Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Во многу демократии ширум светот настапува la lutte finale, „последната и одлучна тешка битка“. Незаборавниот стих од рефренот на старата социјалистичка химна, Интернационалата, добро опишува поголем дел од современата демократска политика. Кога ја најави својата кампања за претседателските избори во 2024 година, Доналд Трамп на своите следбеници им рече дека пред нив е јасен избор - или ќе му обезбедат победа или „нашата земја ќе биде ...
PrivatePrint studio е асоцијација за интердисциплинарно истражување и пракса во современата уметност, основана во 2018 година. Целите на студиото се насочени кон научно и интердисциплинарно истражување и пракса во современата уметност и култура, со посебен фокус на уметничките книги како модел за современа уметничка пракса, гледана во поголем социокултурен контекст. Активностите на студиото вклучуваат организирање на изложби, публикации, ...
Таки Павловски, македонскиот сликар почина на 84 годишна возраст, на 18-ти мај, во својот сон. Роден е на самиот почеток на Втората светска војна во с. Желин (Костурско) и се смета себе како „дете на прогонот и вечниот немир“. „Моето детство беше растргнато, разграбено, уништувано. Тоа беше време на војни и прогони.“ Одлучувачките моменти за определност кон уметноста како животен повик, биле соочување со сликите на Димитар Пандилов и ...
Вториот дел од скопскиот градски парк пред земјотресот беше како прашума: имаше делови натскриени со крошни што правеа долу влажен самрак среде ден; имаше езерца и канали што беа плавени речиси секоја година, та во нив опстојуваше една цела барска биоценеза; имаше ливади што се шаренееја секое лето од милијарди разнобојни пеперутки; имаше на вардарските брегови вирови длабоки и мрачни, врбјаци густи, речни островца на кои неретко ќе видевме ...
пред некоја вечер, влегувам во New Age седнувам на маса, порачувам пијачка и чекам чекам да се случи нешто гледам наоколу многу луѓе исто како мене седат и ја пијат својата пијачка и чекаат чекаат да се случи нешто и вие што ја читате оваа песна чекате да се случи нешто во неа. барате нешто нешто посебно, да ве возбуди, да ве удри. веднаш ќе ви кажам, залудно чекате ништо нема да се случи во оваа песна. се смешкате, не ми верувате, си велите, ...
Кери Барнел е британска глумица, авторка и ТВ водителка. Напиша бајка за вила со едно крило која потоа ја изведуваше на театарска сцена. Зад себе има низа семејни претстави и ударни телевизиски емисии. Во 2009 година почна да води детски емисии на Би Би Си, што предизвика бурни реакции кај родителите: се жалеа дека еднораката водителка ги плаши децата. Со поддршка на организациите за права на лицата со инвалидитет продолжи да води детски ...
Четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“, почнува вечерва на Мала сцена во Филхармонија. Фестивалот ќе трае до 20 мај. Организаторите на фестивалот најавија најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија. „Ми се чини дека нашиот фестивал полека почнува да добива облик, па и да стои на сопствени нозе. Четврто издание, најквалитетна и ...
Документарецот „Се издигнуваме“ кој ја следи приказната на бендот Делта 7, чии членови имаат ментални инвалидитети е виден од милионска публика откако му е доделена престижна филмска награда. Делта 7 е рок бенд кој неодамна го објави својот деби сингл, The Jungle. Тие како и сите останати рокери - сакаат да бидат гласни. Самите ги пишуваат сопствените песни кои често содржат политички пораки. Нивната заразна хипнотичка музика е инспирирана од ...
„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од романите „Мастилна мапа“ на Марија Ралповска, и „Пештера“ од Максим Ристески. Претходните извадоци прочитајте ги овде. „Мастилна мапа“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“ „Дваесет и деветти мај. Мојата интуиција ми кажува дека има нешто смрдливо околу ...
Лила Милиќ (Трансформа): Почитувани пратеници, претставници на граѓанските организации и претставници на дипломатскиот кор, 17-ти мај – Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата се одбележува несекаде низ светот со многу добра причина. Омразата кон оние кој отклонуваат од традиционалните норми и од сѐ она што е „општо прифатено“ е многу реална, вистинска и честопати се материјализира не само во стигма и дискриминација, ...
Отсекогаш сум мислел дека Марко Петрушевски ги гледа нештата попрецизно и појасно од она што можеби другите ги гледаат. И можеби таа негова проникливост го доведуваше да биде во позицијата на која ние останатите поретко се осмелуваме да застанеме. Длабок и аналитичен (и кога се зборува за него, ова навистина не се флоскули), но на непретенциозен, духовит начин. Беше од оние луѓе кои секогаш ќе се одлучат и најсериозните работи да ги раскажат ...
