направив сè да ја убијам зимата но ме дочека ироничната пролет од негушкање ми се направија грутки во мускулите меланхолична дистрофија контракциите се оневозможени, остана само мускулната меморија дијагнозата звучи злокобно но премногу романтично за да се поверува: тромбоза на осаменоста нешто не е во ред со кожата црвенилото насекаде потврдува ја мијам толку пати дневно конечно отстранив сè секоја трага дека некој некогаш ме допрел мојата ...

Нееднаквоста во приходите веќе со децении расте непрекинато во речиси сите делови од светот. Според едно неодамнешно истражување, глобалната нееднаквост е иста како и при кулминацијата на западниот империјализам од дваесеттиот век. Концептот на општествена хомогамија, односно кој со кого стапува во брак, веројатно не е првото нешто што ни паѓа на ум во објаснувањето на овој тренд. Меѓутоа, данско-американскиот истражувачки тим предводен од ...

Наспроти арогантниот настап на Груби, кој отворено се сомнева во капацитетите на Антикорупциската комисија и со доза на потсмев вели дека „не ги бивало“, токму ДКСК е една од ретките институции за која има позитивно мислење во последниот Извештај на Европската комисија. Но, државните институции кои треба да овозможат да се постапи според наодите на ДКСК, се „јавнати“ од власта во која ДУИ, предводена од Али Ахмети, е речиси 20 години. Истиот ...

На почетокот на месецов СиЕнЕн извести дека британскиот суд на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, „не му дозволил да поднесе жалба за налогот за негово испорачување во САД, каде го чекаат кривични обвиненија за шпионажа“. Иако правниот тим на Асанж продолжува со секакви обиди, стисокот очигледно станува посилен. Времето не е на негова страна. Американските и британските власти кои го прогонуваат можат да си дозволат да чекаат и оној мал ...

29/06/2023 01:05 - Окно

Андреј Старостин Оние кои ја читале книгата на Јуриј Олеша „Тројца дебелковци“ сигурно се сеќаваат на ликот Тибул, кој другарува со оружарот Проспер. Во книгата Тибул е гимнастичар и убавец кој ги штити сиромашните, а знае да оди по челично јаже оптегнато над плоштадот со име Ѕвезда. Јуриј Олеша на филмската екипа која снимала филм според книгата ѝ кажал дека модел за ликот на Тибул му бил Андреј Старостин. А ова е еден од браќата Старостин, ...

Утре (29.06.2023), во Хотел Сити Парк во Скопје, Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира панел-дискусија на тема: „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“ Панелисти на оваа дискусија се Драгана Дрндаревска (Коалиција Маргини), Кире Василев, (Дијалог – Центар за делиберативна демократија), Давид Тасевски (Скопски квир центар), Вики Младенова (докторантка на меѓународни студии на ...

Никој не може да ме убеди дека протестот што МПЦ-ОА планира да го организира на 29 јуни ќе донесе нешто добро, ниту ќе биде придонес за помирување или приближување на разликите на двете дијаметрално спротиставени страни, црквата и граѓанските организации, како што сега стојат работите. Напротив, во тоа сум убеден, единствениот придонес што ќе го даде тој протест ќе биде уште еден чекор во продлабочувањето на разликите и поларизацијата на ...

Драги припадници на ЛГБТИ заедницата и поддржувачи, Загрижени од енормниот раст на пријави на инциденти, вербални напади и закани во физичкиот и онлајн простор последниве денови, закани и напади предизвикани од вжештената атмосфера околу дискусијата на верските институции поврзана со носењето на законите за родова еднаквост и матична евиденција, ви се обраќаме со апел и совет за ваша и наша лична безбедност и добросостојба. Како граѓанско ...

Во земјата има многу повеќе окер отколку во полната златна нијанса исцедена од туба со боја. „Бојата е поврзана со материјата, исто колку и светлината“, вели Хајди Густафсон. „Всушност, во окерите и пигментите на земјата, металните елементи (железо, бакар, олово итн.) се оние кои се одговорни за нашето искуство со бојата“. Уметницата и основач на Архивата за окер наречена Early Futures Ochre Archive се восхитува на различните нијанси на ...

Фокусирајќи се на човечкото лице и неговиот израз, рускиот фотограф Коклов, во соработка со одличната шминкерка Валерија Кутсан, претставува серија впечатливи фотографски портрети со графички приказ кој изгледа беспрекорно. Колекцијата е наречена „Чудна убавина“, совршено име за наследната противречност кон која се стреми, бидејќи чудното не значи дека нешто не е убаво. Фотографските портрети во „Чудна убавина“ се мешавина од интензитетот ...

