани гифови, Toр сега создава халуцинирани слики кои циркулираат помеѓу импровизацијата и ...
Во градот Скопје постојат многу мостови кои ги поврзуваат различните делови на градот. Точниот број на мостови може да варира поради градежните проекти и промените во градската инфраструктура. Колку го познавате Скопје? Проверете дали ги знаете сите мостови на реката Вардар во главниот град. Мостот „8-ми Септември“ (Мост „Октомвриска револуција“) ги поврзува населбите Карпош и Момин Поток Мостот Близнаци е изграден во обновата на ...
Меѓу клучните обележја на современиот партиски живот спаѓа третманот на „гласачкото тело“ како пазар. Вообичаено партиите ангажираат агенции за истражување на пазарот и потоа тие им соопштуваат што мислат гласачите за одредени теми. Програмите се формулираат и позиционираат на пазарот земајќи ги предвид размислувањата на гласачите. Таквиот пристап на Пи Ар фетишизмот страда од клучен проблем кој би можел да се дефинира и како напуштање на ...
Одеднаш, влезе Директорот. Станавме и додека стоевме растреперени, Директорот пред нас истурка главучесто момче, го смести на празното седало до мене и замина. Момчето имаше крупни очи, маслосана костенлива коса и немирен поглед. Со денови ја вртеше главата кога ќе му го видев опулот. Секогаш доаѓаше прв во класот, а последен си заминуваше. Но, не пишуваше кога предаваа, а ако пишуваше, најчесто чкрташе разноразни фигури. Кога требаше да ...
Со внимание го исчитав текстот напишан од раката на мојот долгогодишен пријател и драг соговорник од редот на протестантските теолози, г. д-р Коста Милков, со наслов „Црквата како глас на надеж и пророчки знак?“ Ќе морам да признаам дека читајќи го текстот се најдов затечен, бидејќи очекував дека ова е последното прашање околу кое би спорел со неговиот почитуван автор. Не затоа што изнесените ставови радикално се разликуваат од моите – сѐ ...
Потрагата по одделна онтологија на стрипот или по неговата уметничко-дисциплинарна специфичност и автономност може да има полза и од сознанијата и анализите на структуралните елементи на стрипот. Одредувањето на естетичката природа на стрипот како уметнички форма делумно се определува и од техничките состојки на стрипот како посебен комуникациски модел за графичко раскажување. Основна градбена единка на стрипот е стрип таблата (анг. layout). ...
На 30.05.–01.06. во Скопје во „Јавна соба“ се одржа хибридната Меѓународна научна конференција „Екоантропологија: помеѓу човекот и околината во организација на ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје. Конференцијата претставува надоврзување и надополнување на истражувачките согледби во проектот „Меморија и екокосмос“, финансиски поддржан од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија (со Одлука за ...
Почина писателот и фотограф д-р Владимир Плавевски, објави неговото семејство. Имаше 75 години. Плавевски има освоено неколку награди за неговите раскази, а за „Јадица“ ја доби наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за 2013. Во 2020 ја доби наградата „Стале Попов“ од Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за книгата „Боксерот од Ново Маало“. Со аматерска фотографија почнал да се занимава од рана возраст, а со интензивно ...
Борис Дежуловиќ и Ненад Бјековиќ Во вторник, 21. јуни оваа година, во 10 часот, во Белград за првпат се сретнаа писателот и повеќестран уметник, Борис Дежуловиќ и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Ненад Бјековиќ. За оние кои не помнат и за оние кои не чуле, треба да се каже дека дотичниот Бјековиќ во Љубљана, оттогаш веќе има 46 години, во последното коло на првенството даде гол за Партизан против Олимпија и со тој гол Партизан по ...
Да сум зграда, сега би, малтер, Во парчиња отпаѓал од себе, И би се покажал, онаков каков што сум ‒ Разнишан скелет, под површината: Дека нема, по законите статички да опстанам, Дека на мене нема траги од топовските погодоци На накнадните крпења, се рушат потпорните ѕидови ‒ И самиот себе да се држам веќе тешко ми паѓа. Малку може да се скрие, дури и во споредба, Сè што оттогаш се случи; зошто не се обновував, Па сега од мене излегува, без и ...
