Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Во читачка писменост, односно во читање со разбирање, Македонија со освоени 442 поени се најде под меѓународниот просек кој изнесува 500, покажа најновата ПИРЛС 2021 меѓународна студија (Progress in International Reading Literacy Study), која беше објавена неодамна. Последен пат македонски ученици учествуваа во ПИРЛС во 2006 година, а она што загрижува е што бројот на освоени поени и тогаш и сега е ист – 442, што е индикатор дека за 15 ...
Во книгата „Добри и бесни: Револуционерната моќ на женскиот гнев“ Ребека Трејстер ги повикува читателите да изгуглаат име на било која од моќните жени кои се во политиката, особено оние кои ја предизвикуваат моќта на белите мажи и нивниот авторитет, па така ќе наидат на низа на жени кои се емотивни и врескаат. „Најдобар начин да се дискредитираат овие жени е да се прикажат како непривлечни. Чинот на жената која e сигурна и го крева својот ...
Пренесено од Дојче веле Сведоци сме на драматични настани во регионот, кои се производ на глобалната геостратешка криза. Прекршувањето на копјата помеѓу Русија и „западот“, повторно, во значаен дел, се одвива преку Балканот. Во обид да го стабилизираат регионот, да спречат понатамошни ескалации и проблеми, НАТО и ЕУ се во (релативно) координиран обид да ја забрзаат евроинтеграцијата на земјите-кандидати. Од друга страна, во обид да им ...
Добитниците на главната награда „Златна трига“ на претходното издание на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор, Филип Јовановски и Ивана Васева, годинава се кураторски тим на изложбата „Градот како сцена“ на Националниот павилјон на Република Северна Македонија на квадриеналето, кое ќе се одржува од 8 до18 јуни 2023 во Прага, Чешка. Преку делата на уметниците Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, ...
Реџеп Таип Ердоган со добиени 52,18 проценти од гласовите победи во вториот круг на турските претседателски избори одржани на 28 мај и влезе во третата деценија од своето владеење - на власт дојде уште во 2003 година како премиер. Кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу од кемалистичката ЦХП освои 47,82 проценти, а изборите ги карактеризираше како „нејнечесни“. Ердоган во победата го впрегна целиот државен апарат, а контролира и ...
По кусо боледување на 69-годишна возраст почина карикатуристот, историчар на уметноста, куратор и ликовен критичар Лазо Плавевски. Тажната вест ја потврдија и од Музејот на современата уметност-Скопје. Нивната објава ви ја пренесуваме во целост. Со длабоко жалење ја известува јавноста, нашите пријатели и поддржувачи дека по кусо боледување, нѐ напушти нашиот драг колега и пријател Лазо Плавевски. Лазо Плавевски e роден 1954 година во Скопје. ...
Освен претседател на држава, потпретседател на влада или нешто такво, денес е најдобро да се биде писател кој пишува за животот во тоталитаризмот. Со тоталитаризмот нема неизвесност. Уште ако темата е животот во комунизмот, е тогаш, што и да напишеш, тоа е просто осудено на успех. На преведувања, на просветлувачки турнеи, на гламур! Ние, децата на југословенскиот социјализам, не сме ни знаеле дека живееме во комунизам, никој никогаш тоа не ни ...
Се разбира, за мене претставува големо задоволство одлуката на жирито токму мојот роман да ја добие високата награда - да биде прогласен за „Роман на годината“. Оваа награда, низ своето дваесет и четиригодишно постоење, се стекна со значајно реноме: таа несомнено, секоја година, го побудува интересот на јавноста и станува своевидно мерило за температурата на нашата книжевна клима. За мене посебна тежина на наградата ѝ ја дава фактот што, од ...
Новите истражувања покажуваат дека историските докази за бакнувањето досегнуваат 4 500 години во минатото, односно повеќе од илјада години порано од она што се сметаше досега. Научниците Троелс Панк Арбол и Софи Лунд Расмусен неодамна објавија статија во угледното списание Nature. Врз основа на прочување записи со клинесто писмо на глинени плочки тврдат дека бакнежите биле вообичаени во древна Месопотамија, односно на териториите на денешните ...
Тринаесеттиот Филозофски филмски фестивал оваа година ќе се одржи во периодот од 2 до 9 јуни во Скопје, во Кинотеката на С. Македонија и во летното кино „Мирно лето“. Отворањето на Фестивалот ќе биде на 2 јуни (петок) со почеток од 20.00 ч. во Летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, со музичкиот перформанс „Букршлиев/Мирческа Свират Колтрејн“ на Филип Букршлиев и Андреа Мирческа и македонската премиера на „Некрстени денови“ (Ballad of ...