во сеќавањето имам даденост неспорна како зграда: никој не ме сакаше како ти сепак одредени нелогичности ja доведуваат во прашање сигурноста на сеќавањата детективски гледано нешто не се вклопува како е можно некој толку брзо да престане да сака некого и да го замени со друг тоа не го очекуваш од некој кому сцената со бакнежот од ивановото детство му е омилена тишината на тарковски ечи во мене во неговите филмови вода насекаде пасивна, ...

Лудвиг ван Бетовен (16 декември 1770 - 26 март 1827) е германски композитор, надмоќна музичка фигура во преодниот период помеѓу ерата на класицизмот и романтизмот. Се смета за еден од најголемите композитори на сите времиња. Меѓу неговите најпознати дела се Петтата симфонија, Шестата симфонија, Деветтата симфонија, клавирските дела како, на пример, За Елиза, сонатите Патетична соната и Месечева соната, Клавирска соната бр. 23, Апасионата или ...

Војната на Русија против Украина, во најмала рака, не помина според планираното. И сега Евгениј Пригожин, шефот на приватната воена компанија „Вагнер“, ги ескалира своите јавни напади врз руската војска. Во време кога Кремљ агресивно го потиснува несогласувањето, како тој се извлекува од тоа? Откако ја започна својата „специјална воена операција“ во февруари 2022 година, претседателот Владимир Путин тврди дека се стреми кон различни цели. ...

МПЦ ќе го брани својот народ, децата и жените, најави денеска поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан и со видео-обраќање побара поддршка околу протестот пред Соборниот храм. Всушност, МПЦ-ОА, сите нас ќе не заштитувал од носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Не само што е апсурдна, туку е крајно несериозна ваквата изјава од страна на поглаварот а во име на ...

За Овен Џент, текстурата и сенката се суштински наративни алатки. Овој уметник од Бристол има робустна лична практика и работи со комерцијални клиенти, автори и разни публикации за создавајќи илустрации кои прикажуваат променливи расположенија и се богати со метафори. Во едно од делата кое евоцира емоционална загуба како последица од канцер, траума и депресија, фигуративната светла силуета ја зафрла наназад женската коса за да може подобро да ...

Народниот правобранител претстави стравотни наоди за состојбата на психијатриските установи каде што осуденици ги отслужуваат затворските казни, но и во затворските установи во земјава. Во фокусот на постапувањето на Националниот превентивен механизам биле психијатриските установи „Скопје“ во Бардовци и болницата во Демир Хисар, каде што во текот на 2022 година биле извршени две посети. Народниот правобранител Насер Зибери наброја низа ...

Пред една седмица беше одбележан Меѓународниот ден за борба против говорот на омраза. Одбележувањето помина кај нас без некоја позначајна присутност во медиумите, ниту пак беше соодветно одбележано од непосредно надлежните институции. Се чини дека на говорот на омраза не му придаваме должно внимание иако на индивидуално ниво, а не ретко и на ниво на групи на кои им припаѓаме, а особено на социјалните медиуми, редовно се среќаваме со овој ...

Искрено, како атеист, целосно ја поддржувам Црквата во нејзината одлука отворено да влезе во увезените „културни војни“ и на политичкиот мегдан на страната на конзервативните политички сили. Иако на краток рок тоа ќе ѝ даде на десницата малку ветер во грб, на долг рок бројот на верници ќе се преполови. А тоа е одлично! Огромен број граѓани ќе се спасат од оковот на религијата. Црквата во 90ти беше единствената институција во која сите имаа ...

Пливачот Марио Мицковски ѝ го донесе четвртиот медал на Македонија на Специјалната олимпијада во Берлин. Под водство на тренерот Игор Димовски, Мицковски беше трет на трката на 100 метри слободно. Пливачите го освоија првиот медал во четвртокот, кога Стефан Трпковски се закити со сребро на 100 метри грбно. Први кои се искачија на подиумот беа атлетичарите, откако Агрон Хајредини освои злато, а Јулијана Петровска сребро во скок во далечина од ...

На 24 јуни 2023 година, под мотото „Гласни и горди“ се одржа четвртата по ред Парада на гордоста во Скопје, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Скопје Прајд е настан од и за ЛГБТ+ заедницата, но и за сите поддржувачи на борбата за еднаков третман на сите луѓе. Прајдот е протест, но и прослава, на која се реафирмираат надежите за посолидарно, похумано и поправедно општество. Почетната точка, како и досега, ...

Лидер на авторитарна земја со огромни енергетски резерви ги засилува своите вооружени сили долж границата на послаб сосед, за која тврди дека нема право да постои како независна земја. Потоа, продолжува кон отпочнување на инвазија, со цел да го проголта својот сосед и истиот да го избриши од картата. Светот се соочува со итно, но и тешко прашање за тоа што да се направи како одговор на тоа. Токму ова се случи летото 1990 година, кога Садам ...