Пред неколку дена почина Марко Петрушевски, поет, филмски творец, критичар, есеист, радио водител, преведувач... Еден од најинтересните и најнеобичните ликови во нашиот град. Во продолжение пренесуваме три негови песни и кратката творечка биографија. Дeновиве на Окно ќе објавиме и други работи од неговото творештво. Марко Петрушевски (26.11. 1975. ‒ 13.05. 2023.) Поетската збирка, „Еден млад збунет човек“, ја објавил во 2001 година и ја ...
Во целата историја на човештвото не се случило да разбереме некоја непознаница без да ја доведеме во врска со нешто познато. Веројатно на првите луѓе им било најтешко, но сепак, тргнала работата. Таа природно би требало да се одвива на експоненцијален начин, таква е природата на освојувањето на знаењето: денес 2, утре 4, задутре 8, па 16… Ако ги погледнеме математичките методи од Стара Грција од V век пред новата ера, на пример, тогаш би ...
Самоуката Лорен дела Рош живее во Сент Луис, Мисури, и започнала да се занимава со уметност и со развивање на својот талент после поттикот од нејзините пријатели, кои исто така биле уметници. Своето прво дело го изложила во Модерн Тајмс кафулето во Минеаполис 2012 година. Денес нејзините дела се во колекциите на „Музејот за уметност на Северна Дакота“ и „Институтот за уметност“ во Минеаполис, како и во бројни приватни колекции. „Моите фигури ...
Во чест на Светскиот ден на културните различности, кој се одбележува секоја година на 21 мај, Хелсиншкиот комитет за човекови права го приредува настанот „Турлитава – заедно е послатко“. Настанот ќе се одржи на 19 мај 2023 година во Паркот на франкофонијата – Мобилна галерија, со почеток во 16:00 часот. Целта на настанот е да се поттикне интеркултурниот дијалог и да се надминат предрасудите и стереотипите помеѓу различните етнички групи во ...
Со мали прекини, од депресија страдам уште од времето кога бев тинејџер. Некои од овие периоди беа крајно исцрпувачки - завршувајќи со самоповредување, повлекување (кога со месеци бев затворен дома, осудувајќи се да излезам само за да ги уверам пријателите дека сè уште сум жив или за да купам минимални количества храна кои ми беа потребни), и време поминато на психијатриско одделение. Не можам да речам дека се опоравив, но со задоволство ...
Теодор Богоевски, советник на претседателот на Владата за лица со попреченост, својата повеќегодишна заложба за креирање на стратегии и политики за општествено унапредување и интегрирање на лицата со попреченост го сублимираше во книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“. делото ќе биде промовирано на 18 мај во 12 часот во „Музејот на современа уметност“. Овој сеопфатен труд во книгата е систематизиран темелно, од неговата ...
Додека во Северна Македонија сé уште не слегнала прашината од тешките зборови на „контроверзниот“ владика на МПЦ ОА, Петар, кој феминизмот и родовата еднаквост ги прогласи за изопаченост, и предвиде „апокалиптично сценарио“ во кое на нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост, а веќе до ушите на јавноста во државава стигнаа слични обвинувања од патријархот на, сега веќе ...
Читајќи го најновиот роман на Сали Руни, Прекрасен свету каде си, на многумина читатели и читателки ќе им биде необично повеќекратното споменување на едно, денес, не толку познато име. Ејлин, еден од двата главни женски лика, која работи како помошник-уредник во едно книжевно списание во Даблин, во својата скромна библиографија може да го вклучи напишаниот „Есеј за романите на Наталија Гинзбург“. Претпоставувам дека на голем дел од читателите ...
Сер Артур Чарлс Кларк (16.12.1917 - 19.03.2008) е британски писател и иноватор. Тој и Исак Асимов важат за најпознати писатели на научна фантастика, но за разлика од него Кларк се држи цврсто до науката и нејзините реални хипотези и дострели. Главните теми на неговите романи и раскази се истражувањето на универзумот, времето и местото на човекот во вселената, како и можните последици на човековите контакти со вонземските интелигентни форми. ...
Ајде да не звучам од самиот старт на оваа колумна, како вечен нихилист и песимистички дефетист, и да кажам дека од „оваа дупка не бидува држава“, за да не „плукам“ по земјата што неизмерно ја сакам, ќе бидам попрецизен: од ова племе од народ, не бидува државотворна нација. Просто неверојатно е, невозможно, вие година и половина по добивањето на условениот почеток на преговорите со Европската Унија, кои во практика треба да значат ...
