Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Италијанскиот Сенат на почетокот на март гласаше против уредбата на Европската комисија за прекугранично признавање на истополовите родители. Со овој потег Италија ѝ се придружи на Вишеградската група што ја сочинуваат Чешка, Унгарија, Полска и Словачка. Аргументација на десницата која го предводеше гласањето против европската уредба е загриженоста дека признавањето на истополовите родители би можело да ја поткопа моменталната забрана на ...
Тишината околу мртвиот гулаб Кај пченкарното поле е лажлива. Под него се збираат инсекти, вооружените сили Во црна униформа. Над него кружи јастреб Пред да се сврти со склопени крилја. Мравките, командоси во марш, Копаат канал долж рбетот. Внатре, жиците ги вжештиле Нервозните црви кои ги јадат цревата на тлото. Од стомачното крзно летечките трговци (или се репортери) Разнесуваат порака во сите четири ветра: Мрша! Мрша! Само еден скакулец, ...
Цицкач-стискач (познат и како цицко-пицко) ѝ дофрлил на фолкс-вагина (која низ паркот се возела во малиот воз): „Олабавен ти е цицнтрегерот!“ „Функционанираш, цицко-пицко?! Цицка, инаку, моеш да му стиснеш само на братот гибач-пипач, за возврат, и толку!“, возвратила фолкс-вагина од вовчето. *** Цицкач-стискач, гибач-пипач, ракувач-подмачкувач и дркач-дудлач на клупа во парк ја оговарале фолкс-вагина. *** Фолкс-вагина грицкала пичос на ...
Директно вклучување во работните групи по сите поглавја и кластери, широки и под тематски консултации и вклучување на поединци номинирани од граѓанските организации во некои групи, се моделите за учество на граѓанските организации во процесот на пристапувањето во Европската Унија, кои деновиве се дискутираа на различни форуми за дијалог за овие прашања меѓу Владата, Делегацијата на ЕУ и граѓанските организации. Во изјава за медиуми на еден од ...
Француската премиерка Елизабет Борн во четвртокот на 16 март излезе пред парламентот и изјави дека владата ќе го заобиколи гласањето во долниот дом и се повика на членот 49.3 од Уставот за да го озакони својот предлог за пензиски реформи. Откако претседателот Макрон го претстави предлог законот во јануари, милиони луѓе излегоа на улиците на протести ширум Франција. Предлог законот вклучува низа мерки, од кои најспорна е зголемувањето на ...
Како се менува врската помеѓу нашите тела и сеќавањата како што старееме? Уметникот Кејси Куран се занимава со ова прашање во новата серија кинетички скулптури под наслов "Carrion Blooms". Делата упатуваат на дегенерацијата и распаѓањето, анализирајќи го моментот на опаѓање на издржливоста на телото. „Сите можеме да се присетиме на оние денови кога нашата енергија се чинеше бескрајна. 24 часа, и во нив некако успевавме да натрупаме сè; ...
Вашето најрано сеќавање за книгата и за читањето? Летно попладне и гласот што ми чита приказна. Која книга би ја нарекле книга на вашето растење? Растев бавно и долго и сето тоа сеќавање сега е некако развлечено низ времето. Не можам да издвојам една книга што би ја нарекол книга на моето растење. Почетоците сигурно би биле во првите одделенија на школо. Памтам дека многу ја сакав Големи и мали на Бошко Смаќоски, Приказни по телефон на Џани ...
„Смртта не е крај“, Владо Јаневски, „Арс Либрис“ Во принцип, Фуриозо не размислуваше особено за она што го сторил во текот на изминатите години. Еден ден се случи и тоа. Тогаш си помисли дека времето му поминало многу брзо – како вчера да беше кога заврши средно и почна да му помага во бизнисот на татко си Шикамото.Се сети на првиот ден и првите неколку часови додека се досадуваше во канцеларијата.Ако не се случеше да заминат на терен, ...
Еден од начините „црквата да одјебе“ е да почне да се перцепира како потенцијален извор на корупција во институциите и тоа не само во финансиска, туку и во одлучувачка смисла. А, секако и да се покаже со прст кон можна корупција кога црквата ќе се вмеша во општествени прашања. На возрасен човек не може да му се забрани да верува во бајките од железното доба, пошто нели тоа е лична работа и секој има право да се прави блесав колку сака. Но, ...
Деновиве на страниците на некои наши медиуми, во контекст на дебатата за македонско-бугарските односи, се спомена текстот на Штефан Требст од 1983 година, „Советскиот Сојуз и бугарско-југословенската контраверза за Македонија“, објавен во списанието „Компаративни студии за Југоисточна Европа“ . Станува збор за реномиран професор на универзитет во Лајпциг, историчар и славист кој говори македонски и бугарски јазик и кој се смета за добар ...