Ако ова е револуција во боја во Русија, тоа е бојата на парите, напиша на Твитер поранешниот светски шампион во шах, Гари Каспаров, реагирајќи на случувањата во Русија и обидот за државен удар, кој го предводи паравоената формација Вагнер, на чело со Евгениј Пригожин, против претседателот на Русија, Владимир Путин. Каспаров напиша: „Крадците се борат против насилниците за земја, ресурси и моќ. Пригожин би можел да заврши мртов или како ...

Реконструиран е меморијалниот споменик Спомен-чешма со мозаички сцени во центарот на селото Сливово, Oхридско, каде што на 11 ноември 1943 е формирана Првата македонско-косовска бригада, соопшти Министерството за култура. Станува збор за дел од проектот за реконструкција на споменици и спомен-обележја на Народноослободителната борба (НОБ). Спомен-чешмата во Сливово има двојно значење, и историско и уметничко, со оглед на тоа што има две ...

синоќа сонував еж мракот шушкаше додека му приоѓав седнав крај него го погалив меѓу очите му реков, не плаши се толку си убав пет илјади кератински боцки ме поздравија со светкање го крена врвот на муцката што непрестајно му се мрдаше и ми се обрати со соодветен за сон глас сличен на детски ми рече да се чувам од тебе зашто ќе сакаш да ме имаш во близина а не умееш да сакаш понекогаш од стрес на ежовите им паѓаат сите боцки бирај за што се ...

Оваа земја и на шахтите им е под нивото. Мил ми е суперлативот, ама компаративот ми е помил. Чаир има најубав курбанистички план. Го локализиравме глобалното затоплување. Сега чекаме топла препорака од Брисел. Ни снема држава на најинтересното. Македонска фејлхармонија. Смрт на фалшизмот, слобода на акордот. Смрт на реваншизмот, слобода на изборот! После давање глас на избори следува смеење на глас. Најдоброто допрва досаѓа. Луѓето нејќат ...

Ние, членките на Платформата за родова еднаквост, сме згрозени од последната заканувачка реторика на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, кон граѓанските организации кои не се согласуваат со неговото практикување на функцијата градоначалник. Костадинов, преку јавно изразениот став на неговата официјална страна на социјалните мрежи на 21.06.2023 година, се заканува со вето и ништовност на соработка со граѓанските ...

Со стрмни угорнини , карпести превои и гранки кои стрчат од земјата, патеките за пешачење и планинарење не се секогаш употребливи за лицата со посебни потреби. Имајќи ја на ум оваа бариера, Данската архитектонска фирма EFFEKT го дизајнираше својот најнов проект, на тој начин што изгради кривулеста патека со постепен наклон што го проширува пристапот до впечатливите погледи на врвот во норвешкиот регион Фajeрсдал. Лоцирана во рекреативниот ...

Добитничките и добитниците на вториот по ред регионален книжевен избор „Штефица Цвек“ беа прогласени деновиве, во рамки на книжевниот фестивал „Крокодил“ во Белград. Сега, кога сите недоумици се испеглани и критичките шевови зајакнати, жири-комисијата на „Штефица Цвек“ ги додели признанијата на следните седум автор(к)и, набројани по азбучен ред: ● Ана Аврамовска, Водни тела (роман, Паблишер, 2022) ● Дуња Матиќ, Мировање (роман, В.Б.З., 2022) ...

Прстите ми трнеа секојпат кога ќе ја земев слушалката и дури вечерта околу десет часот успеав да ја додржам во рака. Очекував дека ќе се јави Тонка и дека повторно со доза нелагодност и сожалување ќе ми каже дека не знае каде си. Требаше да почувствувам бес и лутина, а не радост и олеснување кога конечно ти го слушнав гласот. Сигурно ја насети острината во мојот тон и знаеше зошто сакам да дојдам. „Те чекам“ – рече смирено и во грлото го ...

Заострувањето на дипломатските односи помеѓу општина Струга и Соединетите американски држави (САД), што започна денес со ставањето на Рамиз Мерко на црната на САД, вечерва го достигна својот пик откако Советот на општината одржа итна седница на која, со апсолутно мнозинство, изгласа забрана за посети на општината за претседателот на САД, Џо Бајден. Како што дознаваме, забраната стапува на сила веднаш и ќе важи на територијата на цела општина, ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1026
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.26
57%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.39
79%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 4ᴼ
0.42
73%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
76%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 0ᴼ
2.57
79%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
59%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
5.66
70%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Платина

68963.35

Родиум

372948.66

Калај

50.64

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05

Сребро

2711.59

Иридиум

231355.22

Кобалт

66.14

Паладиум

51794.85

Цинк

3.24

Алуминиум

3.42

Злато

166253.76