Добро, Истанбул беше мој град уште пред воопшто да биде изграден олимпискиот стадион Ататурк, уште кога постоеше Инону, домчето на мојата турска екипа Бешикташ. Бешикташ, инаку, биле и соколи на Ататурк, зашто, знаете, во Истанбул, како и во Бразил, нема неутрални. Можеби мој град е Монтевидео, или Сантјаго де Чиле, или Лусака, којзнае. Треба да се провери. Во меѓувреме, мој град, покрај Скопје, е само уште Истанбул. Или поточно, според ...
Некој сериозно манипулира со вработените во Филхармонија на Северна Македонија, и ова веќе сериозно мириса на вмровштина. Оваа постапка, жолти ленти, е типично вмровска постапка да се первертираат приказните на затвореното општество и тоа што некогаш беше нивни трејдмарк, сега да му се „закачи“ на некој друг. Жолтите ленти не се ништо друго освен трагично сеќавање на едно затворено, класутрофобично, хомофобично и мразачко општество, односно ...
Зошто некои историски личности ги памтиме по инвалидитетот, како на пример Хелен Келер, додека инвалидитетите на другите се потполно избришани од сеќавањето, како во случајот со Роза Луксембург – останува нејасно. Но неспорно е дека стекнувањето инвалидитет имало пресудна улога во животниот пат на Роза – инвалидитетот бил нејзина влезница во академскиот свет. Роза Луксембург била петто и најмладо дете на еврејско трговско семејство од Полска. ...
Рива Лерер е американска сликарка, писателка, професорка и активистка во областа на попреченоста. Родена е во 1958-та година во Синсинати, Охајо, со спина бифида поради која поминала низ мноштво операции во текот на нејзиниот живот, започнувајќи во нејзиното рано детство со цел да го направат нејзиното тело повеќе „нормално“. Бидејќи поминала значителен дел од своето детство во болница, таа добила интимен поглед во механизмите на медицината ...
Го препрочитувам веројатно најдоброто големо книжевно дело напишано на планетата Земја во 21 век, феноменалниот автобиографски роман на Ѓорѓе Лебовиќ „SEMPER IDEM“, и во финалето налетувам на метафора толку силна и толку болно вистинита, што застанав во читањето, буквално засркнат и со замаглен поглед, преплавен од асоцијации и сеќавања. Пред самиот крај на романот (прекинат од смртта на писателот и покус за последните три поглавја), Лебовиќ ...
Јутјуберот Стефан Лазаров кој после своето интервју со Драган Павловиќ - Латас пред два месеци предизвика бурни реакции, продолжува со истиот тип содржини. Јутуб „инфлуенсерот“ Стефан Лазаров пред две недели направи интервју со контроверзниот српски криминалец, Кристијан Голубовиќ, од кого бараше во детали да му ги раскаже кривичните дела кои ги направил – како се пресметувал со „најлошите Албанци“ во и вон затворот, која е разликата меѓу ...
Отвореното писмо на Институтот за иднината на животот во кое се бара шестмесечна пауза во развојот на вештачката интелигенција го потпишаа илјадници влијателни личности вклучувајќи го Илон Маск. Потписниците ги загрижува тоа што лабораториите за вештачка интелигенција „влегоа во неконтролирана трка“ за развој на сè помоќни системи кои никој, вклучувајќи ги нивните креатори, не може да ги разбере, предвиди или контролира. Како да се објасни ...
Процесот на иселување не ги одминува и селата на Осогово кои се испразнети, па затоа овошките беа оставени без грижа. Македонското еколошко друштво (МЕД), заедно со јавното претпријатие за заштита на Осогово, започна проект за зачувување на старите овошни сорти во овој крај. Во соработка со професорот по овоштарство д-р Тошо Арсов, започната е инвентаризација и картирање на старите овошни дрвја и дефинирање на мерки за нивно зачувување и ...
Градот е концепт. Неговата физичка големина и богатство не значат ништо, ако нема концепт. Секој што живее во еден град, треба тоа да го заслужи, треба да знае што може и што треба да му даде на еден град, и што може да очекува од него. Еден од најубавите градови на светот е воедно е еден од најкомплексните човечки (колективни) зданија. Безбројни генерации на луѓе ги испреплетоа своите судбини со овој пулсирачки гигант кој се простира на два ...