Голи брда, едно полско патче и крај него Зајчешка шепа во грмушка, ветрот ја спуштил Од далеку тоа е сè што можеше да се види, брановидниот Пејзаж фокусиран во окото на орелот, Голи брда, едно полско патче и крај него Зајчешка шепа во грмушка, ветрот ја спуштил, Исчашен зглоб, во рака не би бил потежок од птиче Кое уште топло скока од тавата, Крвав како пленот на сивата птица грабливка врз трн на оскоруша, Ковче обвиткано со парченце крзно. ...
Иако скандинавските земји – Данска, Шведска и Норвешка – во многу аспекти се меѓу најпрогресивните, тие не се имуни на подемот на десничарскиот популизам. Најновата вознемирувачка вест дојде од Шведска, каде што екстремно десничарските Шведски демократи беа исклучително успешни на изборите во септември 2022 година. Во последните децении, десничарските популистички партии се во подем низ цела Западна Европа, чии најпознати претставници се ...
Одгледувањето на микрозеленчукот станува сѐ поголем тренд во светот. Тоа се всушност млади изданоци од зеленчук, а висината на билките за време на бербата е од 2,5 до 10 см, во зависност од видот. Овој млад зеленчук има интензивен вкус, се карактеризира со сочност и висока содржина на корисни материи. Мала количина микрозеленчук содржи многу витамини, минерали, влакна, амино киселини, хлорофил и белковини. Микрозеленчукот има 4 до 40 пати ...
Политичкиот епитет кој недвосмислено ја обележува нашата современост е „воук“ (woke). Се работи за еден од оние термини кај кои стабилноста на значењето е диспропорционална со леснотијата на употребата. Преземен е од афроамериканскиот вернакулар и со него иницијално се означувало предупредување на расна предрасуда и дискриминација. Денес со него манипулира десницата и го користи со намера поединците, групите или идеолошката атмосфера како ...
20. И очекував, и не очекував. Сепак малку ме изненади. Ми се замати пред очите, за малку не паднав. Отскокнав наназад, возвратив со лев, па со десен директ, и двапати промашив, но тој се повлече, а мене почна да ми се разбиструва. „Па, Врапче“, се смее мојот пријател Апаш, „не си баш така тврд како што мислиш.“ Молчејќи, полека појдов. Молскаа тупаници од двајцата околу глава, двајцата добивме по две-три парчиња. Се повлеков еден чекор, па ...
“When we start deceiving ourselves into thinking NOT that we want something or need something … but that it is a moral imperative that we do/have it, then is when we join the fashionable madmen.” Joan Didion self-righteous - having or characterized by a certainty, especially an unfounded one, that one is totally correct or morally superior „Што ако ти кажам дека можеш да добиеш 50 вежби ЗАСЕКОГАШ кои ми помогнаа да го оформам мојот задник ...
Тело на мртов пес лежи Испружено на железничката пруга, фатено Во челуста на со креда нумерираните прагови. Колку повеќе гледаш, толку повеќе Неговото крзно се меша со прашината, со чакалот помеѓу островчињата свежа трева. А тогаш, флеката на неговиот живот конечно станува испрана. Превод: П. В. Durs Grünbein (1962 година, Дрезден) - германски поет, романсиер, есеист и преведувач. Накратко студирал театарски студии во Берлин и објавувал во ...
Филмот „Проток на луѓе“ на Аи Веивеи ги документира запрепастувачките размери на глобалната бегалска криза. За да го создаде својот нов документарен филм „Проток на луѓе“, кинескиот уметник и активист Аи Веивеи поминал цела година патувајќи низ 23 земји, следејќи ги патувањата на околу 65 милиони луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови за да избегаат од глад, климатски промени и долготрајни војни. Преминувајќи океани и ...
Питер Коке ван Аелст - Приказна за Свети Павле - Горењето на книгите во Ефес. “Реално немаме пари за да испечатиме учебници по сите предмети во средното образование”, вели човекот кој самиот беше изненаден што станал министер за образование - Јетон Шаќири. Но, реалноста се разбира дека не е таква каква што министерот сака да ја прикаже. Апсолутно е нереално и апсолутно е неточно дека оваа држава, дури и ваква каква што е нема пари за ...
Србија во 2022 и 2021 година била светски првак според задолжувањата и приливот на капитал од Кина, пишува српскиот неделник „Недељник“. Србија земала вкупно 8,03 милијарди долари како кредити од Кина, вклучувајќи ги и кинеските инвестиции, со што нашиот северен сосед во изминативе две години се искачил на самиот врв во светот, се наведува во истражувањето „China Global Investment Tracker“ на Американскиот институт за претприемништво и ...
