Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Светото писмо го нарекува секое животно кое не е дозволено за јадење ниту за жртвување на Бога, како и животното кое може да се јаде но е забрането да му се принесува на Бога како жртва, зашто има каква било неправилност, на пример флека. Некои животни се нечисти по природа, како оние што немаат раздвоени папци и кои не преживаат, оние што преживаат но немаат раздвоени папци, најпосле, оние што имаат расечен нокот и не преживаат. Сите тие ...
По прочитот на романот „Писмо за Глорија“ некако спонтано се присетив на Вилијам Фокнер, кој во своите „Совети до младиот писател“ меѓу другото вели: „Треба да се пишува само кога човек има потреба за тоа, кога ништо, ништо, ама баш ништо освен пишувањето не може да ви донесе мир“. Главниот лик во романот на Живко Грозданоски, означен само со иницијалот Ж., како да се водел токму од тој совет затоа што пишувањето го практикува не само како ...
Темпл Грандин Американска докторка на науки и професорка по сточарство на Државниот универзитет Колорадо, авторка на најпродавани книги, консултантка од областа на сточарската индустрија и однесувањето на животните, мотивациска говорничка и активистка. Сака јавање, научна фантастика, филмови и биохемија. Се наоѓа меѓу стоте највлијателни луѓе на светот во категоријата херои, таа е најпознатата и најостварена личност со аутизам. Нејзиното дело ...
„Заследи ме“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“ „Мислам дека идејава ти беше супер“, рече Татјана додека седнуваше на клупата. „Ќе ни помогне на сите да добиеме повеќе следбеници“ Посебно тебе, помисли Марина, а рече: „ И јас така мислам. Искрено ти должев извинување за забавата и така се досетив на вакво нешто.“ „Срц, и да не го организираше ова за мене, знаеш дека ти простив.“ „Знам, знам, но се чувствував должна. Не сакав да мислиш дека ...
Премиерот Димитар Ковачевски во последните два дена даваше изјави поврзани со прашања за делови од договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на 110 км автопатишта во С. Македонија, при што може да се детектира спин: Спин: Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и нивното раководство во изминатиот период потврдија дека единствено што знаат да прават е да шират хистерија, лаги и да блокираат во Собранието. Тоа го правеа со сите законски решенија кои беа во ...
Има чудовишта што се мошне добри... „Чудовишта“, Ежен Гилвик Има чудовишта што живеат на крајбрежјето, што шлапкаат низ водата, светкаат од небото, палави шегобијци што бегаат во папратот и ни довикуваат качени на замок од брокули, напати ги стресуваат крошните на дрвјата и слеани со снежинките лицата ги лепат на стаклата на прозорците, велат фати нѐ, најди нѐ на долгиот воз од точки и црти, па ти ги бараш, размерот им го растеш, ги снимаш ...
Во вторник, 18 април, од 20 часот во Кино Фросина во МКЦ ќе одржи промоција на најновата книга од Влада Урошевиќ, збирката раскази „Вонземјанки; раскази од Латинскиот кварт“ во издание на Или-Или. Книгата низ разговор со авторот ќе ја претстави писателот Гоце Смилевски. „Расказите од книгата „Вонземјанки; раскази од Латинскиот кварт“ ни покажуваат колку е важен не само градот во кој се пишува, туку и градот за кој се пишува; Влада Урошевиќ во ...
Минатата седмица беше отворен нов веб магазин ТРН, од каде што известија: „Од денеска е достапен нов македонски веб магазин trn.mk кој има за мисија да го пополни празниот простор со теми од културата, уметноста, младинските политики и активизам, но и промоција на зелени политики, технологија и наука. Тимот на Трн верува во важноста публиката да биде добро и целосно информирана. „Ние отвораме и ви испорачуваме низа содржини кои се ...
Сè си е на место Кркач на кркуш носи тркач, скокач прелетува летач, веслач во чамец вози пливач, плетач брзнува во плач. *** Менувач-минувач и сретнувач-светнувач разговарале шетајќи се низ парк. „Ние сме фланери“, рекол менувач-минувач. „Вака Бодлер го дефинира новиот вид човек, градскиот шетач: толпата е неговото царство, како што воздухот е царство на птицата, а водата царство за рибата.“ Фланерот го ботанизира асфалтот, според Бенјамин“, ...