„Отстрани ја од мене бучавата на твоите песни, зашто звуците на твојата харфа нема да ги слушам.“ Разгорените страсти околу „родовиот идентитет“ оваа недела имаат своевиден климакс. Неполна недела по завршувањето на „прајд“ настаните се случи „Сенароден собир против законот за родова еднаквост и законот за матична евиденција“. Медиумите, а посебно социјалните медиуми се преплавени со содржина на оваа тема, од колумни, преку статии па сѐ до ...
Фернанд Леже (4-ти февруари, 1881 – 7-ми август 1955) бил француски сликар, скулптор и филмски режисер, најпознат по своите кубистички слики и скулптури. Кај неговите рани дела може да се види дека овој уметник е креатор на една лична форма на кубизам (познат како „тубизам“) кој постепено го модифицирал во пофигуративен, популистички стил. Неговиот смело поедноставен третман на темата на модерноста предизвикал тој да се смета за предвесник на ...
Една од најважните работи во нашите животи, но и една од најголемите тајни на човештвото е - времето. Филозофите и научниците од памтивек се обидуваат да ја решат загатката на времето - како го дефинираме, како го мериме, како го доживуваме, дали може да патуваме низ него... Јасно е дека субјективното време не поминува еднакво брзо додека чекаме ред во банка и додека пиеме кафе со пријателите. Иако ги кроиме своите денови според времето кое ...
Зак Голдсмит Минатата недела британското Министерство за надворешни работи, Комонвелт и развој остана без министер за животна средина: Зак Голдсмит поднесе оставка затоа што е разочаран во скорешните залагања на Обединетото Кралство кога станува збор за борбата против климатските промени и заштитата на животната средина, разоткривајќи ги на тој начин поделбите помеѓу владејачките „ториевци“. Во своето писмо до премиерот Риши Сунак, кого го ...
Ден 494: 2 јули 2023 Денес има многу вести од насоката од Орихив. Откако Украинците ги потиснаа Русите од последната линија на утврдување на селото Роботин, Украинците го префрлија својот фокус на крилата. Главната цел на Украинците во моментов е да ја подобрат својата тактичка позиција околу Роботин пред да се обидат да го преземат. Како што може да видите, чекор по чекор, Украинците веќе успеаја да напредуваат за речиси 5 километри на ...
Во берлинската „аквариумска“ дневна соба сега веќе си живеев опуштено, како со спуштени пердиња и ролетни (што секако ги немаше): сè си беше на ачик, во стакло, на првиот кат, пред очите на минувачите. Често игравме „Океј“. Игравме долго, на големата стаклена маса со дрвените табли, расфрланите шарени камчиња и чајникот со двата керамички сада, со звукот на металните лажичиња кои ѕвечкаат во малите стаклени чаши. Додека го допивавме чајот ...
Како што претпоставив и најавив, протестот што МПЦ-ОА го организираше на 29 јуни не донесе ништо добро и беше само уште еден чекор во злоупотребата на разликите и поларизацијата во општеството. МПЦ-ОА, како после секој протест, треба да си ги собере „плодовите“ на омразата, иако не верувам дека има волја за такво нешто, а и залудно би било. Го „осоколија“ членството… ууупсс, се извинувам – верниците, и сега шират омраза на најјако. Еве, да ...
Биеналето насловено Photoclimat, кое ќе се одржи од 18 септември до 17 октомври во ПАриз, за неговото прво издание ќе спроведе фотографска рефлексија на суштински важни теми поврзани со климата и ефектите од нејзината дерегулација врз нашите животи. Од големи суши до недостиг на храна, преку еколошки катастрофи, предизвиците во наредните години ќе бидат значајни и ќе влијаат на целото човештво, за жал најмногу отежнувајќи им на помалку ...
На неодамнешниот протестен собир, Поглаварот на МПЦ-ОА, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, остро се спротистави на носењето закони за родова еднаквост и матична евиденција; ги критикуваше „родовата идеологија“ и организациите и движењата кои наводно толку зајакнале што преку државните институции пишуваат закони. Поглаварот обвини дека „се подметнува поимот род кој е свесно избран, но во намерите на новите ...
