Во петок, 17 март, со почеток од 19 ч.во студиото PrivatePrint (Партизански одреди 62/1-4) ќе биде отворена изложбата "Queen of Something" („Кралица на Нешто”) која понатаму ќе може да се посети во периодот од 18.03 до 01.04.2023 од 12 до 18 ч. секој ден освен недела. "Queen of Something" („Кралица на Нешто”) ги истражува идентитетот и припаѓањето на крајот на светот, така што приказната следи една кралица која го набљудува валканиот ...

Maкедонија има современи рудници кои по сите технолошки оперативни параметри како и безбедносните параметри економските и еколошките параметри се водечки во сферите каде делуваат. Имаме рудник од светска класа по безбедносни параметри или во бројки 253 000 работни часа без никаква лесна повреда. Имаме примери на рудници во коишто емисијата на загадувачки компоненти е минимална и ги задоволува сите барања на дозволите коишто им се доделени ...

Ниту прогласот до украинскиот народ под наслов „Не сакавме да ве навредиме,“ заедно со поздравот „Слава на Украина,“ не беше доволен за да ѝ се дозволи на словенечката група Лајбах да настапи во Киев, со оглед на тоа што тие рекоа дека ги сакаат Достоевски, Булгаков, Чајковски. Мајаковски... Уште во март минатата година, веднаш по почетокот на руската агресија врз Украина, во интервју за Новости, членовите на словенечката група Лајбах ...

Неодамна од Франција стигна вест за судска пресуда според која работниците имаат право да бидат „досадни“. Еден од највисоките судови (касацискиот суд) во Франција, кон крајот на минатата година пресуди дека работодавачите не смеат да ги присилуваат своите работници да се забавуваат на начини кои им ги нарушуваат достоинството и слободата на изразување. Случајот датира уште од 2015 година кога маж со псевдоним „господин Т.“ го тужел својот ...

Во петок, 17 март, со почеток од 20 часот, во просториите на Галерија Метаноја (ул. Максим Горки бр.19) ќе се одржи промоцијата на сликовницата со наслов "Пргав зајак." Станува збор за сликовница чиишто автори се Пандалф Вулкански (текст) и Будимка Поповска (илустрации). Пандалф Вулкански е псевдоним на писателот Никола Гелевски. Станува збор за искусен автор со богат книжевен опус кој зад себе има претежно експериментална поезија и проза, и ...

Уметникот од Хонг Конг, Џонсон Цанг, со децении ваја дела од керамика и челик кои ги истражуваат границите меѓу видливото и невидливото, правејќи ги мислите и емоциите опипливи преку минимални форми направени од бел порцелан. Истражувајќи го смирувачкото и вознемирувачкото, делата на Цанг претствауваат приказ на анксиозностите и механизмите за справување со нив кои го окупираат современиот ум. Скулптурите го одразуваат стремежот на Цанг за ...

Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ распишува конкурс за авторски илустрации на тема „Свет со љубов“. Сите заинтересирани илустратори може да се пријават со не помалку од 2, а не повеќе од 5 авторски дела – илустрации за деца. Конкурсот е отворен до 30 април. Од пристигнатите дела ќе бидат избрани петмина илустратори. Тие заедно со повеќе реномирани илустратори од регионот ќе учествуваат на годинашното петто ...

KСП Центар Јадро во рамки на проектот „Arts Hub“, отвора јавен повик за поддршка на автори и авторки во создавање на авторски аудио поткаст. На повикот ќе се одберат 5 апликации кои меѓудругото ќе добијат и поединечен хонорар од 8000 денари бруто износ. Секој(а) што сака да го пренесе своето знаење, страста за своето хоби, алармот за одредени состојби и критика на делата од омилените автор(к)и, е добредојден(а) да се пријави на нашиот повик! ...

Професорите и сите други вработени од академскиот, стручниот и административниот персонал ќе бидат „силно обесхрабрени“ од какви било блиски лични односи со студентите „што ги пречекорува границите на професионалното однесување“, истакнуваат коментарите во врска со новата регулатива на повеќе универзитети на островот. Универзитетите што одлучија да ја почитуваат оваа регулатива велат дека до овие одлуки дошле после многу месеци и консултации ...

Огласи за сезонски вработувања 2023 – платите над 1.200 евра „Дали сте подготвени за нов предизвик?”, „Ве покануваме да ни се придружите во преубавата Хрватска”. Вака гласат првите повици за сезонски вработувања за 2023 година. Во угостителскилскиот сектор доминираат понудите од Хрватска, која изминатите години привлече илјадници наши државјани за сезонска работа. Дел од хотелските комплекси во Хрватска во пресрет на летната сезона веќе ...

