Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Си беше еден човек Кој никако од мајка си да се раатиса Небаре ѝ беше највисока вејка. Па удираше и маваше по неа Со бројки, равенки и закони Што тој ги смисли и ги нарече вистина. Ја испрашуваше, обвинуваше И казнуваше, како Толстој, Ѝ забрануваше, ѝ викаше, ја колнеше, Со нож ѝ се топореше, Ја уништуваше со одвратност Со булдожери и детергенти Со услови и со парно греење, Со пушки, со виски и со мачен сон. Со сите дробни дечиња на раце, во ...
За да се разбере кинескиот план од 12 точки за прекин на војната во Украина, прво треба да се замисли местото каде што веројатно настанал: во некоја од мермерните одаи во огромните згради на авенијата Чанг Ан, каде последниве 50 години никој не се осудува да писне против официјалните ставови на партијата. По 12 месеци војна која ќе ја одреди не само судбината на Украина туку и позицијата на Кина во 21 век, сè што добивме е низа излитени ...
Праисториски карпести слики од Тасили Н'Ајер, Алжир Една од најважните потраги во животот на секој човек е потрагата по својот сопствен идентитет. Кој сум јас? Од каде доаѓам? Што е она што ме одредува? Но, оваа потрага е опасно патување, полно со замки и препреки. Една од нив е затворањето пред светот кој ме опкружува. Ако заклучам дека ме одредува припадноста кон една група, ќе се фокусирам само на таа врска и ќе превидам сè друго што ме ...
Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, кои бугарските окупациски власти ги депортирале во концентрациониот логор ТреблинкаФотографија: DW/K. Delimitov Преземено од: DW Пред некој ден една поголема група бугарски научници го повика тамошното општество конечно да се соочи со мрачните моменти од неговата историја и наместо да се митологизираат настаните од почетокот на март 1943 година наречени „Спас на бугарските Евреи“, ...
На 9 март (четврток) во 20 часот ќе биде изложбата „Пејзаж на вознемиреност (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени)“ „Пејзажот на вознемиреност“ се однесува на климатските состојби, еколошките предизвици и промените во животната средина, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, девастираната животна средина, неконтролирани траектории на ...
Проектот на фотографот Џонатан Јасберг носи наслов по една древна египетска поговорка - „Каиро: убавото никогаш не е совршено.“ Серијата е избор на слики направени во Каиро за време на пандемијата COVID и има за цел да ги отслика искрените моменти на жителите од големата метропола која често се смета за опасна и бурна. Додека туристите често го прескокнуваат градот, застанувајќи само кај пирамидите и музеите, Јазберг има за цел да ги долови ...
Лидерите на Србија и на Косово го прифатија европскиот план, со конкретни временски рамки и начин на примена. По многу притисоци, лидерите на Србија и на Косово го прифатија новиот концепт на дијалог што треба да води до нормализација на меѓусебните односи, иако нивните разговори во Брисел, само што тргнаа, веднаш запнаа поради старите нерешени проблеми. Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот ...
Денес е првиот училишен ден за момчињата - студенти на авганистанските универзитети, кои повторно беа отворени по завршувањето на долгиот зимски распуст, за разлика од девојките на кои талибанскиот режим сè уште не им дозволува да студираат. Забраната за посета на настава на универзитетот е едно од безбројните ограничувања на правата на жените усвоени од страна на талибанците откако дојдоа на власт во август 2021 година. Забраната предизвика ...
Зборовите дојдоа со полиси за осигурување – Гавранот се преправи мртов. Зборовите дојдоа со покана за војска – Гавранот се направи луд. Зборовите дојдоа со празни чекови – Тој им нацрта „мини мауси“ ним. Зборовите дојдоа со Аладинова ламба – Тој ја продаде и си купи бурек. Зборовите дојдоа преправени во ред вагини – Тој пријателите ги збра. Зборовите дојдоа преправени во овенчана вагина што го свири Хендел – Тој ја подари на музеј. Зборовите ...
Не знам која психотропна супстанција за разлабавување на нервниот систем му е потребна на човека кога ќе го изгледа неверојатниот, брилијантен документарен филм на нашата извонредна новинарка Кристина Атовска, која прва со невидена храброст отиде да известува од боиштата во Украина, веднаш штом почна бестијалната руска воена агресија таму, минатата година во февруари. Точно една година подоцна, Атовска заедно со својот тим соработници создаде ...