‒ Не, не – не е до тоа; како и да е, не мислам дека се плашам... Ниту пак имам причина да имам некаков си страв од што било, само... Ете, така некако излегува..... ‒ Слободно, слободно. Продолжи, те слушам. ‒ Па, и немам што да кажам баш, бе, докторе. Од што би се плашел? Ништо не кријам. Мирно спијам. Па... Барем – мирно заспивам. Сакам да речам, мирна ми е совеста... Здрав сум. Здрави и прави ми се и дома, фала му на Бога. Не сме за ...
Почитувани, Ве каниме на отвoрање на самостојната изложба „Panta rei“ на Наташа Гелева, на 18.04.2023 (вторник), со почеток од 20:00 часот. Да се промени промената: Што се менува и зошто? - Постојат многу начини на коишто може да се види, да се согледа и да се мисли промената. Фотографијата е магичен медиум, кој прави упад во времето и нашето сфаќање за историскиот тек. Ние сме веќе одамна во еден нов свет – нашиот однос кон времето е ...
На одлуката на Министерството за култура којашто со акламација ја усвои Владата за формирање на Национална установа „Оркестар за џез музика“ мастилото уште се не беше засушило и наместо целата јавност да се израдува и поздрави оваа иницијатива, пристигна најмалку очекуваното – добредојде не им посакаа нивните колеги, музичарите и другите вработени во НУ Филхармонија на Северна Македонија. Само на кратко да се потсетиме на што треба(ше) да се ...
Често за Исус Христос се вели дека имал дванаесет ученици. Тоа е во една конкретна смисла точно, но не и исцрпно претставување на Неговиот живот на Земјата. Бројот на Исусовите ученици, надвор од потесниот круг на дванаесетте е далеку поголем, а во него се вклучени и многу жени. Пристапот на Исус кон неговите ученици ги содржи суштинските елементи на она што во христијанството се нарекува учеништво – врска меѓу учителот и ученикот во која ...
Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ е во потрага по петтата генерација на „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм. Како да се пријавиш? Сними се себе си, со телефон, веб-камера или на било кој друг начин, и преку видеото, кое не треба да е подолго од 5 минути, одговори на следниве прашања: 1. Освен преку соништата, на кој друг начин бегаш ...
Вечерва изложба на Никола Пијанманов и Владимир Георгиевски во Метаноја во 19:00 часот. Драги пријатели, Во име на уметничката галерија „Метаноја“ со радост и задоволство ве канам на отворањето на изложбата „Учителот, страдањето и учеништвото“ на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов, денес, четврток на 13 април 2023 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Избраните дела за изложбата се инспирирани од Христовите ...
Во име на уметничката галерија „Метаноја“ со радост и задоволство ве канам на отворањето на изложбата „Учителот, страдањето и учеништвото“ на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов, денес, четврток на 13 април 2023 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Избраните дела за изложбата се инспирирани од Христовите страдања. Тие се прикажани буквално на сликите, но уметничкиот израз носи и бројни метафори на страдањето ...
Почитувани, Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ е во потрага по петтата генерација на „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години кои сакаат да бидат дел од годинешната работилница за креативен документарен филм. Како да се пријавиш? Сними се себе си, со телефон, веб-камера или на било кој друг начин, и преку видеото, кое не треба да е подолго од 5 минути, одговори на следниве прашања: 1. Освен преку соништата, на кој друг ...
Стани Леониде стани идат зулумќарите пак се ќе ни земат ... викаше баба Елефтерија тоа утро пролетта 1902 во селото Манчуково, (денес во Р. Грција). Денес 121 година потоа сме на слично дереџе. Ова градењево на коридорите 8 и 10 ми е страв да не стане како една од сцените од филмот Време Чуда кога попот не му ја отвора вратата од Манастрот на ликот УДБА-ш и овој со Џип вика у име народа Рааазваљуј! – и со џипот ја крши вратата од манастирот и ...
Промоцијата на „Ветерната приказна“ на Ника Гавровска придружена од изложба на илустрациите за книгата на Наташа Андонова која ќе се одржи на 12ти април 2023 година (среда) во 19:00 часот во Мултимедијалниот центар Мала станица на Националната галерија на Република Северна Македонија. „Ветерната приказна“ е дел проектот Патиштата на хероите поддржан од програмата Креативна Европа на Европската унија. Свет на густа памучна магла. Малата Верта ...
60 часовна работна недела??!! За работниците што ќе копаат на „славниот„ автопат? Или за сите? Како и да е, ова е не само скандалозно туку и против човековите и социјални права на работниците. За плата ич не прашувам за да не се донервирам! Порака за владиниот „европски фронт„, кој од европски има само име: Во ЕУ, aко се земат во предвид само вработените со полно работно време, просечното неделно траење е 40,3 часа во ЕУ. Ова времетраење е ...