Смртта на сестра ми Сонцето фрла лажни сенки по нејзиното лице. Ридот е висок сè дури не доползи до неа како огромна мачка што своите плеќи ги нуди за милување. Луѓето стојат но одвај ги држат исправени голите глави. Сестра ми се умилкува на еден голем цвет од тешкиот венец. Во просторот седи огромниот рид таа спитомена од прстите на сестра ми мачка. Луѓето ги кријат голите темиња во црни шапки. Волшебен опаш Илузијата што ја скрива птицата ...

На првата годишнина од војната во Украина единствените нешта што треба да се прослават се размерите и храброста на украинскиот отпор кои ги изненадија сите, вклучувајќи ги и сојузниците на Украина, а можеби и самите Украинци. Преку самоодбраната Украина ја остварува својата трансформација. „Желбата на луѓето за правда не престанува“, вели украинската новинарка Катерина Семчук. „Заправо е посилна, зашто граѓаните ги ризикуваат сопствените ...

Сè си е на место Крава молзи молзнач, во штекер се грее полнач, сасквач лежи под сач, а на гранка седи краткопрст ползач. *** На клупа во парк разговарале врач, гатач, одгатнувач и бајач-трујач. „Имам видено како косачот сред нива фаќа орач во магичен обрач“, рекол врачот, и додал: „А орачот после го барале со Гајгеров бројач.“ „Јас сум видел како острачот на фронцли сечка дрвосечач!“, рекол гатачот. „Јас имам видено како јавачот-ткајач од ...

10/03/2023 01:33 - Окно

Животно беше тоа или птица? Таа го галеше. Тој нежно му зборуваше. Од својот глас таа му создаде среќна шума. Тој го изведе надвор со насмевка од коцки шеќер. Тоа наскоро им ги лижеше бакнежите. Таа му ги даде гласните жици и тоа ги проголта Тој му ја даде крвта од лицето и тоа живна Таа му ја даде сладоста од усните и тоа нагло пркна Тој му го принесе анасонот од својата иднина И тоа го лапна, го проголта и стана злобно, посегна По погледот ...

„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од уште два романи. Претходните извадоци прочитајте ги овде. „Градски деца“, Матеј Богдановски, самостојно издание Двете темни силуети се доближија до влезната врата од музејот. Низ големото стакло од вратните крила типот со црвен плашт ѕиркаше дали ...

Тој што на земјата владее, од местото мое, местото мое, местото мое, празно сега сè во присуство на самиот Син Бог, направи клоака за крв и смрдеа од моите гробишта; (Данте, Божествена комедија, Рај, пеење 27, 22‒26; Зигмунд Фројд го цитира во „Едно сеќавање од детството на Леонардо да Винчи“) Она што обично се смета за љубов е изгнанство. (Самјуел Бекет, „Прва љубов“) Ми беше, зачудо, потребен духот на Венеција, сосем спротивен на Бекетовиот ...

Со сета почит, искрена и заслужена поддршка што ја има Володимир Зеленски како лидер на украинската одбрана од воената на агресија на Русија, магазинот Тајм оваа година требаше за личност(и) на годината, покрај украинскиот претседател да ги прогласи и – жените на Иран. Трагедијата што ја донесе војната во Украина, хуманитарната катастрофа и злосторствата против човештвото се неспоредливи, но така требаше и да остане во изборот на магазинот ...

Во сабота (11.03.2023), со почеток од 12ч., во КСП Центар Јадро ќе се одржи хуманитарен концерт за погодените семејства од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе. КСП Центар-Јадро, како установа која е плод на колективна грижа и солидарност, чувствува обврска да даде поддршка на најпогодените од оваа природна катастрофа. На концертот ќе настапат: • Хана Корнети-укулеле • Музички проект: Фортуна ...

По шестгодишен застој Советот на Европа најпосле побара согласност од Европскиот парламент за изготвување Конвенција за спречување и борба против насилството над жените и насилството во семејството (Истанбулска конвенција) во име на Европската унија, и на тој начин ѝ го отвори патот на ратификацијата на конвенцијата на европско ниво. Откако Европскиот парламент ќе даде согласност, Советот ќе одржи конечно гласање во Советот за правосудство и ...

Бидејќи одамна се слободни во вторници и среди, а од неодамна и во четвртоци, навивачите на Барса вчера во невртка славеа шестгодишнина од најдраматичниот возвратен меч во Лигата на шампионите – шлеперот преку ПСЖ на Камп Ноу за 6:1 по поразот од 4:0 во првиот натпревар. Претходно со таа титула се китеа сега веќе заборавените Депортиво ла Коруња (тимот за кој Цапар има дадено гол, а таа 2004 година екипа на мангупи како Пандиани и Валдерон) ...

Армијата и црквата се институциите кои уживаат најголема доверба во Македонија веќе неколку децении, а според најновите истражувања, годинава ги престигна еден лик на Фејсбук, соопшти денес Институтот за истражување на доербата и кружните текови од Македонска Каменица. Наодите покажуваат дека некој лик од Фејсбук одеднаш избил на врвот на листата на доверба за време на короната, кога ги имал најбрзите и најточните информации за се’ што е ...

