Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
„Сакам да ми гледаш. Не тоа што ќе се случи. Сакам да ми гледаш она што било.“ Фрагмент од романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“. Куќичката во Еѓупското Маало, во која го однесе момчето, беше на крајот од населбата, дури малку оддалечена од другите градби. Зад неа почнуваше необработена утрина на која растеа боцки и чички – речиси непрооден густеж од ...
Младата уметница Алекса си поигрува со можностите на вештачката интелигенција, комбинирајќи карактеристики на различни луѓе ширум светот, за да дознае како би излгледале државите кога би биле жени. „Сакав да ја тестирам вештачката интелигенција и да видам дали таа може да ги собере карактеристиките на различни луѓе и различни култури ширум светот, што и го направи“, вели Алекса. „Бидејќи работам во крипто, NFT и Web3 просторот, секогаш сум во ...
Џоан Дидион е американска писателка, колумнистка, новинарка. Стана позната по своите есеи во кои се занимаваше со дезинтегерацијата на американската култура и моралот, како и индивидуалната и општествена фрагментација. Нејзини најпознати дела се: Slouching Towards Bethlehem (1968), Play It As It Lays (1970), The Year of Magical Thinking (2005). Пишуваше за големите списанија како: Life, Esquire, The Saturday Evening Post, The New York Times и ...
Имено, во Амстердам дошла десница на власт и градоначалникот донел одлука театрите да работат пазарно. Директорот на еден од покултните театри во градот, рекол ок, ќе работиме пазарно. Поставил претстава во која има секс на две проститутки и едно магаре. Притисокот од јавноста и пораката пратена од стотици граѓани како и од вработените за поддршка на Младинскиот културен центар во напорот институцијата да остане независна од партизација, не ...
На 2 октомври 2022 година, бугарските гласачи повторно излегоа на гласање, на четвртите парламентарни избори од април 2021 година. Новите избори беа распишани откако владата на реформски настроениот премиер Кирил Петков го загуби гласањето за доверба во јули. Неговата коалициска влада се распадна кога партијата Има таков народ (ИТН) одлучи да ја повлече својата поддршка. Својот потег тие го оправдаа со тоа што изјавија колку им е непријатно ...
Најмалку 4890 луѓе загинаа, а уште илјадници се повредени по земјотресот со јачина од 7,8 степени и неколкуте последователни потреси кои предизвикаа големи разурнувања во Турција и Сирија. „Бројот на загинати може да се искачи на повеќе од 20 000 луѓе. За жал, секогаш го гледаме истото со земјотресите, а тоа е дека првичните извештаи за бројот на загинати или повредени значително ќе се зголемат во неделата што следи“ - изјави Кетрин Смолвуд, ...
Расказот на Морин Мекју (Maureen McHugh), The Kingdom of the Blind (2011), е посветен на компјутерскиот програм наречен DMS, кој, како што се чини, развил сетилност. Не случајно во расказот се спомнува Аспергеровиот синдром. Идејата дека машките компјутерски гикови (geeks) страдаат од Аспергер, или од некој друг облик на аутизам, мошне е често клише во современата култура. Всушност, овој стереотип добро се надоврзува на пошироката ...
Ѓаволот не е во деталите И во плакарите е И украсните чинивчиња за слатко На мазните површини на лажичките за кафе Во ќошевите каде се собира влага и спомен Нечиј помен Слика во рамка и фаќање за сламка. Ѓаволот ни ора ни копа Доаѓа ко господин, на увце ти тропа Не шепнува ништо јасно Ама ти знаеш дека е доволно гласно Во слет, композиција и синкопа Може ли со пеење, ко женски поп Да го победам? Ѓаволот не е во деталите И во слабините е Во ...
Шест месеци по нападот, британскиот автор Салман Ружди во вторник ќе го објави својот нов роман “Град на победата” - „епска приказна“ за жена од 14 век која му пркоси на патријархалниот свет за да владее со градот. Романот е напишан пред нападот со нож, кој се случи во Њујорк, во кој писателот за малку ќе го загубеше својот живот. Романот кој се чини како превод на историски еп, оригинално напишан на санскрит, кој ја раскажува приказната за ...
На годишната конференција „Година на нови можности“, на четвртиот панел „Рамномерен регионален и локален развој-придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“ стана збор и за Заедничката земјоделска политика која е насочена кон подобрување на продуктивноста, промовирање на руралниот развој и решавање на еколошките и климатските предизвици. Беше кажано дека од планираните 386,6 милијарди евра буџет на ЕУ за оваа намена, 95,5 ...