Јас ја оставив надежта покрај механизмот на часовниците Кога секирата ја пресечува последната минута Постоеше еден голем народен конкурс за тоа важно погубување Децата искачени на рамена Правеа со рацете знаци на радост и на страв Во една друга улица на морскиот брег Земјата се вртеше во песната на морето Една девојка пееше нешто здодевно И покажуваше малку од својата кожа поблага од животот Сите наоколу се здодеваа Избеганите коњи по ...
Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје вчера организираше панел дискусија „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“. Жарко Трајаноски, од Институтот за медиуми и аналитика ИМА, укажа дека годинава одбележавме десетгодишен јубилеј од донесувањето на Националната стратегија за родова еднаквост, донесена во 2013, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ: „Сега сме во некоја многу чудна ...
Во немилосрдната трка за вниманието на јавноста и парите на огласувачите, сопствениците и уредниците на медиуми користат разни средства и тактики. Притоа главно не се внимава премногу за статусот на стандардните новинарски жанрови, видови и рубрики. Така, меѓу „жртвите“ на намерите на монетизацијата на нашето внимание се најде и традиционалниот новинарски вид: интервјуто. Интервјуата не исчезнаа, само во незанемарлив број случаи се ...
Крајно време е за решителни чекори. Сега е моментот. Пораките од ЕУ упатени кон земјите од Западен Балкан се речиси еднозначни. Посебно се чини кон Македонија. „Немате време за губење“, рече деновиве специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Уште еден во низата европски бирократи што советува брзопотезно усвојување промени во македонскиот Устав со внесување на Бугарите во Преамбулата. „Направете го овој тежок ...
Џанго Помалиот е автор на најкуса проза објавувана на Фејсбук. Изминатава деценија беше активен блогер, активист и архивар на општествените промени и особено на микрокосмосот на урбаниот маалски живот. Автор е на „Намали малце чалам“, збирка со кратки раскази на скопски теми, издание на Темплум во 2018. Прозата е објавена и на Окно. Автор е на наградуваниот драмски текст „Модерна алхемија“, што на крајот на 1980-те самиот го режираше во МКЦ. ...
Необичните порцеланските фигури на уметникот Виајпу Сривиласа се декорирани со цвеќиња со златна сјајна глазура и кобалт, мали портрети на митски суштества, со пердуви и полка точки и различни геометриски мотиви кои го слават изобилството, но и радоста преку раскошните детали. Овие скулптури се чудесни, но и деликатни бидејќи ја спојуваат човечката анатомија со флората и фауната, истражувајќи ги „различните начини на кои љубовта се ...
МПЦ-ОА организираше протест против предлог-Законот за родова еднаквост и измените на Законот за матична евиденција. А како може да се оправда протест против унапредување на некое право? Само со упатување на догми, доволно дискретно претставени за да не бидат препознаени како догми. Преку ширење страв дека нечие право ќе ја загрози иднината на децата. Преку промовирање „традиционални вредности“, истовремено прикривајќи дека, историски гледано, ...
На 3 јули 2023 година, со почеток во 19 часот, во студиото Приватен принт во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата “A Small Roma Memory Book”, книга на Џемилиана Абдулова, во издание на студиото во рамки на активностите на студиото поддржани од фондацијата Принц Клаус од Амстердам. Книгата ќе се промовира со перформанс од авторката, со наслов „Кои сме ние?“ “A Small Roma Memory Book” од Џемилиана Абдулова е лична збирка текстови, изјави, ...
Терминот и поимот стрип: етимолошка и номинална анализа Онтологијата на стрипот мора да започне со одредени терминолошки, поимни и структурални разјаснувања, оти тие можат да имаат влијание врз препознавањето и одредувањето на естетичката природа на стрипот. Во многу ситуации етимологијата (или потеклото на терминот) може да ги предочи и доближи содржината на поимот и суштината на феномен што поимот го означува. Во југословенската популарна ...