Белорускиот продемократски активист, добитник на Нобеловата награда за мир, Алес Бјалијатски, е осуден на 10 години затвор, според групата за права „Вјасна“. 10-годишната затворска казна наиде на осуда како „срамна неправда“ од страна на главниот опозициски лидер Свјатлана Циханускаја. „Алес го посвети својот живот на борбата против тиранијата. Тој е вистински херој на Белорусија и ќе биде почестен долго откако диктаторот ќе биде заборавен“, ...

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид на 07.03.23. се доделија наградите на најдобрите песни што учествуваа на анонимниот Конкурс за најдобра необјавена песна за деца „Тоде“, распишан во чест на писателот Тоде Илиевски. Првата награда ја доби Пандалф Вулкански, за песната „Алиса се кара со Белиот Зајак и неговата Тава“. Второто место го освои песната „Жабешки хор“ од авторката Соња Манасиевска Конеска. Третата награда му припадна на ...

Ќе зрачи црковна телевизија во македонскиот медиумски етер. Владиката и митрополит преспанско-пелагониски Петар добил дозвола за отворање телевизија. Одлуката е објавена на веб-страницата на АВМУ и истата се однесува на скопскиот регион, со времетраење од девет години. Телевизијата добила дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици и медиуми во државата. Според дел од јавноста, ...

Многумина од нас не знаат за жените кои придонеле за развојот на земјоделството и сродните гранки низ годините. Придонесите на овие жени во голема мера влијаеле на земјоделските иновации. Во продолжение ќе се потсетиме на некои од нив. Хариет Вилијамс Расел Стронг (1844-1926) Хариет Вилијамс Расел Стронг била заштитничка на водите на Америка. Бидејќи формалното високо образование за жените во тоа време било ограничено, Стронг студирала кај ...

- Вашето најрано сеќавање за книгата и за читањето? -Не се сеќавам јасно, на границата пред која постарите ми читаа книги, ниту од која почнуваше самостојното читање. Читав од претшколска возраст, на две писма. Сепак, и мене прва ми беше писменоста на сликите: цртаните слики, илустрациите по книгите, па и пред да почнам да го препознавам текстот во нив - на детските „цртани романи“, сликовниците, но и на весниците, странските магазини, ...

Клара Цеткин, моминско презиме Ајзнер (германски: Clara Zetkin, Eißner; 5 јули 1857 - 20 јуни 1933 година), била влијателна германска социјалистичка и комунистичка политичарка и борец за правата на жените. Во 1907 година, таа ја организира првата меѓународна женска конференција. На нејзин предлог, 8 март е прогласен за Меѓународен ден на жената. Школувајќи се за учителка, Клара Цеткин се поврзува со женското и работничкото движење во ...

Од лево кон десно: Зана Ванрентергем, Анастасија Јева Домани, Таја Герасимова и Марта Лемпарт. Родовата еднаквост сè уште е „300 години назад“: остро предупредување од Обединетите нации, бидејќи повторно се слави Меѓународниот ден на жената. Во понеделникот, за време на отворањето на седницата на Комисијата за статусот на жените, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така рече дека правата на жените се „злоупотребуваат, се ...

Колку се цени животот на домашните животни според добиточнниот пазар во Скопје? Кокошки (црвени) 500 денари Дукатка 600 денари Петел 500-600 денари Петел брама 2000 денари Теле 200-220 кг се продава за 160-180 денари за килограм жива мера. Кравите можат да се најдат од 90-120 денари за килограм жива мера. Кози од 80 до 180 евра за грло. Цената на овците се движи од 100 до 230 евра за грло. Цената на магарињата се движи од 380 до 400 евра. ...

Го реновиравме конзерваториумот и сега е еманципаториум. Шимејл адреса. А за 8 Март работничките ќе наздрават со проплакано мајчино млеко. Кај што има чад баба се чешла. Имам отсуствувано од сопственото смеење. Можеби сѐ што треба за да се згрееме е да направиме радијаторка од реброто на радијаторот? Капнав, флека не станав. - Нит честитка нит подарок за Валентајн! - Божеее, толку сум заљубен што заборавив дека постои Валентајн! - Мамо, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
8.75
62%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
1.03
74%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
86%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.15
88%
1033
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.28
79%
1027
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
60%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
81%
1034
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.68
63%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.75
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Цинк

3.24

Паладиум

51794.85

Бакар

11.73

Алуминиум

3.42

Калај

50.64

Злато

166253.76

Сребро

2711.59

Платина

68963.35

Кобалт

66.14

Иридиум

231355.22

Рутениум

47358.05

Родиум

372948.66