Единаесеттото издание на Викендот на гордоста Скопје се отвора на 1 јуни во 20:30 часот во МСУ, со изложбата „Сеќавајќи се на иднините“ (Remembering Futures) на познатиот уметник Карол Раѓишевски. Фестивалот ќе трае од 1 до 13 јуни во Музејот на современа уметност, МКЦ и КСП „Центар-Јадро“, а овогодишниот тематски фокус е КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, утопии. Проблемите што ќе ги адресира годинашното издание тргнуваат од мноштвото ...
Изразот „европски вредности“ се користи толку често што веќе почнува да го губи своето значење. Изразот „европски вредности“ се користи толку често што веќе почнува да го губи своето значење. Би навел еден интересен пример за тоа што содржи во себеси овој израз, а кој со мене го споделија мојот драг професор Георги Каприев и неговата животна сопатничка проф. Антоанета Дончева. Точно го помнам местото и времето на разговорот – Летната школа на ...
„Број 77“, Мирјанка Селчанец, „Андриано“ Замина девојката по улицата „ЈНА“, откако повторно ѕвонеше на вратата од семејството Тодорови. На „ЈНА“ виде десетина големи станбени згради, во кои живееја воени лица. Беа во урнатини. Истата слика ја виде лутајќи и по улицата „Илинденска“, па на плоштадот „Слобода“, плоштадот „Маршал Тито“... Тука го догледа прво лустерот што висеше во Големата сала од Офицерскиот дом каде таа пееше предминатата ...
Тала Мадани е американскa современa уметница со иранско потекло која е најпозната по своите фигуративни слики, кои содржат комични и гротескни сцени. Во нив често се појавуваат средовечни ќелави крупни мажи чиј либидинален хаос предизвикува пустош во било која ситуација во која ги поставува таа. Тоа се мали катастрофи кои истовремено се забавни, нежни и страшни. “Моите ликови си играат на начин кој е несоцијализиран. Но тоа не е обвинување ...
Што сакаш да бидам кога ќе пораснеш? Те знам, крушко, уште кога беше круг. Cogito ergo sumljiv. Те знам, библиотеко, уште кога беше библија! Можев да ти бидам и сегашна и идна, ама ти сакаш вчерашни. Наречи ме идеалист, но мислам дека си глуп. Му го отворив срцето со виолински клуч. Одвај се извлеков; му влегов во едното уво, му излегов од другото. Нема зошто да ти се лутам, и јас ќе си се качев на глава да можев. Ваква сум пошо немам извод ...
Европската опсерваторија за дигитални медиуми ЕДМО (edmo.eu) објави анализа „Правата во време на конспирации и лажни вести: дезинформации против LGBTQ+ во ЕУ“. Во анализата на мрежата за проверка на факти на ЕДМО се истакнува дека „Погрешните информации и дезинформациите насочени кон LGBTQ+ заедницата се едни од најприсутните и најконзистентните во Европската Унија“. „Се чини дека лажните вести на оваа тема стануваат се поподмолни, со ...
Народот Бајау живее во водите на југоисточна Азија, немаат своја држава, не гледаат во часовник и не слават родендени. Секој ден се во вода речиси по пет часа, ловат риба уште од осум години, а слезенките им се двапати поголеми од просечен човек. Некои сметаат дека таканаречените номади всушност еволуирале за да живеат на море. Точното потекло на овој народ не е познато. Знаеме дека се етничка група со малајско потекло и дека веројатно се ...
Томас Квастхоф е роден со инвалидитет како последица на употребата на лекот талидомид кој го користела мајка му како лек против утринска мачнина. Талидомидот предизвикал факомелија, вродено пореметување кое се карактеризира со недостаток на делови во рацете или нозете. Првата година од животот ја поминал во гипс, за да му се исправи десното стапало кое било свртено наназад. Следните шест години бил во резиденцијална установа за деца со ...
Во 2022 година се случи голем напредок за конечна декриминализација на личната употреба на дроги вклучително и на канабисот. Имено здруженијата ХОПС- Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини преку свои претставници учествуваа на седниците на работната група формирана од Владата на Република Северна Македонија која работеше на законските измени и нивниот предлог за допрецизирање на членот 215 од Кривичниот законик со цел јасна примена ...
Од 1 до 13 јуни, Скопје ќе биде домаќин на единаесеттото издание на Викендот на гордоста, фестивал за квир култура, уметност и теорија. Фестивалот ќе се одржи на три локации низ градот: Музејот на современа уметност, МКЦ и КСП Центар-Јадро. Целта на фестивалот е да создаде простор за промоција на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитетите што од хетеронормативниот, националистички и неолиберален ...
