Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
„Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, Влада Урошевиќ, „Арс Либрис“ Никола постојано имаше чувство дека не се сами во куќата: далеку некаде, во некој оддалечен дел во кој никој не живееше, ќе тропнеше некоја врата, скалите ќе зачкрипеа како некој да се искачува по нив, низ полутемниот ходник ќе се лизнеше некоја миговна сенка, оставајќи го зад себе одвај чујниот ...
Се тресеше гората, ама ни глувче не се роди и карванот замина, а само кучињата останаа да лаат. Ова е епилогот на најбесрамното покачување на функционерските плати, откако со претставка до Уставниот суд, на 21 март беше укината замрзнатата основица, па тие пораснаа за фантастични 78 отсто. Актот почна со наводна изненаденост на функционерите од одлуката на Судот, па дел од министрите се снебиваа дека не е во ред среде економска, енергетска и ...
Нацијата мора да го изедначи националното со вистината. Дионисиос Соломос (грчки поет) На 4 мај оваа година заседанието на бугарското Народно собрание почна со декларација во чест на Гоце Делчев, поднесена од пратеничка на „Промената продолжува – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), втората коалиција по број на гласови освоени на последните парламентарни избори. На изненадување на многу симпатизери на оваа коалиција, декларацијата звучи ...
Бојан Ѓорѓиов од Чашка е дипломиран одделенски наставник, магистер по Менаџмент во образование, работи како наставник, а земјоделството како гранка го научил и простудирал од неговите родители. „Произведуваме расад пипер и домати веќе 30 години, па така како мал покрај нив се што сум гледал сум го запамтил, работиме исклучиво со проверени хибридни семиња. Со цвеќе ова ни е 4 година како произведуваме и тоа пролетно саксиско цвеќе. Семиња ...
Последниве месеци моето име и социјализмот често се појавуваат заедно во весниците. Еден пријател ми вели дека насловните страници ги споделувам со бејзболот, господинот Рузвелт и полициските скандали во Њујорк. Поврзувањето со таквите вести не ме прави особено среќна, но мило ми е што толку луѓе се интересираат за мене и за образовните достигнувања на мојата учителка, госпоѓата Мејси (Ен Саливан). Дури и озлогласеноста може да се претвори во ...
Не поминаа ни 24 часа откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на лидерската, а потоа и на прес конференцијата изрази став од кој произлезе дека во принцип немаат ништо против уставните измени под одредени услови и гаранции, на сцената стапија јастребите, радикалното крило, џингоистите во ВМРО-ДПМНЕ. Тие сега, олицетворени во ликовите не Антонијо Милошоски и Александар Николоски, го презедоа наративот, исплашени дека им паднаа во вода сето она што со ...
И оваа година со 120 дела на автори од 30 земји од светот ќе се одржи Меѓународниот фестивал на алтернативна фотографија во Македонија. Изложбата ќе биде во Мултимедијалниот Центар – Мала Станица, во Скопје, на 16 јуни во 20:00 часот. Како што посочуваат организаторите ова е единствена можност кај нас да се видат неверојатно храбри, експериментални и естетски издржани дела од најразлични фотографски техники, од едноставни цијанотипии до ...
Последниве години бројни научници се занимаваа со проценки за количината микропластика во океаните, но колку всушност се стари овие честички? Одговорот на ова прашање ни го донесуваат истражувачите од Универзитетот Кјушу од Јапонија и хемиската корпорација Асахи Касеи. Тие го анализирале нивото на оксидација на пластиката на северот од Тихиот океан, а во комплексните пресметки ги вклучиле и факторите на животната средина како што се ...
Со нескриена радост ве информираме за промоцијата на терминолошкиот речник ФИЛОЗОФИЈА. Со појавата на овој речник долгогодишните усилби на македонската филозофска заедница за еден систематски, опсежен и консеквентен терминолошки речник доаѓаат до своето заокружување. Речникот е дел од макропроектот „Македонска научна и стручна терминологија“ на Лексикографскиот центар „Георги Старделов“ на МАНУ. Двотомниот лексикографски речник ФИЛОЗОФИЈА го ...
Зад нас е една динамична, а според температурите летна седмица, во контраст со претходниот веќе подолг период на поларни политички температури, поларизирано сивило и политички ставови кои се разликуваат како што се разликува денот од ноќта. Интересно е што двете најголеми партии од македонскиот блок после средбата на лидерите, која за волја на вистината има потенцијал да биде „историска“, објавија дека „силно светнал ден“. СДСМ оваа летна ...