Битката на Македоња Вечна со бугарско-вмровската немезис добива потполно первертирани, дури апокалиптични облици. Претпоставувам дека нема некој на планетава што не уживал како дете во авантурите на веројатно најголемиот стриповски и филмски суперхерој на 20 век – Супермен. Митот за Супермен е структуриран – како и секоја религиска бајка – околу човеколикото божество со натприродни демиуршки својства, кое слегува од небото да ги уреди ...
Во рамки на конференцијата „Година на нови можности“, на панелот „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделството“ зборуваше и министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов. Министерот се осврна на реализираните проекти во 2022 година, проектите планирани за 2023 година, како и за финансирањето на општините. „Кога говориме за регионалниот развој, треба да споменеме дека тој во Република ...
Книгата "Да се нацрта аутизмот" претставува славење на уметноста и самоизразувањето преку уметничките дела на луѓе на кои им е дијагностициран аутизам. Неверојатното издание содржи дела од повеќе од 50 меѓународни соработници, од деца до етаблирани уметници, кои ја илустрираат оваа состојба, која се манифестира на толку многу различни начини, и субјективното искуство на секој аутистичен поединец. Елени Мајкл, Танц со кучето, 1995 година Џош ...
„Во земјава веќе нема примарна сиромаштија“, изјави Маргарет Тачер за Catholic Herald 1978, пет месеци пред да стане британска премиерка. „Има сиромаштија предизвикана од незнаење да се управува со домашниот буџет, луѓето не знаат како да ја трошат својата заработка“, но таквата сиромаштија не е производ на социјалната политика туку „дефект на личноста“. Во своето обраќање од 1996 година, шест години откако пратениците од нејзината партија ја ...
Повеќе ја помнам кожата на твојот грб од твоите гради повеќе ги помнам камчињата на плажата од самата плажа од брчките што ги прават брановите на нејзиното чело Доаѓам од земја со расфрлани сенки и привиди повидливи од живите луѓе на плоштадите кои повеќе ги помнат бубалките околу ламбата од нештата што таа ги осветлува Еднаш одамна долго гледав во писмата пред да ги отворам и ги чував пликоата подолго од ракописите кои ми умираа во рацете ...
1 За Природата не можеме да размислуваме како за еден член на бинарна опозиција. Во добата на антропогеното глобално затоплување и на генетски модификуваните организми, а да не ги ни спомнуваме големите бази на податоци или компјутерските и комуникациските мрежи што го обвиткуваат светот, нема смисла да ги спротиставуваме природата и културата, „природната состојба“ и човечкото општество, природното и вештачкото. Човечките суштества и нивните ...
„Серијата Арабела Фримен“ е дело на уметницата со седиште во Бруклин, Хилари Харкнес, и претставува еден вид продолжение на нејзините претходни слики кои се фокусираа на ерата на Втората светска војна. Преку нејзината сликарска практика, Хилари дава нова интерпретација на извесни социокултурни концепти, фокусирајќи се на значењето на расата и на тоа како би биле сфатени одредени слики доколку на некои ликови им биде променета расата. Овој ...
Најновиот роман на Влада Урошевиќ со невообичаено долг наслов без интерпункциски знаци („Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“) и со поднаслов (старовремски роман) којшто повеќе функционира како препорачан формат за очекувањата на читателот, отколку како жанровска одредница, претставува едно можно минато на Скопје (и на Вардар) пред самиот крај на 19 век, надоврзано ...
Еколошкото образование е неопходен процес со цел да се постигне еколошка писменост која ќе води до развој на еколошка свест кај новите генерации. Еколошкото образование меѓу другото претставува и запознавање со природата, биолошката разновидност и природните појави и феномени. Преку него јавноста, особено младите се запознаваат со природните вредности, учат како човекот влијае на нив и како може да се заштити природата - ретките видови и ...
Новите закони значат дека трансродовите лица на возраст од 18 години и постари можат законски да го променат својот пол со потпишување изјава, и повеќе не мора прво да поминуваат низ тежок процес на медицинско и психијатриско одобрување. Финска усвои нов, прогресивен закон за права кој значително им олеснува на транс луѓето да го променат нивниот правен пол. Премиерката Сана Марин рече дека законот е приоритет за нејзината влада и во средата ...
Радикален нов бран на уметници го заплискува, претходно, елитниот свет на класичната музика, со помош на серии од типот на Squid Game и актуелниот “Dark Academia” стил, меѓудругото актуелизиран преку хитот на Netflix, Wendesday - пишува за BBC Culture, нивната авторка Дејзи Вудворд која истражува како „класиката станала кул“. Имено, кога би ги прашале луѓето каква музика слушаат младите, повеќето од нив веројатно никогаш не би помислиле на ...