Вистинските хегемони не владеат со сила туку со фаустовски понуди кои е невозможно да се одбијат. Одличен пример за тоа е повеќедеценискиот премолчен договор помеѓу Кина и Америка кој го овозможи кинеското економско чудо. И сè течеше како подмачкано до трговската студена војна која Доналд Трамп ѝ ја објави на Кина. „Нашиот таен дил“, ми објасни еден кинески претставник, „е заснован на трговскиот дефицит на Америка со кој се одржува висока ...
1. Мотивите за книгата 1.1. Почетен мотив „Во македонската литература нема романи во кои се истражува темата на двојникот“ – ми рече еден познајник во 2009 година. Во октомври 2016 година се одржа конференцијата Критика и молк во организација на Институтот за македонска литература. Моето излагање на оваа конференција беше за Пиреј на Петре М. Андреевски и за недостигот на критичко преиспитување на ова дело и на други дела што се сметаат за ...
Новиот Темплум стрип „Панда во дрон“ е дело на Пандалф Вулкански (автор на текстот) и Ристо Аврамовски (автор на илустрациите). Ова е, накусо, приказната на стрипот од осумдесетина страници, наменет истовремено и за деца и возрасни: Панда и Анаконда си живеат заедно, на хациенда, во Уганда. Веднаш до нив живеат сестрите близначки, Линда и Белинда, кои слават роденден, заедно со своите братучетки: Аманда, Миранда, Јоланда и Росанда. Една ...
Денес (03.03.2023) во 20 часот, во КСП Центар Јадро, завршува серијата на презентации, во рамките на новиот проект Arts Hub со презентацијата на проектот „Лета лета Локубија“ на Елена Чемерска. Преку оваа серија од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои изминативе 2 години беа поддржани во контекст на програмата на КСП Центар Јадро да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина ...
‒ Вашето најрано сеќавање за книгата и за читањето? Многу сакав сликовници. Мојата прва сликовница беше баш за мали деца и не сум сигурна дали е тоа точниот наслов ама мислам дека се викаше „Мамо, тооооолку те сакам“, со многу „о“ и буквите беа шарени. Кога ќе размислам подобро, мислам дека таа сликовница е многу поврзана со мојата синестезија. Инаку, моето сакање сликовници беше прилично опсесивно‒компулсивно, односно морав да ги имам сите ...
Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вреднисти „Славко Јаневски“, во втората селекција избра десет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда: 1. „Водни тела“, Ана Аврамовска, „Паблишер“ 2. „Папокот на светлината“, Венко Андоновски, „Три“ 3. „Писмо за Глорија“, Живко Грозданоски, „Или Или“ 4. „Анатрос“, Хари Кацановски, „Арс ...
Биле три другарки како од скаска: Васка, Спаска и Таска. „Васка, ти си материјал за расказ: на другите во око им бараш раска а самата носиш маска“, рекла Спаска. „А ти, Спаска, имаш лоша пракса: мласкаш кога јадеш праска или мараска“, одговорила Васка. Се приклучила и Таска, за по нив да не каска: „Џамбаски! Знаеме дека не треба да се ласка, но пребројте: во главите ви фали некоја даска?“ Краткава (се надевам, не и празна) песна-сказна овде ...
Русинот Алексеј Москаљов е приведен поради давање антивоени изјави, а неговата 12-годишна ќерка привремено е ставена под државна грижа, откако семејството се соочило со притисок од властите поради цртежите што девојчето ги направило на училиште на кои е прикажана Русија како бомбардира семејство во Украина, пренесува Гардијан. Алексеј Москаљов, самохран родител од градот Јефремов, 150 милји јужно од Москва, е уапсен поради објавени антивоени ...
По Романија, Албанија, Белгија и Србија на 3 март Велес ќе биде центар на стрип културата на Балканот. Уметници и сценаристи, стрип теоретичари, професори, љубители на стрипот и гости од целата држава и од Европа ќе имаат прилика да присуствуваат на отворањето на изложбата „CAN for Balkans“ во Ликовниот салон во Велес. Изложбата „CAN for Balkans“ е составена од две тематски целини, од кои на првата се презентирани графичко-секвенцијални дела ...
Ако како просечен животен век се земе бројката од 75 години, во текот на животот преспиваме 26 години. Истражувањата на американските козметички фирми покажуваат дека жените во просек трошат 135 дена на шминкање и средување пред излегувањето од дома, додека мажите за истото трошат 46 дена. Ваквите податоци можат да делуваат како непотребно предизвикување анксиозност – често и со функција на рекламирање некој изум кој наводно ќе ни заштеди дел ...