Пренесено од Дојче веле Изгледа сосем веројатно дека на Македонија ѝ треба да го изнедри својот Никола Коперник за тој да ѝ укаже и докаже дека светот не се врти околу неа. Тоа може да изгледа како невозможнa мисија, но, сепак, не е неостварлива. Како стојат работите? Многу нешта беа напишани и анализирани по навидум спектакуларната средба на двајцата клучни политички играчи во Клубот на пратениците во средата (7.06). Од неа произлезе еден ...
По мајската средба на Г7 во Хирошима, претседателот Џо Бајден изјави дека очекува „затоплување“ на односите со Кина. Меѓутоа, и покрај неодамнешните билатерални средби на неколку официјални лица - и надежите на министерката за финансии Џенет Јелен дека наскоро ќе отпатува во посета на Кина - односите помеѓу двете земји се сè постудени. Наместо да настапи затоплување, студената војна премина во ледена фаза. Одржувањето на самитот ја ...
Приказната за комичарот во депресија во претставата „Веќе не ни смешно“ во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, ги преполни сите пет досегашни изведби на сцената во Театар Комедија. Оваа претстава во која границата урнебесно смеење од „црн хумор“ и истовремено брутално соочување со аномалиите на денешницата кои се однесуваат на хуманоста, кризата на меѓучовечките односи, карикатуралната стварност, е како чекорење по жица. Интересот што го предизвика ...
Бројна прилепска публика и почитувачи на театарската уметност вчера присуствуваа на отворањето на 57-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на платото пред Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Фестивалот годинава се одржува под мотото „Враќање дома“. Предвестие на официјалниот дел беа живите статуи на „Театроск“ и настапот на скомрахите во изведба на студентите на Факултетот за драмски уметности од ...
Балканскиот рис е една од најретките големи мачки на планетата, со популација од помалку од 50 единки, од кои најголемиот дел, околу 40 живеат во Северна Македонија, а останатите се сретнуваат во Албанија и Косово. Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), балканскиот рис го рангира како критично загрозен, а најголемиот дел од опасностите за неговиот опстанок се дело на човекот. Сечата на шумите заради изградба на патишта или ...
Отворен повик за учество на групна виртуелна изложба VR Studio 2023. Повикот е отворен за: - уметници и креативци, индивидуалци или колективи, - на возраст до 35 години, - кои работат или имаат интерес во нови уметнички медиуми и дигитална уметност и - кои живеат и работат во Северна Македонија. Апликацијата треба да се состои од предлог концепт за виртуелно уметничко дело, кој ќе содржи краток опис на идејата и мотивацијата за реализација, ...
Младински образовен форум и Радио МОФ утре, на 9-ти јуни 2023 година во Младински културен центар (МКЦ), со почеток во 14:00 часот, официјално го започнуваат дванаесеттото издание на Настанот за социјален активизам ENGAGE. Присутните ќе можат да слушнат инспиративни говори од домашни и странски активисти за друштвените мрежи како средство за промени, поезијата како отпор против патријархалните норми, за тоа како младите уметници се борат ...
Деновиве повторно се актуелизира улогата на граѓанското општество во Македонија, по повикот од највисоко државно ниво до европските донатори да ги „секнат“ парите за невладини организации и медиуми кои „работеле против Европа“, односно „против европските интеграции на земјата“. Ова барање се актуелизира по околу една година, кога се вжештува дискусијата околу уставните амандмани. Па да погледнеме што вели ЕУ за граѓанското општество и за ...
Повели седни до мене ако имаш г'з. Полна сум со разбирање, затоа нема место за тебе. Ако сакаш да придонесам, допри нос. Работи ли бомбата? - Така-така. Пламти па ватри. Бирај: Една слика ил ја да збора?! Кога мислам дека сум смешна - халуцинизам. Одбранбен смеханизам. Кој ме фатил за збор, ми извадил муабет. Биравте непостоечки кривец. Сам ако не си направиш муабет, на луѓето нема да им текне да те остават раат. Да бев помалце мазохист ќе ...
Зошто би се запрашала нешто таа виртуелна ава, раздувана и однесена од временските ветришта, зошто сè уште би се употребувал поимот левица, кој веќе одамна нема никаква препознатлива содржина, зошто би постоел збор за нешто што не само што веќе не постои, туку и предизвикува недоразбирања и заблуди со самото спомнување? Секој ден исчезнува по некој животински или растителен вид, по некој јазик, по некој занает. Богатите се од ден во ден сè ...