Илјадници љубители на јапонската култура ги преполнија просториите на „Мала Станица“ и уживаа во богатата програма на фестивалот „Нихон-џи 2.0“, со кој неформалната организација Japan@mk, веќе втора година по ред, ја доближува Јапонија поблиску до локалната публика. Второто издание на фестивалот на јапонска култура, именувано како „Неонски бранови“, се одржа во саботата, на 27 мај, а целодневниот настан беше свечено отворен со говор и музички ...
На 89 годишна возраст почина руско-американскиот уметник Илија Кабаков. „Човекот кој го посвети сиот свој живот замислувајќи утопија, си замина од овој свет придружен од неговите најблиски, кратко време пред да наполни 90 години“ - извести фондацијата „Илија и Емилија Кабакови“, без да назначи каде живеел или починал. „Семејството ќе одржи приватен погреб, а неколку недели подоцна ќе има јавна комеморација.“ - додаде фондацијата. Од ...
Работилницата за книжевен превод „Без фусноти“ е наменета за млади преведувачи на почетокот на нивната кариера кои преведуваат од македонски на останатите јужнословенски јазици и на албански јазик и обратно, и кои се заинтересирани за техниките на преведување книжевни и уметнички текстови и проблеми при нивната адаптација. Работилницата ќе се одржи на 10 јуни (сабота) во 16.00 часот, во социјалниот клуб „Комитет“. На учесниците ќе им биде ...
Баркли Л. Хендрикс е роден во 1945 година во Филаделфија, Пенсилванија, и студирал на Академијата за ликовни уметности во Пенсилванија и на универзитетот Јеил. Популарната уметност, фотореализмот и Црната култура беа уметнички јазик и влијание на Хендрикс. Моделите ги фотографирал (и сликал) со детална прецизност и со живи бои, и често ги поставувал во контраст со неутрална или апстрактна позадина, за да го засили нивниот израз. Исто така ...
На чело на Турција и во следните пет години ќе биде Реџеп Таип Ердоган. Реизбраниот претседател уште истата вечер пред неговите приврзаници јасно најави што треба да се очекува во новиот мандат. Уште пред да бидат избројани сите гласови, претседателот Реџеп Таип Ердоган се прогласи за победник на изборите. Пред насобраната толпа во Истанбул тој им се заблагодари на сите оние кои му овозможиле земјата да ја предводи и во следните пет години. ...
Поддржувачите на Реџеп Таип Ердоган долго во ноќта ја славеа неговата победа на претседателските избори, што ќе го задржи на власт уште пет години. „Ова е победа на целата нација од 85 милиони луѓе“, изјави Ердоган по освоените 52% гласови во вториот круг. Кандидатот на здружената опозиција Кемал Киличдароглу јавно не го призна поразот, туку само кажа дека ова биле најнеправедните избори во последните години. Тој на крајот освои над два ...
Црниот рид со згура од велешката Топилница сѐ уште стои. Повеќе од три години откако започна проектот за расчистување на опасниот отпад што му се заканува на градот, нема речиси никаков напредок. Техногената минерална суровина не се копа и не се извезува, а од 2019 година, откако фирмата Кепс Монт груп доби Концесија од Министерството за економија и Б-интегрирана дозвола од Општината Велес, досега се извезени помалку од 500 тони. Веќе три ...
Дваесетина лица, од кои неколку члена на семејството и три новинарки од дигитални медиуми, дојдоа на денешната комеморација на легендарниот музичар Ферус Мустафов, кој почина на 22 мај на 72 години после кусо боледување. Мустафов, еден од најпознатите македонски музичари во светот, беше погребан завчера во Скопје. Мустафов ги собираше аплаузите на сцените низ цел свет, но денеска, на комеморацијата во негова чест, за последен пат му ...
до пред малце бев во пеколот. можам да ви средам господски места. * ѓаоло ни ора ни копа. копка. * слабо инспирација периодов. ич муза не ме лази. * имам пеперутки во стокомак. * полуден сум, полуноќ. * рани девеести да те лаат. * да се прекрстиме. не се мисли на името. * отклучок повеќе од заклучок. * колку повеќе јас, толку поголем јаз. * селфито од блиску доаѓа. * фатил политичар златна рипка и рипкава му остварила три средби. * коза ...
Сер Томас Вилијам Шекспир, трет баронет (роден на 11 мај 1966 година), попознат како Том Шекспир, е социолог од Велика Британија. Роден е со ахондроплазија - облик на џуџест раст во кој телото се формира совршено, но долгите коски на рацете и нозете не растат доволно долго. Титулата баронет ја наследил по смртта на татко му во 1996 година, но истата не ја користи. Том Шекспир се образувал на Универзитетот Кембриџ, каде во 1991 магистрирал а ...