Основана во 2014 година, Феминистичка работилница e организација која започна мисија да создаде простор за напредок на феминистичката заедница во Лавов, но и во целата Украина. Сепак, дефиницијата на организацијата за феминизам не значи само еднаквост за жените. Таа исто така се стреми кон поинклузивно општество и се бори против дискриминацијата и насилството врз различните заедници. Феминистичка работилница, со своите волонтери, вложува ...
Фотографии на Небојша Гелевски од отворањето на изложбата „Супа од чиопа“ на Будимка Поповска. Промотори на изложбата беа Никола Гелевски и Владимир Мартиновски. Изложбата во галеријата „Метаноја“ (улица „Максим Горки“ бр. 19, Скопје) ќе биде отворена до крајот на март. Отворањето го збогатија со своите спонтани пејачки настани и Добрила Грашевска и Ана Голејшка Џикова. Во продолжение фотографиите од настанот... ...
Реставрација со психотерапија Реставратор без соодветна едукација, дава упатство за реставрација и конзервација да не си направите траума, фрустрација, и непотребна секирација: “Ако купувате рамка на старо за вашата уметничка слика, внимавајте да не е: Поткршена или прекршена недајбоже сосем испокршена. Накривена,или поткривена, од преправки сосем изкривена! Пропадната, или продупчена, Од клинци, шилци сосем издупчена! Изветвена или од влага ...
Говорот на рускиот претседател Владимир Путин на само два дена пред годишнината од руската агресија врз Украина, сè уште е предмет на анализа на бројни светски медиуми. Вистиномер веќе пишуваше за главните дезинфо-наративи во неговото обраќање пред руската и светска јавност. Овојпат ќе се осврнеме на руската пропаганда дека војната во Украина е војна „за одбрана на традиционалните и семејни вредности“ кои „Западот сака да ги уништи“, односно, ...
„Окно“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“ и оваа година објавува фрагменти од делата кои беа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2022 година. Денес објавуваме извадоци од уште два романи. Претходните извадоци прочитајте ги овде. „Невообичаен Велигден“, Емилија Златкова - Анастасова, „Збор“ - Срцето ѝ застана за момент. Ја реанимиравме и се врати. Ги ставивме лековите во инфузијата што ни кажавте по телефон додека ...
Следната сабота, кога од тунелот во 20:45 ќе се појават десетмина во виолетово и десетмина во црвено-црно, и уште двајца во засега непозната боја, на долгата трибина на „Артемио Франки“ во Фиренца, на третиот ред од вториот квадрат лево од центарот и, што се вика, речиси на трева, ќе седат двете најнови oфицијални лојални навивачки на Фиорентина, со свежи Inviola Premium Fidelity Cards в џеб и тајно ќе навиваат за Милан. Всушност, за Милан ...
Во среда (01 март) со почеток во 20 часот, во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи промоцијата на романот „Писмо за Глроија“ од Живко Грозданоски, како 216 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Промоторка ќе биде писателката Фросина Пармаковска, која низ разговор со авторот ќе им ја претстави и доближи книгата на читателите. „Романот „Писмо за Глорија“ а автофокциски обид за реобмислување и сублимирање на фрагментираното ...
Кога би ме прашале да кажам која е главната придобивка од куќата, би рекол: куќата го засолнува мечтаењето, куќата го заштитува сонувачот, куќата му дозволува на човека да сонува намира. Гастон Башлар Домот е, претпоставувам, само една детска замисла. Куќа ноќе, и една ламба во куќата. Место каде што се чувствуваш безбедно. В. С. Најпол The wind that turns the trees Made me sway, made me sway Made me sway... ...Damage, damage, damage. Joe ...
Собирањето и депортацијата на Евреите од Македонија лично ги надгледуваше Александар Белев, шефот на Комесаријатот за еврејски работи: Белев (прв од лево) во скопскиот монопол. Во пресрет на 80-годишнината од настаните во Бугарија наречени „Спас на бугарските Евреи“, на 10 март, група бугарски научници повикуваат „комеморацијата на настаните да го напушти каналот на стереотипните и митологизирачките мотиви, на постојаното наддавање во ...
Таман ќе се навикнеш на јануари, поминал животот. Вторник може малку да учи од среда како да се биде понеделник. Добар ден да се биде среда, ако си недела. Мораме да бидеме флексибилни! Немаме друг избор! Флексибилна сум, мамо, можам да плачам и на сопственото рамо. Толку сум срамежлива што и патиките ми се со влакна на јазикот. Симулирав паника во себе за да се предизвикам на двобој. Таква сум - избувлива, од пламтивек! Тој краток фитиљ, ...