Глинените ликови на Аман Кана, кои се умно обмислени, зрачат со универзални изрази на нежност и емоции. Фигурините се апстрактни лица направени од глина кои прикажуваат различни емоции. Аман Кана од Њу Делхи, кој има професионална позадина во графички дизајн и илустрации отсекогаш бил вешт во изразувањето на човечките емоции и искуства во неговите чудновати и игриви ликови. Со текот на времето, тој копнееше да изгради нешто со своите раце ...
На 6 април, пред публиката на исполнетото Кино Фросина , беше оддржано единаесеттото издание на Пич Прич, на тема „Бев сама“. Настанот истовремено беше најава на фестивалот за промоција за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ во продукција на Тиииит! Инк. Учеснички во ова издание беа шест раскажувачки: Силвија Митевска, Сара Климоска, Ана Гојлешка, Арбнора Мемети, Дафина Николовска и Ида Протугер. Темата е избрана како коментар на ...
Сите мои зборови туѓи се звуци од дамнешни договори сите мои зборови издишување се при умирање и одекнуваат во врисокот на новороденче сите мои зборови имаат корени на кои не им се знае почетокот сите мои зборови слуз се преточена од уста в уста на страсни љубовници сите мои зборови отпадоци се од минати назначувања сите мои зборови крици се на диви преиначувања сите мои зборови позајмици се од север и југ сите мои зборови избегале од ...
Одлуките на задужбините на неколкумина книжевни имиња делови од добро познатите дела да бидат изменети и прилагодени на моменталниот сензибилитет разгореа жестока дебата во книжевниот свет и меѓу читателите: дали треба да се ажурираат класиците и, ако е потребно, како да се направи тоа. Од романите на Агата Кристи исфрлени се изразите како „ориентално“, „Цигани“ или „домородци“, а преработените верзии од книгите на Ијан Флеминг од серијалот ...
Веќе долго имаме четботови кои се во состојба да водат вешти разговори, да ги препознаваат основните намери на соговорникот и да одговараат на прашања според однапред поставени правила и податоци. Нивните капацитети драматично се зголемени последниве месеци, што во многу кругови предизвика загриженост и паника. За системите на вештачката интелигенција кои наместо студентите ќе пишуваат домашни задачи е кажано доволно. Но прашањето кое бара ...
Џудит (Џуди) Хјуман е меѓународно признаена застапничка за правата на лицата со попреченост и според многумина родоначелник на движењето за правата на лицата со инвалидитет. Хјуман беше во првите редови на големите демонстрации за правата на лицата со попреченост, помогна да се донесе законодавство за правата на лицата со попреченост, основаше национални и меѓународни организации за застапување на правата на лицата со попреченост и беше на ...
Во склоп на долгорочниот проект Arts Hub, Ве покануваме на 11 април (вторник) во 19:00 часот да ни се придружите на првата Отворена средба за вклучување на уметничката и локалната заедницата. Идејата на овие отворени средби е поттикнување на дискусија и размена на идеи со заедницата со цел идентификување на локалните проблеми и потреби. На отворената средба е поканет секој кој сака да се вклучи во продуктивен дијалог кој ќе води кон нови и ...
Се збра сѐ живо, и православно и муслиманско во земјава, сѐ живо што се смета себеси за верник, вознемирени и усојузени, против безбожниците кои застанаа зад еден бенигнен повик двете најголеми религии во земјава да не се провоцираат взаемно со наметливо звучно засилување на своите пеења, молитви и повици. Се чини дека едно вакво однесување имплицира став од типот „не ме интересира во што веруваш ти, ова е единствената можна вистина та ќе ја ...
Џудит (Џуди) Хјуман е меѓународно признатa застапничка за правата на лицата со попреченост и според многумина родоначалник на движењето за правата на лицата со инвалидитет. Хјуман беше во првите редови на големите демонстрации за правата на лицата со попреченост, помогна да се донесе законодавство за правата на лицата со попреченост, основаше национални и меѓународни организации за застапување на правата на лицата со попреченост и беше на ...
Често ги слушаме фразите „еднакво општество за сите“,„еднакви можности за сите“; зборот „инклузија“ се користи на сите страни, но, ми се чини дека сѐ уште доминираат предрасудите и неприфаќањето на сѐ што е ново и различно. Македонското општество, како и креаторите на културни политики во земјава, имаат интересен и комплициран однос кон џезот, од создавањето на државата до денес. Во рамки на СФРЈ, се применуваше таканаречениот агитпроповски ...