Кога маж во своите доцни четириесетти не знае што е ПМС, кога маж во своите рани четириесетти не знае што е и кога се случува овулација, кога маж со завршено високо образование, на астал изјавува дека до забременување може да дојде по пат на анален секс, кога повеќето после сите одгледани порн-хаб туторијали, не знаат да го лоцираат клиторисот, а камо ли да знаат што понатаму со него, кога се скандализираат од барањата на нивните партнерки за ...
Во наративот врз чија основа е изграден денешниот глобален економски систем штотуку дојде до неочекуван пресврт. Од крајот на Втората светска војна таканаречениот либерален меѓународен поредок подразбираше слободен проток на стоки, капитал и финансии, но изгледа дека на тоа време му се ближи крајот. Секој пазарен поредок е поддржан со наративи – приказни кои си ги раскажуваме за тоа како функционира системот. Тоа особено важи за глобалната ...
Писателот Венко Андоновски за редакцијата на АХА, вели дека всушност му се помешале фолдерите и неговата колумна „О неписменех: Кои сте бре вие?“ од пред некој ден била пишана за периодот од пред 2016 година, но… „Ма се мислев дали да кажам дека направив куршлуц. Као, ете се деси да ги помешам фолдерите и да им пратам необјавена колумна што ја пишував за периодот од пред 2016 година. Па да речам, гледате што се дешава ако се закасни со ...
еден авион приоѓа можеби е воен со непријателски намери можеби патнички со жени и деца но едно можам да ти кажам најмалку е веројатно дека е тоа детско летало или албатрос можно е таа направа да те разнесе во парампарче можно е ти да ја разнесеш во парампарче можеби носи силен аксплозив можеби беспомошни патници не зборувај ништо повеќе не можам да ти кажам што да правиш јас сум само релативно комплициран систем ако сум ти потребен можам да ...
Писателка, уметница и самонаречена акумулаторка, Џејн Хушам постојано се навраќа на воодушевувачките радости од детството преку огромна колекција на пронајдени предмети. Налепници и пластични раце за кукли, остава со нерасиплива стока и менажерија со животни на тркала се дел од нејзината колекција. Прецизно категоризирани по боја, форма или тема, секоја композиција ги истакнува различните стилови, функции и контексти на сличните предмети и ...
- Вашето најрано сеќавање за книгата и за читањето? Дома имавме многу сликовници на руски и српски, се сеќавам на руските бајки. Имавме една српска книга со наслов „Полжав на патување“ (Puž na putovanju), а зборот „пуж“ ми беше смешен и чуден, инаку „полжав“ на македонски. Дедо ми, кој бил роден во Грција, секогаш ни испраќаше сликовници и касети од „Абракадабра“, а јас ги обожавав тие приказни и бајки, речиси исто колку и приказните на ...
Сè си е на место Везач везе седло кај сарач, берач му мавта на машиновозач, барач на правда станал бегач, на гранка грака црн грабач. *** „Нонсенс книжевноста, ви се молам, е нонсенс!“, на клупа во парк им рекол обликувач-одредувач на познавач-поправач, прегледувач-преведувач и толкувач-забранувач, кои сложно кимале со главите. „Не се слагам!“, дрекнал играч-посматрач, кој понекогаш се вмешувал во ситуациите, минувајќи крај клупата. „Ти си ...
„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од уште два романи. Претходните извадоци прочитајте ги овде. „Девојчето со седа коса“, Магдалена Елмазовска, „Збор“ Животот пишува и бриши, тој дава и само тој зема. И кога на двајца млади од по осумнаесет години, со помош на нивниот занес наречен ...
Стапката на абортуси се намалила од 19 абортуси на 100 живородени деца во 2019 година на 17,1 во 2021 година. Во истиот период значајно е намален и бројот на абортуси кај жени и девојчиња на возраст под 20 години, покажуваат податоците од областа на сексуалното и репродуктивното здравје кои се обработени во новата публикација на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија „Жените и мажите во Северна Македонија 2023“. Фото: ...
Ивица Осим на натпреварот против репрезентацијата на Франција, 1968 година Ќерка ми Аља деновиве е во местото Коми, на Тинос, на архипелагот кој го нарекуваме Киклади. Никогаш не сум бил таму, но грчкото божество Хипнос ме поврза со ќерката. Значи, таа ми доаѓа на сон и ми вели: тато, Ивица Осим почина на Први мај, пет дена пред својот роденден. Ѝ велам, што да правиме, тој одамна не оди на сараевските првомајски теферичи, а уште подолго не ...