Пејачката Аструд Жилберто почина на 83 години, а ќе остане запаметена по интерпретација на легендарната песна „Девојката од Ипанема“. До средината на 1960-тите, нов „чип“ го освои светот на музиката. Велат дека вака – „нова карактеристика“ или „нов стил“ – зборот „босанова“ е преведен од португалскиот жаргон. Босанова е родена на пресекот на два (на прв поглед, толку различни) жанрови – американски кул џез (од „кул“ – „ладно“) и страсни ритми ...
Ова го пишувам во Граб, последното село од општината Нови Пазар во правец на општина Ивањица. Граб е селото во кое се родив. Во куќата во родното село имам едно сопче и во него голема сталажа со книги. Книгите се набавувани во осумдесеттите години, само понекоја на сталажата е додадена подоцна. Меѓу книгите, на средината од сталажата и на средина на полицата, на метар височина од подот, одамна стојат наредени, во должина од половина метар, ...
Ајде да го деконструираме наративот дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената патриотска партија која стои на браникот на националните интереси на народот во држaвата кој ги опфаќа: Македонците, Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите, Хрватите, Еѓипќаните, Бугарите и сите останати. Што добиваме и што ќе добиеме од инаетчискиот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ: Изолација наместо интеграција. Ова не е празна флоскула колку и да сакаат од ВМРО-ДПМНЕ и толкувачите ...
„Ние“, Ана Стојаноска, „Арс Либрис“ „Тој не е за тебе“, гласот му се пробиваше низ попладнето. „Зошто“, не успеав да го изговорам прашањето докрај зашто ме прекина и пред да ја дозатворам устата во обид да го формулирам прашањето.„Едноставно e помал од тебе дванаесет години“. „Да беше обратно немаше да биде проблем“, одговарам додека отпивам од кафето. „Да, да беше обратно може немаше да биде. Ама ние не сме во Њујорк, во Скопје сме и тука сѐ ...
„Еластично насилство“ е изложба која нуди поинаква перспектива на чинот, последиците и асоцијацијата за семејното и физичкото насилство врз квир мажите кај коишто изразувањето на секуалната ориентација и ненормативниот родов израз се видливи уште од рана возраст. Како референца во своите дела, Јосифовски ги користи насилните ситуации кои датираат од неговото детство. Во процесот на уметничко истражување поврзано со подготовката на оваа ...
Модерната политичка теорија тврди дека социјалната инклузија се гради врз темелите на еднаквата морална вредност на сите луѓе. Идеалот за универзално општество, од една страна, го нагласува тоа што е заедничко за сите луѓе, а од друга страна бара еднаков третман, во смисла дека законите и правилата се нечувствителни кон индивидуалните и групните разлики. Сепак, општествената феминистичка критика укажува на тоа дека реалноста е поинаква: и ...
Европската еврејска асоцијација (ЕЈА) на 14 мај одржа годишна конференција во Порто, Португалија, каде усвои резолуција во која се бара антисемитизмот „да се третира одвоено од другите облици на омраза и дискриминација“. ЕЈА исто така ги повикува „другите еврејски организации да ја отфрлат интерсекционалноста“ - концептуална рамка која категоризира разни групи како привилегирани или угнетени. Оваа асоцијација смета дека „антисемитизмот е ...
На тротоарот на улицата Орце Николов во скопско Дебар Маало поставена е канта која зборува и ги опоменува минувачите да не го фрлаат ѓубрето кај ќе стигнат. Интерактивната канта за отпадоци е поставена од Центарот за современи уметности со цел да се подигне свеста кај граѓаните за правилно одлагање на отпадот. „Се надеваме дека опоменувајќи ги граѓаните, но и надлежните на ваков креативен и по малку хумористичен начин ќе успееме барем малку ...
Во читачка писменост, односно во читање со разбирање, Македонија со освоени 442 поени се најде под меѓународниот просек кој изнесува 500, покажа најновата ПИРЛС 2021 меѓународна студија(Progress in International Reading Literacy Study), која беше објавена неодамна. Последен пат македонски ученици учествуваа во ПИРЛС во 2006 година, а она што загрижува е што бројот на освоени поени и тогаш и сега е ист – 442, што е индикатор дека за 15 години, ...
ПРВО ПА ЖЕНСКО е фестивал за феминистичка култура и акција и има за цел да ги промовира и поддржи феминистичките уметнички пракси, да го засили женскиот глас и да ја поттикне дебатата за родовата рамноправност и социјалната правда. Во 2021 година, ПРВО ПА ЖЕНСКО ја трансформираше својата изведувачка програма во платформа за едукација и продукција во полето на изведувачките уметности насловена ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ. Со поддршка од ...