Фото: Игор Тодоровски - Вашето најрано сеќавање за книгата и за читањето? Двете колекции „Сказни од целиот свет“ и „Сказни од југословенските народи“. - Која книга би ја нарекле книга на вашето растење? „Игра во ‘ржта“ од Џ.Д. Селинџер. - На кој/а писател/ка (или книга) редовно се навраќате? На Ален Боске. - Книга која никако не сте успеале да ја прочитате до крај? Има многу. Порано дочитував сè што ќе започнам, сега одам до крај само ако ...
На тромеѓето помеѓу Осоговските планини, Голак и Плачковица на надморска висина од околу 780 метри, на три различни локации се наоѓаат кошниците со пчели на 27-годишниот Ненад Јанчов од с. Грљани, млад пчелар кој веќе десетина години професионално се занимава со пчеларство. „Со пчеларство се занимаваме многу одамна, моите отсекогаш имале неколку кошници (во тоа време трмки) па може да се каже дека сум израснат во пчелите. Инаку професионално ...
Да се оди на поклонување и извинување секојпат кога Ердоган ќе биде навреден, за многумина во Скандинавија е неприфатливо. Не можеме да се откажеме од Уставот, истакна деновиве шведскиот министер за надворешни работи Тобиас Билстрем, коментирајќи ги притисоците и барањата што ги испорачува Турција за да го одобри членството на Шведска во НАТО. Оваа изјава доаѓа сепак по неколкумесечни настојувања, исполнети со извесна доза на снихосдливост, ...
Според европскиот здравствен извештај за 2021 година на Светската здравствена организација (СЗО) во Европа секој човек на возраст од 15 и повеќе години испил, во просек, 9,5 литри чист алкохол, што е еквивалентно на околу 190 литри пиво, 80 литри вино или 24 литри жесток алкохол. Вкупната потрошувачка на алкохол по глава на жител е намалена за 2,5 литри (21 отсто) помеѓу 2000 и 2019 година во европскиот регион што го покрива СЗО или во ...
Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, на 03 февруари (петок), во 10:30 часот, во КСП Центар Јадро, организира промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ во авторство на новинарот и уредник Ѕвездан Георгиевски. Разговорот за културната понуда и можностите за културно дејствување овозможени од страна на Град Скопје и Општина ќе го водат авторот, Ѕвездан Георгиевски, и уредникот на ...
„19 годишна кичевчанка пријавила скопски таксист дека ја допирал по телото додека ја превезувал“; „Дечкото ја претепал и пукал во неа“, „Кавадарчанец ја претепал поранешната девојка и нејзината 6 годишна ќерка“; „14 годишно девојче на Инстаграм запознала момче, ја снимил, па ја принудувал на секс со пијани и дрогирани мажи“... Ова се само дел од насловите во македонските медиуми поврзани со различни форми на родово базирано насилство кои ...
Хари Локвенец, Небојша Гелевски и Горан Гулабовски (Хари, Бане, Гулаб), се иницијалното студентско трио кое ќе ја отпочне оваа журналистичка сторија , која денес, може да се вброи во оние суштествени пресвртници и трајни вредности во нашето општество. На почетокот текстовите за весникот се предавале на дискета и се носеле на дијзанирање во дизајн студиото „Кома“. Некаде во 1995-96, првпат им бил испратен еден текст по мејл, но поради ...
Што сум јас? Еве ме душкам, ријам низ лисјево Следам бледа дамка во воздухот кон речниот брег и во вода цапам. Што сум јас да го двојам ова бисерно зрно вода па загледан пругоре над мене јасно да го видам коритото речно превртено Што правам овде ни на небо ни на земја? Зошто ми е толку привлечна оваа жаба да ѝ ја проучувам скришната внатрешност и за своја да ја сметам? Ме знае ли воднава скреж по име што ме вика? Од порано ли сум ѝ познат, ...
Европската индустрија ја загрозуваат две големи закани: високите цени на енергенсите и Законот за сузбивање на инфлацијата на американскиот претседател Бајден, кој во основа е понуда и поттик за европските зелени индустрии да се преселат во САД. Дали некогашните индустриски зони во Европа ќе се претворат во музеи на рѓосани машини? Дали Германија ќе ја искуси траумата низ која поминуваше Велика Британија по затворањето на фабриките, кога ...